Скопје
31ᴼ /
31ᴼ
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во западните делови ќе биде од западен правец, а долж Повардарието и во источните региони од југоисток. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 27 и 34 степени. Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од ...
Од ВЛЕН соопштија дека почетокот на работите на автопатот Скопје–Блаце претставува реализација на проект што граѓаните го чекале со децении. Тие ја обвинија ДУИ дека за 24 години власт не успеала да го реализира автопатот, додавајќи дека според претходно ветуваните рокови тој требало да биде завршен уште во периодот кога семејството Ахмети ја купило „Соравија“. Од коалицијата оценуваат дека по заминувањето на ДУИ од власта почнала реализација ...
Филипче без тронка срам одиш и ги лажеш граѓаните, но има еден голем проблем, никој не ти верува, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче да те потсетиме дека кога заминавте од власт, оставивте долгови, неисплатени субвенции за 2020, 2021, 2022 и 2023 година. Можеби дојде време да одговорите на земјоделците каде тие пари завршија. Дали токму со парите на земјоделците си купивте визи во Дубаи, станови по скапи комплекси низ Скопје? Владата предводена од ...
Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов со стручна делегација од фондот учествуваше на 16-та средба на директорите на фондовите и заводите на пензиското и инвалидското осигурување од државите на просторот на поранешна Југославија и на Република Австрија, што се одржа во Марибор, Република Словенија. Годинава главни теми на конференцијата беа активностите за спречување на грешки, измами и злоупотреби на системите во фондовите и заводите за ...
„Наша примарна цел е да ги излечиме болните, но онаму каде што веќе медицината е немоќна, каде што настапува мозочна смрт, следен законски, медицински, хуман чин, е да се побараат органите за трансплантација“, порачува проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација во видео обраќање во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“ „Пред сѐ, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Карбинци обвини дека земјоделството се соочува со сериозни проблеми и оцени дека состојбата во секторот е најлоша во последните три децении. По средбите со земјоделци од различни гранки, Филипче изјави дека производителите се соочуваат со зголемени трошоци за производство, доцнење на субвенциите, ниски откупни цени и недостиг на организиран откуп. Според него, цените на ѓубривата, водата и ...
СДСМ обвини дека апликацијата „Мој ДДВ“ веќе неколку дена не функционира, поради што граѓаните имаат проблеми со скенирање фискални сметки и поврат на дел од платениот ДДВ. Во соопштение од партијата се наведува дека системот бил нефункционален околу пет дена, иако денеска бил најавен како повторно ставен во функција, но граѓаните и натаму пријавуваат потешкотии во користењето. Од СДСМ тврдат дека ваквата состојба ги спречува граѓаните да го ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека до јули треба да бидат завршени клучните студии за изградба на брзата пруга на Коридорот 10, по што проектот ќе влезе во собраниска процедура, а првите активности на терен би можеле да започнат уште наесен. Одговарајќи на новинарско прашање за проектите што треба да се реализираат во рамки на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, Мицкоски рече дека во земјава веќе престојувале ...
Полицијата во текот на вчерашниот ден приведе две лица во одделни случаи на семејно насилство во Македонска Каменица и Кочани, по претходно поднесени пријави за психичко и физичко малтретирање, како и закани кон членови на семејствата. Во првиот случај, на 13 јуни околу 13:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода 45-годишниот С.М. од Виница. Според пријавата поднесена од неговиот ...
На 13.06.2026 во 08:22 часот во СВР Штип е пријавено дека на некатегоризан пат помеѓу с. Јастребник и с.Бабиште, на непристапен терен на место викано „Блага јабука“, било пронајдено тело на починато машко лице. По преземени мерки и извршен увид било констатирано дека се работи за Ј.Д.(75) од Кочани, кој престојувал во с.Јастребник, а за кого на 01.06.2026 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот. Телото било извлечено од екипа од ...
