
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Поранешен разузнувач на американските воздухопловни сили верува дека нашол делови од авионот на Амелија Ерхарт кој исчезна пред скоро девет децении. Тој вели дека деловите се на дното на Тихиот Океан и ги пронашол користејќи сонарни податоци од дрон во длабокото море, соопшти Си-ти-ви. Надевајќи се дека ќе ја реши мистеријата стара 87 години, истражувачот Тони Ромео планира да започне мисија кон крајот на оваа година или почеток на следната ...
Ако сте фанови на веќе добро познатите Воркрафт (Warcraft), Старкрафт (Starcraft) и Команд енд конкр (Command and Conquer) тогаш ќе треба да ја проверите новата најавена игра Стормгејт (Stormgate), која ќе биде бесплатна. Наводно, Стормгејт е стратегија во реално време (Real Time Strategy) која има елементи на овие три игри. Трејлерот беше објавен на Game Awards, а неодамна имаше затворени тестирања од кои и беше објавен гејмплеј и скриншоти. ...
Студентски попуст од 50 отсто се воведува на влезниците во сите државни културни установи во земјава, откако Министерството за култура и Универзитетското студентско собрание на УКИМ денеска потпишаа Меморандум за соработка. Со Меморандумот е утврден попуст од 50 проценти на влезниците за влез и следење на програмите на националните установи од областа на културата за сите студенти кои имаат индекс со заверен семестар, информираше министерката за ...
Градоначалници на повеќе општини од целата земја денеска потпишаа Декларација за активна заштита на животната средина и ублажување на климатските промени, со која се обединуваат, заедно со Министерството за животна средина и граѓанскиот сектор, заеднички да работат на справување со локалните еколошки предизвици и да преземаат акции за прилагодување и ублажување на климатските промени. Министерката за животна средина, Каја Шукова денеска ...
Националното Собрание, односно Долниот дом на францускиот парламент вчера со големо мнозинство го одобри законот со кој правото на жената на абортус ќе стане уставно право, односно ќе биде внесено во уставот на Франција. За тоа да се случи, законот мора да биде изгласан во Сенатот, односно во Горниот дом. Уставната гаранција на правото на абортус беше ветена од францускиот претседател Емануел Макрон, откако во САД почна поништување на правата на ...
Најголемата музичка корпорација во светот, „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе ги повлече сите свои песни од ТикТок, по неуспешни разговори со платформата околу плаќањата. Ова значи дека ТикТок повеќе нема да има пристап до песните на некои од најголемите музички уметници во светот како Тејлор Свифт, Дрејк, Адел и „Д Викенд“, пренесува Би-би-си. „Јуниверзал“ контролира околу една третина од светската музика и со тоа има доминантна позиција ...
Студентите на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со години се мета на крадци. Последниот случај е пријавен на 24 јануари оваа година. Факултетот реагира на тоа што Министерството за внатрешни работи (МВР) не испраќа полициски патроли. Од полицијата велат дека тие испратиле полициски патроли, иако деканот и студентите не ги забележале, пишува Порталб.мк. Природно-математичкиот факултет се наоѓа во општина Гази ...
Александар Стојкоски, актуелниот градоначалник на општината Ѓорче Петров, во својата предизборна програма за работа, вети дека ќе организира натпревар за млади програмери кои треба да се натпреваруваат во изработка на апликации. Сепак, досега овој проект не е реализиран и до овој момент не се прават подготовки за организација на истиот, па оттаму ова ветување го оценуваме како неисполнето. Имено, во програмата насловена како „За Ѓорче Петров ...
Климатските промени и временските непогоди кои се резултат од нив најмногу ги погодуваат Вардарскиот, Источниот и Североисточниот регион, покажува Атласот на природни непогоди. Над 80 отсто или над 1400 случаи во периодот од 2005 до 2022 година се пожари, десет отсто се поплави, осум отсто се екстремни временски услови, а најмалку се одрони и свлечишта. Ова се податоците кои ги содржи анализата што ја изработи Центарот за климатски промени во ...
Советот на Општина Велес утре ќе расправа за постапката за доделување нова Б-интегрирана дозвола на компанијата „Кепс Монт груп“, која има обврска да ја расчисти депонијата со тешки метали од некогашната топилница. Концесионерот, кому претходната Б-интегрирана дозвола му истече во октомври минатата година, сега бара дејноста да се дополни со уште две активности, дробење и мелење на згурата, како подготовка за извоз во две топилници, во Јужна ...
