Хрватска продолжува со реализацијата на еден од најголемите инфраструктурни проекти, откако беше потпишан договор вреден 250 милиони евра за изградба на делницата Јадраново – Селце на автопатот А7. Новата делница ќе биде долга 12,3 километри и претставува дел од идната траса Крижишќе – Жута Локва, чија цел е подобрување на сообраќајната поврзаност меѓу Приморско-горанската и Личко-сењската жупанија, како и зголемување на безбедноста и ...

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порача дека нема да дозволи, омразата и песимизмот да станат национална идеологија. Од партијата ја обвинија опозицијата дека наместо со идеи и програми, шири дефетизам, лаги и политичка нестабилност. Според ВМРО-ДПМНЕ, целта е Македонија да стане економски посилна, праведна и држава во која младите ќе ја гледаат својата иднина. Во соопштението се наведува дека партијата нема да се откаже од заштитата ...

СДСМ преку соопштение денеска реагираше на илинденскиот говор на премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека наместо пораки за единство, упатил реторика што ги продлабочува поделбите во општеството. Од партијата велат дека со изразите за „омразата, цинизмот и талогот“ премиерот ги етикетира сите кои не се согласуваат со неговите политики. Според СДСМ, ваквиот речник не е соодветен за најголемиот државен празник и испраќа погрешна порака до ...

Вчера во 12:15 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода М.Н.(34) од кратовско село, вработен како полициски службеник во МВР, поради сомнение дека на 01.08.2026, во период кога не бил службено ангажиран, во близина на угостителски објект во Кратово испукал повеќе куршуми од неговиот службен пиштол. Тој бил приведен во полициска станица и од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални ...

Македонија денеска ја очекува сончево и многу топло време, со максимални дневни температури кои на повеќе места ќе достигнат до 39 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време, а температурата ќе се искачи до околу 37 степени. За главниот град и понатаму е во сила портокалово предупредување поради високите температури и зголемениот ризик по здравјето на граѓаните. Надлежните препорачуваат да се избегнува престој на отворено во периодот од ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека денеска започнува нова рунда преговори со Иран, откако привремено ги суспендирал планираните воени напади. Тој изјави дека операцијата била целосно подготвена, но дека на барање на блискоисточните партнери решил да им даде уште една можност на дипломатските напори. Според Трамп, посредниците веруваат дека може да се постигне договор за слободна пловидба низ Ормускиот Теснец, како и нова рамка ...

Тринаесетгодишно девојче загина, а уште две деца се повредени во напад со украински дрон врз детско игралиште во руската Белгородска област, соопштија локалните власти. Според вршителот на должноста гувернер, дронот погодил простор во близина на игралиште во селото Принцевка, недалеку од украинската граница. Повредените девојчиња, на возраст од седум и девет години, се хоспитализирани. Руската комесарка за правата на децата Марија ...

Косовски државјанин е приведен во Струга откако кај него била пронајдена марихуана, информира Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, на 2 август во 02:45 часот, на улицата „Маршал Тито“, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода К.Е.Б. (20) од Косово. При извршениот преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, против лицето ќе биде ...

Голем сообраќаен метеж го одбележа неделното попладне низ Хрватска, а најкритична е состојбата на автопатот А1 и на граничниот премин Карасовиќи кон Црна Гора. Поради безбедносни причини, привремено е запрен сообраќајот низ тунелот „Свети Рок“ во правец кон Дубровник. Според Хрватскиот авто-клуб (ХАК), пред тунелот се формирала колона долга околу два километри, додека дополнителни застои создаваат и две сообраќајни несреќи на делницата меѓу ...

Пожар избувнал вчера попладне во кујната за подготовка на готвени јадења, која се наоѓа во склоп на маркет на подрачјето на Центар, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, случајот бил пријавен во СВР Скопје во 16:25 часот, а пожарот настанал околу 16:00 часот. Во инцидентот нема повредени лица, а огнот бил брзо локализиран и изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Скопје. На местото бил ...

