Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека денешниот израелски напад врз Бејрут не требало да се случи и предупреди дека не смее да се загрози можноста за постигнување договор со Иран. Во објава на својата социјална мрежа „Трут Соушал“, Трамп истакна дека сите страни треба да покажат воздржаност, особено во момент кога, според него, Вашингтон и Техеран се многу блиску до рамковен мировен договор. „Не треба да има повеќе напади од ...
Еврокомесарката за добрососедска политика и проширување Марта Кос наскоро ќе престојува во Македонија во рамки на нејзината редовна обиколка на земјите од регионот, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека станува збор за една од вообичаените посети на европските претставници на земјава и ја искористи можноста да ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека Владата е меѓународно изолирана. Мицкоски нагласи дека во изминатите два ...
Опозициската СДСМ обвини дека апликацијата „Мој ДДВ“ веќе пет дена не функционира целосно, поради што граѓаните не можат да скенираат фискални сметки и да го остварат правото на поврат на дел од данокот на додадена вредност. Од партијата тврдат дека и покрај информациите дека системот повторно е ставен во функција, корисниците и натаму се соочуваат со проблеми при користењето на апликацијата. Според СДСМ, нефункционалноста на системот доаѓа ...
ВМРО-ДПМНЕ на 17 јуни во Струмица ќе го одбележи роденденот на партијата, по што ќе започнат разговорите со коалициските партнери за реконструкција на Владата, најави премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека по настанот, кој ќе се одржи на стадионот во Струмица, ќе следуваат консултации за можните промени во владините редови. Осврнувајќи се на прашањето за евентуални предвремени парламентарни избори, Мицкоски повтори дека ставот на ...
Бразил и Мароко ги поделија бодовите играјќи 1-1 на стадионот „МетЛајф“, додека Шкотска со минималната победа од 1-0 над Хаити се искачи на првото место во групата. Мароканците оставија подобар впечаток во поголемиот дел од натпреварот и беа поблиску до победа, додека избраниците на Карло Анчелоти повторно покажаа дека имаат простор за напредок доколку сакаат сериозно да се борат за светската титула. Африканската селекција подобро го отвори ...
Општина Чаир продолжува со инвестициите за подобрување на јавната хигиена и комуналната инфраструктура. Од денеска, на територијата на општината започна поставувањето на 100 нови контејнери на локации каде што потребата е најголема, со цел поефикасно собирање на отпадот и подобрување на чистотата во различни делови на Чаир. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека инвестициите во јавната хигиена остануваат еден од ...
Сончевото и топло време ќе продолжи и во текот на денешниот и утрешниот ден, додека од вторник се очекува постепена промена на временските услови. Според прогнозата на синоптичарите, во вторник локално, а во среда во поголем дел од земјата ќе има врнежи од дожд проследени со засилен ветер и појава на грмежи. За денеска се најавуваат утрински температури од 7 до 17 степени, додека дневните ќе се движат од 25 до 33 степени. Во Скопје времето ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 08.06.2026 до 12.06.2026 година, вкупниот промет на сите пазари во редовното тргување изнесуваше 79.692.253 денари. Во неделниот извештај се евидентирани 370 трансакции и вкупна количина од 41.437 хартии од вредност. Со вклучување на блок-трансакциите, вкупниот промет достигна 1.171.853.596 денари. Во блок-сегментот беа реализирани ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски го означи почетокот на реконструкцијата на улицата „101“ во населбата Волково, општина Ѓорче Петров. Тој истакна дека за првпат од нејзината изградба улицата целосно се реконструира, при што ќе се изведе целосна обнова на коловозот во должина од повеќе од 1.000 метри. Проектот опфаќа и изградба на попивателни бунари, уредување на просторот ...
Швајцарија, земја која традиционално се смета за отворена за странски инвестиции и слободно движење, ќе одржи референдум на кој граѓаните ќе одлучуваат за можни ограничувања на растот на населението и имиграциската политика. Гласањето доаѓа во период кога населението во земјата значително се зголемило, достигнувајќи околу 9,1 милион жители до крајот на 2025 година, што претставува раст од околу 10 проценти во последната деценија. За првпат, ...
