Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопштение упати обвинувања кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека тој се наоѓа на одмор во Грција и дека од таму ги координира партиските активности поврзани со информациите за безбедноста на водата во Скопје. Од владејачката партија прашуваат каде се наоѓа Филипче и тврдат дека тој на 6 август ја напуштил земјава преку граничниот премин Богородица, по што, според нив, заминал на одмор. „Каде е Венко ...
Министерството за внатрешни работи продолжува да повикува на информативен разговор лица од чии профили вчера се повикуваше да не се пие водата во Скопје поради присуство на бактерија. Информациите вчера попладне ги демантираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ЈП Водовод и канализација и Министерството за здравство. – Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки и активности, се утврдуваат ...
СДСМ преку соопштение ја обвини Владата дека во услови на повеќе здравствени и еколошки проблеми во земјава, министрите се занимаваат со прашања кои не се во рамките на нивните ресори. Од опозициската партија наведуваат дека граѓаните се соочуваат со проблеми поврзани со небезбедна вода во повеќе од 50 населени места, загадени реки и појава на западнонилска треска. Според СДСМ, во периодот кога премиерот Христијан Мицкоски е отсутен, ...
И покрај зголемениот број барања за лични документи во текот на летниот период, издавањето патни исправи во земјава се одвива непречено, без подолги рокови на чекање, информира Министерството за внатрешни работи. Во текот на јули биле поднесени околу 55.000 барања за лични документи, меѓу кои и за патни исправи. Од МВР посочуваат дека во редовна постапка граѓаните термин за поднесување барање добиваат во рок од еден до два дена, додека ...
На подрачјето на град Скопје на 18 август 2026 година, вторник, ќе започне терестична дезинсекција против ларви и возрасни комарци. Третирањето ќе се спроведува во текот на денот, со цел да се намали бројот на комарци и да се спречи нивното понатамошно размножување. Надлежните ги повикуваат пчеларите навремено да ги преземат сите потребни мерки за заштита на пчелите за време на спроведувањето на дезинсекцијата. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ...
Тајван ја спроведе првата заедничка вежба на морнарицата и крајбрежната стража насочена кон одговор во случај Кина да се обиде да воспостави поморска блокада на островот. Во вежбата биле користени реалистични сценарија со цел подобрување на координацијата меѓу различните служби задолжени за одбраната. Морнарицата и крајбрежната стража заеднички придружувале и заштитувале трговски брод, додека миноловец обезбедувал безбеден коридор до ...
Севастопол на Крим повторно остана без електрична енергија по масовен украински напад со беспилотни летала, соопштија руските власти. Гувернерот на Севастопол поставен од Москва, Михаил Развожаев, изјави дека прекинот во снабдувањето со струја бил предизвикан од нападот. Според него, руските сили за противвоздушна одбрана биле активирани за пресретнување на украинските дронови. Стручните екипи се на терен и ги проценуваат размерите на штетата ...
На територијата на Македонија до 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 51 пожар на отворен простор, од кои пет се активни, четири се ставени под контрола, а 42 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Меѓу активните се пожарот над селото Моране, на потегот Вртекица и Рамни Габер во Општина Студеничани, каде што гори мешана шума, како и пожарот кај селото Старо Балдовци во Општина Босилово, каде е зафатена ...
Во Владата денеска ќе се одржи свечена седница по повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На свечената седница, која ќе се одржи во Свечената сала на Владата, ќе се обратат првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Настанот ќе може да се следи во живо преку официјалните профили на Владата на „Фејсбук“ и „Јутјуб“. Охридскиот рамковен ...
Делови од Скопје денеска ќе останат без вода и електрична енергија поради планирани работи на водоводната и електродистрибутивната мрежа. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на ЈП „Водовод и канализација“, од 8:30 часот без вода ќе бидат корисниците на улицата „Мирослав Крлежа“ во Општина Центар. Причина за прекинот е поврзување на нова водоводна мрежа со пречник од 100 милиметри, ...
