
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Учениците од СОУ „Јане Сандански“ – Штип се победници на првиот национален турнир за средношколци во друштвената игра за политичка едукација „Изборологија“. Турнирот на кој се натпреварувале десет средни училишта од цела земја го организираа здружението ЛЕАД во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер. Настанот ја нагласи важноста на политичкото образование и едукацијата на младите гласачи пред остварувањето на нивното право на глас, велат од ...
Знаете ли што значи дипфејк? Како да препознаете лажни видеа, аудија и фотографии кои шират дезинформации на социјалните мрежи? Кои алатки да ги користите за да можете полесно да утврдите кои видеа, аудио содржини или фотографии се направени со помош на вештачка интелигенција, а кои се автентични? Ова е темата на „Сајбер шејк“ настанот – дискусија за млади „Дипфејк или реалност“, кој ќе се одржи на 21 февруари 2024 година во 18 часот во кафе и ...
Министерството за животна средина и просторно планирање информираше дека, согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем од вчера, 8 февруари, среднодневните концентрации на ПМ 10 честичките се под дефинираниот праг на алармирање од 150 микрограми на метар кубен. Поради ова, епизодата со надминување на прагот на алармирање за ПМ 10 честичките во Струмица е прекината, а со тоа и мерките и препораките кои стапија на сила во средата. ...
Тим од дваесетина студенти, во една од лабораториите на Машинскиот факултет при УКИМ го подготвува првиот македонски болид кој летоска треба да замине на светски натпревар во Хрватска. Обединети под името MES Racing, овие студенти работат на производство на тркачки автомобил кој треба да стигне до формула тест патеката Бугати Римац во хрватска Велика Горица. Она што тие го подготвуваат треба да настапи на Формула Студент концептот на натпревари ...
За годинава се најавени неколку игри на тема „Источни воини” – самураи, нинџи, кинески воини. Претходниците на игрите што ги презентираме се несомнено “Sekiro”, “Nioh” 1 и 2, “Wu Long: Fallen Dynasty” и “Ghost of Tsushima”. За новите игри, коишто се Souls Like игри со зголемена тешкотија, односно Where Winds Meet, Phantom Zero Blade и Rise of the Ronin неодамна излезе гејмплеј. Почнуваме со Where Winds Meet: За неа пишувавме уште при првата ...
Дваесетина македонски студенти во моментов го подготвуваат првиот македонски болид. Тркачкиот автомобил од лабораторијата на Машинскиот факултет треба да стигне на светски студентски натпревар во Хрватска. За нивната работа, патот што го одат и предизвиците на кои наидуваат дознајте повеќе преку нашиот разговор со Стефан, Георги и Масимо, кои се дел од тимот на MES Racing, во новата епизода на „Шорткат“. Информираме за тоа како помина ...
Италијанскиот стрип-сценарист и писател Алфредо Кастели, чие најпознато дело е авантуристичкиот стрип „Марти Мистерија“, починал вчера во родниот Милано, на 76-годишна возраст, објави издавачката куќа „Серџо Бонели Едиторе“. Кастели, роден во 1947 година, со стрипови почнал да се занимава од најрана возраст, а како тинејџер во 1966 година го објавил првиот италијански фанзин за стрипови „Comics Club 104 “. Со професионално создавање почнал на 16 ...
Собранието попладнево ги донесе измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, со што се предвидени новини околу начинот на користење на оваа државна мерка за студентите. Согласно измените, доколку студентот не го искористи правото на субвенционирање на оброк во некој од деновите, износот му останува достапен за користење на сметката до крајот на тековната седмица, заклучно со ден сабота. Тоа значи дека субвенционираниот оброк ќе може ...
Играта за возрасни, со експлицитни сцени, Inquisitor излегува утре. Иако веќе пишувавме за оваа игра (што може да се прочита овде), сега излезе демото на оваа игра и има нови информации и од луѓе што имале пристап до целосната игра, повторно се навраќаме на неа. Демото за оваа игра е добра можност да се запознаете со неа, а во продолжение го споделуваме и трејлерот, којшто беше најавен на GamesCon 2023: Полскиот писател Јасек Пиекара, којшто е ...
Како што сликите генерирани со помош на вештачка интелигенција (ВИ) стануваат сè пореалистични, така излегуваат сè повеќе прашања околу регулирањето на истите. Имено, компаниите OpenAI и Мета, сопственикот на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, најавија дека ќе започнат со обележување на сликите кои се генерирани со вештачка интелигенција. OpenAI, познати по четботот ChatGPT и генераторот на слики DALL-Е, најави дека ќе стави т.н. воден жиг ...
