Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министер за транспорт, Александар Николовски и градоначалникот, Кирил Пецаков, денеска извршија увид во градежните активности што се спроведуваат низ Охрид, а присустуваа и на почетокот на изградбата на катна гаража во центарот на градот. Премиерот во оваа прилика истакна дека дел од приоритетите што ги имала Општина Охрид, како и дел од проектите коишто ги предложија и пратениците, се ...
– Последнава година бројот на вработени е зголемен за повеќе од 15.000, а бројот на невработени е намален за преку 10.000, порача денеска од Охрид премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање како им помага Владата на економијата и работниците. Мицкоски потсети на досегашната финансиска поддршка, но се осврна и на колективните договори. – Што се однесува до до она што го направивме – Владата субвенционираше. Ќе ве потсетам. ...
Сите членови на меѓународното жири на Венециското биенале поднесоа оставка во најновата ескалација на повеќемесечниот политички конфликт околу враќањето на Русија на престижниот меѓународен културен настан, воочи отварањето на 9 мај. Оставката на сите членови на жирито поради конфликт со Фондацијата на Биеналето и италијанската влада околу прашањето за враќањето на Русија на овој уметнички фестивал се смета за еден од најдрастичните потези ...
На Граничен премин Табановце вчера бил лишен од слобода 44-годишен маж од Прилеп, осомничен за измама, информираат од МВР. Според полицијата, акцијата била реализирана по претходно добиени информации, при што Министерство за внатрешни работи во координација со СВР Струмица и ОВР Валандово презеле мерки за расчистување на случајот. Како што соопштуваат надлежните, во периодот од јули до ноември 2025 година, осомничениот довел во заблуда лице ...
ЈСП Скопје информира дека по повод 1 Мај, за време на продолжениот викенд (1 до 3 мај 2026), автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Од претпријатието посочуваат дека денеска и во недела (3 мај) дежурна ќе биде билетарницата на Транспортниот центар, со работно време од 08:00 до 14:00 часот. Во сабота, пак, билетарниците и центрите за персонализација ќе функционираат со редовното работно време – тие што работат во две ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека е можно намалување на бројот на американски војници во Италија и Шпанија, истакнувајќи дека „веројатно ќе го разгледа тоа“. Тој остро ги критикуваше двете земји, велејќи дека Италија „не била од никаква помош“, а Шпанија „била ужасна“. Претходно, Трамп најави дека САД размислуваат и за намалување на военото присуство во Германија. Според податоците, на крајот на 2025 година во Германија имало ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека изборите во Србија ќе се одржат или на 12 јули или помеѓу октомври и крајот на ноември оваа година. Тој најави дека препораките на ОДИХР ќе бидат целосно усвоени во Народното собрание, како и одлуките на Венецијанската комисија кога станува збор за судството. „Сè што сте побарале, ќе го добиете, а потоа народот ќе има можност да каже што мисли за сè и каква иднина сака. Дали сакаат ...
Сојузот на синдикати на Македонија – ССМ денеска од 11 часот, на Меѓународниот ден на трудот, организира протест под мотото „За плата се бориме – не се молиме“. – Меѓународниот ден на трудот 1ви Мај е денот кога не се поканува, туку се доаѓа. Денот,кога работниците, односно правите синдикати насекаде во светот излегуваат на протест и на демонстрација. Денот,кога работниците треба да бидат најгласни. Денот,кога работниците треба да излезат на ...
Денес е Први мај – Денот на трудот, симболот на борбата на работниците за подобри услови, достоинство и права. Потекнува од крајот на 19 век, кога работниците во Чикаго излегле на протести барајќи осумчасовно работно време. Денес, во многу земји, овој ден се одбележува со синдикални маршеви, пораки за работнички права, но и како ден за одмор и дружење. Во Македонија, Први мај традиционално се слави во природа – со скара, излети и семејни ...
Денеска нема да им се погоди времето на славениците, кои Денот на трудот ќе го прослават на излетничките места. Времето ќе биде претежно облачно и свежо со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје, слично време како и во останатиот дел од Македонија, а максималната ...