28-годишна скопјанка пријавила дека била физички нападната од нејзината 56-годишна свекрва, која ѝ го оштетила и возилото, информира Министерството за внатрешни работи. Според пријавата, инцидентот се случил вчера околу 09:50 часот на подрачјето на Центар, кога свекрвата С. О. најпрво го оштетила нивното возило „пежо боксер“, а потоа со употреба на физичка сила ја извлекла од возилото и ја турнала на земја. При падот, младата жена се здобила ...
Случаен минувач вчера спасил 83-годишен маж кој се давел во реката Вардар, во близина на Карпош, информира полицијата. Станува збор за лицето Д. И. (83), кое имало здравствени проблеми и по укажаната помош било пренесено во Градската болница „8 Септември“ за понатамошно лекување. Настанот се случил вчера околу 07:00 часот, а брзата реакција на минувачот спречила трагедија. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Случаен минувач вчера ...
Репрезентацијата на Англија се соочи со сериозен проблем во пресрет на својот прв натпревар на Светското првенство, откако од нивниот камп била украдена поголема количина спортска опрема. Според информации објавени во американските медиуми, меѓу исчезнатите предмети се копачки на фудбалерите, тренинг-опрема, реквизити на стручниот штаб, топки, како и официјални дресови и друга опрема наменета за натпреварите. Во англискиот табор веднаш била ...
САД и Иран се блиску до постигнување договор за ставање крај на конфликтот, а според извори запознаени со преговорите, документот би можел да биде потпишан веќе во недела во Женева. Висок претставник на американската администрација изјавил дека двете страни веќе се согласиле околу текстот на почетниот договор и дека Вашингтон очекува негово формализирање во наредните денови. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи оцени дека ...
Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 11:22 часот во областа на Егејското Море, во близина на турскиот град Измир. Според достапните податоци, епицентарот на потресот бил лоциран источно од Измир, а поради релативно малата длабочина, земјотресот можел да биде почувствуван во пошироката околина. Податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар покажуваат дека хипоцентарот се наоѓал на ...
Основното јавно обвинителство во Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен маж осомничен за продолжено кривично дело силување на дете кое не наполнило 15 години. Според информациите од Обвинителството, осомничениот во периодот од јануари до јуни годинава во повеќе наврати имал сексуални односи со 12-годишно девојче. Покрај ова, тој се сомничи и за кривично дело прикажување порнографски материјал на дете. Од ...
Изградбата на автопатот Скопје – Блаце треба да започне во текот на летото, откако е завршена постапката за избор на изведувач на проектот, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според информациите што Министерството ги добило од Европската банка за обнова и развој, за реализација на проектот е избран конзорциум предводен од домашната градежна компанија „Гранит“. Николоски оцени дека изборот на македонска ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче преку објава на социјалната мрежа Икс оцени дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за првпат јавно изнела ставови кои според него СДСМ и граѓанскиот Фронт за вистина и правда ги застапуваат подолг период. Филипче се осврна на изјавата на Сиљановска-Давкова дека Македонија треба да се европеизира преку реформи и владеење на правото, а не преку историски и идентитетски дебати, нагласувајќи дека ...
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека уставните измени не претставуваат крај на барањата, туку можен почеток на нови условувања што Бугарија би можела да ѝ ги наметне на Македонија. Според партијата, отворањето на Уставот може да доведе до дополнителни притисоци и нови предизвици поврзани со македонскиот идентитет. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека СДСМ и ДУИ со своите досегашни политики ја довеле државата во, како што велат, подредена позиција, со што се ...
Американската војска соопшти дека соборила повеќе ирански дронови кои се обиделе да нападнат трговски бродови што пловеле низ Ормутскиот Теснец, еден од најважните светски поморски коридори за транспорт на нафта и гас. Според Централната команда на САД (CENTCOM), сите беспилотни летала биле уништени, а поморскиот сообраќај продолжил без прекин. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека американската морнарица спроведува ...
