Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски повтори дека Владата останува на ставот оти Македонија нема да презема нови обврски во евроинтегративниот процес без јасно дефиниран план, конкретни гаранции и прецизна перспектива за завршување на патот кон Европската Унија. Одговарајќи на новинарски прашања поврзани со позициите на европските партнери и ставовите на Бугарија, Мицкоски изјави дека не очекува промена во политиките на официјална Софија во блиска ...
Со изведување на материјални докази од страна на Обвинителството, денеска во судницата во затворот „Идризово“ продолжува судскиот процес поврзан со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, Обвинителството презентираше обемна документација која се однесува на објектот, неговата сопственичка структура и правното и фактичкото движење на имотот, односно ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Свети Николе поднела кривична пријава против С.В. (55) од Свети Николе, поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Според информациите, пријавениот во периодот од 2021 година, додека извршувал функција градоначалник на општина Свети Николе, наводно ги пречекорил своите службени овластувања и постапил спротивно на одредбите од Законот за ...
ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ги известува корисниците кои имаат заостанати долгови евидентирани кај ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, на заедничка сметка, по основ на неплатени сметки за собирање и транспортирање на комунален отпад (тужени и редовни побарувања), дека акцијата за отплата без пресметана камата за задоцнето плаќање завршува заклучно со 5 јуни 2026 година. Од претпријатието апелираат граѓаните да ја искористат оваа поволност ...
Актуелното раководство на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) открило серија сериозни неправилности во работењето на институцијата, по спроведена внатрешна анализа и ревизија. Според наодите, се утврдени случаи на недокументирани набавки, спорни финансиски трансакции и недоволна евиденција за дел од опремата и средствата. Меѓу најспорните случаи е набавка на мрежен кабел во вредност од околу 15.000 евра, за кој, како што се наведува, не постои ...
Реал Мадрид е на чекор до комплетирање на уште едно значајно засилување за новата сезона, откако постигнал договор за ангажман на холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис. Според информациите на познатиот фудбалски новинар Фабрицио Романо, сите детали околу трансферот се веќе договорени, а мадридскиот клуб ќе ја активира откупната клаузула во договорот на фудбалерот, вредна 20 милиони евра. Романо со својата препознатлива објава потврди ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио соопштил пред пратениците дека САД нема да дозволат лица поврзани со Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) да бидат дел од иранската делегација на претстојното Светско првенство. Тој нагласил дека, и покрај строгите безбедносни мерки и политичките тензии меѓу САД и Иран, американските власти немаат проблем со влезот на иранската фудбалска репрезентација и нејзиниот стручeн штаб на ...
Полските власти подготвуваат значајни промени во образовниот систем со цел да го ограничат користењето на мобилните телефони кај учениците и да ја зголемат заштитата на децата на интернет. Премиерот Доналд Туск најави дека од 1 септември се планира воведување забрана за користење мобилни телефони во училиштата за ученици помлади од 16 години. Според предлогот, децата на возраст од седум до 15 години нема да смеат да ги користат своите ...
Жителите на повеќе улици во скопската општина Бутел денеска ќе се соочат со времен прекин во снабдувањето со електрична енергија поради планирани активности на електродистрибутивната мрежа. Од Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН, информираат дека исклучувањата ќе се реализираат во неколку временски интервали. Во периодот од 08:00 до 10:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ...
Во населбата Типски во Прилеп, во непосредна близина на стадионот со вештачка трева, во завршна фаза е изградбата на ново детско игралиште кое ќе обезбеди безбеден и квалитетен простор за игра, рекреација и дружење на најмладите. Градоначалникот Дејан Проданоски информираше дека новото игралиште е дизајнирано да понуди современи услови за децата и нивните семејства. Во рамки на проектот се поставуваат гумена спортска подлога, површина со ...
Денеска времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови на повеќе места ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можна и изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во западните делови ќе биде од западен правец, додека долж Повардарието ќе преовладува југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 9 до 16 ...
САД и Иран повторно разменија удари во една од најтензичните ноќи откако во април беше воспоставен прекин на огнот, што дополнително ги усложнува напорите за стабилизирање на состојбата и продолжување на дипломатските разговори. Според информации објавени од американски и ирански извори, новата ескалација започнала во текот на вторникот вечерта. Американската војска извела напад врз танкер за нафта кој пловел кон иранското пристаниште на ...
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска оствари средба со Јована Јаневска, ученичка во VIII одделение во ООУ „Браќа Миладиновци“, која го освои првото место на Државниот натпревар по географија. Јаневска до овој значаен успех стигна под менторство на наставничката Ана Нацева, потврдувајќи дека со знаење, труд и посветеност младите од Пробиштип можат да постигнуваат врвни резултати на државно ниво. „Овој голем успех е ...
Владата, на предлог на Министерството за транспорт, донесе одлука за ограничување на пловидбата на пловни објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро, со цел зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата. Од Министерството информираат дека мерката има за цел заштита на човечките животи, намалување на ризикот од несреќи и обезбедување непречено користење на езерските води во текот на летната туристичка сезона. ...
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и поранешен директор на Царинската управа, Стефан Богоев, е приведен. Според првичните информации, против него се води постапка поврзана со сомнежи за оштетување на јавен имот. Случајот е во надлежност на истражните органи, кои работат на утврдување на сите околности поврзани со настанот. Од надлежните институции засега не се објавени дополнителни детали за истрагата, а повеќе информации се ...
СВР Куманово поднесе кривични пријави против Ф.Ф. (52) и Л.Т. (52), двајцата од Куманово, поради сомнение за сторување повеќе кривични дела поврзани со уништување на културно наследство, бесправно градење, узурпација на недвижности и несовесно работење во службата. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, првопријавениот во 2023 година срушил и уништил куќа која претставувала заштитен објект на културното наследство, на која ...
