Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека системската реакција на институциите по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани била подобра во споредба со трагедијата во Кран Монтана во Швајцарија. „Кога правите споредба на лоши настани, делувате некрофилски и јас не сакам да делувам така, но ќе дадам целосен одговор на вашето прашање. Ако се спореди тоа што ние како Влада го направивме со она што се случи во Кран Монтана во Швајцарија, можам да ...
Во битолскиот музеј во спомен собата на Ататурк се одржа свеченост на која беше одбележана 127 годишнината од дипломирањето на основоположникот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк во битолската воена гимназија. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски присуствуваше на свеченоста, каде заедно со претставници на голем број делегации од нашата држава и од Република Турција, положи цвеќе пред споменикот на Ататурк. Битолската ...
Денеска беа одбележани 45 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи – една од најреномираните и највисокопрофесионални полициски формации во државата. На настанот се обрати министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна дека во изминатите четири и пол децении САЕ „Тигар“ изградила репутација на врвна професионална единица, чија ...
ОКТА, водечки снабдувач со горива во земјата, објави иницијатива насочена кон поддршка на домашниот пазар на нафтени деривати и олеснување на тековните притисоци, во услови на зголемена нестабилност на регионалните и меѓународните енергетски пазари. По успешниот прием на дополнителни количини на гориво преку продуктоводот ВАРДАКС, што дополнително го зајакнува капацитетот за снабдување на земјата, ОКТА започнува иницијатива за поддршка на ...
Советот на Општина Битола денеска одржува седница на која меѓу точките на дневен ред се завршната сметка и годишниот извештај за работата на Општината во 2025 година. Градоначалникот Тони Коњановски во обраќањето пред советниците кажа дека буџетот е 100 % реализиран. „Пред вас денеска е завршната сметка на Општина Битола за 2025 година и годишниот извештај за истата година. Имавме градежна офанзива и тоа може да се види дека заклучно со ...
Интензивно работиме на подобрување на секој сегмент на образованието, затоа што приоритет на Владата е да изградиме образовен систем кој ќе ги оспособи младите да се справуваат со реални предизвици. Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието за кусо време спроведоа активности и сега ја имаме Анализата на финансиската писменост во основното образование во Македонија. Таа покажа дека нашите ученици имаат фактичко ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на растот на БДП оваа и минатата година, изјави: „Изминатата година 2025, како македонска економија забележавме раст на Бруто домашниот производ којшто нè сместува во првите пет во Европа. И сега повторно ќе кажам, од страна на ботовите на опозицијата ќе бидам можеби исмејуван по социјалните медиуми, но тоа се бројки и факти коишто ги објавува Евростат. Минатата ...
Овој викенд стартува третиот круг од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига со мечевите од 23 рунда. Веќе утре на програмата ќе бидат два натпревари. Струга Трим Лум на домашен терен ќе игра како фаворит против Македонија ЃП, „лавовите“ ќе бараат бодови за опстанок против стружани. Лидерот Вардар на домашен терен ќе се соочи со Брера Струмица. В недела Тиквеш треба да има лесна задача против веќе „отпишаниот“ Шкупи на домашен терен, ...
Извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги (ИКТ) од Северна Македонија во 2025 година достигна 676 милиони евра, што претставува раст од 7 проценти во однос на 2024 година, покажуваат податоците на Народната банка. ИКТ индустријата останува една од ретките македонски индустрии што бележи континуиран раст на извозот и остварува значителен суфицит во трговската размена со светот. Во 2025 година увозот на ИКТ услуги ...
Владата и општината интензивно инвестираат во инфраструктурни проекти што треба да го подобрат квалитетот на живот на жителите на Кочани и околните општини, изјави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Кочани. Тој посочи дека се работи на повеќе проекти, меѓу кои и изградбата на експресниот пат што треба да ги поврзе Кочани, Виница, Делчево и граничниот премин со Бугарија. „Првата делница од Кочани до Виница, проектирањето е завршено ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави намалување на цените на нафтените деривати за околу 2,5 денари по литар. Како што изјави Мицкоски, во изминатите денови Владата заедно со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини работела на можноста за намалување на цените на горивата. „Работевме заедно со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини изминативе денови со најголемиот, би рекол снабдувач, тоа е „ОКТА“. И ...