Случаите на дигитално родово базирано насилство кај нас се секојдневие. Иако не секој умее да го препознае и пријави, сепак, од евиденцијата на невладините организации кои се бават со оваа проблематика, се гледа дека бројот на пријави расте. Во С. Македонија нема официјална статистика и не се води прецизна евиденција за вкупниот број на пријавени случаи. За тоа, што претставува дигитално родово базирано насилство, како истото да се препознае, но ...
Една третина од децата кои учествувале во анкетата на „U-Report“ за безбедноста на Интернет, изјавиле дека доживеале булинг, а 41 отсто веруваат дека инсититуциите не го сфаќаат сериозно проблемот. Според последните податоци (ДЗС, 2023) практично сите (100 отсто) млади на возраст од 15 до 24 години во Македонија користат Интернет и речиси сите (97 отсто) го користат секојдневно по неколкупати. Најалармантна е зголемената закана од сексуална ...
Министерството за образование и наука (МОН) го објави третиот јавен повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта, чии семејства имаат нето плата до вкупно 50.000 денари. Документи треба да достават родители кои досега не поднеле документи за оваа намена, додека останатите кои веќе аплицирале на останатите два повици, не треба да доставуваат документи (освен потврда за плата, ако во семејството има промена во ...
Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев одлучи да не ја потпише Б-интегрираната дозвола за компанијата „Кепс Монт груп“ која треба да ја исчисти депонијата со згура на некогашната топилница. Колев, на последната седница на Советот на Велес, изјави дека сериозно го анализирал барањето на „Кепс монт груп“, и дека смета дека е грешка што остатоците на депонијата се третираат како техногена минерална суровина. Тие, според него, треба да се ...
Со црвени картони и транспаренти преку кои побараа системски промени, дел од македонските студенти денеска протестираа пред Министерството за образованиеи и наука (МОН). Тие порачаа Министерството да работи поорганизирано и да ги почитува роковите што им ги дава за исплата на финансиската поддршка од повеќе мерки – стипендии, ваучери за меѓуградски превоз и субвенциониран оброк. Стипендиите и средствата за меѓуградски превоз што утрово им легнаа ...
До 1 март е отворен конкурсот за сите заинтересирани млади студенти, новинари, членови на граѓанскиот сектор, активисти или ентузијасти да аплицираат на тродневната работилница за Проверка на факти и други средства за борба против дезинформации, што ја организира Фондација Метаморфозис во партнерство со Меѓународниот центар за новинари. Најдобрите шестмина учесници на серијата од три работилници, од која една веќе се одржа, ќе имаат можност за ...
Започна протестот на студентите пред Министерството за образование и наука каде стотина студенти порачаа дека бараат промени. Целта на протестот е да се истакне потребата од поголема ефикасност на институцијата, да се искаже револтот на студентите за ненавремента исплата на продолжените студентски стипендии, задоцнетите исплати на ваучерите за превоз и доцнењата со исплатите по склучувањето на спогодбите за ретроактивна исплата на стипендиите. ...
Фиби Бриџерс, СЗА, Тејлор Свифт и Викторија Моне беа меѓу најнаградените изведувачи при овогодинешното издание на Греми наградите кои се одржаа пред неколку часа во Лос Анџелес. СЗА беше најноминиран артист оваа година во вкупно 9 категории, а понесе трофеи за 3 од нив. Таа настапи на церемонијата, рекреирајќи ја борбената сцена „Crazy 88“ од „Kill Bill“ на Квентин Тарантино при настапот на нејзиниот хит со исто име, кој беше прогласен за ...
Вечерва во „Котур кафе и филм“, ќе се одржи премиерата на перформансот „Два пати Мери“. Тоа е интердисциплинарен перформанс кој комбинира изложба на фотографии, театарска претстава, видео и поезија. „Се изведува од два тима во исто време на две различни локации, во Прага и во Скопје. Публиката ќе може низ сите канали да го следи животот на двајца луѓе, да види како се претвораат во насилник и жртва, и која е улогата на општеството во таа ...
