Ракометарите на ГРК Охрид се пласираа во финалето на ЕХФ купот, откако во драматичниот реванш, го совладаа словенечки Целје, по изведувањето пенали. Натпреварот заврши 25:24, а бидејќи разликата од еден гол беше идентичка како на порвиот натпревар се премина на изведување на пенали. Во пенал рулетот, охриѓани славеа со 4:3. До пласманот во финалето охридските ракометари ги предводеа Јасухира со девет и Стрмљан со седум гола, Филиповиќ имаше ...

Филаделфија 76ерс направи голем пресврт и се пласираше во втората рунда од плејофот, откако со 109:100 ги совлада Бостон Селтикс и ја доби серијата со 4-3, иако претходно губеше со 3-1. Херој на вечерта беше Џоел Ембид со 34 поени, 12 скока и шест асистенции, додека Тајрис Макси одигра одлично со 30 поени, 11 скока и седум асистенции. Ембид испиша историја, станувајќи првиот играч што постигнал 100 поени во плејоф серија иако ги пропуштил ...

Во пратка со замрзнати малини испратена од Србија кон Франција е откриено зголемено присуство на кадмиум, тежок метал кој претставува сериозен ризик по човековото здравје. Според податоците објавени од Европската комисија преку системот за брзо предупредување за храна и добиточна храна (RASFF), нивото на контаминација било речиси двојно повисоко од дозволените граници. Француските надлежни служби ја задржале пратката веднаш по лабораториските ...

Во осумчасовна акциска контрола спроведена во Скопје вчера попладне од 12 до 20 часот, полицијата санкционирала вкупно 113 возачи на мотоцикли, соопшти МВР. „Од нив, четири возачи се санкционирани поради управување мотоцикл со несоодветна категорија, 17 санкции се изречени за возачи кои управувале велосипед со помошен мотор без возачка потврда, 45 мерки за возачи без заштитна кацига. Три мерки се изречени за нерегистрирани мотоцикли, три ...

И денеска ќе биде променливо облачно, со услови за повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, наместа над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи од 0 до 5 степени, а максималната ќе достигне меѓу 13 и 20 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има слаб локален дожд. Ќе ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го разгледа новиот мировен предлог од Иран, но изрази сомнеж во неговата прифатливост, оценувајќи дека Техеран сè уште не „платил доволно висока цена“. Иранските агенции Тасним и Фарс, претходно објавија дека до САД е испратен предлог од 14 точки преку Пакистан. Трамп најави дека подоцна ќе даде повеќе детали, но на социјалните мрежи порача дека не гледа како предлогот би бил прифатлив. ...

Црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан од следната сезона ќе го засили составот на Алкалоид, пренесуваат регионалните медиуми. Искусниот лев бек се враќа во Скопје, каде повторно ќе соработува со Кирил Лазаров. За Борозан ова ќе биде ново поглавје во македонскиот ракомет, откако претходно настапуваше за Вардар и Охрид. Во моментов, Борозан се опоравува од повреда поради која ќе го пропушти реванш натпреварот на Охрид во полуфиналето од ЕХФ ...

Јапонија повторно ќе увезува сурова нафта од Русија, што е прв ваков потег по затворањето на Ормутскиот теснец по февруарските напади врз Иран. Нафтата доаѓа од проектот Сахалин-2 на рускиот Далечен Исток, а пратката ја обезбедила јапонската компанија Taisei Oil. Танкерот веќе испловил кон крајот на април и се очекува да пристигне во префектурата Ехиме во западна Јапонија. Овој чекор се случува во време кога Јапонија, која во голема мера ...

Покрај здравата исхрана и физичката активност, научниците сѐ повеќе го истакнуваат и сонот како клучен фактор за долг и квалитетен живот. Ново истражување спроведено од London School of Economics во соработка со Vitality покажува дека редовниот сон може значително да го намали ризикот од предвремена смрт. Според студијата, спиење околу седум часа секоја ноќ, во приближно исто време, може да го намали ризикот од смртност за речиси 25 проценти ...

По 40-тата година, метаболизмот кај жените природно се забавува, најчесто поради хормонални промени и намалување на мускулната маса. Ова може да доведе до полесно зголемување на телесната тежина и потешкотии во одржување на форма. Нутриционистите посочуваат дека внесот на протеини игра клучна улога во овој период. Тие помагаат да се продолжи чувството на ситост, бараат повеќе енергија за варење и се важни за зачувување на мускулната маса, ...

