Голем шумски пожар попладнево избувна во борова шума во атарот на селото Црник, Општина Пехчево, во близина на границата со Бугарија. Пожарот зафатил голема површина, а во гаснењето биле ангажирани локални пожарникари, вработени во шумските претпријатија и доброволци. Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански, информира дека во моментот кога била добиена информацијата за пожарот, дел од расположливите сили од Пехчево и Берово веќе биле ...

Голем шумски пожар денеска избувна во селото Бигла, меѓу Македонска Каменица и Делчево. Според градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, огнот неколкупати бил ставен под контрола, но високите температури и силниот ветер повторно го разгорувале и го ширеле пожарот. Гоцевски, во изјава заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, информираше дека на терен биле ангажирани околу 300 луѓе, меѓу кои пожарникари, ...

Нов силен шумски пожар избувнал во борова шума во близина на границата со Бугарија, на територијата на Општина Пехчево. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека поради новото жариште трите ер-трактори биле пренасочени кон пожарот, со цел да се интервенира додека огнот сè уште може да се стави под контрола. „Ќе се обидеме да му зададеме почетен удар пред да се развие во тежок пожар, затоа што боровата ...

Голем шумски пожар беснее во борова шума во близина на селото Бигла во Делчевско, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. „Денес околу 10 часот неодговорно лице палело гуми во својот дом во село Бигла, кое што е село од разбиен тип, односно се наоѓа на неколку ридови. Притоа изгубил контрола врз огнот и огнот се проширил во блиската шума“, изјави Ангелов. Тој вели дека надлежните институции преземаат мерки ...

На 22.08.2026 во 05:15 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница ги привеле А.Ц.(29), А.Ј.(24) и Х.А.(34), сите од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека околу 04:40 часот пред угостителски објект во Виница, поради претходно недорабирање во објектот, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци. На 22.08.2026 во 05:15 часот во Виница, ...

Потребни се доброволци кои ќе се вклучат во акцијата за гаснење на пожар што избувнал во близина на атарот на селото Бигла, Делчевско. Според објавениот повик, пожарот е во близина на локацијата каде што се наоѓа Спомен-собата на Дедо Митко Ороводецот. Се повикуваат граѓаните кои се во можност да помогнат да се приклучат на акцијата за справување со огнената стихија. Засега нема дополнителни информации за размерите на пожарот и зафатената ...

На 22.08.2026 во 16:30 часот во СВР Штип е пријавено дека во 11:40 часот на ул.„Брегалничка“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Т.З.(52) и патничко возило „пежо“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 48-годишната А.Д., двајцата од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип, кај кого било констатирано ...

„За Ислам Абази, обвинителот во заминување, морето од документи, вештачења за модуларната болница во Тетово не значеле ништо, не значел ништо ниту фактот што 14 лица живи изгореа во истата болница“ – ова денеска на прес-конференција го истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. Тој оцени дека за случајот не била доволно испитана одговорноста на сите инволвирани. „Казни добија само поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, ...

Македонските аеродроми бележат силен раст на патничкиот сообраќај, а во првите седум месеци од годинава преку аеродромите во Скопје и Охрид поминале повеќе од 2,4 милиони патници, кажа денеска на прес-конференција, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска. „Македонските аеродроми се најбрзо растечки во регионот, а цивилниот воздушен сообраќај бележи силен и континуиран раст. Резултатите во првите седум месеци од 2026 година се јасна ...

Федерален суд во САД ја поништи забраната за издавање имигрантски визи за државјани на 75 земји, меѓу кои беше и Македонија. Мерката ја воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а судијката Џенет Варгас оцени дека таа е „спротивна на законот“ и дека ги надминува законските овластувања на државниот секретар Марко Рубио. Забраната, која беше воведена во јануари, значеше суспендирање на издавањето визи за постојан ...

СДСМ обвини дека власта задоцнето реагира на здравствената криза со западнонилската треска и дека институциите немаат капацитет навреме да го заштитат здравјето на граѓаните. На прес-конференција, Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ, ги поврза актуелната епидемија од западнонилската треска со кризата со водата во Гостивар, оценувајќи дека заедничко за двата случаи е, како што рече, доцнењето на реакцијата на власта. „Повторно ...

На натпреварот од четвртото коло на Првата МФЛ, одигран на стадионот во Чаир помеѓу екипите на ФК Шкендија Арачиново и ФК Аресими, беа забележани две клучни и особено предизвикувачки ситуации за судиска проценка. Во двата случаи главниот судија донесе целосно исправни одлуки, кои по извршените проверки согласно ВАР протоколот и утврдената линија за интервенција, правилно беа потврдени и од ВАР судиите. Во 43. минута од натпреварот, напаѓачот ...

Екипа на Доброволното противпожарно друштво „Кобри“ од село Злеово во текот на вчерашниот ден повторно беше на терен, учествувајќи во интервенција за гаснење пожар во Струмица и струмичкиот регион. Доброволните пожарникари и овојпат покажаа дека се подготвени да помогнат кога тоа е најпотребно, давајќи свој придонес во заштитата на луѓето, имотот и природата. Во справувањето со огнената стихија заеднички учествуваа пожарникари и доброволци, ...

СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски пет години ја користат трагедијата во модуларната болница во Тетово за политичка пресметка со претседателот на партијата, Венко Филипче. На прес-конференција, Кети Штерјова рече дека Филипче и СДСМ не се мешале во работата на Јавното обвинителство и не вршеле притисок врз институциите, бидејќи, како што посочи, постапките мора да се водат независно. „Модуларните болници беа набавени преку ...

