Две нови хибридни возила денес доби јавното претпријатие „Стипион“ , наменети за контрола на јавното паркирање во Штип. Возилата ќе патролираат низ градот, а со помош на камери за видео надзор и техничка опрема ќе се читаат регистерските таблички на паркираните автомобили. Податоците во реално време ќе се испраќаат до софтверот на претпријатието, кој ќе евидентира дали возилата на паркинг позициите имаат платено паркинг. Оние кои немаат ...

Започнаа активностите за асфалтирање и уредување на улицата Пиринска во Штип. По претходно променетата водоводна линија, како и уредување на влезовите пред станбените згради, денеска се постави асфалтен слој на крак од оваа улица. Станува збор за подобрување на инфраструктурата во градот, по барање на жителите, чии потреби се ставени во годишниот план за работа на општината. „На улица Пиринска продолжуваат активностите за уредување на ...

Со солзи во очите и со неизмерна болка, по една година од големата трагедија во Кочани, средношколците од штипското медицинско училиште Јане Садански одржаа комеморација за своите петмина соченици Дамјан Тнески, Филип Ивановски, Драгана Минова и Стефанија Соколовоа , кои трагично го загубија животот кобниот 16 март 2025. Редици ученици, родителите и блиски на починатите присуствуваа на комеморацијата, а болката беше сеуште присутна. ...

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( Среда ) имаат планирано неколку интервенции во водоводната мрежа и тоа: · поради реконструкција на водоводна мрежа Ф250мм и промена на шибер Ф250мм на улица Среќко Пужалка бр.67Б, општина Гази Баба, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Среќко Пужалка, Жегљане, Фуштанска, Товарник, Јужноморавски бригадии с.Стајковци од 09:00 часот до завршување на активностите.(општина ...

Заменик претседателот на Владата Александар Николоски, денеска во Вашинготн САД, оствари работна средба со Чарлс Кормиер, регионален директор за инфраструктура во Светска банка. На средбата се разговараше за зголемување на партнерството меѓу Македонија и Светска банка во поддршка за развојни проекти во државата. Николоски истакна дека подршката на Светска банка е значајна во делот на инфраструктурата и транспортот и најави нови проекти за ...

На денешната прес-конференција во Владата, портпаролот Марија Митева одговарајќи на новинарски прашања информираше дека на денешната седница Владата разгледала информација и донела одлука за одземање на 6 лиценци за одгледување на канабис. „Денес имаше 6 точки од Министерството за здравство и 6 лиценци Владата денес ги одзема. За подетални информации кои се фирмите, ве молам да се обратите до Министерството за здравство каде што и практично е ...

Во Меморијалниот и музејски комплекс „Треблинка“ во Полска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на комеморацијата на Холокаустот на македонските Евреи. Таа оддаде почит кон жртвите и положи венец пред спомен-обележјето посветено на 7.144 македонски Евреи депортирани од фашистичкиот окупатор во логорот на смртта „Треблинка“ во 1943 година. Во изјава за медиумите порача дека застанати пред амбисот на злото, нема да ...

Министерството за здравство, во соработка со повеќе надлежни институции подготви национален план за справување со масовни жртви, со цел справување со зголемени ризици од настани кои може да резултираат со масовни жртви – природни катастрофи, сообраќајни несреќи, индустриски инциденти, пожари и други вонредни ситуации. Особено по трагичниот настан во Кочани, евидентно е дека е неопходно изработка на сеопфатен план кој поставува институционални ...

На денешната редовна седница, Владата го разгледа мислењето на Советот на Јавното обвинителство во однос на постапката за избор на нов државен јавен обвинител. По сеопфатна, аргументирана и конструктивна дискусија, Владата донесе одлука до Собранието да поднесе предлог за избор на Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител, информира владината портпаролка Марија Митева. Владата, додаде таа, се раководеше од принципите на професионалност, ...

Општина Ѓорче Петров започна со реализација на дводневна обука за претприемништво, наменета за наставници од сите основни училишта на територијата на општината, со што се прави значаен чекор кон унапредување на образовниот процес и развој на современи вештини кај учениците. Преку оваа обука, наставниците се стекнуваат со знаења и практични алатки од областа на претприемништвото, финансиската писменост, циркуларната економија, ...

