Македонската фудбалска репрезентација ги започна подготовките за двата квалификациски натпревари за Светкото првенство 2026 против Беглија, меч кој го играме во Скопје на 6 јуни и против Казахстан на гостински терен во Астана на 9 јуни. Напаѓачот Трајковски вели дека сите треба максимално да се стават во функција за репрезентацијта, притоа потенцираше дека е многу важна концентрацијата. Првиот јунски предизвик за македонската репрезентација ќе ...

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од последното 26. коло на Втората футсал лига на Македонија, а кое коло ќе го реши само шампионот бидејќи екипите на Мал Ајакс и Балкан се нови прволигаши. Токму меѓу Мал Ајакс и Балкан ќе биде битката кој да го подигне шампионскиот пехар. Утре во Штип со почеток во 19:30 часот во спортската сала при СОУ „Коле Нехтенин“ екипата на Мал Ајакс ќе се соочи со Партизан Југ од Брвеница, штипјани сависат сами од ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната 2024/2025 година. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: -за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, -за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, -за третиот мерен ...

Екипата на Силекс од Кратово која заврши на второто место во Првата македонска фудбалска лига и се бореше за титула обезбеди излез во Европа и ќе игра во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА. Прволигашот од Кратово се подготвува и за европското лето, а веќе се претставени и две засилувања од странство кои ќе треба да го подигат квалитетот во редовите на Силекс, со цел успешно претставување во Европа. Силекс ги претстави првите две ...

Заврши плеј-аутот во женската ракометна Суперлига со одигрувани на натпреварите од последното коло. Со ова ја имаме и конечната табела односно конечниот пласман на секоја екипа за сезона 2024/2025. Екипата на Спартак заврши на првото место во плеј-аутот на Суперлигата со 20 бодови на своето конто, а на второто место заврши екипата на Пелистер од Битола, исто така со 20 бодови на своето конто, но тимот од Кисела Вода е подобар во меѓусебниот дуел ...

Со одлуката за отфрлање на кривичната пријава против директорот на АНБ, Бојан Христовски, Јавното обвинителство се претвора во пртиски инструмент на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „Наместо целосно независен орган ослободен од прангите на политиката се става во одбрана на незаконското назначување за директорот на АНБ. Селективниот пристап и бројните недоследности фрлаат црна дамка за целата постапка која е ...

Фудбалерот на Бетис, Иско е прогласен за најдобар играч на Конференциската лига оваа сезона, беше објавено на веб-страницата на натпреварувањето. Иско одигра девет натпревари во лигата оваа сезона, постигна два гола и забележа три асистенции. Во соопштението за медиумите се истакнува дека 33-годишникот играл во историската сезона на Бетис, водејќи го тимот до нивното прво европско финале, како и дека е повторно повикан во шпанската ...

Долго најавуваниот трансфер сега е дефинитивно комплетиран. Реал Мадрид го потпиша Трент Александар-Арнолд. Ливерпул, и покрај тоа што не го продолжи договорот со Арнолд успеа да заработи бидејќи тој ќе му се приклучи на Реал еден месец пред истекот на договорот. Желбата на Реал беше да го има во составот десниот бек за натпреварите на Светското клупско првенство. За да си ја оствари желбата „кралскиот клуб“ на Ливерпул му плати 10 милиони ...

Германската влада го укина „експресниот“ процес на давање државјанство, односно нема да биде толку лесно за членовите на семејството да дојдат во Германија., објави „Дојче Веле“. Германската влада сака да го суспендира семејното обединување за одредена група бегалци кои пристигнале во Германија пред две години. Исклучоци би биле можни само од хуманитарни причини, на пример во случаи на сериозна болест. Во првиот чекор, владата прифати предложен ...

Во просториите на Народната банка денеска се одржа официјалната церемонија на примопредавање на функцијата гувернер, со што заврши мандатот на Анита Ангеловска-Бежоска и започна мандатот на новоизбраниот гувернер, Трајко Славески. Во своето обраќање, Ангеловска-Бежоска истакна дека изминатите години биле период на силни реформи, модернизација и одржување на макроекономската стабилност, дури и во време на сериозни светски предизвици. Таа изрази ...