Во близина на селото Мојанци кај Кочани синоќа избувнал пожар во објект во состав на Пречистителната станица, сопственост на „ЈП Водовод“ од овој град. Интервенирала Територијалната противпожарна единица Кочани и пожарот бил изгаснат. „Лицето В.И. (56) од село Мојанци, кој го пријавил пожарот, бил на своето работно место како чувар и при обид да го изгасне пожарот со ПП апарат, заедно со двајца соселани, вдишале чад, при што од Итната ...
Исплатени се над 260 милиони денари кон над 1.600 корисници за мерки од растително и сточарско производство од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. • 1.7. – Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети – 136.450.639,00 денари кон 276 корисници; • 1.10. – Дополнителни директни ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими учесниците на регионалната Конференција на австриски амбасадори од Југоисточна Европа, чиј домаќин е Амбасадата на Република Австрија во земјава и амбасадорот Мартин Памер. Австриската делегација беше предводена од амбасадорка Елизабет Корнфајнд, генерална директорка за европски и економски прашања при Сојузното министерство за европски и меѓународни работи на Австрија. ...
Водечките екипи екипи кои водат трка за влез во кошаркарската Суперлига за следната сезона овој викенд на домашен терен ќе бараат нови победи. Колото се отвара утре со натпреварот во 15 часот меѓу фаворитит Струмица и Вардар. Натпревар кој се игра во салата „Никола Карев“, а каде кошаркарите на Струмица ќе ја имаат улогата на фаворити на овој меч. Истиот ден, од 17 часот Борец Баскет како фаворит пред домашната публика во Велес ќе се соочи со ...
Екипата на Астибо со голема победа над Пелистер направи голем чекор кон директен опстанок во елитата, откако во Штип пред верната публика славеше со резултат од 29:17. Уште од самиот почеток Астибо диктираше темпо на мечот кој се играше во салата „Тошо Арсов“, каде штипскиот тим имаше одлично отварање на натпреварот со серија од 4:0, а потоа дојде и до 9:2 во 13. минута и тука веќе „амазонките“ направија разлика со која битолскиот тим немоќно ...
Овој викенд фудбалот на Истокот со едноминутно молчење ќе оддава почит за трагедијата во Кочани. Со одлука на ОФС Кочани, сите натпревари во Трета лига – Исток ќе започнат со едноминутно молчење, а оваа одлука се однесува и на екипите во сите рангови на натпреварување, а кои се членови на ОФС Кочани. Со едноминутно молчење натпреварите ќе ги започнат второлигашите Осогово, Каменица Саса и Слога Виница, како и екипите од Првата женска ...
Одбојкарите на Штип УГД утре во рамки на 8. коло од втората фаза на Првата одбојкарска лига ќе се соочат со екипата на Работнички, во меч каде момците на Кристиан Ристески одат по уште една нова победа како фаворитит на патот кон двојната круна. Натпреварот ќе се игра во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип, со почеток од 18 часот, а поддршката од трибините за одбојкарите ќе биде голема, како ветер во грб за триумф против скопскиот тим. ...
Полицијата уапси 18-годишник од тетовско кој се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште. Според информациите на МВР, вчеравечер во СВР Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, пријавија дека добиле информации од родители на ученици, дека М.Р. праќал пораки до учениците односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето. „Веднаш се преземени ...
Започна реализацијата на проектот за темелно чистење и уредување на коритото на реката Серава, како и изградба на нова пешачка патека во општина Бутел. Почетокот на активностите беше означен во присуство на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. Проектот опфаќа уредување на просторот покрај реката и изградба на пешачка патека во должина од 1.590 метри, наменета за прошетка, ...