Невладината организација „Здрава котлина“ упати остар јавен апел до претседателката Гордана Сиљановска Давкова, барајќи да не го потпише законот поврзан со рударските концесии и да застане, како што велат, на страната на граѓаните и Уставот. Од организацијата оценуваат дека со новото законско решение се отвора можност концесионерите да добијат дозволи за работа и пред да ги решат имотно-правните односи, што според нив претставува директно ...

Екипата на Вардар направи голем чекор кон шампионската титула откако славеше како гостин против Башкими со 0-2. Со оваа победа, „црвено-црните“ се на чекор до титулата и во преостанатите три кола им е потребна уште само една победа за да станат шампиони. На неутралниот терен во Гостивар, избраниците на тренерот Гоце Седлоски доминираа од самиот почеток. Водството го донесе Горан Закариќ по асистенција на Стефан Цветковиќ, а пред крајот на ...

Празничниот 1 Мај донесе засилени полициски контроли, но и бројни прекршоци на патиштата низ државата. Вкупно 14 возачи биле приведени поради безобѕирно управување, при што дел од нив биле под дејство на алкохол. Според податоците, седум возачи управувале возило во алкохолизирана состојба, петмина биле зад волан без возачка дозвола – меѓу нив и малолетник, додека двајца возеле и покрај изречена забрана. Во Скопје е регистриран случај на ...

Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека најголемата закана за трансатлантската заедница не се надворешните непријатели, туку внатрешното разградување на сојузот. Ова негова изјава доаѓа во период на сè подлабокиот раскол во рамките на НАТО околу американско-израелската војна против Иран. „Најголемата закана за трансатлантската заедница не се нејзините надворешни непријатели, туку постепеното распаѓање на нашиот сојуз. Сите мора да ...

СДСМ побара Јавното обвинителство да отвори истрага за, како што велат од партијата, кинеските пари поврзани со унгарскиот кредит од една милијарда евра што Владата го договори со Унгарија. На прес-конференција, портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска посочи дека по најавите на новиот унгарски премиер Петер Маѓар за преиспитување на договорите за кинески кредити во Унгарија, истрагата треба да се прошири и на македонскиот случај. Кузеска се ...

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и лидерот на партијата Венко Филипче се во тотален хаос и настапуваат без јасна стратегија и концепт. Владејачката партија во денешното соопштение наведува дека Филипче „декларативно е проевропски, но реално е без правец и стратегија, обидувајќи се да ја скријат паниката и нервозата поради колапсот на сопствениот рејтинг“, како и дека се обидува да се претстави како арбитер за европскиот пат без да поставува црвени ...

Сообраќајна несреќа меѓу автомобил и мотоцикл се случила вчера попладне во Штип, на крстосницата меѓу улиците „Борис Крајгер“ и „Анте Банина“. Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале патничко возило „БМВ“, управувано од 64-годишен штипјанец, и мотоцикл „Априлија“, кој го управувал малолетник од Штип. Во судирот, возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот малолетен сопатник поминал со полесни ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека екипите на Град Скопје и јавните претпријатија синоќа биле на терен, спроведувајќи засилени активности за чистење по првомајските излети. Во објава на социјалните мрежи, тој истакна дека по празничните дружења и престојот во природа, одговорност на сите е градот да остане чист и уреден, повикувајќи на поголема свест кај граѓаните. Сепак, дел од фотографиите покажуваат и поинаква ...

Во кичевското село Челопеци, на 1 мај во вечерните часови, полицијата уапсила 48-годишен маж откако бил пријавен за агресивно однесување во семејниот дом. Според информациите, при интервенцијата на полицијата, осомничениот се обидел да ги нападне службените лица – прво со лопата, а потоа и со нож, додека тие извршувале службени дејствија на терен. Лицето е лишено од слобода, а по целосно документирање на случајот, против него ќе следува ...

Само една недела ја дели политичката сцена од најавеното обединување на албанскиот политички блок во земјава, процес што коалицијата ВЛЕН го најавува како историски чекор. На 9 мај, симболично на Денот на Европа, се очекува трансформација на коалицијата во единствен политички субјект со заедничко име, платформа и насока. Според најавите, околу 850 делегати ќе учествуваат на настанот, каде треба да се потврди спојувањето на пет политички ...

САД најавија повлекување на околу 5.000 војници од Германија во наредните шест до дванаесет месеци, потврди Пентагон. Одлуката ја донел американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, по „темелна ревизија“ на распоредот на силите во Европа. Германија и натаму останува најголем домаќин на американски трупи на континентот, со над 36.000 војници стационирани во различни бази. Повлекувањето доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Доналд Трамп и ...

