Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
„Се разбира. Му честитав, му пратив порака. А потем и ми се јави. Разговаравме. Му посакав успех, изразив уверување дека штом доби вака високо мнозинство тоа е гаранција за стабилност, дека веројатно бугарскиот народ, бугарските граѓани во него препознаа стабилен елемент на државата и нацијата, дека веројатно ќе може лесно да формира влада и да ја оствари својата програма“, рече претседателката во изјавата за медиумите денеска во Собранието, ...
Андреј Тодороски блесна со два гола во победата на ТСЦ Бачка Топола на гостувањето кај Спартак Суботица, во натпревар од големо значење за опстанокот. Македонскиот крилен напаѓач не ги прослави погодоците од почит кон поранешниот клуб, но беше клучен човек на теренот. Со овој настап, Тодороски практично го запечати поразот на Спартак и го оттурна тимот поблиску до испаѓање. Инаку, со Тодороски од пред некое време се водеше постапка за да се ...
Руди Гобер, по инспиративниот настап во вториот натпревар против Никола Јокиќ, уште еднаш успеа да го запре трикратниот MVP, кој имаше многу лоша шутерска вечер (7/26 од поле), додека Тимбервулфс поставија рекорд на франшизата во плејофот, дозволувајќи им на Нагетс само 11 поени во првата четвртина. Јокиќ заврши со 27 поени и 15 скока за Денвер, кој беше ослабен поради отсуството на Ерон Гордон. Џамал Мареј постигна 16 поени со скромни 5/17 ...
„Као Какао“ е мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски, автор чиј звук со децении е дел од музичката меморија на публиката. Во претставата се вклучени избрани композиции, кои добиваат нов живот преку аранжмани подготвени специјално за оваа продукција. Станува збор за мелодрамска љубовна приказна сместена во седумдесеттите години, каде што љубовта и амбицијата се судираат со ограничувањата на времето. Во обидот да успеат и да ...
Целта е да ги запознаат студиските програми и можностите за студирање, да разговараат со професорите и студентите, да дознаат како се студира на МФ и да ги разгледаат современите лаборатории со кои располага факултетот. Покрај Отворениот ден, ќе се одржи и натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2026 на кој се најавени обраќања на деканот Златко Петрески и на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања ...
„Вечерва, во Музејот на град Скопје, во присуство на гости од Европа, го направивме првиот чекор кон уште поотворена, подостапна и поинклузивна комуникација со граѓаните. Оваа Инфо-канцеларија е нов простор каде граѓаните ќе можат одблиску да се информираат за процесот, активностите и визијата поврзани со Скопје како Европска престолнина на културата во 2028 година“, напиша Ѓорѓиевски. Тој додаде дека ова е само почеток. Во следниот период, ...
Се работи за седуммина запишани на магистерски и четворица на докторски студии и нивните уписи, по решение на ДПИ, се поништени и им е прекинато студирањето. Досега не докторирал ниеден, а магистрирале осумина, за кои нема решение дали дипломите ќе им бидат важечки. Јаневска рече дека Државниот просветен инспекторат (ДПИ), чиј извештај го добила доцна вчера, утврдил каде се пропустите и според тоа ги донел и одлуките како треба да се ...
Почетоците на Драмскиот театар датираат од 1946 година кога на овој ден, 21 април, на сцената на тогашниот Македонски народен театар во Скопје премиерно била изведена „Силјан штркот“, приказна во четири чина, работена според мотивите на приказната за Силјан штркот на Марко Цепенков, во драматизација на Петре Прличко. Наредните три години Драмски театар опстојува како куклена сцена при Македонскиот народен театар изведувајќи по една премиера ...
Судскиот процес го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова. Одбраната на дел од обвинетите пред почетокот на денешното рочиште побара од Судот да достави барања до МВР, БЈБ и УЈП за обезбедување докази, декласификација, како и право на увид на вешто лице што е најавено да прави вештачење. Обвинителката Спасенка Андонова по предлозите на одбраната рече дека ќе се произнесе откако ќе бидат обезбедени и ќе ...
Ставајќи акцент на поетика на книжевноста за деца, но и на културата за деца како една специфична супкултура, книгата се развива низ неколку поглавја во кои се дефинираат основните поими и се даваат клучните алатки при исчитувањето на еден текст кој би можел, би требало да биде наменет за најмалиот читател. Притоа авторката книжевноста за деца ја става во дијалог со другите уметности како ликовната, филмската, театарската. – „Од ‘Црвенкапа’ ...
