Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Прилеп во изминатите два дена беше во знакот на традицијата, радоста и заедништвото, одбележувајќи значаен двоен јубилеј – 25 години од Карневалот „Прочка“ и 100 години од „Прилепски мечкари“. Градоначалникот Дејан Проданоски истакна дека градот пулсирал во карневалски ритам, обединет околу вековната традиција која се пренесува од генерација на генерација. „Прилеп живееше во овие два карневалски денови, со детското дефиле и централната ...
Иако за борбата со сивата економија до сега постоеле планови и подготвени стратегии, во изминатите периоди недостасувала силна и доследна имплементација и конкретни ефекти, оцени министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, нагласувајќи дека новиот пристап ќе биде системски, мерлив и координиран. Таа посочи дека Министерството за финансии е сериозно фокусирано на формализирање на неформалната економија преку ревидирање на ...
Денеска се навршуваат четири години од почетокот на руската инвазија врз Украина, која започна на 24 февруари 2022 година. Освен огромните разурнувања и десетиците илјади жртви, војната остави длабоки последици и врз демографската структура на земјата. Според украинската демографка Ела Либанова, земјата се соочува со сериозна демографска криза. Таа оценува дека од почетокот на војната Украина изгубила околу 10 милиони луѓе – поради загинати, ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информира Управа за хидрометеоролошки работи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Во претпладневните часови ќе биде тивко, додека попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус три до три степени, а дневната од осум до 17 степени Целзиусови. Во Скопје ќе преовладува сончево ...
Поранешниот британски амбасадор во САД и член на Домот на Лордовите, Питер Менделсон е пуштен со кауција неколку часа откако беше уапсен под сомнение за злоупотреба на службена положба, соопшти лондонската полиција. Метрополитен полицијата потврди дека 72-годишникот е ослободен до завршување на истрагата. Менделсон бил уапсен на адреса во Камден, северен Лондон, и однесен на распит во полициска станица. Истрагата е покрената поради сомнеж ...
Големото мнозинство од граѓаните го поздравија воспоставувањето на системот „Сејф Сити”. Но, сега, најновото укажување од МВР дека камерите ќе снимаат и казнат по 45 евра секој оној возач кој ќе поминат на зелено, но нема да успеат поради гужва навреме да ја поминат крстосницата, станува дискутабилно за повеќето возачи. Од полицијата велат дека станува збор за прекршок „угушување на крстосница” и дека секој возач е должен однапред да процени ...
Јавно сообраќајно претпријатие Скопје најави нова функционалност со која патниците ќе можат онлајн да ги надополнуваат своите картички за превоз, без потреба од одење во билетарница. Новата опција е достапна преку официјалната веб-страница на претпријатието, каде што корисниците преку мобилен телефон или компјутер можат со неколку чекори да додадат средства или билети на својата картичка. Од ЈСП велат дека процесот е едноставен и дека ќе ...
Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби доби мерка куќен притвор, откако неговата одбрана побара поблага мерка, а Обвинителството се согласило со предлогот. Според неофицијални информации, одбраната образложила дека Груби сам се вратил во државата и дека ќе биде достапен за органите на прогонот, како и дека не постои опасност од влијание врз постапката бидејќи истрагата е завршена. Судијата на претходна постапка, според извори од скопското ...
По речиси шестчасовен распит во Основното јавно обвинителство Скопје, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби вечерва беше спроведен во Основниот кривичен суд Скопје. По распитот, кој започнал околу пладне, Груби околу 18:30 часот бил изнесен од зградата на Обвинителството со лисици на рацете и со комбе на затворската полиција пренесен во судот. Спроводот бил реализиран преку гаражниот дел на објектот. На новинарските прашања „Зошто се ...
По речиси 150 години изградба, базиликата Саграда Фамилија во Барселона конечно ја достигна својата планирана висина. Ова беше постигнато со поставување на 17-метарски бел крст на врвот на централната кула „Исус Христос“, со што објектот ја достигна предвидената височина од 172,5 метри. Целосното завршување на изградбата се очекува во следната деценија. Главниот архитект Жорди Фаули изрази задоволство од успешно реализираниот зафат. „Денес ...
