Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Топлото време ќе се задржи и во текот на денешниот ден, но метеоролозите најавуваат промена на временските услови во наредните часови. Според информациите од Управа за хидрометеоролошки работи, во текот на ноќта и утре претпладне се очекуваат повремени врнежи од дожд, а локално времето ќе биде нестабилно со поројни врнежи, грмежи и засилен ветер. На одделни места процесите ќе бидат поинтензивни, со можност за пообилен дожд од над 15 литри на ...
Генералното собрание на Заедница на единиците на локалната самоуправа денеска ќе одржи седница на која ќе се разговара за актуелните предизвици со кои се соочуваат општините, како и за активностите на организацијата насочени кон унапредување на локалната самоуправа. На втората седница на Генералното собрание ќе бидат разгледани и извештаите за работењето на ЗЕЛС, како и досегашните активности поврзани со застапувањето на интересите на ...
Пожар избувна попладнево на патот кон градските гробишта во месноста Плуждино кај Штип. Според првичните информации, постои сомневање дека огнот бил предизвикан од удар на гром, при што се запалила сува трева. Поради силниот ветер, пожарот брзо се проширил на поголема површина, поради што на терен интервенираат екипи од Територијалната противпожарна единица Штип. Пожарникарите работат на негово локализирање, спречување на понатамошно ширење ...
Собранието вечерва не ја усвои интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. За интерпелацијата гласаа 21 пратеник, 62 беа против, додека воздржани немаше. Иницијативата беше поднесена од пратениците на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, кои го обвинија министерот за слаби резултати во земјоделството, намалени субвенции, неисполнети ветувања, пад на откупните цени, блокирани ...
На вечерашната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беа потврдени одлуките за новите претседатели на општинските комитети, а истовремено беа избрани и тројца нови членови на Извршниот комитет на партијата. За нови членови на Извршниот комитет се избрани Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев. Од партијата посочуваат дека Лефков е пратеник во Собранието кој доаѓа од Кочани и претходно бил дел од Извршниот комитет, при што се ...
Општина Аеродром и советничката група на СДСМ влегоа во јавна расправа околу постапката за отуѓување на градежно земјиште на атрактивна локација во општината. Додека опозицијата обвинува за распродажба на јавен имот, локалната власт тврди дека станува збор за законска и транспарентна постапка во интерес на развојот на општината. Од ОО на СДСМ во Аеродром, советникот Марко Даниловски обвини дека општината продава градежно земјиште по цена од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави можност за нови воени акции против Иран, откако беше замолен да ја појасни својата претходна изјава дека Техеран „ќе мора да ја плати цената“. „Ќе ги нападнеме, ќе ги нападнеме многу силно“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба. На прашањето дали тоа подразбира продолжување на бомбардирањата, американскиот претседател одговори потврдно, додавајќи дека САД имаат право да преземат такви ...
Министерството за финансии изврши трансфер од 131 милион денари од централниот Буџет кон Развојната банка, средства наменети за реализација на проекти во домашните компании. Како што информираат од Министерството за финансии, трансферот бил реализиран на крајот од минатиот месец, а со тоа вкупниот износ пласиран во домашната економија за инвестиции од страна на компаниите достигнува 14,1 милијарда денари, односно околу 230 милиони евра. ...
Македонските тенисери го загубија првиот дуел во Кишињев во рамки на Третата Европска група од Дејвис купот откако загубија со 2-1 од домаќинот Молдавија. Мечевите почнаа одлично за македонскиот тим со водство по победата со пресврт на Калин Ивановски против Иља Снитари со 2-1 во сетови (46 63 61). Тенисерот од Молдавија поведе, а во следните два сета Ивановски му препушти само четири гема. Во вториот меч Олег Приходко го доби првиот сет во ...
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска со особена чест и задоволство им ги додели признанијата и паричните награди на првенците на генерација од општинските основни училишта на територијата на општината. Тој во објава на Фејсбук истакна дека станува збор за млади луѓе кои со својот труд, посветеност, дисциплина и љубов кон знаењето покажале дека успехот не доаѓа случајно, туку е резултат на континуирана работа и ...
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ фјучрс турнирот во Загреб уште во првото коло, откако по голема борба беше поразена од Екатерина Казинова со 2:1 во сетови (1:6, 7:5, 6:4). Дуелот траеше два часа и 26 минути. Ѓорческа одлично го отвори натпреварот и убедливо го освои првиот сет со 6:1, откако претходно поведе со 5:0 во гемови. Во вториот сет македонската тенисерка имаше значајна предност од 5:3 и меч-топка за ...
Македонија останува „заложник на неточна и непринципиелна блокада“ на својот пат кон Европската Унија, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски за време на посетата на Софија. Тој посочи дека македонската страна сака јасно да им укаже на бугарските партнери дека актуелната состојба им штети и на двете држави, како на политички и економски план, така и на нивните граѓани. „Најлесниот начин да се придвижиме напред и да ги решаваме ...
Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце – Крива Паланка, се реализира со напредок од 36 проценти, а целосното железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија се очекува да биде завршено до 2031 година. Ова денеска го соопшти министерот за транспорт Александар Николоски при увидот во градежните активности на Коридорот 8. Според Николоски, станува збор за еден од најкомплексните инфраструктурни ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) штотуку издаде вонредно известување за моменталната состојба со времето во државата. Иако главниот бран од силниот студен фронт се најавуваше за утре, најновите радарски снимки покажуваат дека атмосферата веќе е сериозно дестабилизирана во делови од Македонија. „Според најновата радарска слика, во западните и југозападните планински региони во моментов има појава на нестабилност проследена со пороен ...