На денешното официјално соопштување на оценката од страна на оценувачкиот тим и НАТО мониторите, на командантот на ЛПБГ му било соопштено дека единицата ги исполнува сите предвидени стандарди и била оценета како „борбено подготвена за извршување на својата мисија“. „Сениор НАТО-мониторот, полковник Христос Стаматиу од НАТО корпусот за брзо распоредување – Грција (NATO Rapid Deployable Corps – Greece, NRDC-GR) оцени дека: ‘Eвалуацијата на ...
„Тие излегуваат со понуда, па ќе видиме“, кажа Трамп, додавајќи дека сè уште не знае што ќе содржи таа. Тој потврди дека американските претставници преговараат со „луѓето кои сега се на власт“ во Иран. Трамп објави и дека ќе се сретне со британскиот крал Чарлс следната недела за време на неговата државна посета на Соединетите Американски Држави. Тој изјави дека планира да разговара за голем број прашања со британскиот монарх, вклучувајќи ги ...
Во следната сезона ќе биде предводник на турскиот прволигаш Истанбул ББ, чекор со кој Ристоски се враќа на европско тло, по пауза од десет години, откако претходно работеше како тренер во Швајцарија. Ристоски беше гостин на челниците на клубот на финалето од турскиот куп, каде стави потпис и на едногодишниот договор. „Да се води екипа во едно од трите најсилни првенства во Европа е голем предизвик, особено поради фактот дека во Турското ...
Брисел веќе се судираше со Трамп околу трговијата, Украина и воените трошоци, но интервенцијата во проектот за гасоводот „Јужна интерконекција“ се чини дека претставува прв пат ЕУ да го оспори комерцијалниот потфат на оние кои се блиски до американскиот претседател, оценува британскиот весник. Гасоводот ќе поминува низ Босна и Херцеговина. Под она што босански извориго нарекуваат повеќемесечен притисок од страна на американски функционери, ...
Повредата дојде на бизарен начин додека изведуваше пенал, што предизвика дополнителни реакции во шпанската јавност. Дел од медиумите сметаат дека ваквиот развој на настаните не е случаен. Само два дена пред натпреварот, Јамал ја доби престижната награда „Лауреус“ за млад спортист на годината. По церемонијата, тој самиот сподели фотографија на социјалните мрежи, на која се гледа како во приватен авион го прославува признанието со брза храна од ...
Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од РТВ Предавател Водно, кула АЕК Водно, село Горно Нерези, Етно село – Нерези, Предавател Космофон, објект Даре Џамбаз-Водно објект на Поштенски дом-Водно и село Горни Крушопек во Општина Карпош. Во периодот од 08:30 до 16:00 часот, без струја ќе останат корисниците на дел од село Морани и викенд населбата Морани во Општина Студеничани. Во ...
По победите над Белгија и Грузија, македонските млади ракометарки ја совладаа и Словачка, па во четвртфиналето ќе играат со Романија или Бразил. По првото полувреме резултатот беше 11-7, а во вториот дел Македонија почна да ја зголемува предноста до конечни 28-13. Најефикасна во нашиот состав беше Рона Мифтари со седум голови, Ања Лашкоска постигна пет, а Ивана Трифуноска четири. Утре е слободен ден на Светското училишно првенство во ракомет. ...
Натпреварот за наградата „Роксан Стојанов“, со учество на сите 13 учесници, ќе се одржи денеска претпладне во МНТ. Жири-комисијата за наградата „Роксан Стојанов“ е во состав: Роксан Стојанов, ѕвезда на Париската опера, Антонио Конфорти, солист на Париската опера, Сандра Мијалкова, примабалерина на НОБ, Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Франција, и проф. д-р Рисима Рисимкин, кореографка и уметнички директор на натпреварот. Од сите 13 учесници, ...
Овие поединци доследно постигнуваат резултати на тестови за меморија слични на оние кај луѓе кои се најмалку 30 години помлади, доведувајќи го во прашање долгогодишното уверување дека когнитивното опаѓање е неизбежно со возраста. Во текот на децениите истражување, научниците забележале одредени животни навики и особини на личноста што ги издвојуваат таканаречените „супер-ејџери (супер-старци)“ од нивните врсници, вклучувајќи висока ...
Како што информира Николоски на својот Фејсбук -профил, во обраќањето се осврнал и на активностите на Министерството за транспорт, како и на сите инвестиции на стратешките проекти како што е брзата пруга на коридорот 10. „Потенцирав и за напредокот во изградбата на автопатите. Силно се работи на коридорот 8, како и на поврзувањето на Прилеп и Битола, односно коридорот 10д“, наведува Николоски во објавата. Како што информира Николоски на ...
