
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Народната банка обезбедува финансиска едукација преку која ги информира граѓаните за ризиците од кибернапади, како што е измамата преку сомнителни пораки (фишинг), соопштија денеска оттаму. Ова го прават заради брзиот технолошки развој и дигитализацијата и сѐ повисокиот износ на електронски трансакции, кои наметнаа потреба од јакнење на свесноста и засилена едукација на граѓаните за безбедносните стандарди во борбата против измамите преку ...
Нема да продолжат гарантираните цени на производите во маркетите од следниот месец, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши за МИА. Редот во нелојалната конкуренција, Бектеши вели дека ќе се става со носењето на Законот за нефер трговски практики, кој според него ќе доведе и до намалување на цените на прехранбените производи. Очекувањата на Бектеши се ова законско решение, да биде усвоено во Собранието најкус можен рок. ...
За околу 35 отсто ќе се намалат февруарските сметки за топлинска енергија за училиштата, деловните корисници и јавните институции, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). „Пониски сметки за парно ќе добиваат околу 1.200 потрошувачи приклучени на централно градско греење на ЕСМ снабдување, ЕСМ Енергетика, Скопје Север. Овие корисници трошат 20 отсто од потребните количини на топлинска енергија на ниво на град Скопје и меѓу нив ...
Државните пазарни инспектори правеле контроли и вршеле надзори во сите големи синџири маркети во државата, а целта била да се види дали се почитуваат антикризните мерки за намалување на цените. Како што информира директорот Горан Трајковски, од првичните информации, имало прекршоци, но ќе се почека да завршат надзорите во целост. Трајковски кажа дека ДПИ нема надлежност да влијае врз формирањето на пазарната цена, која ја одредуваат трговците до ...
Граѓаните на Македонија, Србија и Албанија од денеска можат да ја користат мерката Слободен пристап до пазарот на трудот во рамки на „Отворен Балкан“, соопштија од Владата. Мерката произлегува од меѓународните договори потпишани меѓу трите државни членки на иницијативата Отворен Балкан и има за цел да придонесе кон остварување на бариерите кои ја попречуваат трговијата и слободното движење на луѓето, како и да овозможи користење на електронски ...
Комисијата ги повикува властите на Северна Македонија да вложат постојани напори за да обезбедат независност, професионализам, транспарентност и непристрасност на судството. Комисијата ја истакна потребата да се подобрат досегашните резултати во борбата против корупцијата, особено на високо ниво. Ова се дел од заклучоците од 18. состанок на Поткомитетот за стабилизација и асоцијација за правда, слобода и безбедност меѓу Европската комисија и ...
Повеќе од 400.000 песнопојни птици биле убиени во Кипар минатата есен што е резултат на зголемување на криминалот со животни, покажува нов извештај. Гардијан јави дека групите за организиран криминал користат мамки и звучници кои имитираат птичји звуци за да ги намамат птиците да се гнездат во грмушки или овоштарници, каде што ги фаќаат со мрежи или гранки покриени со лепак. Птиците потоа ги продаваат преку скриениот пазар во ресторани за да се ...
Неофицијалниот рок за финализирање на договорот за примирје меѓу Израел и Хамас се наближува, а преговорите не одат глатко. Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави оти топката е кај движењето Хамас, кое се очекува да донесе одлука до понеделник, почетокот на Рамазан, пренесува Гардијан. Од Хамас, пак, велат дека топката е на израелската и американската страна и дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е тој кој не сака да направи компромис за ...
Кандидатката за републиканскиот претставник на претстојните претседателски избори во САД Ники Хејли денеска најави дека се повлекува од претседателската трка, пренесува Си-ен-ен. Ова известување доаѓа ден по „Супер Вторник“, односно денот на кој се гласа во 15 американски држави за кандидат за претседател истовремено. Нејзиниот противкандидат Доналд Трамп победи во 14 од 15 држави, а претходно имаше победено во 8 други држави, додека Хејли ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека досегашната премиерка Ана Брнабиќ ќе биде кандидатка за претседателка на Собранието на Србија. Одлуката е донесена по состанокот на претседателството на владејачката Српска напредна партија (СНС). Таа истакна дека новата функција ќе биде голем предизвик за неа и дека ќе мора многу да научи, објавено е на страната на СНС Инстаграм, пренесува Н1. „Ова сега е сосема друга работа и почнувам да учам ...