Царинската управа и Управниот суд денес потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува дигитално поврзување меѓу двете институции и електронска размена на документи во рамки на управните спорови. Со потпишувањето на Меморандумот се овозможува поврзување на институциите преку софтверската платформа ЕПУС, преку која ќе се врши електронска достава и размена на судски акти и документи за управните спорови во кои Царинската управа се ...

Општина Центар ја започна редовната пролетна дератизација на целата територија, како дел од мерките за одржување на високо ниво на јавна хигиена и заштита на здравјето на жителите. Во рамки на акцијата, што ја спроведуваат стручни екипи, се третираат околу 2.000 шахти, каде што се поставуваат специјални мамци за контрола и уништување на глодари. Дератизацијата се спроведува два пати годишно, во пролет и во есен, како важна превентивна мерка ...

Со 75 гласови ,,за” и ниту еден ,,против“ Собранието на денешната седница ја утврди потребата од донесување на Предлог-законот за јавното обвинителство, со што законското решение ја помина првата фаза од собраниската процедура . Образложувајќи го Предлог-законот пред пратениците, министерот за правда, Игоир Филков истакна дека со новото законско решение се врши сеопфатна модернизација на организацијата, надлежностите и функционирањето на ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека со денешниот лет од Дубаи се евакуирани вкупно 150 патници, од кои 125 македонски државјани, 7 државјани на Србија, 11 државјани на Косово, 2 државјани на Босна и Херцеговина, 2 државјани на Албанија, 1 државјанин на Германија, 1 државјанин на Ерменија и 1 државјанин на Црна Гора. Во моментов во Обединетите Арапски Емирати остануваат околу 200 македонски државјани кои ...

Периодот пред летото за многу луѓе значи почеток на планирање на одмор, резервација на сместување и размислување за дестинации на кои ќе ги поминат најтоплите денови од годината. Веќе сега многумина имаат јасна идеја каде сакаат да патуваат, дали тоа ќе биде море, некој остров или популарни летувалишта во регионот. Паралелно со планирањето на патувањето често започнува и размислување за гардеробата и модните детали кои ќе ги придружуваат ...

Нема недостиг од гориво, Македонија е со најниска цена во регионот, одговори премиерот, Христијан Мицкоски, на новинарско прашање за тоа какви мерки ќе бидат преземени во однос за стабилизација цените на нафтените деривати. Тој вели дека на бензинските пумпи се создава гужва поради возачите од соседството кои доаѓаат да точат гориво кај нас. Вели дека Државниот пазарен инспекторат е континуирано на терен и дека нема прекини во снабдувањето. ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, најави дека утре ќе има состаноци со претставници на ланците на супермаркети и хипермаркети, со цел да не се користи сегашната состојба и веднаш да се зголемат цените производите. „Јас во текот на утрешниот ден имам состанок и со ланците супермаркети, хипермаркети итн. Сакам со нив да поразговарам да не се користи сега овој притисок да веднаш да се зголемат цените и притисокот да се префрли врз потрошувачката ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос тоа дали Владата ја следи состојбата со инфлацијата и каков е ставот за тековите, изјави: „Да, во текот на вчерашниот ден Државниот завод за статистика ги објави трошоците за живот во февруари 2026 година. Јас тоа повеќе пати го најавив во моите изјави, но еве вчера тоа се потврди дека инфлацијата се спушти под 3%, односно е 2,9%. И е повторно ...

Започнаа градежните активности за изградба на нова водоводна мрежа и реконструкција на улицата „Лисец“ во населбата Горно Лисиче, во општина Аеродром, информираат од Град Скопје. Со овој проект, како што појаснуваат, ќе се изгради целосно нова водоводна инфраструктура, ќе се постави тампонски слој и нов асфалт, со што трајно ќе се подобри водоснабдувањето и сообраќајната инфраструктура за жителите од овој дел на градот. Проектот е реализиран ...

По падот на цените на светските берзи, власта треба веднаш да ги намали цените на горивата во Македонија, наместо граѓаните да плаќаат поскапо, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Праша зошто се поскапени цените кога има пад на светските берзи. Според неа, со сегашното зголемување граѓаните плаќаат над 3 милиони евра неделно повеќе. „Се поставува прашањето кој има интерес од ова поскапување и каде завршуваат овие пари? Дали ...

Во последните години криптовалутите стануваат сè попопуларни и сè повеќе луѓе во Северна Македонија бараат сигурно место каде можат да купуваат и продаваат крипто средства. Кога станува збор за доверлива crypto exchange in Skopje, компанијата Coinprime е едно од најпознатите и најискусните имиња на локалниот пазар. Со повеќе од 5 години искуство, Coinprime им нуди на клиентите сигурни, брзи и транспарентни услуги за купување и продажба на ...