Полицијата во текот на изминатото деноноќие евидентирала два одделни случаи поврзани со агресивно однесување и закани кон полициски службеници во Радовиш и Пробиштип. Во Радовиш, ноќеска околу 1:20 часот, полициски службеници го привеле М.Б. (19) од Радовиш, откако десетина минути претходно, во близина на угостителски објект во градот, агресивно се однесувал кон полицајци кои извршувале службени задачи. Од МВР информираат дека по целосно ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 17 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои четворица малолетници, а двајца биле и под дејство на алкохол. Четири лица во Прилеп (малолетник), две лица во Битола, три лица во Скопје и по едно лице во тетовско, Тетово (малолетник), Гостивар (малолетник), Кавадарци, Неготино (малолетник), Штип, Кочани и Гевгелија. Еден од ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска најави дека по одбележувањето на партискиот роденден на 17 јуни во Струмица, ќе започнат официјалните разговори со коалициските партнери за реконструкција на Владата. „Следната недела после роденденот којшто ќе биде на 17 јуни во Струмица со почеток од 20 часот на стадионот, после тоа почнуваме разговори со владините коалициони партнери околу реконструкцијата на Владата“, ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос на почетокот на јули ќе ја посети Македонија. Во фокусот на разговорите се очекува да биде новиот нон-пејпер на германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон. Овој документ предвидува модел за забрзана и постепена интеграција на земјите кандидатки во ЕУ, што отвора нови можности за динамизирање на процесот. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека посетата на Марта ...
„Венко Филипче и раководството на СДС заслепени од желбата за власт, а поради неможноста да дојдат до истата, бидејќи само тонат за што има и податоци, решително се ставија на страната на официјална Софија“ – ова денеска на прес-конференција го изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. „Тие како и да не разбираат дека токму држењето на оваа страна и слугувањето на софиското раководство се причината за нивното тонење. ...
„Македонската економија се распаѓа, граѓаните живеат се полошо и имаат помалку пари“ – ова денеска на прес-конференција го изјави Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Според неа, државниот Буџет е веќе испразнет на средина од годината, при што планираниот годишен дефицит е пробиен за над 18 милиони евра. „Владата на Мицкоски создаде нов долг од 2,5 милијарди евра а пари нема. Нема за граѓаните, нема за 600 евра минимална ...
„Додека Мицкоски го штити Трипуновски, сточарите се во тешка криза“ – ова денеска на прес-конференција го изјави Александар Димитриевски од Комисијата за земјоделство на СДСМ. Според опозициската партија, македонското сточарство буквално се распаѓа поради намалениот откуп и понижувачките ниски откупни цени кои изнесуваат едвај дваесетина денари за литар млеко. Димитриевски вели дека наспроти ниските откупни цени за производителите, цените на ...
Уставниот суд од денеска ја пушта во употреба новата комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“, наменета за навремено, точно и официјално информирање на граѓаните, медиумите и пошироката јавност. Како што соопштуваат од Судот, платформата е создадена како дел од заложбите на Судот за поголема транспарентност, отвореност и достапност на информациите од јавен интерес. Нејзината цел е да обезбеди проверени факти и појаснувања за ...
Филипче и СДС не нудат решение за Македонија, туку нудат нови отстапки со кои овозможуваат нови уцени, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче глуми адвокат на официјална Софија и ги стави туѓите интереси пред македонските. Венко Филипче е опседнат со внесување на Бугарите во Уставот, што покажува дека за СДС нема црвени линии кога се во прашање националните интереси и достоинството на државата. Додека Владата носи инвестиции, отвора перспективи и ...
Фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново соопшти дека Христијан Димов и во наредната сезона ќе го носи дресот на клубот, продолжувајќи ја успешната соработка меѓу двете страни. Од клубот истакнуваат дека Димов е еден од најзаслужните фудбалери за развојот и успесите на Шкендија Арачиново во изминатите години. Неговиот придонес бил особено значаен во периодите кога тимот се натпреварувал во пониските лиги, па сè до достигнувањето на високите ...
