
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Урбаната мафија си најде нова закрила во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а кралевите на оваа мафија се дел од коалицијата на Мицкоски, рече денеска на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „И по поднесена пријава за 150 дивоградби во општина Чаир ниту обвинителството ниту полицијата немаат намера да отворат било каква истрага. До овој момент иако на очиглед на јавноста беа доставени сите докази за дивоградбите, ВМРО-ДПМНЕ се обидува ...
Арсовска како службено лице мора да пријави ако има сознанија за кривично дело и да посочи на кои локации во Чаир се сомнева за незаконитости, велат од Основното јавно обвинителство Скопје. „Доколку градоначалничката како службено лице има сознанија за кривично дело, таа има обврска тоа да го пријави, да соработува со јавното обвинителство и да посочи кај кои конкретни парцели или згради се откриени сомненија за незаконитости. Тоа е неопходно ...
„Владата склучила договор со бугарска фирма за фотографирање, снимање видеа и спроведување кампањи. Не за граѓаните, туку за промоција на Мицкоски и неговите „успеси“. И тоа – не било каде, туку преку бугарска компанија“, рече денеска на прес-конференција Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Додека во Македонија граѓаните едвај преживуваат, не можат да наполнат цела кошничка во маркет, Владата ќе фрла астрономски суми, 1.500 ...
Македонскиот бизнисмен и поранешен вицепремиер, проф. д-р Кочо Анѓушев, активно учествува во завршувањето на црквата „Св. Константин и Елена“, сместена во срцето на Скопје, на улицата Македонија. Со лична донација, како и преку поддршка од компаниите во негова сопственост, Анѓушев веќе втора година го финансира изработувањето на фреските и целокупниот фрескоживопис во храмот. Ангажманот следува по јавниот повик од Македонската православна ...
Фудбалерите на ПСЖ и Интер ќе го играат финалето на Лигата на шампионите на „Алијанц Арена“ во Минхен од 21:00 часот. Парижаните ќе се обидат да го освојат првиот трофеј во историјата и да ја комплетираат „тројната круна“, додека тимот од „Џузепе Меаца“ го „лов“ четвртиот трофеј кој ќе значи и спас на сезоната, откако претходно не успеаја во Купот на Италија, а во фото-финишот ја загубија титулата во Серија А од Наполи. Досега, единственото ...
Олимпијакос веќе почна да гради тим за следната сезона, по Фајнал Фор во кој неочекувано беа елиминирани во полуфиналето. Црвено-белиот тим од Пиреја го потпиша Тајсон Ворд, кој оваа сезона го носеше дресот на Париз, најголемото изненадување на Евролигата. Според информациите од Грција, тој треба да заработува 750.000 евра по сезона. Американскиот крилен-центар имаше просек од 11 поени, 4,9 скока, 1,3 асистенции и 0,9 украдени топки за 26 ...
Синоќа, во присуство на бројни граѓани и спортски ентузијасти, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски свечено го отвори новиот спортско-рекреативен центар во населбата 11 Октомври – Бараки. Новиот парк претставува дел од поширокото парковско зеленило, заедно со уште два претходно изградени парка во околината, со што се заокружува вкупна зелена површина од 20.000 метри квадратни, само во оваа населба. На настанот, во употреба беше пуштено ново ...
Петнаесет илјади матуранти денес полагаа испит по мајчин јазик, првиот од двата екстерни испити од државната матура. Дел од учениците во своите училишта, дел пак во амфитеатрите на најблиските факултети каде има соодветни услови за спроведување на процесот. Пред почетокот на полагањето, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар, Даниела Михајловска го посетија Земјоделскиот факултет ...
Синоќа, во Паркот на Франкофонијата, се одржа културно-гастрономскиот настан „Нож и виљушка на европска чинија“, во организација на Општина Центар. Скопјани уживаа во богата македонска и европска трпеза, дегустација на традиционални специјалитети и одлична музичка програма со диџеј Зоки Бејбе и бендот на Наде Талевска. Градоначалникот Горан Герасимовски, истакнува дека ‘Нож и виљушка’ е симболот на културната размена, кадешто традициите се ...
Статусот на Кристијано Роналдо и неговата иднина се една од главните теми на претстојниот преоден рок. Според „Фут Меркато“, познато е каде еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња ќе ја продолжи својата кариера. Според нивниот извор, Роналдо сепак потпишал нов договор со Ал Наср. Ова значи дека е став крај на шпекулациите дека Роналдо го напушта клубот. Беа споменати неколку опции – од големи европски клубови за кои би играл веќе на ...