Успешно е вграден првиот мозочен чип кај човек, со помош на технологија развиена од компанијата „Неуралинк“, во сопственост на Илон Маск. Тој вели дека првичните резултати покажале ветувачки резултати во однос на нервните импулси, пренесе Би-би-си. Целта на компанијата е да го поврзе човечкиот мозок со компјутерите и да се помогне во справувањето со сложените невролошки состојби. Маск најави дека првиот ваков уред ќе се вика „Telepathy“ ...
Селото Белица во близина на Кичево е првата македонска рурална заедница која произведува струја од сонцето. Старото училиште во селото, кое од неодамна има функција на еко центар преку проект на Македонското еколошко друштво и Еко свест, финансиран од Амбасадата на Шведска, доби фотонапонски панели на кровот, од кои со електрична енергија се снабдуваат сите простории во центарот, а вишокот се предава во дистрибутивната мрежа. Идејата за одржливо ...
Студија на УНИЦЕФ покажува дека 12 проценти од децата од 5 до 17 годишна возраст и 9 проценти од децата помлади од 5 години во С.Македонија се изложени на повеќедимензионална сиромаштија. Според студијата, децата Роми се значително поранливи – секое трето дете од ромската заедница е изложено на сиромаштија, а во општата популација тоа е случај кај секое деветто дете. „Додека го изготвувавме профилот на децата што се во најголем ризик, ги ...
Вкупно 75 учесници – професионалци, студенти и ентузијасти, биле дел од годинешното издание на „Глобал гејм џем Скопје“ (Global Game Jam Skopje), што во организација на Асоцијацијата на македонската индустрија за игри (Macedonian Games Industry Association – MGI) се одржа изминатиов викенд во просторијата „Base42“. На настанот биле формирани 17 тимови, кои создале 19 игри, од нив 18 видеоигри и една друштвена игра (board game). Темата на ...
Низа објави на социјалните мрежи и медиумите изминатиов викенд го кренаа алармот меѓу македонските студенти, преку (дез)информацијата дека школарината што на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) ја плаќаат идните академски граѓани, наводно ќе се зголеми двојно. Овие наводи денеска ги демантираа и ректорката на УКИМ, Билјана Ангелова и Министерството за образование и наука (МОН). Меѓу првите објави и соопштенија од петокот (26 јануари) е ...
Формирана е Асоцијацијата за авантуристички туризам на Западен Балкан (eng. Western Balkans Adventure Travel Association – WBATA), прва регионална организација за авантуристички туризам, чија улога е да го претстави Западен Балкан како една голема авантуристичка дестинација преку заедничка промоција и регионални понуди. Мисијата на ААТЗБ е да ги обедини тур-операторите од Западен Балкан, да ги води во одговорен авантуристички туризам и да ги ...
Социјалната мрежа „X“ ги блокираше пребарувањата за Тејлор Свифт по појава на експлицитни слики од пејачката создадени со вештачка интелигенција, соопшти Би-би-си. Во изјава за Би-би-си, шефот за деловни операции на „Х,“ Џо Бенарох, кажал дека ова е „привремена мерка“ за да се даде приоритет на безбедноста. Кога пребарувате за Свифт на страницата, се појавува порака: „Нешто не е во ред. Обидете се повторно да вчитате“. На почетокот на минатата ...
Државата во 2024 година ќе го распише јавниот повик за пронаоѓање концесионер што ќе го исчисти арсенот и другите отпадни минерални суровини во Лојане и Табановце. Ако не се најде заинтересиран приватен инвеститор, алтернатива ќе биде пронаоѓањето на странски фондови со домашна контрибуција на принципот по кој во моментов се решава проблемот со линданот во ОХИС. Вакво објаснување дава државата на прашањето на Мета.мк што ќе се случува со ...
Четирите национални паркови во земјава, „Пелистер“, „Галичица“, „Маврово“ и „Шар Планина“, за првпат ќе добијат пари од буџетот во висина од 20 милиони денари или нешто над 325.000 евра. Институциите кои досега постојано се финансираа исклучиво од сопствени средства и донации, со одлука на Министерството за животна средина годинава ќе бидат директно финасирани, а целта е да се унапреди нивната работата и да се обезбеди потребна инфраструктура ...
Американски политичари повикуваат на нови закони за криминализирање на создавањетo дипфејк фотографии откако на интернетот се појавија експлицитни дипфејк слики од Тејлор Свифт кои за само неколку дена биле прегледани милиони пати, пишува Би-би-си. Во соопштение од социјалната мрежа „X“ се вели дека активно се отстрануват сликите и се преземаат „соодветни мерки“ против профилите вклучени во нивното ширење. „Внимателно ја следиме ситуацијата за ...