Ракетен напад во пристанишниот град Одеса таргетирал место во непосредна близина на украинскиот претседател Володимир Зеленски и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој бил на посета во градот, пренесуваат Би-би-си и Гардијан. Нападот врз пристаништето резултирал со смртта на најмалку пет лица, соопштија украинските воздушни сили. „Слушнавме сирени како и експлозии што се случија во нашата близина. Немавме време да стигнеме до засолниште. Тоа ...
Бугарското министерство за надворешни работи (МНР) го повикало на средба македонскиот амбасадор во Софија, како што велат, „во врска со неодамнешните јавни коментари“ на овдешни политичари кои ширеле „неточни тврдења“, но не прецизираат за кого точно станува збор. Оттаму посочуваат дека постојано поддржуваат конструктивен тон и се воздржуваат од коментари. Тоа го прават, како што велат, „со разбирање дека е неопходно да се обезбеди конструктивна ...
Легализацијата на истополовиот брак во Грција продолжува да предизвикува строги реакции од Грчката православна црква, која апелира да се екскомуницираат пратениците на грчкиот парламент кои ја изгласале легислативата, пренесува Гардијан. Од црквата велат дека пратениците направиле „врвна духовна и морална грешка“ со тоа што го изгласале законот за истополов брак, кој исто така им го даде правото на посвојување на деца на истополoвите брачни ...
Шведска и официјално ќе се приклучи во НАТО, откако Унгарија конечно, во понеделникот даде одобрение. Унгарија беше последната членка на западната алијанса што ја ратификуваше кандидатурата. Шведскиот премиер Улф Кристерсон во Вашингтон официјално ќе му ги предаде на шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен документите за ратификација до кои земјата стигна по долги борби со одделни членки на Алијансата. Аналитичарите велат дека ...
Владата на Србија ја покани Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) да ги набљудува претстојните локални избори во Белград, соопшти Кабинетот на премиерката Ана Брнабиќ. Според соопштението на премиерката, испратено е барање до Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР) за да помогне во транспарентноста на избирачкиот процес. По парламентарните и локалните избори на 17 декември, избори ќе се одржат ...
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека верува оти израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „повеќе го повредува Израел отколку што му помага“ во пристапот кон војната против Хамас во Газа. Во вчерашно интервју за „MSNBC“, Бајден изрази поддршка за правото на Израел да го гони Хамас, но за Нетанјаху рече дека „мора да посвети повеќе внимание на изгубените невини животи како последица на преземените активности“, пренесува Гардијан. ...
Европа е континентот кој најбрзо се загрева, а климатските ризици ја загрозуваат енергијата на континентот, безбедноста на храната, екосистемите, инфраструктурата, водните ресурси, финансиската стабилност и здравјето на луѓето, се наведува во извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА) објавен денеска. Според агенцијата, многу од овие ризици веќе достигнале критични нивоа и би можеле да станат катастрофални без итна и решителна ...
Организацијата на жени од Струмица соопшти дека направила „пост-осмомартовска“ урбана акција во за унапредување на правата на жените. Акцијата, извршена во соработка со Центар за современа уметност од Скопје, вклучува секакви натписи и инсталации. На пример, на градска чешма ставиле плакат на кој пишува дека „доколку се напиете од оваа волшебна вода, ќе си го просветлите мислењто за борбата за женските права“. Друга инсталација вклучува голема ...
Непримерното спинување веќе започна меѓу двете најголеми политички партии за своите претседателски кандидати. Првата потешка артилерија беше употребена за докажување, кој е поголем патриот во однос на прашањето со Бугарија. СДСМ со фотографија стара 5 години ја нападна професорката Сиљановска Давкова, додека ВМРО-ДПМНЕ со извртување на зборовите и со користење на полуизјава, невистинито тврди дека за Пендаровски, Гоце Делчев бил Бугарин, пишува ...
Шест политички партии денеска го потпишаа Студентскиот манифест кој минатата недела го претстави Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) и кој беше подготвен во соработка со уште пет други студентски собранија од останатите државни и еден приватен универзитет. Студентскиот манифест, како што појаснија од УСС УКИМ, е продолжение на студентската борба за подобар студентски стандард, односно ја ...