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, ќе ја напушти својата функција на крајот на август, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп. Во објава на својата социјална мрежа Truth Social, Трамп наведе дека Ливит донела одлука да се повлече од функцијата за да посвети повеќе време на своето семејство и децата. „Целосно ја почитувам и ја разбирам нејзината одлука“, напиша Трамп, додавајќи дека Ливит и понатаму ќе остане влијателен глас ...
Денеска се навршуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, документ со кој на 13 август 2001 година беше поставена основата за политичко решавање на вооружената криза во Македонија. Договорот беше потпишан во Скопје од тогашниот претседател на државата, Борис Трајковски, како и од лидерите на четирите најголеми политички партии – Љубчо Георгиевски (ВМРО-ДПМНЕ), Бранко Црвенковски (СДСМ), Арбен Џафери (ДПА) и Имер Имери ...
Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во повеќе делови од земјата се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), локално временските процеси ќе прераснат во невреме со силни налети на ветер и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој повремено ќе се засилува. ...
Состојбата со пожарите на отворен простор во земјава денеска значително се влоши. Попладнево се регистрирани најмалку 21 пожар, од кои поголем дел сè уште се активни, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Како еден од пожарите со најтешки услови за гасење, Ангелов го издвои пожарот во општина Македонски Брод, во месноста Видуш, во близина на селото Драгов Дол. Таму гори карпест предел со грмушки, трње и ...
Македонскиот шампион Вардар со победа го полна 54-тото издание на ракометниот турнир во Струга. Вардарци во воведниот меч на годинашниот турнир го совлада убедливо составот на Прилеп со 39-54. Имаше Вардар контрола во текот на целиот натпревар и рамномерно ги распоредија головите. Првото полувреме заврши со +5 (18:13), а на крајот на мечот +10 (39-29). Најефикасен во победничката екипа беше Виктор Јанковски со седум, а шест гола постигнаа ...
Тројца жители на тетовското село Џепчиште се лишени од слобода откако полицијата кај нив пронашла и одзела марихуана. Од СВР Тетово информираат дека на 11 август 2026 година, околу 16 часот, полициски службеници во селото ги привеле Н.А. (20), Б.Д. (19) и С.Е. (19), сите жители на Џепчиште. При извршениот преглед кај тројцата била пронајдена и одземена марихуана. Покрај тоа, од Н.А. било одземено и патничко возило „Рено Твинго“, за кое, ...
Грчката полиција уапси 59-годишен маж под сомнение дека намерно предизвикал шест пожари во период од само четири дена во областа Синдос, во близина на Солун. Според досегашната истрага, осомничениот наводно ги предизвикувал пожарите додека се движел со своето возило. Огнот зафатил сува трева, трска и земјоделски површини. Пожарите избувнале во периодот од 8 до 11 август. Првиот бил регистриран на 8 август, кога биле зафатени околу 20 хектари ...
Македонија денеска се соочува со рекорден број пожари за ова лето. До 17 часот се регистрирани 21 активен пожар на отворен простор, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али. Пожарите се активни во повеќе општини низ државата, при што гори ниска и висока вегетација, шумски површини и земјоделско земјиште. Според ЦУК, активни пожари има во Македонски Брод, Студеничани, Илинден, Желино, Зелениково, Кичево, ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес-конференција јавно испи вода од чешма за да покаже дека водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење и дека нема никаква бактериолошка неисправност. Неговиот потег следуваше по информациите што од утрово се проширија на социјалните мрежи, со кои се тврдеше дека во водата за пиење е пронајдена бактеријата ешерихија коли, што предизвика вознемиреност кај граѓаните. Ѓорѓиевски ...