Денеска (30.04.2026) во Дежурната служба на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи пријавено е дека на автопатот Скопје-Велес кај м.в „Манастири“ има излетано возило од автопат. На лице место на настанот веднаш се упатени служби од Мобилната единица на МВР, кои на тешко достапен терен, пронајдоа излетано патничко возило „Сеат” кое што било управувано од К.С (68) од Велес и во истото имало ...
Долго време, овие знаци не се чувствуваа свои во сопствената кожа. Време е тој циклус да заврши. Животот ќе стане многу полесен за овие три хороскопски знаци од 30 април. Тие ќе ја добијат јасноста и насоката што им недостасуваше. Се чини дека многумина од нас неодамна ја изгубија својата автентичност и престанаа да размислуваат како поединци. И сепак, по денес кога ќе го забележиме тоа, полека се враќаме кон себе и кон нашата автентичност. ...
Вршителката на должност претседателка на Косово, Албулена Хаџиу, го одреди 7 јуни како датум за одржување на вонредните парламентарни избори, пренесува Косово онлајн. – По неуспехот на парламентот да избере претседател, овој состав се смета за распуштен и изборите мора да се одржат во рок од 45 дена. Вчера разговарав со претседателот на ЦИК, Крешник Радоњиќи, за изборите. Денеска ги завршив состаноците со претставниците на политичките партии. ...
ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, покрај тековните пролетни активности, спроведува и акција за замена на оштетените и дотраени штафни на парковските клупи низ градот. Целта на оваа активност е подобрување на урбаната опрема и создавање поудобни и поуредни јавни простори за граѓаните. Од претпријатието информираат дека грижата за јавните површини е заедничка одговорност, при што упатуваат апел особено до младите да се однесуваат совесно и да го ...
ДУИ со години работеше исклучиво на проекти за поврзување кон Србија, градејќи патишта, енергетски мрежи и далекуводи во една насока, додека целосно ги игнорираше стратешките врски на државата кон Албанија и Косово. Денес, за првпат, ВЛЕН ја менува таа политика и започнува реално поврзување и вмрежување со Албанија и Косово, токму таму каде што ДУИ 20 години не направи ништо. Наместо да објасни зошто клучниот енергетски проект за енергетско ...
На 10 мај свечено откривање на споменик на македонските херои од Туминец! На 10 мај (недела), со почеток во 11:00 часот, во селото Туминец ќе се одржи свечено откривање на споменик посветен на македонските херои од ова село: Мире Андоновски, Косте Митревски, Ванко Цветковски, Софре Јанкуловски, Славе Трајчевски, Божин Вурмовски, Павле Вурмовски, Павле Милалевски, Кране Тасевски, Трајче Трајчевски, Дријо Вурмовски, Петре Војовски, Ѓорѓија ...
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, истакна дека општината заедно со Владата на Македонија сериозно вложува во развојот на спортската инфраструктура, со посебен акцент на училишниот спорт и условите за младите. Тој денеска се осврна на два значајни проекти што се реализираат во дворот на ОУ „Даме Груев“ – изградбата на затворен базен и нови повеќенаменски спортски игралишта, кои ќе претставуваат современ спортски комплекс за ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 30.04.2026 година, МБИ10 изнесуваше 9.940,70 поени и забележа пад од 0,18%, односно 18,32 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени и остана без промена, односно 0,00%. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти достигна 17.800.787 денари. Ликвидноста на ниво на сите хартии од вредност беше предводена од Универзална ...
Кривична пријава против полициски службеник, возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода, информираше МВР. -Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Ј.С.(49) од Битола, полициски службеник во ПО Новаци, поради сомнение дека сторил кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило”, предвидено и казниво по член 297-а став 1 од КЗ. Тој на 24.10.2025 во ...
Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случи во петокот наутро во Прилеп, на улицата „Леце Котевски“, на излезот кон Крушево. Според информациите од МВР, околу 06:15 часот автобус со прилепски регистарски ознаки, управуван од 62-годишен возач, удрил во мотоцикл марка „Хонда“ без регистарски ознаки, кој го управувал 19-годишник од селото Големо Коњари. По несреќата, мотоциклистот бил пренесен во Градската болница во Прилеп, каде ...
