Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Во земјава е регистриран втор смртен случај од западнонилска треска, откако на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина 72-годишен маж од Скопје. Информацијата ја соопшти директорот на Клиниката, Фадил Цана, кој информираше дека кај пациентот лабораториски била потврдена инфекција со West Nile вирус, со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис. „Кај пациент на 72-годишна возраст со лабораториски потврдена ...
Водата во Гостивар е безбедна за пиење – соопшти денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, шеф на Главниот штаб за управување со кризи повикувајќи се на последните добиени резултати кои потврдуваат дека водата е микробилошки и бактериолошки исправна. На граѓаните им се порачува пред да ја користат водата за пиење, таа добро да истече од чешмите. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Водата во Гостивар е ...
Во паркот Патрик во Општина Аеродром е поставена првата од вкупно пет нови фитнес зони планирани за оваа година. Од Општината најавуваат дека следниот период фитнес зони ќе се постават и во Острово, Ново Лисиче, Тодор Чангов и Долно Лисиче. Продолжуваме да го претвораме Аеродром во уште поактивна и здрава општина! , наведува градоначалникот Дејан Митески во објава на Фејсбук. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Во паркот Патрик во ...
Пет македонски семејства веќе побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, информираат од Мини стерството за надворешни работи. -Во к оординација со надлежните грчки власти, тие биле упатени кон најблиските точки определени за оваа намена, каде што биле згрижени и останатите туристи, наведуваат од Министерството. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија уште еднаш апелира до ...
Деветнаесетгодишна девојка го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа пред полноќ на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атарот на село Турново. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 13 август околу 23:30 часот, кога се судриле патничко возило „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од Струмица, и мотоцикл без регистарски ...
На социјалните мрежи деновиве се споделува листа на европски метрополи според чистотата, на која Скопје е втор меѓу градовите со најголем проблем со ѓубрето, веднаш зад Рим. Сепак, не станува збор за официјална студија и не е познато според кои критериуми е направено рангирањето, па листата треба да се гледа како вирален тренд, а не како релевантна оценка. На врвот меѓу најчистите се Луксембург, Виена и Љубљана, додека со Скопје на ...
НАТО борбени авиони соборија беспилотно летало што навлегло во воздушниот простор на Латвија, соопштија латвиските вооружени сили. Инцидентот се случил во североисточниот дел на земјата, во регионот Балви, во близина на границата со Русија. Според информациите на латвиската армија, станува збор за странско беспилотно летало, а по неговото откривање биле активирани процедурите за воздушна одбрана. НАТО авиони од мисијата за заштита на ...
Сè помали се надежите дека под урнатините во Колумбија ќе бидат пронајдени преживеани, повеќе од 72 часа по силниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени. Според последните владини податоци, загинале најмалку 273 лица, повеќе од 3.800 се повредени, а 377 сè уште се водат како исчезнати. Во Кали и Переира, кои се меѓу најпогодените градови, спасувачите на дел од локациите веќе преминуваат од потрага по преживеани кон расчистување на ...
На 24 август поранешниот вицепремиер Артан Груби ќе седне на обвинителната клупа, откако вчера Обвинителството поднесе обвинение против него и уште седум лица за злоупотреби поврзани со „Државна лотарија“. Сите се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување, а предметот е распределен кај судијата Билјана Шуплиновска-Јовевски. Обвинителството тврди дека со одлуката за набавка на видеолотариски терминали буџетот бил оштетен за ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, од одмор координира партиски активности поврзани со, како што наведуваат, ширење дезинформации за наводно загадување на водата во Скопје. Од владејачката партија тврдат дека Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев се на заеднички одмор и дека преку социјалните мрежи се создава непотребна паника кај граѓаните. „Додека СДС се обидува да ја сокрие вистината за нивниот ...