Холанѓанецот Џереми Фримпонг (24) е првото засилување на Ливерпул за следната сезона. Фримпонг на „голема врата“ се враќа во англискиот фудбал, бидејќи од 2010 до 2019 година беше дел од младинските селекции на Манчестер ити. Потоа играше за Селтик, а во период од четири сезони во Баер стана еден од најдобрите играчи на позицијата десно бек во Европа. Фримпонг доаѓа на местото на Трент Александар-Арнолд, кој за 10 милиони евра се пресели во ...
Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, по убедливата победа против Олга Даниловиќ со 6:2, 6:3, отворено проговори за п предизвиците со кои се соочувала на патот до првото место на ВТА листата. „Слушнав многу тренери како велат дека сум глупава и дека никогаш нема да успеам. Само се смеев и си помислив, ќе видиме. Сега сакам да им испратам кратка порака. Тие ништо не разбираат и подобро е да ја напуштат оваа работа за да спасат други ...
Околу 250 милиони пчели „избегаа“ откако камион што превезуваше повеќе од 30 тони кошници се преврте во северната држава Вашингтон. Причината за превртувањето на камионот засега е непозната. Од безбедносни причини, патот по кој се движел камионот е затворен за да им се даде време на пчелите да се вратат во кошниците и да ја пронајдат матицата. На јавноста ѝ е препорачано да ја избегнува областа. „Иако не постои општа опасност по здравјето, ...
„Кога мислевме дека ДУИ не може да падне пониско, еве го најсрамниот сојуз во политичката историја на земјата: ДУИ, Данела Арсовска и Димитар Апасиев, сите заедно, против ВЛЕН и против Албанците од Чаир“, велат од ВЛЕН. „Апасиев, човекот познат по навреди, омраза и клевети против Албанците, сега стана партнер на ДУИ во обид да ја спаси Данела и да го одржи стариот режим на Блерим Беџети во живот. Ова е сојуз на лицемерие, низок интерес и ...
Кабинетот на поранешниот македонски претседател Иванов информира дека 16-тата Меѓународна обука за млади лидери на претседателот Иванов ќе се одржи во периодот прва половина на ноември 2025 година. Денес е објавен конкурсот за учесници на школата која ќе биде на темата „Младинска агенда за одржлив свет“. Рокот за аплицирање на конкурсот е до 30 јуни 2025 година. Програмата на 16-тата Школа за млади лидери на претседателот Иванов се организира ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на митинг во Пенсилванија објави дека планира да ги зголеми царините за увоз на челик од 25 на 50 проценти, а подоцна на социјалните мрежи изјави дека зголемувањето ќе важи и за алуминиумот и дека ќе стапи на сила во среда. Трамп рече дека двојното зголемување на царините за челик „дополнително ќе ја обезбеди челичната индустрија во Соединетите Американски Држави“. „Ќе воведам зголемување од 25 проценти. Ќе ...
Грешка во апликацијата Google Maps ги збуни возачите на германските автопати, откако покажа голем број црвени точки на знакот „стоп“. Возачите, кои во четвртокот се нашле во близина на големи градови како Франкфурт, Хамбург и Берлин, имале впечаток дека голем дел од автопатите се непроодни, а истото се случило и во делови од Белгија и Холандија, објавува „Гардијан“. Известувањата за затворање доведоа до блокирање на алтернативните патишта. ...
Лажниот патриотизам е карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ, истакна од Крива Паланка претседателот на СДСМ Венко Филипче. „ВМРО-ДПМНЕ зборува за патриотизам, а имаат бугарски пасоши, тоа е квазипатриотизам и лицемерие“, вели тој. Според него, единствена гаранција за Македонија е АСНОМ-ската идеја за заедништво и праведност. Македонија не смее да биде изолирана, истакна Филипче и додаде дека мораме да останеме дел од светот кој се движи напред, дел од ...
Владата е посветена на креирање мерки и решенија кои ќе ја подобрат перспективата и можностите на младите. Владата останува фокусирана на зајакнување на улогата на жените и младите во општеството, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Оперативниот план за вработување за 2025 година опфаќа мерката ОБУКИ за жени и млади до 29 години во рок од 3 месеци со месечен надомест. Во овој циклус се предвидува мерката обуки со која ќе се опфатат над 2000 лица со различни ...
Семејствата на загинатите во кочанската дискотека денеска во 16 часот и 5 минути ќе го одржат осмиот „Марш за ангелите“. Маршот, кој истовремено ќе биде посветен и за поддршка на повредените лица во трагедијата, ќе почне од Паркот на Револуцијата, ќе продолжи низ Трговскиот центар до пред Општина Кочани, а оттаму кон Полициската станица, Основниот суд и Обвинителството во Кочани. Организаторите ги покануваат сите граѓани кои даваат поддршка на ...