Аргентински суд во Буенос Аирес го поништи судењето на кое се одлучуваше за вината на тимот лекари кои се грижеа за легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона, кој почина во ноември 2020 година. Судењето беше откажано бидејќи еден од тројцата судии од овој случај поднесе оставка, а причината беше притисокот што го чувствуваше поради учеството во документарен филм за смртта на еден од најдобрите фудбалери во историјата. Судот можеше или да ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Меѓународниот Астана форум, Казахстан оствари средби со Бан Ки Мун, поранешен Генерален Секретар на Обединетите Нации и актуелен претседавач со Советот на Институтот за глобален зелен раст, со Кристоф Хојсген поранешен претседавач со Минхенската безбедносна конференција, како и со Фелипе Полие, помошник генерален секретар на ЕУ за младински прашања. На средбата со Бан Ки Мун се ...

И после 5 месеци од распишаниот јавен повик за доделување средства од општинскиот буџет за финансирање на спортски клубови, здруженија и фондации, Општина Прилеп сѐ уште нема извршено распределба на парите, обвини Душко Стојсављевиќ, член на Комисијата за спорт на СДСМ. „Градоначалникот Јовчески и мнозинството во Советот предводено од ДПМНЕ останаа „глуви“ на апелот на здруженијата и клубовите за распределба на средствата на почетокот на ...

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека реконструкцијата на салата Работнички се одвива во полн ек, кадешто во моментов се бетонира подлогата, што претставува една од клучните фази во процесот. „Работиме интензивно култната сала да блесне во ново руво. Во тек е втората фаза од реконструкцијата, кадешто ја бетонираме подлогата според највисоки стандарди. Го враќаме сјајот на нашиот Работнички и од септември нашите ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска се обрати на тркалезната маса по повод одбележувањето на 25-годишнината од основањето на Асоцијацијата на менаџмент консултантите на Македонија – МКА 2000. Настанот се одржа во Скопје, а на него присуствуваа претставници од ЕУ Делегација, од јавниот и приватниот сектор, CMC лиценцирани консултанти, партнери и соработници. Во своето излагање, министерот Минчев ја нагласи значајната улога ...

Основното јавно обвинителство Кочани денеска ја заврши истражната постапка во врска со пожарот во клубот „Пулс“ со која се опфатени вкупно 46 осомничени за Тешки дела против општата сигурност. Во следниот период течат законските рокови во кои одбраната може да изврши увид во доказите и да предложи свои докази, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука. Во истражната постапка постапуваа вкупно 13 обвинители од основните јавни ...

Еди Марфи и Мартин Лоренс официјално станаа семејство. Синот на Марфи, Ерик, и ќерката на Мартин, Јасмин, се венчаа во тајност пред две недели. Еди ја потврди среќната вест. „Сите правеа големи планови за свадбата, а потоа решија дека сакаат да направат нешто само за нив двајца“, рече Еди за време на гостувањето во „Шоуто на Џенифер Хадсон“. Еди, исто така, се пошегува дека Мартин не мора „сега да плати за свадбата“. Ерик и Јасмин се венчаа ...

Според „Еуроспорт“, Новак Ѓоковиќ побарал дуелот од третото коло на Ролан Гарос, против Австриецот Филип Мишолиќ, да се игра утре попладне. Причината е желбата на најдобриот тенисер на сите времиња да го гледа финалето на Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Интер, кое е закажано за 21:00 часот. Вчера, по победата против Корентан Муте (6:3, 6:2, 7:6), Новак за кого ќе навива на натпреварот што ќе се игра во Минхен: „Ќе навивам за Пари ...

Македонската кантавторка Дина Јашари го претстави својот прв студиски албум со наслов „Растенија без корен“. „Албумот ,,Растенија без корен’’ е составен од девет песни, снимени во различен период од изминативе три години, на различни локации со различни луѓе. Не можам да го сместам во никаква жанровска кутија, тој е шарен, жив и искрен. Кога за првпат ги напишав насловите на песните и ги наредив – одеднаш сè ми имаше смисла!“, открива Дина На ...

Кошаркарот на ЦСКА Москва, Алекса Аврамовиќ, ќе биде играч на Дубаи од следната сезона, обајви „Јурохупс“. Дубаи ќе плати обештетување за српскиот репрезентативец и ќе потпише договор со него, останува да се види за колку сезони. Алекса беше одличен во ЦСКА, еден од најдобрите кошаркари во тој тим, а овој трансфер во Дубаи ќе значи и негово враќање во АБА лигата и Евролигата. По 47 настапи во Евролигата со Партизан, бекот од Чачак повторно ќе ...