Од утрово студентите-постојни корисници на студентска стипендија, кои го продолжиле ова право, на своите трансакциски сметки ги добиваат првите исплати за оваа учебна година. Според информациите од повеќе студенти кои се обратија до Мета.мк, денеска пристигнуваат четири рати за стипендиите, односно околу 24.200 денари. Министерството за образование и наука (МОН) денеска ја исплаќа и финансиската поддршка за меѓуградски превоз за јануари, со ...
Студентите утре ќе излезат на протест пред Министерството за образование, како знак на револт заради ненавременото исплаќање на обврските кон нив. Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, заедно со Факултетските студентски собранија на УКИМ и со поддршка од Универзитетските студентски собранија на УКЛО, УГД, Мајка Тереза, АУЕ-ФОН и Американ Колеџ ги повикаа студентите да се соберат утре, во 14 часот, ...
Дванаесеттото издание на фестивалот за домашна независна музика „Земјорес“ ќе започне во 19 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Ќе изведуваат над 20 македонски артисти, вклучувајќи бендови и диџеи, кои ќе настапуваат на три различни сцени – во салата „25 мај“, во бифето пред киносалата „Фросина“ и на „клуб“ сцената во МКЦ. „Денес! Земјотрес #12! Вратите на МКЦ се отвораат од 19 часот. Програмата трае до 04:00! Доколку сé уште ...
Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ) вчеравечер на социјалните мрежи најави студентски протест во понеделник (05.02) во 14 часот пред Министерството за образование (МОН). Тие велат оти протестираат против неправдите врз студентите и против неефикасното работење на МОН. Протестот на студентите доаѓа по реакциите од студентските организации дека стипендиите за постојните и новите ...
Училиштата доставија листи со ученици кои ги исполнуваат условите за финснсиска помош и кои ги доставиле потребните документи. Во тие листи се доставени податоци за родителот/старателот кој е подносител на пријавата, а кои се потребни за исплата на парите. Но, грешките во податоците испратени од училиштата, го спречуваат процесот на исплата во Министерството за финансии. Ова е одговорот од Министерството за образование и наука (МОН) на прашањето ...
Во земјите од Западен Балкан смртноста поради загадувањето со ПМ 2,5 честичките е речиси двојно поголема отколку во земјите во Европската Унија. Ова го покажа ново истражување објавено во декември 2023 година во списанието Environment International, спроведено од Joint Research Centre на Европската Унија (JRC) во Испра, Италија, со меѓународен тим на истражувачи од Италија, Холандија, Белгија, Србија и Албанија, пренесува Клима101. Дополнително, ...
На иницијатива на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и бројни младински организации, Град Скопје отпочна со подготовки за престижната титула за град на млади, која ја доделува Европскиот младински форум со цел да ги охрабри младите да го зголемат младинското учество во градовите кои конкурираат за оваа титула. „По големиот успех со изборот на Град Скопје за Европска престолнина на културата за 2028, оваа кандидатура ќе претставува ...
Под слоганот „Отвори го умот за нови перспективи, приклучи се во дебатниот клуб на Младински образовен форум“, МОФ отвора повик за пријавување во студентски дебатни клубови кои ќе се формираат на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Филозофскиот факултет и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Ќе се организираат обуки што ќе бидат бесплатни и отворени за студенти на ...
Загрижувачки податоци од Институтот за јавно здравје. Во Македонија годишно има над 3.800 смртни случаи кои можат да се препишат на аерозагадувањето. Повеќе за извештајот дознајте во новата епизода на „Шорткат“. Во вестите за млади, кои од оваа епизода се со освежен визуелен идентитет, ви носиме информации за студентите и партиципацијата што тие (ќе) ја плаќаат на УКИМ, за годинешното издание на „Глобал Гејм Џем Скопје“ и за повиците дипфејкот ...
Студентите што ги продолжија стипендиите, најдоцна до утре ќе ги добијат средствата за неколку месеци, информираа за Мета.мк од Министерството за образование и наука (МОН), по реакциите на студентите дека стипендиите им доцнат со месеци. За новите корисници на стипендии, пак, кои потпишаа договор со МОН годинава, исплата на стипендиите ќе има во текот на следната седмица. Најдоцна до утре ќе биде исплатена и финансиската поддршка за меѓуградски ...
Неколку факултети на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) во Битола им ги зголемија трошоците на студентите што подготвуваат документација за летна студентска работа во странство, и тоа повеќекратно. Потпис и печат на документ што е потребен за студентска работа во Германија, студентите на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) и Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) сега ги чини илјада денари. За споредба, ...