Обединетите нации соопштија дека во мај во Украина биле убиени најмалку 274 цивили, а 1.763 биле повредени, што е најголем месечен број жртви од април 2022 година наваму. Според извештајот на Канцеларијата на ОН за човекови права, бројот на жртви е за 93 проценти поголем во споредба со април. Речиси половина од загинатите и повредените настрадале во ракетни и дронски напади врз градови далеку од фронтот, меѓу кои Киев и Днипро. Дроновите ...
Кина изрази остро незадоволство откако американското Министерство за одбрана на списокот на компании поврзани со кинеската војска ги додаде технолошките гиганти Alibaba и Baidu, како и производителите на електрични автомобили BYD и NIO. На списокот подоцна беа вклучени и водечките производители на соларни панели Trina Solar и JA Solar Technology. Пекинг оцени дека потегот е неоправдан и побара Вашингтон веднаш да ги повлече мерките. ...
Илон Маск стана првата личност во историјата чие богатство се проценува на повеќе од еден трилион долари, по силниот раст на вредноста на неговите компании, пред сè СпејсИкс. Според податоци засновани на документи на компанијата и пресметки на Ројтерс, најголемиот дел од неговото богатство сега потекнува од СпејсИкс, каде што Маск поседува удел проценет на околу 866 милијарди долари. Кога ќе се додадат уделите во Тесла и други средства, ...
Селекцијата на САД со убедлива победа од 4-1 над Парагвај го отвори Светското првенство пред својата публика. Американците уште од самиот почеток ја презедоа контролата врз натпреварот и поведоа во седмата минута по автоголот на Бобадиља. До крајот на првото полувреме предноста дополнително ја зголеми Фоларин Балогун, кој двапати се запиша во листата на стрелците, во 31. и 45. минута, за високи 3-0 на паузата. Парагвај успеа да намали преку ...
Дел од жителите на Скопје денеска ќе останат без вода поради интервенции на водоводната мрежа, информираат од ЈП Водовод и канализација. Прекин во водоснабдувањето од 8:00 часот има за корисниците на улиците „Булевар Крсте Мисирков“ и „Отокар Кершовани“, поради поправка на затворач со пречник од 300 милиметри. Водоснабдувањето ќе биде обновено по завршувањето на работните активности. Од истото време без вода останаа и корисниците на Кеј ...
Во тек е асфалтирањето на дел од улицата „3-ти Април“ во Пробиштип, при што се очекува во текот на денешниот ден целосно да биде завршено поставувањето на новиот асфалтен слој. Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, истакна дека по завршувањето на оваа фаза ќе продолжат градежните активности со изградба на тротоари на преостанатиот дел од улицата. Со реализацијата на овој проект, како што посочи Тоневски, значително ќе се подобрат ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Истанбул учествуваше на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства меѓу компаниите и институциите од двете држави. Форумот ги обедини претставниците на владите, институциите и бизнис-заедниците од Македонија и Турција, ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 12.06.2026 заврши со благ раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.755,07 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 4,47 поени, односно за 0,05%. Индексот ОМБ остана непроменет на ниво од 129,90 поени, со дневна промена од 0,00%, односно 0,00 поени. Вкупниот промет реализиран на сите ...
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски вечерва присуствуваше на свеченото отворање на фудбалскиот терен кој го носи името на нашата фудбалска легенда „Петар Упалевски-Упале“. Станува збор за донација на компанијата „Моцарт“ како дел од иницијативата „Фудбалот е повеќе од игра“, а досега вакви терени беа отворени во Охрид, Велес и Свети Николе. На теренот истрчаа младите фудбалери на ФК „Пелистер“ ( зелениот и белиот тим ), а првиот шут го ...
Општина Прилеп ги објави јавните повици за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта, најдобар наставник во средните општински училишта, како и за најдобар воспитувач и најдобар неговател вработени во ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп. Градоначалникот Дејан Проданоски истакна дека вложувањето во образованието и воспитувањето претставува едно од најзначајните вложувања за иднината на ...