Малата депонија со линдан во Охис ќе се чисти уште најмалку три години, а во моментов се подготвува тендер за избор на изведувач кој ќе треба да го заврши чистењето. Досега целосно се исчистени два и поголем дел од третиот базен на депонијата, а остануваат уште два. Од Министерството за животна средина велат дека на крајот на декември е потпишан нов договор со УНОПС за обезбедување на средствата за чистење на малата депонија во висина од 750 ...
Линданот во Охис ќе се чисти уште најмалку три години, објави Мета.мк, откако Министерството за животна средина потврди дека во тек е подготовка на нов тендер за избор на изведувач што треба да го доврши расчистувањето на малата депонија во поранешен ОХИС. Иако чистењето почна во март 2022 година и првично беше најавено дека ќе трае најмногу 18 месеци, сега Владата очекува проектот да се затвори дури во следните три години, со нова финансиска ...