Во текот на денешната посета на Општина Чучер Сандево и увидот на градежните активности во изградбата на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара, претседателот на Владата Христијан Мицкоски беше запрашан од новинарите за изборот на новиот државен јавен обвинител. Премиерот посочи дека во текот на денешниот ден Владата на владина седница ќе одлучи и предлогот ќе го достави до Собранието. „Денес ќе имаме владина седница и на ...

Христијан Мицкоски лаже, многу лаже. Со лага дојде на власт. Со лаги владее. Ветуваше дека ќе го врати името, дека ќе го поништи Преспанскиот договор, дека никогаш нема изговори Северна. Излажа, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Мицкоск, додава таа, ги измами граѓаните, додека интензивно водеше црна кампања против СДСМ и против сите нас дека сме предавници. „Не им кажа на граѓаните дека поништување на ...

Продолжуваме да ги реализираме проектите. Полека доаѓа пролетта и како се запролетува, така се засилуваат и градежните активности, изјави премиерот Христијан Мицкоски, откако изврши увид во изградба на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара, Општина Чучер Сандево. Тој оценува дека досега е исклучително високо нивото на реализација на капиталните инвестиции. „Околу 10-тина милијарди денари се реализирани во првите два ...

Состојбата со снабдувањето и цените на нафтените деривати уште еднаш го покажа целосниот неуспех на владата да управува и да ги ублажи последиците од една криза која беше најавувана со недели, реагираат од ДУИ. Ова, како што рече Албана Мустафа не е изолиран случај. „Ова е дел од низа неуспеси во начинот на кој оваа влада се справува со секоја кризна ситуација: многу пропаганда, многу прес-конференции за обвинување на други, а речиси никакви ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на настанот на Тематската група за управување со човечки ресурси и професионален развој (HRMPD), насловен „Градење на капацитетите на институциите за обука на јавните службеници“, кој се одржува во Скопје. Настанот е во организација на Министерството за јавна администрација во соработка со Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA), Амбасадата на Франција во Република ...

Наместо извинување од страна на СДС и Филипче за невистините кои ги изнесоа во јавноста за наводни мигранти во Македонија, тие и понатаму продолжуваат да лажат, вели Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „ПР-от на СДС и Филипче кој очигледно е дека не им оди од полза, треба под итно да го променат затоа што бродот на СДС тоне се повеќе и повеќе. Откако добија демант од британскиот амбасадор за наводни мигранти и мигрантски кампови во ...

„По падот на цените на светските берзи власта веднаш да ги намали цените на горивата во Македонија. Цените на светските берзии паднаа а во Македонија од денеска се зголемени цените на горивата. Зошто граѓаните да плаќаат поскапо? Или владата намерно им зема повеќе пари на граѓаните“, прашува СДСМ. „Просечната дневна потрошувачка на дизел гориво во Македонија се движи меѓу 1.800 тони дневно а на бензин околу 260 тони. Во ситуации како вчера ...

Сите 40 досегашни корисници од општина Кисела Вода продолжуваат да ја добиваат услугата „Итно копче“ во своите домови. Оваа поддршка за највозрасните жители континуирано се реализира во соработка со Црвениот крст. Денеска, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со претставник на Црвениот крст, беше во домовите на Нада Костова и Љубица Ѓорѓиоски, кои од 2024 година се дел од корисниците на овој уред. Услугата „Итно копче“ ја ...

Денеска се реализираше исплата во износ од 157.834.000 денари кон 123 корисници, известува Министерството за земјоделство. Исплатата се однесува по Мерка 2.13 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, за заклани гоеници. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека се продолжува со континуирана поддршка на земјоделците и развој на сточарскиот сектор. Текстот 157,8 милиони денари ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
46%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
3.6
49%
1010
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
72%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
45%
1016
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.0
61%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
91%
1010
weather icon

Атина

21ᴼ / 17ᴼ
1.34
48%
1015
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
59%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
46%
1009
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
60%
1017
Currency

61.635

Currency

52.69

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Платина

64172.89

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Злато

166450.52

Бакар

12.06

Сребро

2840.84

Рутениум

51376.89

Паладиум

48883.97

Родиум

319899.93

Калај

50.03

Цинк

3.35

Алуминиум

3.57