Македонската машка кошаркарска репрезентација ја очекуваат нови два предизвика во претквалификациите за пласман на Евробаскет 2029. Нашите сениори на 27 февруари ќе го пречекаат Луксембург на домашен терен, а на 2 март ќе гостуваат кај Азербејџан во Баку. Во февруарскиот ФИБА прозорец селекцијата влегува со нов селектор – Хозеп Мариа Берокал, кој неодамна беше промовиран од страна на федерацијата. Македонија има максимален учинок во ...
Регулаторна комисија за енергетика на Република Северна Македонија донесе одлука за корекција на малопродажните цени на нафтените деривати, со што горивата во просек поскапуваат за 1,24 проценти во однос на одлуката од 16 февруари 2026 година. Според новата одлука, од полноќ ќе важат следните цени: – ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 73,50 денари за литар – ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 75,50 денари за литар – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 69,00 ...
Во 2026 година светот ќе биде сведок на редок астролошки настан – конјункција помеѓу Сатурн и Нептун во знакот Овен. Тие егзактно се сретнаа на 20ти Февруари 2026. Овие две планети се сметаат за архетипски спротивности: едната ја претставува структурата, законот и реалноста, а другата – илузијата, духовноста и распаѓањето на границите. Но овојпат не станува збор само за уште една средба во нивниот 36-годишен циклус. Според астролошките ...
Цените на кириите во Скопје се вивнуваат до небо. Исто како и цените на становите. До кога ќе се вивнуваат останува нејасно, засега е јасно само дека од скопските општини највисока просечна кирија се плаќа во Центар 369 Евра. Најниска е во Бутел – 56,6 евра. Наемнината во просек месечно во Карпош изнесувала 363 евра, во Аеродром 318, во Ѓорче Петров 271, а во Гази Баба 256 евра. Општина Центар предничи пред другите општини и по бројот на ...
Колку и да мислиме дека сме рационални и контролирани, телото постојано носи одлуки без да нè праша. Постојат реакции што се случуваат автоматски, а зад нив стојат сложени биолошки механизми. 1. Наежување на кожата Кога слушаме музика што нè трогнува или чувствуваме страв, кожата се наежува. Ова е еволутивен остаток од времето кога влакната на телото ни служеле како заштита. 2. Црвенеење од срам Црвенеењето е една од ретките реакции што ...
Во четврток од 20 часот, во Концертната сала на Македонска филхармонија ќе се одржи концертот „Нови хоризонти”, како дел од тековната концертна сезона. Со оркестарот ќе диригира Емил Табаков од Бугарија, а како солист ќе настапи пијанистот Алим Беисембајев од Казахстан. На програмата е Концертот за пијано и оркестар од Петар Илич Чајковски, едно од најизведуваните дела од романтичниот репертоар. Во вториот дел од концертот ќе биде изведена ...
Само неколку часа по убиството на мексиканскиот наркобос Ел Менчо, вооружени припадници на неговиот картел Халиско почнаа да блокираат автопати во повеќе мексикански сојузни држави и да палат автомобили и деловни објекти. Во некои градови на туристите и жителите им било препорачано да останат дома. Мексиканскиот министер за безбедност потврди дека 25 припадници на Националната гарда загинале во операцијата за апсење на „Ел Менчо“. Неколку ...
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје” најави осумчасовна блокада пред влезот на Титан Усје на 27 февруари, под слоганот „Блокада фест”, со почеток во 15 и завршување во 23 часот. Од иницијативата порачуваат дека настанот нема да биде само блокада, туку, како што наведуваат, „гласен, жив и солидарен отпор”. Тие најавуваат и дополнителна програма и учество на изведувачи, чии имиња ќе бидат соопштени во наредниот период. Демонстрантите повторно ...
Започнува изградба на 40 пешачки и пристапни патеки во населеното место Скопје Север. За ова информираше Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. „Ќе се реконструираат и пристапните влезови на станбените згради на повеќе улиците со што ќе се надмине проблемот со поплавување на влезовите”, истакна тој. Градоначалникот посочи дека Општината ќе има динамично градежно лето. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Започнува изградба на ...
Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Како што се наведува во соопштението на МНРиНТ, во исто време се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер. -Министерството ги става на располагање сите ...