Голем дел од дезинформациите кои се однесуваат на светските случувања во земјите од Западен Балкан, се стремат кон обликување негативна перцепција за Украина и Западот (НАТО, ЕУ и САД) и генерираат поддршка за геополитичките цели на Русија во регионот. Ова го покажа последниот мониторинг извештај за последниот квартал од 2023 година, кој го изработи Фондацијата „Метаморфозис“. Во кој правец се движат дезинформациите во Западен Балкан, кои се ...
Kлучниот сведок во истрагата за импичмент на претседателот Џо Бајден, за наводно примање мито од украинска фирма преку неговиот син Хантер Бајден, покрената од републикански политичар од претставничкиот дом на САД, испадна дека не ја говорел вистината кога споделувал доверливи информации до Федералното истражно биро (ФБИ). Не само тоа, туку и според неговите изјави, тој имал контакт со руски претставници кои му ги споделувале овие дезинформации. ...
Нагласувањето на потреба од 61 пратеник за успешно владеење и истакнување на хиперболизираната политичка реторика дека „државата е во потполн хаос“, и дека „ништо не функционира“, нема поткрепа во реалноста и во суштина се спинови. Тие повеќе служат како со време кажано алиби на Мицкоски за евентуален утрешен застој, или неуспех да се испорача ветеното во предизборната кампања или во партиската програма, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. ...
Во манипулативна објава се пласира познатиот навредлив, непримерен, пропаганден наратив со кој се сатанизираат НАТО и ЕУ. Наспроти тврдењата во објавата, НАТО не е поврзана со религиозна војска, туку во Алијансата можат да пристапат војници без разлика на верската припадност. Вредностите за кои се залага ЕУ немаат никаква врска со легализација на педофилијата. Напротив, тоа е кривично дело во сите држави на ЕУ. Ваквата пропаганда против Западот ...
Полициски службеници вчера на преминот Табановце на границата со Србија привеле граѓанин на Грузија. 39-годишниот Р.Ш., при влез во државата, сторил кривично дело „нудење поткуп“. На граничниот премин дошол со патничко возило „Киа“ со грузиски регистарски ознаки, а во документите за пасошка контрола што им ги приложил на службениците, ставил банкнота од 20 евра. Грузиецот е лишен од слобода, а утврдено било и дека зелениот картон што го приложил ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денари за литар, одлучиле во Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Така, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 82,5 денари, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 84,5 денари, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 76,5 денари, а ...
Среде епидемија на голема кашлица (пертусис), денеска во градинките се примаат деца без примена вакцина ДиТеПер, односно деца кои не ги примиле сите потребни дози. Мета.мк се јави во неколку градинки, а директорките со кои поразговаравме, рекоа дека не добиле никакво решение од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) за забрана за прием. Ова се случува иако пред четири дена, од ДСЗИ беа децидни и рекоа дека од денеска нема да се ...
Осум деца и едно возрасно лице починаа откако јаделе месо од морска желка на островот Пемба во архипелагот Занзибар. Уште 78 други лица се пренесени во болница, соопштија властите вчера, а пренесе Гардијан. Месото од морска желка се смета за деликатес во Занзибар, но јадењето на ова месо понекогаш резултира со смртни случаи поради хелонитоксизам – вид на труење со храна. Возрасната жена која починала доцна во петокот била мајка на едно од децата ...
Седумдесет и три борбени судири имале украинските први борбени линии во изминатите 24 часа, од кои најголем дел во областа Новопавливка, јави украинската државна новинска агенција Укринформ, повикувајќи се на соопштение од Генералштабот на вооружените сили на Украина. „Непријателот изврши вкупно 5 ракетни напади, 95 воздушни напади и 136 напади користејќи повеќе ракетни фрлачи врз позициите на нашите војници и населбите“, соопшти Генералштабот ...
Студент е осуден на 10-дневен затвор во Москва, откако ја именувал својата „Wi-Fi“ мрежа со про-украински слоган, пренесе Би-би-си. Студентот на Московскиот државен универзитет ја преименувал својата интернет мрежа во „Slava Ukraini!“ (Слава на Украина!). Московскиот суд во четвртокот го прогласи за виновен за прикажување „симболи на екстремистички организации“. Студентот бил уапсен во средата наутро, откако полицаец го пријавил името на мрежата ...