Драма се одвивала рано утрово над селото Бонче, каде што пожарот со голема брзина се движел по падината, со пламен висок и до четири метри. Благодарение на навремената реакција на доброволните пожарникари од Битола и Кочани, огнот не стигнал до селото. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој беше на терен, изрази благодарност до пожарникарите, посочувајќи дека вчера превентивно биле испратени во Бонче поради ...

Власта на Христијан Мицкоски повторно ги покажа своите приоритети – луксуз за функционерите, изговори за граѓаните, велат од СДСМ. „Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, јавно кажа дека идејата за нов владин авион не е повлечена, парите се оставени. Се чека само купувањето. Тоа било за нив „сериозна држава“. За оваа криминална власт „сериозна“ држава не се мери со платите на работниците, со полни фрижидери, со функционално здравство, со ...

Со новите авиолинии, Македонија станува полесно достапна и за граѓаните и за странските посетители. Вкупно се воведени 28 нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Најголема корист имаат граѓаните, кои сега имаат повеќе директни опции за патување низ Европа и пошироко. Од Скопје се воведени директни летови до Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, Прага, Ларнака, Неапол, ...

Поминаа цели 6 недели, а документ со целосна, јавна и потпишана анализа за водата во Гостивар сè уште нема, велат од СДСМ. „Мицкоски и Клековски шират паника со тоа што не го објавуваат документот цели 6 недели. Зошто не се објавува целосен извештај? Што се крие од граѓаните? Неизвесноста и недовербата кај граѓаните така ја создаваат Мицкоски и Клековски. Еден месец даваа противречни изјави, прво за забрани, потоа дека може да се користи како ...

Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани во текот на изминатото деноноќие, од кои осум се активни, а 23 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во осум општини. Во Прилепско гори кај селото Бонче, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблести растенија. Пожар е активен и на подрачјето меѓу селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото Вражале во општина ...

Сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува денеска. Попладне на места се очекува зголемена облачност со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можно и невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степен, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од ...

Големиот пожар што избувна денеска околу пладне и се прошири кон Струмица, односно до месноста Софилар, е ставен под контрола, информира командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Според него, пожарот е под контрола на потегот од селата Водоча и Баница до месноста Софилар. Активен останува само на едно тешко пристапно место во селото Водоча. Во гаснењето, покрај струмичките пожарникари, учествувале и пожарникари од околните градови, а бил ...

Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во Битола одбележа 25 години од своето формирање, јубилеј посветен на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата. На свеченоста пред Офицерскиот дом беа истакнати улогата на единицата во безбедносниот систем, нејзиниот развој од формирањето во 2001 година до денес, како и заложбите за натамошна модернизација, опремување и професионално усовршување на припадниците. ...

Над 15 пожари на отворен простор се активни во земјава, а два од нив во текот на денот директно ги загрозиле населените места, информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Како еден од најсериозните пожари го посочи огнот што избувна во близина на селата Баница и Водоча, во непосредна близина на Струмица. Пожарот се приближил на само неколку метри од првите куќи, но брзата интервенција на ...

Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во Битола одбележа 25 години од своето формирање, со свеченост пред Офицерскиот дом, на која беа истакнати нејзината улога во безбедносниот систем и заложбите за натамошна модернизација и професионално усовршување. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оцени дека ЕБР е еден од најважните оперативни сегменти на македонската полиција и еден од столбовите на безбедносниот систем. „Кога ...

Пожар што денеска околу пладне избувнал во близина на Струмица, меѓу селата Водоча и Баница, брзо се проширил поради силниот ветер и сувата вегетација. Огнената стихија се приближила до домовите, но со брзата интервенција на пожарникарите било спречено ширење на огнот кон куќите и дворовите. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, изјави дека брзата реакција на струмичките пожарникари, со поддршка од колегите од ...

Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, денеска спроведоа превентивна активност за заштита од пожари на подрачјето на Полициското одделение Мирковци, во општина Чучер Сандево. Во разговорите со жителите била нагласена важноста од континуирана соработка со надлежните институции и навремено пријавување на несовесно однесување кое може да предизвика ...

Во земјава е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Станува збор за 73-годишен пациент од Долно Лисиче, Скопје, кој имал тешка клиничка слика и сериозни придружни заболувања. Пациентот 22 дена се лекувал на Клиниката за инфективни болести, а од самиот прием бил во многу тешка состојба. Бил сместен на Одделот за интензивно лекување и ставен на ...

Саат-кулата е еден од најзначајните историски споменици во Штип и препознатлив симбол на градот. Некогаш со своето ѕвонење ги будела штипјани за на работа и им покажувала колку е часот, а за време на воените периоди, просторот околу неа бил место каде што се засолнувале борците. За штипјани, таа и денес претставува историско богатство, украс на градот и сведок на животот и времињата на многу генерации. Анкетираните тврдат дека некогаш ја ...

Сè помалку се откупува оризот, а и кога има заинтересирани откупувачи, производителите се соочуваат со пониски цени, разочарано раскажува оризопроизводителот Горан Јанев. Тој вели дека прво им се нуди една цена, а потоа таа се намалува. Јанев тврди дека младите сè почесто се откажуваат од земјоделството и заминуваат од државата. ,,Моментално кажуват по 18 денара, а не го откупуваат. Значи ќе ти каже, ќе однесес мустра, ќе ти каже 23, после ти ...

Чичко Мемед од село Парналија, штипско, деновиве на штипскиот пазар продава домашните домати по цена од само 20 денари за килограм. Вели дека цената некогаш била значително повисока и дека доматите ги продавал по 50, па и 60 денари за килограм. Но, како што раскажува, купувачите реагирале дека цената е превисока, па продажбата била слаба. Затоа морал и тој да ја намали цената, за да може полесно да ги продаде домашните производи. Чичко Мемед ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Злато

130856.75