Кина упати остро предупредување до Европската Унија поради најавениот Закон за забрзување на индустријата, заканувајќи се со контрамерки доколку Брисел продолжи со неговото усвојување во сегашната форма. Предлогот на Европската комисија има за цел да ја зајакне домашната економија и да ја намали зависноста од странски пазари, со фокус на чистите технологии, автомобилската индустрија и енергетски интензивните сектори. Една од клучните мерки ...

Леброн Џејмс уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдобрите на сите времиња, откако ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до пласман во второто коло од плејофот на Западот. Во шестиот и одлучувачки натпревар против Хјустон Рокетс, Лејкерси славеа убедлива победа од 98:78, а Џејмс постигна 28 поени и беше лидер на теренот. Во отсуство на повредениот Лука Дончиќ во текот на целата серија, искусниот кошаркар повторно ја презеде одговорноста и го ...

Се подготвуваат значајни измени на законската рамка за заштита на животните, со кои се предвидуваат построги правила за сопствениците и повисоки казни за злоупотреба и занемарување. Предлог-решението го изработува Агенција за храна и ветеринарство во координација со институции и здруженија, но засега нема официјална потврда дали е доставено до Министерство за земјоделство. Според предложените измени, непочитувањето на правилата за чување и ...

Седум лица се приведени под сомнение за обид за палење верски објект на Еврејската заедница во Скопје, а две лица се обвинети за кривично дело „тероризам“, информираше МВР Обидот за палење синагога и зграда на Еврејската заедница во Скопје се случи на 12 април околу 4:50 часот наутро, кога две лица скокнаа преку ограда, го полеаа влезот со запалива течност и предизвикаа пожар, што беше потврдено со снимки од безбедносните камери. Во ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени. Во Скопје, времето ќе биде слично, променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нов удар врз Европската унија, објавувајќи дека од следната недела ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од ЕУ на 25 проценти. Тој ја обвини Брисел дека не го почитува претходно договорениот трговски договор. Трамп порача дека царините нема да важат за компании кои ќе произведуваат возила во САД, истакнувајќи дека во земјата веќе се реализираат инвестиции вредни над 100 милијарди долари ...

Повеќе од 550 лица се приведени на демонстрациите по повод 1 Мај во Истанбул, при што на одредени места дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, а органите на редот употребија солзавец и водени топови, јавија турските и странските медиуми. Според податоците на турското Здружение на правници, има најмалку 550 приведени на денешните демонстрации во Истанбул. Претходно, весникот „Бирѓун“ објави дека вкупно 57 членови на турската ...

„За плата се бориме, не се молиме“ беше слоганот на денешниот протест на Сојузот на синдикатите на Македонија во чест на Први мај – Меѓународниот ден на трудот. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов на почетокот на маршот рече дека за жал имаме квази синдикати кои сметаат дека не треба да се протестира, кои сметаат дека 1 мај е за луксуз во скап хотел на скапа конференција. „Да ви се заблагодарам за вашето присуство за тоа што ќе го ...

Христијан Мицкоски денеска повторно ја најави својата нова стратегија: кога во јуни ќе се покаже дека нема напредок во реформите, виновен ќе биде СДСМ затоа што го „блокирал“ Изборниот законик, се наведува во денешното соопштението од СДСМ. Според опозициската партија, ова е класична лага на Мицкоски, затоа што ВМРО-ДПМНЕ има апсолутно мнозинство во Собранието. „Токму како што ја укинаа техничката влада без ниту еден глас од СДСМ, така можат ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
4.96
19%
1016
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
2.24
45%
1017
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
2.51
31%
1017
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
4.96
37%
1019
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
4.61
24%
1018
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 35ᴼ
0.45
41%
1018
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
5.36
39%
1015
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
5.56
32%
1016
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
3.99
28%
1015
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 32ᴼ
2.24
33%
1019
weather icon

Будимпешта

39ᴼ / 38ᴼ
2.24
25%
1016
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 26ᴼ
8.75
88%
1018
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Злато

131072.82

Сребро

1902.84

Рутениум

49029.89

Паладиум

38195.09

Платина

51923.46

Бакар

12.33

Кобалт

56.29

Родиум

249168.29

Калај

50.56

Иридиум

233896.68

Алуминиум

3.20

Цинк

0.00