Потврдено е дека трките повторно ќе се возат на патеката „Истанбул парк“, а партнер на Формула 1 во организацијата ќе биде Автомото сојузот на Турција. Последните трки во Турција се возеа во 2020 и 2021 година, а љубителите на најбрзите четири тркала се сеќаваат дека Луис Хамилтон во 2020 токму во Истанбул дојде до својата седма светска титула и го изедначи рекордот на Михаел Шумахер. На последната трка во 2021 година победата ја однесе ...
Станува збор за d-TGA (транспозиција на големите артерии), комплексна срцева аномалија при која аортата и белодробната артерија се поставени на погрешни позиции уште во текот на феталниот развој. Поради тоа, циркулацијата се одвивала со мешана артериска и венска крв, со недоволна оксигенација на органите и изразена цијаноза, состојба позната како синдром на „сино бебе“. По приемот во тешка состојба, бебето најпрво беше стабилизирано, по што ...
Ќорвезироска за романот „Три Марии“, издание на „Арс ламина“, ги доби сите три награди за проза во земјата за 2025 година: Рациновото признание, наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија и „Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски“, а само во една година романот има три изданија и се преведува на руски, француски и на англиски јазик. Според жирито, во состав Кристина Н. Николовска, универзитетска професорка, ...
За разлика од класичните облаци од невреме, каде електричното полнење се создава од судири на ледени честички, вулканските облаци се суви и составени од пепел и фрагменти од карпи, што долго време претставуваше загатка за научниците, објави Гардијан. Ново истражување покажа дека клучна улога има тенкиот слој молекули богати со јаглерод на површината на честичките. Иако чистите силициумски честички не акумулираат наелектризирање, присуството ...
Секое постапување спротивно на законските прописи и медицинските стандарди ќе биде предмет на соодветни институционални постапки, во соработка со надлежните органи, се наведува во денешното соопштение, како став на Министерството за здравство за актуелната акција преземена од страна на Министерството за внатрешни работи. Министерот за здравство Азир Алиу преку писмена изјава нагласува дека безбедноста на пациентите и квалитетот на ...
Како солист на пијано ќе настапи младата пијанистка Аница Нелоска, студентка во класата на проф. д-р Марија Ѓошевска, која ќе го изведе Концертот бр. 3, BWV 1054 од Ј. С. Бах. Програмата на концертот опфаќа дела од Х. Персел, Н. Јомели, Л.В.Бетовен, А. Скрјабин, Ј. Сибелиус и Сергеј Прокофјев, претставувајќи разновиден музички репертоар од барокот до 20 век. Концертот е со бесплатен влез и претставува можност за пошироката јавност да ужива ...
Научниците развија спреј за нос кој го намалува воспалението на мозокот и ја подобрува меморијата кај постари глувци. Терапијата делува на процесот на хронично воспаление поврзано со стареењето, кое влијае на когнитивниот пад и развојот на болести како што е деменцијата. Спрејот содржи биолошки честички добиени од матични клетки кои помагаат во регулирањето на воспалителните процеси во мозокот. По примената, беа забележани подобри резултати ...
Павловски вели дека ова признание го радува, бидејќи за пријател го имал најдобриот и најголем македонски поет Ацо Шопов. „Со Штип ме врзуваат и многу спомени. Мојот школски другар, со кого седев во иста клупа, стана градоначалник на Штип, се викаше Михаил Данев. Во секој случај градот Штип е во еден духовен подем и се грижи за културата, уметноста. Мислам дека градот Штип одлично се развива. Во секој случај ми претставува големо ...
Од срцето на Скопје беше испратена силна порака до целиот свет – дека спортот обединува, дека младите се иднината, а дека Македонија е подготвена да биде домаќин на еден ваков голем настан, кој е историски за нашата држава. Ова првенство не е само натпреварување, туку и средба на различни култури, нови пријателства и заеднички соништа. Свечената церемонија започна со дефилето на учесниците, кои пристигнуваа преку Камениот мост – симбол на ...
Со предлог-измените на Законот е предвидено пензионерите на возраст од 64 до 67 години да продолжат да работат доколку постои потреба, а специјалистите над 67 години да продолжат со работа до 70-годишна возраст. „Со ова се вреднуваат знаењето, искуството и придонесот на здравствените работници со долгогодишно искуство. Дополнително, преку програмите на Министерството е обезбено и бесплатно болничко лекување и ослободување од партиципација за ...