Над 15 илјади ученици кои завршуваат средно образование, денеска ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – мајчин јазик и литература. Тој е задолжителен за сите матуранти. Според податоците на Државниот испитен центар, пријавени се 9.969 ученици за македонски јазик, 4.339 за албански јазик, 292 за турски јазик и 10 ученици за српски јазик. Вториот екстерен испит од државната матура, кој е изборен за учениците, ќе се ...
ВМРО-ДПМНЕ најави серија на прес-конференции поврзани со модуларната болница во Тетово, во која загинаа 14 лица. Од партијата велат дека ќе ја разоткријат вистинската одговорност за трагедијата. Првата прес-конференција ќе биде одржана денеска во 12 часот. „14 животи згаснаа. Одговорност мора да има кај вистинските виновници. Кој дозволи да се градат болници од неогноотпорни материјали? Кој потпишуваше? Кој молчеше? Кој профитираше?“, стои во ...
Нов преоден рок, нова статија во италијанските медиуми за потенцијалната соработка помеѓу Ненад Димитријевиќ и кошаркарскиот клуб Партизан. Минатото лето се зборуваше дека плејмејкерот на македонскиот национален тим и Олимпија Милано би можел да се приклучи на клубот од Хумска, но тоа не се случи. „Спортандо“, пишува дека се очекува Димитријевиќ да ја напушти Ломбардија по сезоната во која запиша 7,6 поени и 2,9 асистенции во Евролигата за ...
ПСЖ и Интер, во сабота од 21 часот, во Минхен, ќе се борат за трофејот во Лигата на шампионите. ПСЖ се бори за првиот, а Интер за четвртиот трофеј во најсилното европско клупско натреварување. „Големите натпревари прават големи шампиони“ – оваа изрека често се потврдува во финалето на Лигата на шампионите, каде што ѕвезди како Меси и Роналдо ги одлучуваа натпреварите. Овој пат, прашањето е кој ќе блесне – Лаутаро Мартинез од Интер, кој постигна ...
Навивачката група на Црвена зезда „Делије Север“ упадна на стадионот на Партизан на улицата Хумска и организираше палење факели под јужната трибина. Снимките од настанот се појавија на интернет и покажуваат група навивачи како палат факели и скандираат песни за поддршка на својот клуб, создавајќи импресивна атмосфера во центарот на „непријателскиот“ терен. XX.05.2025 Delije in Partizan stadium (south) after Grobari attacked them in pub, click ...
Џанпјеро Гасперини ја напушта Аталанта по девет години, неговиот следен клуб ќе биде, како што беше објавено пред неколку дена, Рома. Италијанските медиуми во петокот објавија дека архитектот на најголемите успеси на клубот од Бергамо ја прифатил понудата од Римјаните, и не само тоа, тој ја прифатил понудата откако го одбил Јувентус, кој исто така бара тренер. Гасперини од Рома ќе добие три годишен договор тврди „Газета дело Спорт“. Дури ни ...
НБА ѕвездата на Њу Орлеанс Пеликанс, Зајон Вилијамсон, е обвинет за сексуално, физичко, емоционално и финансиско злоставување за време на долгогодишна врска, според тужбата поднесена во судот во Лос Анџелес. Жената, која е означена со името Џејн Доу (или НН лице), го обвини Вилијамсон за „континуиран модел на злоставување, контрола и закани“ за време на нивната врска што траела од 2018 до 2023 година. Во тужбата од 12 страници се наведува дека ...
Денес, турската полиција уапси тројца патници во авион кој требаше да полета од Анкара за Дијарбакир, бидејќи меѓусебно се „шегувале за бомбата“. Инцидентот се случил на аеродромот Есенбога, а откако качувањето било завршено во 8 часот наутро по локално време, тројцата патници почнале да се шегуваат користејќи го зборот „бомба“, објавува „Хуриџет“. После тоа, стјуардесата му ја пријавила ситуацијата на пилотот и додека полицијата го пребарувала ...
Администрацијата на Доналд Трамп подготвува дополнителни мерки против Кина, изјави заменик-шефот на кабинетот на Белата куќа, откако Трамп го обвини Пекинг за „тотално кршење“ на прелиминарниот трговски договор со САД, пренесуваат медиумите во регионот. „Ова отвора различни можности за дејствување од страна на САД за да се обезбеди усогласување со договорот во иднина“, изјави Стивен Милер за новинарите и додаде: „Одредени мерки веќе се ...
Едно или повеќе непознати лица пристапиле до личниот мобилен телефон на шефицата на кабинетот на Белата куќа, Сузи Вајлс, и го користеле нејзиниот телефонски именик за да контактираат со високи американски функционери и да се претстават како неа, потврдија извори за „CBS News“. Некои од примателите на повиците и пораките препознале дека нешто не е во ред бидејќи повиците и пораките доаѓале од непознат број, а лице кое се претставувало како Сузи ...