Седумдесет и тригодишен жител на Охрид е приведен откако, според пријавата, вперил пиштол кон 51-годишен скопјанец по расправија околу паркирано возило. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 1 август, околу 13:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Т.Р. (73) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава. Според информациите, инцидентот се случил околу 12:00 часот во ходник на станбена зграда во ...

Претпладнево на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа пожар во трговскиот центар „Лептокарија“ во општина Карпош. Според последните информации, пожарот е локализиран и изгаснат. Горела скара во угостителскиот објект „Гиро Хаус“. Во интервенцијата учествувала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Засега нема информации за повредени лица, а причините за избувнувањето на ...

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, бил крајно незадоволен од пристапот на своите фудбалери во второто полувреме од пријателскиот натпревар против Фиорентина, кој заврши без победник, 2:2. Португалскиот стратег остро ги критикувал своите играчи поради опуштеноста која, според него, му дозволила на противникот да се врати во натпреварот. Реал Мадрид на паузата замина со предност од 2:1, а во првиот дел имаше и неколку можности да ја зголеми ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод 2 Август – Илинден, порача дека иднината на Македонија треба да се гради врз идеалите на Илинденското востание и АСНОМ, со вложување во младите, мудра надворешна политика и национално помирување. На свеченоста под нејзино покровителство, одржана пред споменикот на Методија Андонов-Ченто на плоштадот „Македонија“ во Скопје, Сиљановска-Давкова истакна дека Илинден е ден за сеќавање на ...

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и дека надлежните здравствени институции продолжуваат со континуирано следење на состојбата. Според податоците од Министерството, во текот на 1 август се регистрирани 57 први прегледи, што е намалување во однос на претходниот ден кога биле евидентирани 60 прегледи. Нема нови случаи на хоспитализација. Заклучно со 1 август, во Гостивар се регистрирани ...

По повод 82 години од Првото заседание на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија (АСНОМ), делегација на Левица предводена од претседателот на партијата и пратеник Димитар Апасиев, заедно со пратеникот Сашко Јанчев и членката на Централниот комитет Евгенија Станкоска, положи свежо цвеќе пред спомен-плочата во манастирот „Св. Прохор Пчински“. Од Левица потсетија дека токму на ова место, на 2 август 1944 година, било ...

Мајка и дете беа успешно спасени утринава откако паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“ во Струмица. Инцидентот бил пријавен во раните утрински часови, а од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека акцијата започнала околу 05:15 часот, кога тим од пожарникари-спасители бил веднаш упатен на терен. По пристигнувањето на местото на настанот, со употреба на специјализирана спасувачка ...

Нивото на водата на реката Дунав во бугарскиот дел останува ниско и продолжува да опаѓа на места, објавува БГНЕС, повикувајќи се на податоци од хидрометеоролошките станици. Најниското ниво на водата е забележано во близина на Русе – минус 91 сантиметри, а во последните 24 часа нивото се намалило за уште 2 сантиметри. Во Орјахово нивото на водата е минус 78 сантиметри, а во Силистра – минус 76 сантиметри. Во Ново Село е забележано ниво од ...

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати во Меморијалниот центар во Пелинце по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август – Илинден и Денот на Републиката. Во своето обраќање, тој истакна дека денешниот датум го симболизира историскиот континуитет и борбата за слобода. „Илинден не е само датум, тој е и завет, но и карактер. Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, можат да бидат напаѓани, можат ...

„Денес во Крушево оддаваме почит на хероите на Илинден и на Крушевската Република – на оние кои пред повеќе од еден век се бореа за слободна и достоинствена Македонија. Нивната жртва не беше за изолација. Не беше за страв. Не беше за поделби. Тие се бореа за слобода, за правда и за правото на овој народ сам да ја одлучува својата судбина“ рече во Крушево претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Тој порача дека „денес, повеќе од еден век подоцна, ...