За време на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со Џејмисон Грир, трговски претставник во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Средбата беше фокусирана на унапредување на билатералната трговска размена и отворање нови можности за економска соработка меѓу Северна Македонија и САД. „Важно е да истакнам дека постигнавме конкретен напредок во ...

По повод Светскиот ден на мултипла склероза, кој секоја година се одбележува на 30 мај, Националното здружение за МС организираше настан под мотото „Точната дијагноза го менува животот: глобален повик за рана и прецизна дијагноза на МС“. На настанот присуствуваа здравствени работници, претставници на институции, пациенти, негуватели и други. Претседателот на Здружението, Ана Карајанова Димитрушева, во своето обраќање ги истакна најголемите ...

Скај њуз помина неколку дена на терен со службите за итни случаи кои оперираат од болницата Шифа во Газа. Велат дека во војна во која веќе не се поштедени ниту медицинските лица, секоја смена може да им биде последна. Во Газа, борбената линија не е само местото каде што паѓаат бомбите – туку и местото каде што пристигнуваат амбулантите. Кога израелски воздушен напад го погоди преполниот пазар во градот Газа, луѓето чекаа во редици за ...

Некои спомени не бледнеат. Само чекаат повторно да бидат разбудени. Некои песни не стареат. Само добиваат ново значење со секое слушање. А некои бендови… не се враќаат – тие никогаш и не си заминуваат. Се сеќавате ли на првиот пат кога ја слушнавте „Selma“ на грамофон, кога срцето ви застана на „Pristao sam biću sve što hoće“, или кога цела генерација ја пееше „Ružica si bila“ под тивките светла на матурската вечер? Тоа не беа само песни – тоа ...

Коментирајќи ги обвинувањата од Русија дека српските воени компании ги снабдуваат Украинците, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека за ова прашање разговарал приватно со рускиот претседател Владимир Путин. Тој додаде дека е формирана комисија која ќе ја испита вистинитоста на тие обвинувања. „Не би ги открил деталите од разговорот со Путин. Формиравме работна група заедно со нашите руски партнери за да ги утврдиме фактите“, посочи ...

Над 15.000 матуранти утре ќе го полагаат мајчин јазик и литература, задолжителен дел во рамки на првиот екстерен испит. За државна матура годинава се пријавени 15.004 кандидати, од кои 8.816 ученици се од средните стручни училишта, 5.966 од гимназиите и 222 од училиштата за уметничко образование. Вториот екстерен испит од државната матура, кој е изборен (математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански ...

Манчестер сити сака да ги заврши повеќето од своите летни трансфери пред почетокот на Светското клупско првенство на 14 јуни. По неуспешна сезона и само еден трофеј и тоа на отворањето на сезоната (Комјунити Шилд), челниците на клубот од „Етихад“, заклучија дека ќе биде потребно да се доведат нови играчи. Реконструкцијата започна во зимскиот преоден рок, кога Сити потроши речиси 200 милиони евра на трансферите на Мармуш, Хусанов, Реис и Нико ...

Извор/ ffm.mk Македонската фудбалска репрезентација ги започна подготвиките за квалификациските натпревари за СП 2026 против Белгија (6. јуни, Скопје) и Казахстан (9. јуни, Астана). Напаѓачот Александар Трајковски смета дека сите треба максимално да се стават во функција на тимот. „Овој циклус е многу важен за нас и мора максимално да се фокусираме на овој циклус. Првиот меч ни е дома со Белгија, потоа одиме во Казахстан, мислам дека сите треба ...

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година. Со оваа награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Конкурсот за државната награда ќе трае од 1 до 30 јуни 2025 ...

Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува скопјани денеска во 18.00 часот на добра традиционална македонска и европска трпеза во Паркот на Франкофонијата. Герасимовски вели дека културно-гастрономскиот настан „Нож и виљушка на европска чинија“ e можност за дружење, културна размена и зајакнување на заедништвото. „Денеска, со почеток во 18.00 часот повторно го организираме настанот ‘Нож и виљушка на европска чинија’, кадешто ќе дегустираме ...

МВР - Билтен

25 минути - МИА
weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
29%
1021
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.09
39%
1022
weather icon

Загреб

26ᴼ / 24ᴼ
1.54
38%
1022
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
46%
1022
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.92
32%
1020
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
2.06
48%
1022
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
5.81
37%
1019
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
26%
1019
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
21%
1020
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
2.57
36%
1020
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
2.06
30%
1021
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.2
41%
1020
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62