По повеќечасовна непрекината интервенција, пожарот кај селото Лознани, на границата меѓу општините Могила и Прилеп, повеќе не претставува директна опасност за куќите, информираа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, и командирот на Територијалната противпожарна единица од Битола, Христијан Тодоровски. Тодоровски посочи дека пожарникарите во текот на денот се соочиле со исклучително тешки услови, откако ...
СДСМ упати нови критики кон Владата поради начинот на кој институциите постапуваат во врска со состојбата со водата за пиење во повеќе општини и побара побрзо објавување на официјалните резултати од анализите. Од опозициската партија велат дека граѓаните сè уште чекаат одговори за исправноста на водата, додека надлежните, според нив, доцнат со информациите. „Вода за пиење – денеска или утре можеби ќе има одговор. Можеби и не. Мицкоски ...
Магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село од полноќ е затворен за сообраќај во двата правци поради сообраќајна несреќа, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Во утринскиот извештај се наведува дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, додека на граничните премини од македонска страна засега нема подолги ...
Поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат корисници во неколку скопски општини, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), повикувајќи се на известување од „ЕВН Македонија“. Од 6:00 до 13:00 часот струја нема да имаат жителите на селото Мралино, бензинската пумпа „Дади компани“ во Мралино, како и делови од населбата Дрма во Општина Илинден. Во периодот ...
Состојбата со големиот шумски пожар на Халкидики вечерва е значително подобрена, соопшти директорот за стратешко планирање и комуникации во Противпожарната служба на Грција, Василис Ватракојанис. Иако пожарот сè уште не е целосно изгаснат, огнената линија е ставена под контрола, а гаснењето ќе продолжи и во текот на ноќта. Пожарот, кој избувна околу 14 часот во близина на Сивири, зафати шумски површини, домови и возила. Во интервенцијата ...
Голем пожар избувна во популарното хрватско летувалиште Омиш, предизвикувајќи сериозни материјални штети и евакуација на дел од жителите. Според информациите од Хрватската противпожарна служба (ХВЗ), пожарот започнал во областа Локва Рогозница, а потоа се проширил кон Омиш. На терен биле испратени противпожарни екипи, а поради опасноста од ширење на огнот биле отворени и прифатни центри за евакуираните лица. Од пожарот биле зафатени трева, ...
Сопружници од Велес биле приведени откако семејна расправија во нивниот дом прераснала во физички напад, закани и обид за ескалација на конфликтот. Според информациите од Секторот за внатрешни работи Велес, инцидентот се случил на 13 август околу 00:45 часот. По кратка расправија, 52-годишниот Г.Е. физички ја нападнал својата 49-годишна сопруга М.Е., по што таа возвратила со употреба на дрвен предмет. Полицијата информира дека Г.Е. ѝ ...
Пожарот што денеска избувна на Халкидики предизвика евакуација на туристи и жители од погодените подрачја, а меѓу оние кои побарале информации и помош има и македонски државјани. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за МИА информираат дека до дипломатско-конзуларното претставништво во Солун телефонски се обратиле македонски граѓани кои се наоѓаат во подрачјата погодени од пожарот. На граѓаните им биле пренесени ...
Министерството за внатрешни работи информира дека досега 13 лица биле повикани на информативен разговор во рамки на истрагата за ширењето лажни информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје. Од МВР посочуваат дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика спровел службени разговори со лицата, при што сите изјавиле дека информациите ги објавиле или споделиле откако претходно виделе слична ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја посети Струга, на денот кога се одбележуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Таа оствари средба со градоначалникот на Струга, Менди Ќура, кој е независен кандидат поддржан од граѓани со различна партиска, етничка и верска припадност. Сиљановска-Давкова оцени дека Ќура има можност да води локална политика која ќе ги обединува граѓаните и ќе биде насочена кон ...