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, оствари билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која била потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави. Според објавата на премиерот, на средбата било изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено пријателство меѓу двата народа. Продлабочување на ...
По големиот пожар што вчера и претходните денови го зафати Штип, една вила целосно изгоре, а сопственикот се здобил со изгореници од втор степен и бил згрижен во Клиничката болница во Штип. Александар Горгиевски, кој како пожарникар учествуваше во спасувањето на сопственикот на вилата, пред камерите на М Нет телевизија изјави дека човекот е надвор од животна опасност и дека бил спасен по навремена интервенција. Тој посочи дека сопственикот ...
Ќе се искорени ли старата штипска навика со притискањето на производите пред да се купат? Производителите од штипско и струмичко, се жалат дека купувачи ги стискаат доматите и другите меки земјоделски производи за да ја проверат нивната свежина, а потоа си заминуваат без да купат. Велат дека по ваквото однесување дел од робата останува оштетена и непродадена. Најголеми штети, според нив има во петок кога пазарот е полн. Наместо заработка од ...
ЈП „Исар“ – Штип информира дека поради монтирање на фасонски елементи за SCADA систем, во понеделник (15.06.2026) од 10:00 часот, па се до завршување на активностите, ќе има прекин во водоснабдувањето. Без вода за пиење ќе бидат улиците Радански Пат, Сутјеска (дел), Пиринска, Вардарска, Сремска, Солунска, Блок 70, Блок 90, Блок 2000, Христијан Карпош, Еврејска, Благој Мучето и Питу Гули. Од претпријатието апелираат граѓаните навреме да се ...
На 90 години дедо Дане од Штип, со својот велосипед минува и по 20 километри за да набере чист катарион на неговите купувачи. Оваа лековите билка тој ја собира покрај реките, дури и мегу капаините, далеку од загадени места. Свежиот кантарион го продава по 40 денари за врзаница, а интересот кај граѓаните не стивнува. Вели штипјани го зимаат за зејтин, за масажи или пак за плажа. Тоа што нема да го продаде веднаш, го суши и го продава во ...
Некогашните 120 килограми мед од едно пчелно семејство денес се речиси недостижна бројка, сведена на само 5 до 10 килограми. Пчеларот Коста Сотировски објаснува дека зад секоја тегла стојат милиони летови и огромен труд на пчелите. Тој предупредува дека природата и климатските промени ја нарушиле рамнотежата, па сега дури три слаби години следуваат за една добра со принос. Се помалата потрошувачка на мед, заедно со големиот увоз, дополнително ...
Осветувањето на крстот во Таринци Свечено беше осветен новоизградениот 20-метарски крст денес во село Таринци, кој ќе биде ново верско обележје и светилиште над населеното место. На настанот присуствуваа голем број жители, претставници на локалната самоуправа и свештенството, а чинот на осветување го изврши митрополитот Иларион. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов, истакна дека крстот ќе биде симбол на верата и духовноста за ...
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, оствари работна средба со Фатих Туркменоглу, директор на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која се разговараше за изградбата на автопатот Скопје – Блаце. На средбата, претставниците на ЕБОР информираа дека во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта успешно е завршена постапката за избор на Изведувач. Изведувачот на ...
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски на прес конференција истакна дека планира од македонското првенство пет до шест играчи да бидат во тимот. Тој потенцираше дека не треба да го потценуваме македонското првенство, а секој кој е во форма ќе биде повикан во репрезентацијата. „Секако дека има квалитет штом сум ги повикал тие играчи играат стандардно во своите клубови, први стрелци, Бобан Николов и Дарко Велковски ...
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски на седницата на која се носеше ребалансот на Буџетот за 2026 година кажа дека во Програмата за животна средина планирани се 4.8000.000 денари за набавка на електрични велосипеди, што ја потврдува тенденција за Битола да стане вело град, преку создавање на вело инфраструктура, но и набавка на велосипеди кои ќе можат да ги користат граѓаните. Како што објасни претседателот на Советот Бојан Бојкоски ...