СДС го координира и управува ССМ, како на централно така и на локално ниво, тврди Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Во пресрет на протестот во сабота организиран формално од ССМ, а логистички и технички од СДС, главните лица за контакт од општините се луѓе на СДС. Одговорен за логистика и организирање на луѓе и превоз за протестот на ССМ викендов, од Куманово е Оливер Трајковски – Шеф на штаб на СДС во населбата Зелен рид, како и ...
„Руднап“ и Божиновска се клучниот линк, АКТ на СДСМ откри нов дел од бизнис мрежата на Мицкоски, изјави Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМ. „Денеска Антикорупцискиот тим на СДСМ открива нов дел, уште еден сегмент од бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката. Ќе почнеме од таму каде што застанавме. Бизнис релациите на Адамовиќ водат до Кипар и офшор компанија поврзана со енергетиката. А преку Кипар доаѓаме и до уште една компанија ...
Тврдењата дека дислокацијата е „невозможна мисија“ се должат на застарени економски модели, велат од ДОМ. Од таму додаваат дека во очекување на јавната расправа по поднесувањето на новото барање за обновување на А-интегрираната еколошка дозвола на еден од најголемите загадувачи „Титан Усје“, уште еднаш ги истакнуваат и посочуваат стандардите кои мора да бидат испочитувани од страна на субјектот. „Како одговорна зелена партија, јавно укажуваме ...
Работната група која го подготвува новиот закон за високо образование ќе се сретне уште еднаш, а потоа за кратко време ќе биде пуштен во владина постапка. Министерката за образование Весна Јаневска не размислува за повлекување на законот и негова доработка, како што побара група професори. На оние кои бараат повлекување на законот им порача дека имаат две можности. „Мала група професори бараат повлекување на законот. Претпоставувам дека тоа е ...
Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески информираше дека денеска извршил увид во градежните активности за реконструкција на јавните и пешачките површини во средишниот дел на Ново Лисиче, кај кулите меѓу зградите 39, 41 и 43. „Старите и дотраени плочки се заменуваат со нови павер-елементи, со што просторот добива уреден изглед и повторно станува безбеден за движење на граѓаните. Со реконструкцијата се обновуваат околу 2.500 м² ...
Денеска во дворот на Општина Кисела Вода се одвиваше инклузивна акција за садење цвеќе. Во активноста учествуваа децата со церебрална парализа, нивните родители, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, советниците од општинскиот Совет, како и волонтери од здруженијата „КрафтКонект Дубица“ и „Златни Ангели“. Оваа активност испрати силна порака за важноста на вистинската инклузија и потребата секое дете да биде активно вклучено во ...
Растењето на децата е исполнето со мали, но значајни моменти во кои постепено учат да носат сопствени одлуки. Дел од тие искуства е и начинот на кој се запознаваат со вредноста на парите, како да ги користат, како да штедат и како одговорно да располагаат со нив. Во време кога дигиталните плаќања се сè почести, родителите бараат начин како децата да ги научат овие навики постепено и безбедно, со доволно слобода за учење, но и со родителски ...
Утре во 12:05 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“, лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“, десно по улицата „11-ти Октомври“, право по улицата „Димитрие Чуповски“, десно по улицата „Васил Главинов“, право по булеварот „ВМРО“, лево по булеварот „Илинден“ до пред Влада на Македонија во Скопје. Од тие причини Единицата за ...
Сет од 11 подзаконски акти меѓу кои: правилници, тарифни системи, методологии за тарифи и цени за различни енергии кои ги регулира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад се усогласени со Законот за енергетика, во кои се транспонирани европски директиви и регулативи. Ова беше клучната тема на состанокот помеѓу регулаторите и Артур Лорковски, првиот човек на Енергетската заедница. ...
Документите и доказите кои излегоа во јавноста за организацијата и логистиката на протестите на ССМ водат директно до СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „ССМ го покажа вистинското лице дека не е независен синдикат, туку само продолжена рака на партиските интереси на СДС. Се оди до таму што луѓе од СДС се директно вклучени во организација на саботниот протест или ССМ се претопи во СДС. ССМ е контролирано и координирано од партијата СДС, а тоа ги ...