Фудбалерите на Наполи го добија дербито на 14. коло во Серија А против Јувентус со 2-1 (1-0). Натпреварот на „Диего Армандо Марадона“ понуди голема борба, а херој на шампионот беше Расмус Хојлунд. Данскиот напаѓач беше двоен стрелец и ја обезбеди победата на неговиот тим. Само седум минути им беа потребни на „партенопеите“ да стигнат до предност. Акцијата се одвиваше по десната напаѓачка страна, Давид Нерес добро проби и му „сервира“ гол на ...
Наполи повторно го запоседна врвот во Серија А, по победата од 2-1 во големата дерби пресметката против Јувентус на „Диего Марадона“ во Неапол. Херој на „наполитанците“ е Хојлунд кој ги постигна двата гола за домашните, а одличен меч, на позицијата во средниот ред како последен играч за врска, имаше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој како стартер ги одигра сите 90 минути на дуелот. Хојлуднд го доведе Наполи до водство уште во 7. минута. ...