На денешното судско рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ вештото лице Душица Трпчевска Ангелковиќ сведочеше дека според урбанистичко планската документација на Град Кочани од 1998 до денеска и согласно Законот за градење на предметната локација на која функционира објектот дискотека/кабаре „Пулс” не е дозволена пренамена од индустриски објект во објект за вршење угостителска дејност. Според неа од 2012 година инвеститорот почнува ...
Управата за јавни приходи во рамки на кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ потсетува дека секој приход остварен од издавање сместувачки капацитети подлежи на оданочување согласно законските прописи и ги повикува сите лица кои остваруваат ваков доход навремено да ги исполнат своите даночни обврски. Тоа се односува на оние кои издаваат и на домашен пазар и преку странски платформи,односно парите ги примаат од странство. Поврзани ...
Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на нашите граѓани од комарци и спречување на нивното масовно размножување, информира градоначалничката Бети Стаменковска Трајкоска преку Фејсбук. ...
Здравствените власти прогласија епидемија на западнонилска треска на подрачјето на неколку скопски општини: Кисела Вода кај Пржино, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево. Досега се регистрирани 26 случаи од страна на Институтот за јавно здравје, а за 24 се потврдени дека се носители на вирусот. 25 се од Скопје, а еден е од Велес. Станува збор за повозрасни мажи над 60 години, кој претежно работеле ...
По повод Меѓународниот ден на младите младинската група на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА Млади, заедно со Иницијативата „Фрли ја коцката!“ објави поразителни резултати од националното истражување ЕСПАД 2024: една четвртина од учениците на возраст од 15 до 16 години во земјава се коцкале за пари во последните 12 месеци, или 34 отсто од момчињата и 16 отсто од девојчињата. Ова се случува во земја во која ...
ДПМНЕ повторно се обидува економската состојба во државата да ја сведе на неколку внимателно одбрани проценти, наредени во партиска графика и ослободени од секој контекст што би можел да им ја расипе приказната. Оние бројки што ДПМНЕ намерно ги премолчува кажуваат многу повеќе од самофалбите што ги сервираат. Впрочем, нема потреба ни од посебни анализи, доволно е да се прашаат граѓаните дали ги чувствуваат вмровските економски успеси или ...
Веќе пет недели граѓаните на Гостивар се трујат. Водата не е безбедна за пиење. Луѓето стојат во редици за пластични шишиња. Деца, стари, болни – сите се соочуваат со основен проблем: чиста вода. Отруена е и болницата, пациентите се префрлени во друг град. Има епидемија на жолтица, нема лекари и медицински техничари, стои во соопштението на СДСМ. -Во тие пет недели премиерот Христијан Мицкоски не се појави ниту еднаш во Гостивар. Не само што ...
Со изведување на градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица кои го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во периодот на изработка на вештачењето бил декан на факултетот, истакна дека ...
Вештачката интелигенција веќе не е технологија резервирана само за програмери и големи технолошки компании. Таа станува секојдневна алатка за работа, учење, создавање содржина, автоматизација, маркетинг, продажба и развој на нови бизниси. Токму со таа идеја е создадена новата колекција практични AI книги на македонски јазик, чија цел е сложениот свет на вештачката интелигенција да го направи разбирлив и применлив за македонските читатели. ...
Талогот на СДС со месеци гради наратив врз стравови, шпекулации, а и селективно молчи. Државниот завод за статистика ги објави официјалните податоци за во јули 2026 година, 2,3% на годишно ниво. Просекот на Европската Унија изнесува 2,9%. Со други зборови, опозицијата тврди дека земјава тоне економски, кога напротив бележи една од најниските стапки на поскапување, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. -Движењето низ месеците дополнително ја ...
Програмата на годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со музичка вечер посветена на пијаното, во рамки на која пред охридската публика ќе настапи познатиот кинески пијанист Сихенг Сонг. Сонг е роден во Шангај во 1981 година, а се смета за еден од истакнатите пијанисти од својата генерација. Своето музичко образование го стекнувал во Франција, каде што студирал на Високата школа за музика во Париз во класата на Маријан ...