И покрај тоа што франшизата “He-Man” има нови анимирани филмови на Нетфликс, сѐ уште нема добра He-Man видео игра. Серијата He-Man and the Masters of the Universe беше вистински хит за генерацијата Икс, па и за Милениумците. За жал, синхронизациите од Македонска радио телевизија сѐ уште не се прикачени на YouTube, но во оригиналниот англиски, сите епизоди може да се видат тука. Исто така, има содржини и од нашите соседи на Балканот, односно ...
Активизмот е двигател за позитивна промена во една општество, но што се случува кога граѓаните на истото општество сè помалку веруваат дека нивниот активизам ќе биде чуен? Дополнително, каде воопшто ќе си ги чујат и пренесат граѓани своите идеи во време на исчезнување на јавниот простор? Овие прашања, а и многу други, се дискутираа вчера на инспиративното дебитантско издание конференцијата за активно граѓанство „КритикУМ“, организирана од ...
Дигитално ментално здравје, рана интервенција на менталните нарушувања и превенција на насилството и злоупотребата на супстанции – ова се дел од целите во новата Национална стратегија за ментално здравје за млади што ја донесе државата, а ја подготви Националниот младински совет на Македонија на предлог од Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Стратегијата е донесена за период од три години (2024-2026 година) и содржи Акциски план ...
Компанијата „Покемон“ најави истрага на тврдењата за копирање против новата видеоигра „Palworld“ (Палворлд) која во моментов е вистинска сензација. Фановите на „Покемон“ укажуваат на сличности меѓу двата света, откако популарноста на новата игра оваа недела порасна, пренесува Би-би-си. Од „Покемон“ најавија преземање на „соодветна акција“ доколку се утврди дека нејзините авторски права се повредени. Компанијата засега не отпочнала правна ...
Македонското еколошко друштво (МЕД) соопшти дека минатата ноќ лоцирало нова рисица. Животното било лоцирано во кафез-замка која била направена минатата недела и поставена пред три дена. Рисицата на која ѝ е дадено името Луна пред само неколку часови била лоцирана на планината Буковиќ, во близина на Стража. Како што информираа од МЕД, животното е тешко 16 килограми и е во одлична здравствена состојба. Откако биле направени потребните прегледи, ѝ ...
Екипа од професори и асистенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ направија систем со кој се овозможува студентите да ги плаќаат услугите на факултетите онлајн, наместо со уплaтници во банка, како што беше досега. Ова функционира засега на само пет факултети при УКИМ, но допрвo ќе следуваат обуки за вработените во студентски прашања, кои ќе учат како треба да работат согласно новиот начин на плаќање. Инаку, ваква можност има и на некои од ...
Професори и асистенти на УКИМ направија систем со кој им се овозможува на студентите услугите на факултетите да ги плаќаат онлајн. Ќе станат ли уплатниците и редиците во банка минато, дознајте во новата епизода на „Шорткат“. Во вестите за млади информираме и за предложените измени на Законот за средно образование, невработените магистри и доктори, како и за носењето на новата Стратегија за ментално здравје на младите. „Шорткат“ ќе биде објавена ...
Без струја вчера останала Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Причина за исклучувањето биле неплатени сметки за електрична енергија и за дистрибуција на истата. Исклучувањето на струјата во библиотеката, во рамки на која функционира и најпосетуваната читалница во главниот град, се случува среде испитна сесија на најголемиот универзитет, „Св. Кирил и Методиј“. Струјата во објектите на оваа јавна установа утрово повторно била ...
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и амбасадорката на САД Анџела Агелер потпишаа меморандум за продолжување на имплементацијата на Фулбрајт програмата за академска размена. „Двете страни ја согледуваме корисноста од Фулбрајт. Размената на знаења и искуства е секогаш добредојдена и за САД како водечка земја во светот во многу области и по многу параметри, а особено за Северна Македонија како земја во развој, која се труди да ги следи ...
Играта Palworld е нов растечки феномен во светот на игрите. Таа изобилува со хумор, во неа во стилот на Pokemon стекнувате другари меѓу секакви комични пародични суштества, што гејмерите веднаш ги класифицираа како „робови”. „Иако изгледа како да е за деца, не е наменета за нив е“, велат луѓето што не ги разбираат игрите, веројатно испровоцирани од експлицитното насилство… Сепак, оваа игра меѓу јутуберите и стримерите на Твич веќе е не само хит, ...