Случувањата со водата за пиење во Гостивар се резултат на, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, децениска негрижа на локалната власт предводена од СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари. На денешната прес-конференција портпаролот на партијата Валентин Манасиевски изјави дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нема право да држи лекции за состојбите во здравството, бидејќи, според него, во периодот кога бил министер за здравство постоеле извештаи за ...

Македонската ракометна репрезентација до 18 години го претрпе и третиот пораз на Европското првенство што се одржува во Белград. Во директниот дуел за третото место во групата А, младите македонски ракометари загубија од селекцијата на Шведска со резултат 29:33. Швеѓаните подобро го започнаа натпреварот и уште на стартот направија серија од три погодоци за предност од 3:0. Македонија не успеа веднаш да одговори, а противникот во ...

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, денеска ќе биде пуштена на домашно лекување откако вчера беше примена во болница поради полесни повреди здобиени во сообраќајна несреќа. Несреќата се случила во тунелот Кастелец на крајбрежниот автопат, по што словенечката претседателка била пренесена во болницата во Изола, каде ѝ била укажана медицинска помош. Според информациите од Полициската управа Копер, во сообраќајката учествувале две ...

Триесет и осумгодишна државјанка на Шведска се здобила со тешки телесни повреди при слетување со параглајдер во Охрид, информира Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, вчера во 17:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Специјалната болница „Св. Еразмо“ била донесена А.Г.Б. (38) од Шведска, која се повредила при слетување со параглајдер управуван од лице од охридска параглајдинг-компанија. Од МВР соопштија дека се ...

Триесет и седумгодишен жител на Струмица е осомничен дека со остар предмет ја нападнал својата поранешна сопруга во угостителски објект во градот, при што ѝ нанел тешки телесни повреди. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нападот се случил на 31 јули околу 12:40 часот во кафуле во Струмица. Осомничениот З.П. (37) со остар предмет ја повредил 34-годишната жена во пределот на лицето, по што избегал од местото. По кратко ...

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави препораки за заштита на здравјето при патување, апелирајќи граѓаните навреме да се информираат за здравствените ризици во земјите што планираат да ги посетат. Од ИЈЗ советуваат најмалку еден месец пред патувањето да се провери дали за дестинацијата се препорачува вакцинација или превентивна терапија, како што се вакцина против жолта треска или заштита од маларија. Истовремено, се препорачува сите ...

До Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи на западно-нилска треска, информира Министерството за здравство. Од ресорното министерство посочуваат дека на Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето, а резултатите од лабораториските анализи сè уште се очекуваат. Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените ...

Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија поради зголемените ризици од пожари на отворен простор и шумски пожари. Одлуката, донесена на последната владина седница, ќе биде во сила 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година. Како што информираат од Владата, целта е навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално ангажирање на сите расположливи ...

Грција и натаму се бори со големи шумски пожари, а силните ветрови дополнително ја отежнуваат состојбата и го поттикнуваат ширењето на огнената стихија. Властите и денеска остануваат во состојба на висока готовност, додека најкритична е ситуацијата северозападно од Атина. Огромни облаци чад се издигнуваат над регионот, а неколку села на околу 60 километри од грчката престолнина повторно се евакуирани како превентивна мерка. Крајбрежната ...

Владата денеска во Дебар додели 47 социјални станови на семејства и граѓани од ранливите категории, продолжувајќи ја политиката за обезбедување достоинствени услови за домување на оние на кои им е најпотребна институционална поддршка. На свеченоста присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката ...

Крушево вечерва го отвора годинашното издание на традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“, со која се одбележуваат 123 години од Илинденското востание и формирањето на Крушевската Република. Во програмата се вклучени комеморативни настани, изложби, свечена церемонија и традиционалниот пречек на коњаниците. Чествувањето започнува со положување цвеќе на гробот на Дамјан Груев, а делегации ќе ги посетат и Спомен-куќата на ...

Најмалку 57 лица загинаа за време на масовниот обид за премин од Мароко во шпанската автономна територија Сеута, додека десетици илјади мигранти кои успеале да влезат веќе се вратиле назад во Мароко. Според шпанското Министерство за внатрешни работи, од четвртокот во Сеута влегле околу 50.000 лица, додека претседателот на локалната власт Хуан Хесус Вивас проценува дека бројката достигнала околу 60.000. Тоа претставува речиси 70 проценти од ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во Дебар, каде што ќе присуствува на доделувањето на 47 социјални станови наменети за граѓани од ранливи категории. По настанот е предвидена изјава за медиумите. Право на користење социјален стан имаат лица постари од 18 години кои до полнолетството биле згрижени во институции или други форми на згрижување без родителска грижа, корисници на гарантирана минимална помош, лица погодени од ...

Македонија ја очекува период на стабилно, сончево и многу топло време, со температури кои за време на викендот и во текот на следната работна седмица на повеќе места ќе достигнат и ќе надминат 40 степени Целзиусови. Според прогнозите, времето ќе биде претежно сончево, со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Најтопло се очекува да биде за време на викендот, кога максималните дневни температури ќе се движат од 33 до 40 степени, а ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска информираше дека со техничка поддршка од Европската Унија успешно е завршена првата сеопфатна Водородна студија за Македонија. Според Божиновска, студијата ги анализира можностите за производство, транспорт, складирање и употреба на зелен водород, при што е потврдено дека земјата располага со реален потенцијал за активно вклучување во идната европска водородна ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 31.07.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.293,43 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 4,82 поени, односно за 0,05%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...

