Неготино, 25 август 2026 (МИА) - Неготинец бил лишен од слобода, фатен со усмртено диво животно за време на ловостој, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес. - Синоќа во 20:20 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишија од слобода К.В., на возраст од 56 години од Неготино. Претходно било пријавено дека кај место викано „Горна Чешма“ во атар на село Тимјаник, неготинско, ловочувар од ловечко друштво „Вардар“ од ...

Скопје, 25 август 2026 (МИА) - Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Р., управител и сопственик на правно лице, како и против правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и „Оштетување или повластување на доверители“ од член 257 од Кривичниот законик. Пријавениот В.Р., во периодот од 2019 до 2020 година, иако бил ...

27/08/2026 01:53 - МИА

Скопје, 25 август 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје на 24/25.08.2026 во Скопје, на различни локации, ги лишија од слобода С.А.(19) и У.С.(38), двајцата од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци. На 24.08.2026 во 22:35 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода С.К.(64) од кратовско село, ...

Скопје, 25 август 2026 (МИА) - Тригодишно дете се здобило со тешки телесни повреди во несреќа во лифт во зграда во Радишани, откако според пријавата од мајката, вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила. Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека Е.З.(30) од Скопје вчера во 20:00 часот во СВР Скопје пријавила дека на 22-ри месецов околу 18:15 часот, додека таа и нејзините деца биле во лифт од станбена ...

Скопје, 25 август 2026 (МИА) - Тимот градежни вештаци, предводен од судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежниот факултет, повеќе од четири часа одговараше на вкрстени прашања на одбраната, на обвинетите Гроздан Милковски - сопственик на објектот и општинските градежни инспектори Огњен Георгиев и Николчо Коцев, на денешното рочиште во ...

Кавадарци, 25 август 2026 (МИА) - Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“ кај Кавадарци, каде што во моментов се интервенира со ангажман на поголем број екипи од ТППЕ Кавадарци - соопшти попладнево кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук. - Според првичните информации од терен, постојат индиции дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Надлежните служби ќе ги утврдуваат околностите за неговото настанување - информираше ...

Кавадарци, 26 август 2026 (МИА) - На депонијата „Мелци“ продолжува интензивната интервенција. Екипите ќе работат се додека не биде изгаснат и последниот жар и не се создадат услови за целосно ставање на пожарот под контрола, соопшти доцна синоќа кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. - Станува збор за пожар кој, според досегашните сознанија и начинот на неговото избивање, покажува сериозни индиции дека е подметнат. Ова не е само напад врз ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) – Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Онкологија“, кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Случајот го води судијката Снежана Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Марија Ѓоргева од ОЈО - Скопје. На минатото рочиште на предлог на одбраната ...

Кавадарци, 26 август 2026 (МИА) - Шест и четири години затвор за грабнување неготинец, пресуди Судот во Кавадарци. Првостепената пресуда е донесена вчера, потврди денеска за МИА, претседателката на судечкиот Совет, судијката Лидија Ридова. Првообвинетиот Б.М. за кривично дело грабнување по член 141 став 2 вв став 1 вв член 22 вв член 12 став 2 од КЗ е осуден на шест години затвор. По психијатриско вештачење, обвинението против првообвинетиот ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - Во лекувањето на одредени пациенти учествувале од три до шест или осум стручни медицински лица, не може да се бара индивидуална одговорност - тврди одбраната за случајот „Онкологија“, кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Техничкиот советник на првообвинетиот, доктор Владимир Даниловски, на денешното ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - До 13 часот денеска регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се под контрола, а шест се изгаснати - соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има: во општините Студеничани и Зелениково - с. Моране - с. Вртекица - с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале - општина Зелениково, мешана шума, во општините Гостивар и Македонски Брод - с. Трново ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - Апелацискиот суд Скопје информира дека по одржана нејавна седница по кривичниот предмет, во јавноста познат како „Талир“, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја одби како неоснована и ја потврди ослободителната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје за поранешниот премиер Никола Груевски. Пресудата, како што се посочува, е донесена по одржана нејавна седница на 26 август ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска објави метеоаларм за утре, 27 август, врз основа на кој одредени делови на државата се во портокалова фаза. Времето утре ќе биде сончево и топло со мала со умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Во Скопје и Демир Капија се предвидува температурата да достигне до 39 степени, во Гевгелија 38, а во Велес и Штип до ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - На Клиниката за инфективни болести 21 лице се лекуваат од западнонилска треска. Кај 18 од нив веќе е потврдено присуството на западнонилска треска, за три лица се чека потврда, а шестмина се на интензивно лекување - изјави денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. - Во моментот имаме 53 пациенти што прележале, имаат или се сомнителни на западнонилска треска. Од нив, 50 се потврдени, ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - Нова веб-страница http://www.healthalert.mk/, на која има податоци за состојбата со западнонилската треска, ризичните подрачја и преземените активности, промовира денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. Опфатени се податоци од Клиниката за инфективни болести, Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, а во иднина ќе има податоци и од Агенцијата за храна и ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со директорката на Институтот за европска политика (ЕПИ), Симонида Кацарска, на која се дискутира за актуелните реформи во правосудството и за законските решенија што произлегуваат од реформската агенда и Поглавјето 23. Како што се наведува во соопштението, беше истакната важноста од отворен дијалог и вклучување на граѓанскиот сектор во креирањето и ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - На неделно ниво веќе има тренд на намалување на бројот на заболени од западнонилска треска - истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. На прес-конференцијата присуствуваше и Драган Кочински од Институтот за јавно здравје, кој рече дека во 33-тата недела имало пик со 11 случаи, а оттогаш во 34-тата недела бројот се намалува. - Во Драчево има јасна причинско-последична врска со ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити, денеска присуствуваше на отворањето на Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење во оваа општина. Како што информира Министерството, Центарот е основан преку Проектот за ...