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, упати честитка до учениците, наставниците и родителите по повод завршувањето на учебната 2025/2026 година, оценувајќи дека изминатиот период донел позитивни промени и значајни реформи во образовниот систем. Таа истакна дека во текот на учебната година биле воведени повеќе новини во воспитно-образовниот процес, со цел подобрување на условите за учениците, наставниците и стручните ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со осумте практиканти кои ја поминаа селекцијата и започнаа практична работа во локалната самоуправа. Во наредните шест месеци тие ќе бидат ангажирани во различни сектори, 20 часа неделно, согласно своите студиски програми, со месечен надоместок од 15.000 денари. „Ме радува што оваа година сите практиканти се од различни струки и се распоредени во соодветните сектори. Тие ...
На 10.06.2026 во 00:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода Т.Е.(45) и Р.Ф.(39), двајцата од Скопје, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидираат со мерка апси по барање на ЕВР Чаир поради сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“ по член 242 од Кривичниот законик. По преземени мерки и активности дојдено е ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ...
Колумна на Никола Тасев Во ЕУ конечно почнаа посериозно да зборуваат околу проширувањето со земјите од Западен Балкан. Предлогот за постепено пристапување во Унијата поддржан од францускиот претседател Макрон и германскиот канцелар Мерц е вреден за разгледување. Во ЕУ конечно почнаа посериозно да зборуваат околу проширувањето со земјите од Западен Балкан. Предлогот за постепено пристапување во Унијата поддржан од францускиот претседател ...
Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Софија ќе оствари средба со бугарската потпретседателка Илијана Јотова, во рамки на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Најавувајќи ги разговорите, Сиљановска-Давкова изјави дека средбата ќе претставува продолжение на претходните контакти меѓу двете страни и можност за градење поголема доверба, но и отворање на важни прашања во односите меѓу Македонија и ...
Собранието денеска ќе ја започне 104-та седница, на чиј дневен ред се наоѓаат повеќе значајни точки, меѓу кои и интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Интерпелацијата е поднесена од пратеничката група на СДСМ, која обвинува за сериозни пропусти во работењето на ресорот, сомнежи за системска корупција, како и за проблеми поврзани со спроведувањето на програмата ИПАРД 3. Од ...
Украинските сили во текот на ноќта извршија напади врз цели длабоко на руска територија, при што е погодена нафтена рафинерија во Самара и производствен комплекс во Чебоксари. Според руски и украински извори, по нападот со дронови избувнал пожар во рафинеријата „Кујбишевски“, која се наоѓа на околу 800 километри од украинската граница. Во Чебоксари, главниот град на Чувашија, бил погоден истражувачко-производствен комплекс кој, според ...
Мажот обвинет за нападот на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј, во кој беа убиени 15 лица, се соочува со уште 19 нови обвиненија. Досега против 24-годишниот Навид Акрам беа поднесени 59 обвиненија, меѓу кои за 15 убиства, 40 обиди за убиство и терористички акт. Австралиските власти соопштија дека истрагата напредува и дека се анализираат повеќе од 230.000 снимки од безбедносни камери, како и содржини од електронски уреди поврзани со ...
Тензиите на Блискиот Исток дополнително ескалираа откако САД и Иран во текот на ноќта извршија нови меѓусебни напади во регионот на Персискиот Залив, доведувајќи го во прашање кревкиот прекин на огнот и напорите за политичко решение на конфликтот. Според соопштението на американската Централна команда, американските сили извеле напади врз ирански системи за противвоздушна одбрана, командни центри и радарски позиции во близина на Ормускиот ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека на поединечни места ќе има услови и за изолирано невреме со појава на град. Утринските температури ќе се движат од 9 до 19 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 25 и 34 степени Целзиусови. Во ...
Основците и средношколците во Македонија денеска го завршуваат наставниот процес за учебната 2025/2026 година и од утре официјално започнува нивниот летен распуст, кој ќе трае до 31 август. За повеќе од 14.500 матуранти наставата заврши уште на 15 мај, а во тек се и завршните испитни активности поврзани со државната матура. Утре (11 јуни) учениците што се пријавиле ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик (македонски, ...
Залихите на нафта во најразвиените земји во светот паднаа на најниско ниво од 2003 година, соопшти Американската управа за енергетски информации (EIA). Според најновите прогнози, глобалните резерви продолжуваат забрзано да се намалуваат поради ограничениот сообраќај низ Ормускиот Теснец. Поради кризата, земјите интензивно ги користат своите комерцијални и стратешки резерви, па залихите во 38-те држави членки на ОЕЦД достигнаа најниско ниво во ...
Делови од Скопје денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија. Од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Ленинова“ („Аминта Трети“) во Општина Центар, поточно во реонот околу угостителските објекти и деловните простории во тој ...
Квалитетниот сон се смета за еден од најважните фактори за здравјето и виталноста на човековиот организам. Иако често се занемарува поради брзиот и зафатен начин на живот, редовниот и доволен одмор во текот на ноќта е неопходен за нормално функционирање на телото. За време на спиењето, организмот се обновува и се подготвува за нови дневни активности. Во овој процес се зајакнуваат природните одбранбени механизми, поради што квалитетниот сон ...
Реал Мадрид испратил официјална понуда до Атлетико Мадрид во висина од 150 милиони евра за аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварес, но обидот бил веднаш одбиен од градскиот ривал. Од Атлетико ги информирале „кралскиот клуб“ дека фудбалерот има откупна клаузула од 500 милиони евра, со што јасно ставиле до знаење дека нема намера да преговараат за пониска сума. Со тоа, клубот испратил порака дека евентуалниот трансфер може да се реализира ...