Битола повторно беше место каде се сретнаа различни култури, традиции и фолклорни богатства од целиот свет. Во рамки на фестивалот „Илинденски денови“, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, организираше прием и фолклорна дружба со учесниците од годинашното издание на фестивалот. На настанот учествуваа фолклорни ансамбли од САД, Венецуела, Порторико, Кина, Грузија, Холандија, Унгарија, Словачка, Грција, Шведска, како и претставници од ...

Реконструкцијата на дел од улицата „Јаким Стојковски“ во Пробиштип се одвива со засилено темпо, информира градоначалникот Тони Тоневски. Според него, деновиве е поставен нов асфалтен слој на поголемиот дел од предвидената делница, која е со вкупна должина од 400 метри. По завршувањето на активностите за решавање на канализационата мрежа, ќе следува поставување на уште два нови слоја асфалт и на преостанатиот дел од улицата, со што значително ...

Во Полициската академија на Министерството за внатрешни работи во Идризово, денеска на свечена церемонија беа промовирани нови 496 полициски службеници од генерацијата 2025/2026 година. кои положија заклетва и официјално се приклучија на Министерството за внатрешни работи. – Денес, кога ќе ја положите свечената заклетва, прифатете ја како лична обврска пред себе, пред вашите семејства, пред вашите колеги и пред Македонија. Обврзете се дека ...

Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски издаде налог за работа и од вчера активно се работи на санирање на сите оштетувања на коритото на река Серава. -Ова е проект кој 40 години беше ветуван на граѓаните на општина Бутел, денес е реалност и во целост завршен. Затоа нема да дозволам неквалитетна изведба и согласно договор се ќе биде санирано. Изградивме речно корито во должина од 1800 метри, трим патека и нова урбана опрема – објави ...

ЈП Паркинзи на Општина Центар официјално ја отвори новата канцеларија за грижа за корисници, современ простор наменет за побрза, поквалитетна и поефикасна услуга за сите корисници на претпријатието. ПОЦ Центар информира дека во рамки на инвестицијата е изведен целосно нов и модерен ентериер, воведен е современ административен систем за управување со редот на чекање преку автоматско издавање бројчиња, набавени се нови специјализирани скенери ...

Eпидемиолошката состојба во Гостивар покажува знаци на подобрување, со значително намалување на бројот на лица кои побарале лекарска помош, што е позитивен показател, но состојбата внимателно се следи, информира Министерството за здравство. Според последните податоци, во текот на вчерашниот ден биле извршени 36 прегледи, што е речиси двојно помалку во споредба со претходниот ден, кога биле регистрирани 73 прегледи. Во моментов во болница се ...

Општина Карпош продолжува со спроведување на мерките за финансиска поддршка на семејствата со новородени и посвоени деца и до средината на јули се поднесени околу 140 барања, информираат од Општината. Пттаму додадваат дека 95 барања се одобрени за вредносен ваучер од 3.000 денари за новородено или посвоено дете, а 30 барања се одобрени за еднократна парична помош од 8.000 денари, согласно утврдените критериуми. Општина Карпош и во наредниот ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска им порача на сточарите и другите земјоделци при аплицирање за субвенции да го пријавуваат реалното производство. Не може, како што рече, да се наведе дека една крава дала стопати повеќе млеко од најдоброто грло во светот или дека на еден хектар површина се произведени 35 тони тунун. Мицкоски е дециден дека субвенциите за сточарите се обезбедени и дека исплатата ќе почне веднаш штом ребалансот на буџетот ...

Со најавените високи температури до 40 степени Целзиусови во наредниот период, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предупредува на зголемен ризик од труење со храна и упатува апел до граѓаните да бидат особено внимателни при набавка, транспорт, складирање и подготовка на прехранбените производи. Од АХВ посочуваат дека топлотниот бран не претставува опасност само за луѓето, туку и за животните, поради што е потребно навремено ...

Македонија и Бугарија продолжуваат со интензивирање на активностите за подготовка и изградба на прекуграничниот железнички тунел, кој е дел од Коридор 8. На првиот состанок на заедничката работна група, одржан во Софија, биле договорени конкретни чекори за понатамошна реализација на проектот, воспоставување динамика на активностите и дефинирање на обврските на надлежните институции од двете земји. Од Министерството за транспорт информираат ...

Царинските службеници на граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегален пренос на девизи, при што биле откриени и запленети 64.250 евра во готовина, информираат од Царинската управа. Случајот бил откриен при влез во државата, кога бил извршен преглед на автомобил со германски регистарски таблички управуван од грчки државјанин. На прашањето од царинските службеници дали има нешто да пријави, патникот навел дека носи 60.000 евра и ...

Жител на струмичко село е приведен откако предизвикал пожар во својот двор, кој потоа се проширил и на улицата каде што живее. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 30 јули 2026 година околу 22:00 часот во селото Габрово, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.К. (63) од Струмица, со престој во селото. Според информациите од МВР, полициските службеници го забележале лицето како во дворното ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, соопшти Владата. За време на посетата, премиерот ќе изврши увид во реконструираните болнички одделенија и новата медицинска опрема набавена за потребите на здравствената установа. По обиколката, предвидено е Мицкоски да даде изјава за медиумите. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети ...

Дел од жителите на општина Центар денеска ќе останат без вода поради прекин во водоснабдувањето, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, повикувајќи се на информации од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Според најавата, прекинот ќе започне во 11:00 часот и ќе ги опфати корисниците на делови од улиците „Бел Камен“, „Водњанска“ и „Шарски Одред“. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Дел од жителите на општина ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32