Македонскиот вицепрвак Шкендија го заврши настапот на европската фудбалска сцена, откако не успеа да го елиминира шкотскиот Хибернијан во третото квалификациско коло од Конференциската лига. По поразот од 1-2 на првиот натпревар во Шкотска, тетовци вечерва во реваншот во Скопје одиграа 0-0, резултат кој беше доволен за Хибернијан да обезбеди пласман во следната рунда. Шкендија уште од самиот почеток тргна офанзивно и се обиде што побрзо да ...
Американската војска има доволно ресурси за да ја одржува поморската блокада на Иран на неопределен период, изјави американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет. Хегсет посочи дека американската морнарица може да продолжи со блокадата со ротирање на воените бродови во и надвор од регионот, според потребите. Неговата изјава укажува дека Вашингтон е подготвен да продолжи со економскиот притисок врз Техеран додека траат напорите за постигнување ...
Полските власти уапсиле руски државјанин осомничен дека бил регрутиран од руските разузнавачки служби за да изврши убиство на украинско-американски државјанин во Варшава, соопшти полскиот премиер Доналд Туск. Според Туск, осомничениот бил уапсен на 7 август и бил ангажиран да убие лице кое било „непријатно за режимот на Путин“. Полскиот премиер не откри дополнителни детали за идентитетот на потенцијалната жртва. „Благодарение на навистина ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва сама ќе ги избира целите за евентуален одговор на, како што го опиша, „разбојништвото и пиратството“ од страна на западните земји. Лавров се повика на неодамнешната изјава на рускиот претседател Владимир Путин дека Русија ќе одговори реципрочно доколку западните земји започнат со запленување на руски трговски бродови. Путин претходно предупреди дека одговорот не мора да се ...
Големиот пожар во атарот на селото Лознани, Општина Могила, се приближи опасно близу до првите куќи во селото, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Според Ангелов, благодарение на брзата реакција на битолските пожарникари, со помош и на неколку жители на селото, било спречено огнот да предизвика поголема катастрофа и да ги зафати домовите. Тој посочи дека пожарот има исклучително голем фронт, при ...
Голем шумски пожар денеска попладне избувна во близина на Сивири на Халкидики, а поради силниот ветер огнената стихија за кратко време се прошири и се приближи до населени места. Пожарот избувнал околу 14 часот, првично зафаќајќи ниска вегетација, но под влијание на ветерот брзо добил големи размери. До вечерта огнениот фронт достигнал речиси три километри, а пламените јазици продолжиле да се шират од двете страни на патот и во близина на ...
Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) денеска реагираше на неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ, дадена во Мркоњиќ Град, во која тој рече дека „Српската црква е една и иста“, споменувајќи го и Скопје. Од МПЦ-ОА потсетуваат дека таа ја остварува својата духовна и пастирска мисија кон сите православни христијани на својата канонска територија, без оглед на ...
Оперативниот директор на телевизијата „Алсат“, Лирим Хајредини, утрово е пронајден починат во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. – Денеска околу 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред зграда на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје има лице со повреди. Полициски службеници од ПС Бит Пазар излегле на местото на настанот и констатирано е дека лицето е Л.Х. (38) од Скопје, кое починало од здобиените повреди, а смрт констатирал ...
Турист од Грузија вчера го загубил животот во водите на Охридското Езеро, во близина на Пештани, информираат од СВР Охрид. Според информациите од полицискиот билтен, во 14:32 часот било пријавено дека од езерото кај Пештани било извлечено машко лице. На местото веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која се обидела да го реанимира, но лекар констатирал смрт. На телото не биле забележани видливи повреди. Со преземените мерки ...
Натпреварите во Б-дивизијата на Европското првенство за кошаркари до шеснаесет години, кое се одржува во Скопје и Гевгелија, продолжуваат денеска со разигрувањето за конечниот пласман. Македонската кадетска репрезентација не успеа да обезбеди место во четвртфиналето, откако групната фаза ја заврши со две победи и три порази. Избраниците на селекторот Стојановски сега ќе се борат за пласман од деветтото до шеснаесеттото место. По завршувањето ...