Јавното обвинителство на Република Македонија ја претстави новата Комуникациска стратегија за периодот 2026–2028 година, заедно со акциски план за нејзина реализација, со цел поголема транспарентност и подобра комуникација со граѓаните. Државниот јавен обвинител Ненад Савески истакна дека клучниот збор што ја опишува новата стратегија е „проактивност“. Наместо институцијата да реагира само на поставени прашања, јавноста навремено ќе биде ...
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши изјави дека цените на основните прехранбени производи во моментов се стабилни и дека нема потреба од дополнителни интервенции од страна на државата. Според него, анализите покажуваат дека кај 55-те најбарани производи е забележан минимален пораст на цените од само 0,43 проценти, што, како што нагласи, претставува показател за стабилност на пазарот. „Од 55 производи кои се најбарани, порастот е ...
Репрезентацијата на Австрија доби сериозен удар пред почетокот на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, откако остана без еден од своите најважни фудбалери, Криштоф Баумгартнер. Ѕвездата на германскиот клуб Ред Бул Лајпциг се повредила за време на загревањето пред синоќешниот пријателски натпревар против Тунис во Виена и нема да може да настапи на претстојниот Мундијал. Отсуството на Баумгартнер претставува голем хендикеп за ...
Се што градеа Игор Ангеловски и Благоја Милевски речиси една деценија, Гоце Седлоски успеа да го урне за само четири натпревари. Звучи сурово, но така изгледа Македонија денес на теренот. По осамостојувањето сменивме многу селектори и низ репрезентацијата поминаа стотици фудбалери. Имаше по некој голем резултат и по некој блесок, но немаше игра, немаше систем и немаше препознатливост. Тоа почна да се менува со доаѓањето на Игор Ангеловски. ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода девет лица поради безобѕирно управување моторни возила. Од нив, еден возач бил под дејство на алкохол, додека двајца управувале возило и покрај изречена активна забрана. Според информациите од полицијата, во Скопје биле приведени две лица кои управувале возила без возачка дозвола. По едно лице без возачка дозвола биле затекнати и во ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од Братислава порача дека Македонија останува цврсто посветена на членството во Европската Унија, но очекува да биде третирана еднакво како и другите земји-кандидати и да биде оценувана според Копенхашките критериуми, а не преку билатерални спорови и идентитетски прашања. На заедничката прес-конференција со словачкиот претседател Петер Пелегрини, таа истакна дека Македонија и Словачка ги поврзуваат ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) констатирал повеќе слабости во работењето на Институтот за Јавно здравје за 2024 година, меѓу кои нецелосна евиденција за приемот и потрошувачката на медицински материјали, како и неевидентирање на приемот и потрошувачката на вакцини во деловните книги и изрази неповолно мислење за финансиските извештаи. Ревизорите утврдиле дека пописот на побарувањата не е извршен во целост, а за побарувањата во вредност од ...
Во втората половина на јуни премиерот Христијан Мицкоски ќе разговара со владините партнери за натамошните чекори во однос на работата на Владата, по вчерашната оставка на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и најавената реконструкцијата на Владата. Во врска со тоа какви други промени ќе има, Мицкоски рече дека тоа е динамичен процес и дека во моментот се посветени на внатрепартиските реорганизации и преструктуирања. Вчера ...
По големите гужви и колони на грчкиот граничен премин Евзони во текот на минатиот викенд грчките власти најавија нова организација на работа за да се намалат долгите чекања за влез во земјата. За да се намали притисокот врз Евзони, властите ги препорачуваат и граничните премини Дојран и Меџитлија. Директорот на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија (YUTA), Александар Сеничиќ, кој изјави дека од грчка страна добиле уверување ...
Култната македонска група „Меморија“ ќе го отвори годинашното издание на „Ohrid Wine Festival Vol. 5“. Бендот ќе настапи на 25 јуни на сцената поставена на охридскиот кеј, како дел од музичката програма што ќе се одвива во текот на трите фестивалски вечери. Со своите добро познати песни и препознатлив звук, „Меморија“ ќе донесе вечер исполнета со емоции, силна енергија и рефрени што публиката ги пее заедно со бендот. Настапот ќе биде дел од ...
Тројца македонски државјани заработија кривични пријави во Хрватска под сомнение дека оштетиле туѓ имот откако лепеле налепници со кирилични букви на сообраќајни знаци и јавна опрема. Според полициските информации, случајот бил откриен по пријави добиени минатата недела во областа Цавтат, при што истражителите утврдиле дека со кирилични лепенки биле облепени сообраќаен знак, информативна табла и корпа за отпадоци, поради што, според властите, ...
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со македонските куглари и нивниот селектор, кои на Светското првенство во Австрија остварија историски успех освојувајќи четири сребрени медали во две тандем дисциплини. Стефанија Алексовска и Дарко Јовановски ја освоија титулата светски вицешампиони во дисциплината Тандем микс, постигнувајќи еден од најголемите успеси во историјата на македонското куглање. Со сребрени медали ...
Македонија во следните неколку недели ќе добие пет нови авиолинии од аеродромите во Скопје и Охрид, со што дополнително ќе се прошири мрежата на воздушни врски со повеќе европски дестинации, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој истакна дека земјата се наоѓа меѓу ретките во Европа која воведува нови авиолинии во период кога глобалната авиоиндустрија се соочува со сериозни предизвици и нестабилности. Една од ...
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта денеска попладне ќе престојува во посета на земјава, каде што ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања за очекувањата од претстојната средба со високиот европски претставник и за можноста за поместување на ставовите на Владата во однос на уставните измени, кои се услов за продолжување на преговорите со Европската Унија, Мицкоски истакна дека нема да ...