Македонија денеска го одбележува 2 Август – Илинден, еден од најзначајните датуми во македонската историја и Денот на Републиката. Празникот го симболизира континуитетот на борбата за државност преку двата историски настана – Илинденското востание и Крушевската Република од 1903 година, како и Првото заседание на АСНОМ во 1944 година. По повод државниот празник, низ земјава се организираат свечености во Крушево, Пелинце и Скопје. Централната ...

Во живописното подножје на планината Јабланица, помеѓу селата Октиси и Вевчани, се наоѓа ресторанот „Стара Водејнца“ – вистински гастрономски бисер кој со години ги освојува срцата на домашните и странските посетители. Опкружен со недопрена природа, кристално чисти извори и мирна атмосфера, овој ресторан нуди совршен спој на традицијата, автентичната македонска кујна и природната убавина. Уште со првиот чекор, гостите ги пречекува амбиент што ...

Со свечено доделување на признанија и награди за најуспешните фолклорни групи, културно-уметнички друштва, ансамбли и поединци, синоќа беше затворено 56. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ во Битола. На свеченото затворање се обрати градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека годинашното издание било едно од најдолгите во историјата на фестивалот и уште еднаш ја потврдило ...

Тројца жители на Скопје биле приведени откако се обиделе да подигнат кредит од 900.000 денари во банка со фалсификувана лична карта и лажна документација. Како што информира Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје ги лишиле од слобода лицата на 29 јули, во моментот кога банкарските службеници ја обработувале поднесената документација. Станува збор за тројца ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 27.07.2026 до 31.07.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 37.150.735 денари, од кои 28.993.135 денари беа реализирани преку класично тргување, додека 8.157.600 денари беа реализирани преку блок-трансакција. Ликвидноста во неделата ја водеа Комерцијална банка Скопје, Алкалоид Скопје и Реплек Скопје. Топ ...

Тотенхем го освои Сиднеј купот откако во премиерлигашкиот дуел одигран во Австралија славеше против Челзи со 2:1. Екипата од Лондон, предводена од новиот менаџер Де Зерби, стигна до првиот трофеј во подготвителниот период. Иако станува збор за пријателски турнир, победата е важна за создавање позитивна атмосфера во тимот пред стартот на сезоната. Челзи прв дојде до предност во 21. минута преку Естевао, но Тотенхем успеа да израмни со голот ...

Кошаркарската јуниорска репрезентација на Македонија до 18 години ја оствари втората победа на Европското првенство во Дивизијата „Б“, кое се одржува во Хрватска. Избраниците на селекторот Мишо Тодоровиќ во натпреварот за пласман од 13 до 16 место го совладаа Исланд со 86-74 и стигнаа до вториот триумф на шампионатот. Македонските кошаркари лошо го започнаа натпреварот и првата четвртина ја загубија со убедливи 9-25. Сепак, во вториот период ...

Жител на село во околината на Македонски Брод е приведен под сомнение дека во повеќе наврати извршил силување врз 20-годишна девојка од истото место, која имала здравствени проблеми. Според информациите, станува збор за лицето М.В. (50), кое било лишено од слобода од страна на полициски службеници. Надлежниот суд му определил мерка притвор во траење од 30 дена, додека истрагата за случајот продолжува. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ...

Обвинетиот Борче Марковски се вратил во Македонија и во моментов се наоѓа во Битола со своето семејство, потврди неговиот адвокат Марјан Николоски. Според правниот застапник, Марковски ги завршил обврските поради кои претходно престојувал во Србија, по што било побарано привремено враќање на неговиот пасош. Адвокатот посочи дека одлуката за враќање на патната исправа била донесена со согласност на Основното јавно обвинителство Струга, Вишото ...

Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагираат на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека граѓаните „за првпат по многу години ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна“. Од СДСМ прашуваат што значи тоа „за првпат“ и тврдат дека со оваа изјава премиерот признал дека во изминатите две години, додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт, водата во Гостивар не била исправна. „Значи две години знаеле. Две години молчеле. Две години ги ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07