Кавадарци, 26 август 2026 (МИА) - Автомобил стар 98 години ќе биде дел од изложбата на олдтајмери, во рамки на годинашниот „Тиквешки гроздобер“, соопштија на денешната прес-конференција, посветена на традиционалната стопанско-туристичка и културна манифестација што ќе се одржи на 4, 5 и 6 септември во Кавадарци. Организаторите најавија богата програма, што започнува со гроздоберска трпеза, па продолжува со други настани како промоција на ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - Министерот за здравство објави дека денеска се сретнал со тимот на Светската банка за проектот за администрација на социјалното осигурување СИАП (SIAP). - Разговаравме за воспоставување конкретни модалитети за интероперабилна размена на податоци меѓу институциите во насока на формирање единствен регистар на социјално осигурување, дигитализацијата и поврзувањето на системите на Министерството за здравство и ...

Охрид, 21 август 2026 (МИА) - Слаѓана СТОЈКОВА КОСТОСКИ Од малото охридско село Велестово до поетските мапи на Европа, „Поетска ноќ во Велестово“ речиси четири децении ја гради својата приказна како фестивал што не сака поезијата да ја затвори во салоните, туку да ја врати таму каде некогаш и започнала – меѓу луѓето, вели во интервју за МИА основачот на фестивалот, поетот, Славе Ѓорѓо Димоски, во пресрет на новото 38. издание на ...

Скопје, 25 август 2026 (МИА) - Директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Гоце Димовски денеска ги посетил ТИРЗ Тетово и ТИРЗ Кичево, каде имал средби со приватниот партнер „Нормак“, менаџментот на компанијата „Џаво Отомотив“ и менаџментот на компанијата „Џојсон Сејфти Системс“. Прес-службата на Дирекцијата на ТИРЗ соопшти дека во ТИРЗ Тетово, Димовски и генералниот директор на „Нормак“, Александар Зарков, ги ...

Скопје, 25 август 2026 (МИА) - Нашата цел е гасификацијата да не остане само инфраструктурен проект, туку да создадеме услови природниот гас да стане реално достапен за што поголем број општини, институции и граѓани, рече денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска на работната средба со новиот Управен и Надзорен одбор на НОМАГАС АД Скопје. За ова, како што напомена, е потребна координација меѓу ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на поставувањето камен-темелник за изградба на автопатот Скопје - Блаце. Изведувач на автопатот со должина од 10,5 километри, во вредност од 222 милиони евра, е градежната компанија „Гранит“ АД Скопје, која треба да го заврши за четири години. Делницата треба да се спои со веќе изградените 1,5 километар од автопатот Скопје - Блаце во близина на ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - По повод Денот на рударите, во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), денеска, во хотелот „Александар палас“ во Скопје, ќе биде одржана свеченост посветена на одбележувањето на празникот на рударите. На свеченоста ќе бидат доделени пофалници и признанија на најуспешните рудари за нивниот ангажман, посветеност и придонес во текот на 2025/2026 година. Со овој настан, ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - Вицегувернерката Ана Митреска учествуваше на Тринаесеттата биенална конференција на Комитетот на Ирвинг Фишер за статистика на централните банки (IFC), којашто се одржа во Базел, во организација на Банката за меѓународни порамнувања (БИС). Годинашното издание на Конференцијата беше под наслов „Пополнување на информациските празнини во централното банкарство: ефикасно искористување на податоците и иновативните ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - Почнаа градежните активности за втората фаза од автопатот Скопје - Блаце во должина од 10,5 километри, која треба да биде готова за четири години и да се спои со веќе изградените 1,5 километар автопат во близина на ГП Блаце. На автопатот ќе има 5 тунели, 8 моста, 11 потпатници, 4 галерии и 9 потпорни ѕида. Ќе го гради домашната градежна компанија „Гранит“ АД Скопје. Коце Трајановски, директор на Јавното ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - Проектите, како автопатот Скопје - Блаце, чија изградба ја почнуваме денеска, се резултат на јасната политика и визија на Владата за развој на државата - порача денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на поставувањето камен-темелник за изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце во должина од 10,5 километри. Николоски посочи дека почнува нов проект кој за ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - Почетокот на изградбата на автопатот Скопје - Блаце, според премиерот Христијан Мицкоски, е историски зашто денеска таа станува реалност - почнува да се реализира иако, рече, повеќе од две децении проектот бил претставуван како „само што не почнал да се реализира“. Посочи дека овој проект бил меѓу приоритетите на Владата од нејзиното формирање пред 25 месеци. - Ќе биде од особено значење за граѓаните на нашите ...

Скопје, 26 август 2026 (МИА) - Почнаа градежните активности за втората фаза од автопатот Скопје - Блаце во должина од 10,5 километри, која треба да биде готова за четири години и да се спои со веќе изградените 1,5 километар автопат во близина на ГП Блаце. На автопатот ќе има 5 тунели, 8 моста, 11 потпатници, 4 галерии и 9 потпорни ѕида. Ќе има две коловозни ленти, секоја по две сообраќајни ленти и лента за застанување, со вкупна ширина од ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Злато

130856.75