Три момчиња на возраст од 15 до 19 години се повредени во тепачка што се случила вчера во Тетово, во која биле употребени нож и шрафцигер, информираат од МВР. Според полицијата, инцидентот се случил пред средно училиште, каде 15-годишник од село Желино нападнал две лица на возраст од 18 и 19 години со остар предмет. Во пресметката, и самиот напаѓач се здобил со повреди. Од СВР Тетово соопштуваат дека случајот бил пријавен од Клиничката ...
Пратеникот Миле Цеков соопшти дека ја напушта партијата ЗНАМ и дека во иднина во Собранието ќе дејствува како независен пратеник, притоа нагласувајќи дека повеќе не е дел од владејачкото мнозинство. Во своето обраќање, Цеков истакна дека во политиката влегол со цел да придонесе за промени, борба против криминалот и корупцијата, како и за подобрување на системот, но според него, очекуваните резултати не се реализирале. „Не прифаќам да живееме ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ја информира јавноста дека водејќи се од основните цели на Законот за енергетика за обезбедување на квалитетно снабдување со енергија на потрошувачите и заштита на правата на потрошувачите на енергија ги задолжи ЕСМ Снабдување, ЕСМ Енергетика и Енерџи Еколинк (поранешна Топлана Скопје Север) да продолжат со греење и во следните два дена, на 1-ви и 2-ри мај, иако грејната сезона завршува на 30 април. ...
Полициски службеници од СВР Тетово вчера лишиле од слобода 15-годишник од село Желино, откако претходно од Клиничката болница Тетово пријавиле дека кај нив биле донесени двајца тинејџери на возраст од 18 и 19 години со повреди од остар предмет. По преземени мерки, утврдено е дека тие пред средно училиште во Тетово биле нападнати со остар предмет од 15-годишникот, кој исто така се здобил со повреди. При увид на местото пронајдени се нож и ...
Возрасен скопјанец вчера во СВР Скопје пријавил дека утрото бил измамен од страна на две машки лица и оштетен за сума од 4000 денари. Според пријавата, двете лица му пришле на 73- годишниот маж на Плоштадот Македонија, а едниот од нив му рекол да му даде пари затоа што наводно неговата сопруга се лекувала во болница и итно им биле потребни пари, а како залог му оставил предмет за кој му рекол дека е дијамант. Скопјанецот подоцна сфатил дека ...
Во најголемото централно училиште во Штип „Ванчо Прќе” денеска беше прекината наставата откако ноќеска непознат сторител го вандализира училишниот објект. Според директорот на училиштето, Кокан Радев, уништени се смарт табли, табли, инвентар, компјутери, а вандалот со спреј и остар предмет причинил голема материјална штета во кабинетите по предметна настава, а на ѕидовите со спреј оставил недолчични пораки. Радев вели дека според камерите ...
Единицата за безбедност на патниот сообраќај утре во Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на неколку сообраќајници во централното градско подрачје, поради најавениот протест по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија. Протестната колона во 11 часот ќе тргне од пред зградата на ССМ на ул. „Мирче Ацев” бр. 4, по што ќе се движи по однапред утврдена маршрута: преку ул. „Филип ...
Општина Илинден успешно ја спроведе првата акција за ларвицидна дезинсекција со која се обезбедува навремена превенција и заштита на јавното здравје, особено во периодот на зголемена активност на комарците. Од Општината соопштија дека согласно елаборатот за превентивна дезинсекција, извршено е третирање на водните површини со цел уништување на ларвите од комарци и намалување на ризикот од појава на вектор-преносливи заболувања. Со акцијата ...
Словенечкиот парламент ги усвои измените на Законот за влада предложени од партијата на Јанез Јанша, што навестува формирање нова десничарска коалиција. За измените гласаа 49 пратеници, а со нив се намалува бројот на министерства од 19 на 14. Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, соопшти дека нема да му даде мандат на ниту еден кандидат, па изборот на мандатар ќе му го препушти на парламентот. Во меѓувреме, премиерот Роберт Голоб ...
Италијанската влада соопшти дека се приклучила како тужител во правната постапка за пожарот во швајцарското скијалиште Кранс-Монтана, во кој загинаа 41 лице, меѓу нив и шест италијански државјани. Потегот доаѓа по тензии меѓу двете земји, откако Швајцарија побара Италија да ги покрие трошоците за лекување на повредените. Од Рим наведуваат дека постапката се темели на значајните ресурси што ги ангажирала италијанската цивилна заштита, како и ...