Единаесет лица се приведени по масовна физичка пресметка што се случила доцна синоќа во скопската населба Шуто Оризари, при што две лица се здобиле со тешки телесни повреди. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 3 јуни 2026 година во 23:04 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир, во кое учествувале повеќе лица. При интервенцијата на полициските службеници било констатирано дека дошло до ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против У.А. (26), Е.Џ. (25) и М.Г. (21), сите од село Црник, општина Пехчево, поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Според информациите, на 06.05.2026 година на местото викано „Турски гробишта“, пријавените со земјоделска машина – трактор се обиделе да прегазат двајца вработени во Шумското подрачно стопанство „Равна река“, кои ги ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против А.Љ. (29) од Дебар, поради сомнение за сторени кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Според информациите, на 29.05.2026 година, пријавениот управувал патничко возило со голема брзина, при што предизвикал сообраќајна незгода. По пристигнување на полициски службеници на местото ...

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска додели решенија за субвенции за набавка на велосипеди. Тој истакна дека овие субвенции не претставуваат само финансиска поддршка за купување велосипед, туку и инвестиција во поздрав начин на живот, почиста животна средина и подобра иднина за општината. Според него, секој нов велосипед на улиците значи помалку загадување, намален сообраќаен метеж и поголема грижа за здравјето на ...

Копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, соопшти дека досегашниот вицепремиер задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, ќе биде именуван за специјален претставник на Владата во Брисел. Според Меџити, Фетаи поднел оставка од функцијата вицепремиер за да може да го преземе новиот ангажман, кој ќе биде насочен кон претставување на владините позиции во европските институции. Во изминатиот период Фетаи речиси два месеци не присуствуваше на владините ...

истражувачки проекти на Македонија и Австрија во области со значаен развоен потенцијал, меѓу кои се паметното земјоделство и храната, информациско-комуникациските технологии, електро и машинската индустрија, одржливите материјали и паметните згради, енергијата на иднината и туризмот. Договорите со добитниците беа потпишани денеска, а финансиската поддршка што ја обезбедува МОН изнесува 10.000 евра, односно по 600.000 денари за секој проект. ...

Мал авион се урна денеска во областа Медулин во Истра, а според првичните информации има и жртви. Полицијата во Истра соопшти дека пријавата за несреќата ја добила во 11:25 часот. Авионот се срушил во Кампанож, ненаселена област на административната граница меѓу Пула и Медулин. На местото на несреќата веднаш биле испратени екипи на итната медицинска помош, пожарникари и полициски службеници, кои преземаат мерки за утврдување на причините за ...

Безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин – нагласи директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов по повод јубилејот – 15 години од постоењето на АХВ, во пресрет на 7 Јуни, Светскиот ден на безбедноста на храната. Како што истакна Миланов, минатата година АХВ ја заокружи со спроведени над 47.200 надзори, а за утврдените прекршоци изрече 6.770 инспекциски мерки. Во 2024 и 2025 година при ...

Кривична пријава е поднесена против шест лица за организирање и реализирање на незаконско посвојување на новородено дете, во случај што го води Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал. Осомничени се Ф.А. (63) и Ѓ.К. (57) од Скопје, И.Ш. (35) и Џ.Ш. (35) од Скопје, како и С.Ј. (35) од Куманово и И.А. (38) од ...

СДСМ преку соопштение упати остри обвинувања кон премиерот Христијан Мицкоски, тврдејќи дека ги доведува граѓаните во заблуда за европската иднина на Македонија. Од опозициската партија наведуваат дека изјавите на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, како и извештајот на известувачот на Европскиот парламент, Томас Вајц, потврдуваат дека уставните измени остануваат клучен услов за отворање на пристапните преговори со Европската ...

Безбедносно-информативната агенција на Србија (БИА) соопшти дека официјално го советувала српскиот претседател Александар Вучиќ да не патува во Црна Гора поради, како што наведува, висок безбедносен ризик. Во соопштението се наведува дека проценката е донесена врз основа на оперативни информации за непријателски активности на странски разузнавачки служби и криминални структури кои, според БИА, дејствуваат на територијата на Црна Гора. ...

Панамериканската здравствена организација предупреди на сериозен пораст на бројот на случаи на мали сипаници во Северна и Јужна Америка, само неколку дена пред почетокот на Светското првенство во фудбал 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Според најновите податоци, од почетокот на годината во регионот се регистрирани повеќе од 20.000 случаи на заболени од мали сипаници, додека бројот на починати достигна 25 лица. ...

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека не ги брани македонските позиции и дека неговите ставови се во линија со официјална Софија. Од владејачката партија наведуваат дека Филипче поддржува политики кои, според нив, бараат нови отстапки од Македонија без јасни гаранции за напредок во евроинтегративниот процес. „СДС и Венко Филипче не нудат визија, план или решенија. Нивната ...

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, на повеќе места во земјата ќе има развој на нестабилна облачност, а локално временските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе прераснат во невреме. Се очекува пообилен пороен дожд, со количини кои на одредени места можат да надминат 20 литри на квадратен метар, ...

Поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа, денеска дел од корисниците во општините Бутел и Карпош ќе останат без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија. Според најавата, во периодот од 08:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Костурска“ и „Тале Христов Слога“, како и објектите Клиника ВФВ и Санте Плус 3 во општина Бутел. Прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и во ...

Благодарение на брзата реакција на полициските службеници од СВР Тетово, спречен е обид за разбојништво во угостителски објект во градот, а осомничениот е приведен кратко по инцидентот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 3 јуни околу 16 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово бил лишен од слобода 22-годишниот Х.Д. од Тетово. При извршениот преглед кај него бил пронајден и одземен гасен пиштол. Полициските проверки ...

Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за определување мерка притвор во траење од 30 дена за поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, како и за уште тројца осомничени во предметот што го води Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Судија на претходна постапка постапувал по предлог на Обвинителството, кое побарало определување на најстрогата мерка за обезбедување присуство на ...

Базенот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје наесен комплетно ќе се реновира. Поради тоа ќе треба да биде затворен подолг период. Ова го најави директорот Даниел Апостоловски кој објасни дека во моментов се прави проектот за реконструкција, по што ќе треба да се распише тендер за изведувач. Тоа значи дека летово базенот ќе работи, а градежните работи би почнале најрано во септември. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ...

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски сподели дека паркот во населба Ченто, во близина на спортската сала „Македонија“, добил комплетно нов и модерен лик. Тој појасни дека е поставена нова урбана опрема која овозможува подобри услови за одмор, дружење и рекреација на граѓаните и дека е извршено епоставување на нови канделабри, со кои значително е подобрено осветлувањето на овој простор, како и со нови рефлектори. Стефковски ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 03.06.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.724,37 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 0,11%, односно за 10,62 поени. Индексот ОМБ остана непроменет на ниво од 129,90 поени, со дневна промена од 0,00%, односно 0,00 поени. Вкупниот промет реализиран на сите ...

Општина Битола денеска организираше граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој граѓаните имаа можност да ги изнесат своите мислења, предлози и согледувања за идниот изглед на централниот градски простор. Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, истакна дека преку ваквиот пристап се овозможува директно учество на жителите во креирањето на решенија кои ќе го разубават и модернизираат плоштадот. ...

Општина Битола денеска организираше граѓански форум за уредување на плоштадот „Гоце Делчев“. Преку форумот граѓаните имаа можност да ги изнесат своите мислења и согледувања насочени кон разубавување на нашиот плоштадот. Пред присутните се обрати градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој рече дека Општина Битола како транспарентна општина со оваа прва форумска сесија сака јавно да се слушне мислењето на стручната фела и на граѓаните, за да ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, престојува во Брисел, каде што учествува на седницата на Заедничкиот консултативен комитет при Европскиот комитет на регионите, форум посветен на соработката меѓу македонските општини и локалните власти од земјите членки на Европската Унија. На настанот присуствуваат претставници на локалната и регионалната власт од земјите на ЕУ, како и од државите кандидати за членство, а Ѓорѓиевски најави и ...

Независната студија изработена од консултантската куќа „Ernst & Yong“ покажува дека со придонес од 1,4% во бруто националниот производ, ТИТАН Усје има значајна улога во развојот на националната економија. Вкупното влијание на компанијата во економските активности, преку деловни активности, плати и даноци, минатата година изнесувале повеќе од 10,3 милијарди денари. Директните фискални приходи во државниот буџет изнесувале 515 милиони ...

И покрај сложеното опкружување, Македонија бележи раст и се движи во позитивна насока, нагласи денеска премиерот Христијан Мицкоски презентирајќи ги резултатите на владата која останува посветена на решавање на проблемите, враќање на долговите и решавање на увезената нафтена криза. Мицкоски посочи дека податоците на Евростат покажуваат, дека според остварениот раст на БДП, Македонија е зад Малта, Полска и Србија, а според растот на ...

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука со која изрече серија санкции за финалистите во Купот на Македонија, Силекс и Шкендија, како и за шампионот Вардар поради инциденти и недолично однесување. Најстрого е казнета Шкендија, која е санкционирана со вкупна парична казна од 105.000 евра, како и со исклучување од натпреварувањето во Купот на Македонија за сезоната 2026/2027. Од оваа сума, 30.000 евра се ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп изјави дека иранскиот режим се согласил да се откаже од развој на нуклеарно оружје, но предупреди дека Техеран сè уште може да го промени својот став. Во интервју за подкастот „Под Форс Оне“ на „Њујорк Пост“, Трамп нагласи дека спречувањето на Иран да дојде до нуклеарно оружје е еден од клучните безбедносни приоритети. „Морав да кажам дека мораме да направиме нешто за Иран, бидејќи ...

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против поранешниот директор на Царинската управа С.Б., поранешен помошник-директор, две лица поврзани со приватна компанија и едно правно лице, поради сомнежи за злоупотреби при спроведување на јавна набавка. Според наводите на Финансиската полиција, во периодот од јули 2023 до март 2024 година биле прекршени ...

Младата полска тенисерка Маја Хвалинска продолжува да ја воодушевува тениската јавност со своите настапи на Ролан Гарос, откако успеа да обезбеди место во полуфиналето на престижниот грен слем турнир во Париз. На почетокот од турнирот таа низ шега изјави дека речиси никој не ја познава, но по неколку недели фантастични настапи на париската глина, нејзиното име стана една од најголемите приказни на годинашното издание на турнирот. Во ...

Учениците од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје постигнаа значаен меѓународен успех, освојувајќи престижна награда на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026, кој традиционално се одржува во Берлин, Германија. Наградата е освоена за проектот „Нашето патување на Јупитер“, кој го изработија учениците од 4а одделение под менторство на наставниците Ирена Грегориќ и Стефан Симовски. Проектот се издвоил меѓу бројните ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.09
69%
1021
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
2.68
75%
1020
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
0.65
68%
1019
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.95
88%
1023
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.84
71%
1022
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.67
90%
1020
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
8.05
48%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.92
51%
1018
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.49
56%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
0.89
77%
1021
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
52%
1019
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
4.8
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.69574

Currency

0.33451

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Сребро

1902.84

Родиум

249168.29

Алуминиум

3.20

Злато

131072.82

Калај

50.56

Кобалт

56.29

Платина

51923.46

Бакар

12.33

Иридиум

233896.68

Цинк

0.00

Рутениум

49029.89

Паладиум

38195.09