Поранешен директор на ЈЗУ Здравствен дом Куманово се соочува со кривична пријава под сомнение дека незаконски вработувал лица и исплатил стотици илјади евра од буџетот на установата. Од СВР Куманово информираат дека е поднесена пријава против Ф.А. (43) од Куманово поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување. Според полицијата, во периодот од 2020 до 2024 година, додека бил најпрво вршител на должност директор, а потоа и ...
Човечкиот мозок тежи околу 1,4 килограми, но е најкомплексната структура што ја познаваме во универзумот. Секој ден обработува милијарди информации, создава емоции, соништа и одлуки – а дел од неговите способности навистина звучат како сцена од научно-фантастичен филм. 1. Мозокот може да „преживее“ без делови од себе Луѓе на кои им е хируршки отстранета половина од мозокот (поради тешки епилепсии) успеале да продолжат со релативно нормален ...
Викендов полиција во Битола разбила една од групите која преку телефонски измами изнудувала пари, претежно од повозрасни граѓани. Во измамата тие се претставуваат како лекари или полицајци и со лажна информација дека нивни роднини доживеале тешка сообраќајна несреќа барале итно да им се донесат пари за операција или за заташкување на случајот. Според истрагата, битолската група оперирала во периодот од ноември 2025 до 21 февруари 2026. Овој ...
Во современата култура на постојана реакција, молчењето се доживува како слабост. Социјалните мрежи нè учат дека на сè треба да се одговори, дека секоја провокација бара став, а секоја неправда – јавно изразување. Но вистинската сила често се крие токму во способноста да не реагираме импулсивно. Кога сме нападнати или провоцирани, телото автоматски активира одбранбен механизам. Егото сака да се заштити. Умот бара аргументи. Но меѓу импулсот и ...
Истражните органи се растрчани во кумановско. Се расчистуваат сомнежите околу неколку убиства и можноста тоа да е последица на сериски убиец. Се ова почна откако пред некој ден беше пронајдена мртва старица во нејзиниот дом во Старо Нагоричане и апсењето на 25-годишник под сомнение дека го извршил злосторството. По неговиот распит беше наредено да се есхумира телото на друга жена која, исто така, била пронајдена мртва дома. Во регионот расте ...
Во последните години, зборот „токсично“ стана дел од секојдневниот речник. Го користиме за врски, пријателства, семејни односи и работни средини. Со леснотија препознаваме манипулација, емоционална недостапност, пасивна агресија или егоцентризам кај другите. Но многу поретко си го поставуваме прашањето: дали некогаш и ние сме биле нечија тешка лекција? Секоја релација има две перспективи. Она што за едниот е одбрана, за другиот може да биде ...
Дојави за поставени експлозивни направи утринава се пристигнати до неколку учичишта во Скопје и Тетово. Од МВР потврдуваат дека вакви случаи денеска се пријавени кај нив. -Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Дојави за поставени експлозивни направи утринава се пристигнати ...
„Ги разбираме од СДСМ, тие се нервозни и фрустрирани зошто Артан Груби е уапсен, и сега може да изнесе податоци за аферите и криминалите за кои здружно работеа со Зоран Заев, Вице Заев, Оливер Спасовски, Венко Филипче“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на СДСМ. „Затоа од СДС се обидуваат да ги затскријат трагите и на овој начин да се спасат себе си“, се вели во реакцијата од владејачката партија. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани ...
– ДУИ го спасува Мицкоски, му фрлија гума за спасување. После денешниот театар на македонската граница, веќе на сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор, изјави денеска Богданка Кузеска од СДСМ. Таа вели дека како што се договориле да го пуштат, така сега се договориле да се врати. „На овој начин, ВМРО со поддршка од ДУИ сака да го покрие најголемиот наркоскандал со 5 тони дрога, кој води до врвот на владата на ...
Лишено од слобода лице во Берово за противправно одземање возило и безобѕирно управување под дејство на алкохол и без возачка дозвола. Како што информираат од МВР, ноќеска во 01:15 часот на улица „Индустриска“ во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода Е.Џ.(25) од Берово. Тој бил затекнат при управување на моторно возило кое претходно било противправно одземено на подрачјето на Берово, а по даден знак за запирање се ...