
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Вчеравечер во „Синеплекс“ се одржа премиерата на македонскиот филм „Бизнисот на задоволството. Дебитантскиот филм на режисерот Гоце Цветановски се врти околу новинарката Елени, која е опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка што станала жртва на сексуална трговија. Новинарката подготвува тајна операција за да ја разоткрие криминалната мрежа. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од ...
Во новиот циклус на „Проектот за размена на суперучилишта за Западен Балкан“, вклучени се петнаесет средни училишта од Македонија заедно со нивните партнерски училишта од регионот. Министерката за образование и наука Весна Јаневска на настанот каде беа претставени наградените проекти за оваа учебна година, изјави дека создавањето силни врски меѓу средните училишта во регионот ја промовира благородната идеја за заедништво меѓу младите, ги ...
Познатиот стрип автор и музичар Антонио Аранѓеловиќ, попознат како „Тонио Сан“ на 19 септември во просториите на Младинскиот културен центар Скопје (МКЦ Скопје) ја промовираше својата нова графичка новела „9 Животи“. Графичката новела црпи инспирација од модерниот и мрачниот свет на младите и начинот на кој го гледаат и доживуваат. Авторот преку главниот лик „Дежа Ву“ го раскажува светот преку негова перспектива – како младиот и несфатен ...
Објава на Фејсбук ја опишува Русија како мечка на која Украинците и Западот сакаат да ѝ влезат во дувлото и да ја уловат, иако се некадарни за таков подвиг. Но, како прво, споредбата на Русија со мечка гонета од ловци е неточна, затоа што таа држава не е мета на агресија, туку агресор, и како второ, како одговор на нејзиното однесување, Украинците упаднаа на нејзина територија, во Курската Област, што е прв странски воен упад во Русија по 1941 ...
САД не спровеле државен удар во Украина во 2014 година и не се виновни за депопулацијата на Украина, како што сака тоа да го прикаже објавата која ја анализираме. Точно е дека Украина има најголема смртност и најмал наталитет во последната година, но тоа, како што покажуваат анализите на украинските официјални институции, се должи на руската инвазија, а не на Америка. Во последните две години морталитетот особено е зголемен во регионите кои се ...
НАТО не препорачува и не подготвува војна. НАТО е одбранбена алијанса и мит е дека оваа организација е во војна со Русија или сака да предизвика конфликт со Русија, како што тоа сака да го прикаже пропагандата на Кремљ, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме во целост: Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која тврди дека НАТО препорачува и прави војна. НАТО препорачува и прави војна : ” БИДЕТЕ СПРЕМНИ ЗА ВОЈНА “. Нато и Русија ...
Ирански хакери до кампањата на актуелниот американски претседател Џо Бајден испратиле доверливи информации украдени од кампањата на неговиот ривал Доналд Трамп. Хакерите испратиле мејлови на луѓе поврзани со тогашниот демократски кандидат во обид да се мешаат американските избори што треба да се одржат годинава, соопштија ФБИ и други американски агенции. ФБИ на 12 август потврди дека ја истражува жалбата од претседателската кампања на Доналд ...
Иако беше ветено, претходната Влада на Северна Македонија не успеа да го формира Секретаријатот за родова еднаквост. Работата за предлог законот за родова еднаквост, врз основа на кој е предвиден овој секретаријат, е запрена, а работната група веќе една година не одржала состаноци. Ниту актуелната влада не дава позитивни сигнали за формирање на овој секретаријат, пишува Порталб.мк. Иако партиите постојано се залагаат за родова еднаквост и борба ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истрага против 25-годишник од тетовско Боговиње кој е осомничен дека сторил две кривични дела „разбојништво“. На 12 септември влегол во обложувалница на улицата “Никола Тримпаре” и со скалпер се заканил по животот на една вработена и одзел 211.680 денари од сефот и касата. На 14 септември, на сличен начин, од обложувалница во трговскиот центар “Лептокарија”, ...
Пензионер на 78 годишна возраст од Облешево, кочанско, заболел од западно-нилска треска, па починал една недела откако бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС), информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Ова е прв смртен случај во земјава од оваа болест, а е четврти евидентиран случај на заболен. Како што информираат во ИЈЗ, првичните симптоми кај пациентот започнале на 9 овој месец, со намален ...
Контроверзниот стример „АјШоуСпид“ (IShowSpeed) постигна монументална пресвртница на Јутјуб, додека беше на својата туренија низ Индонезија. Тој достигна еден милион истовремени гледачи на својот стрим. Со ова, младиот стример направи огромен рекорд бидејќи неговата содржина беше првиот пренос во живо со над еден милион истовремени гледачи на содржина направена од креатор, а не содржина како пренесување фудбалски турнир или прикажување на нови ...
Социјалните медиуми и онлајн видео компаниите собираат огромни количини лични податоци на корисниците на и надвор од нивните интернет-страници или апликации и ги споделуваат со широк опсег на трети лица, потврди новиот извештај на Федералната трговска комисија на САД за девет технолошки компании. Извештајот на Комисијата кој беше објавен вчера содржи информации за практиките за собирање податоци на Фејсбук, Ватсап, Јутјуб, Дискорд, Редит, ...
Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ), како организатор на Балканската Олимпијада по Информатика (БОИ) ги презентираше клучните детали од претстојното 31. издание на овој настан. Балканската Олимпијада по Информатика е натпревар во програмирање за средношколци од регионот на југоисточна Европа. Овогодинешното, 31. издание на Балканската олимпијада по информатика ќе се одржи во Охрид, од 20 септември до 26 септември. Годинава на БОИ ќе ...
Апликациите за Чивнинг стипендиите за студирање во Обединетото Кралство се официјално отворени од 6 август до 5 ноември 2024 година. Потенцијалните кандидати можат да ги поднесат своите апликации на chevening.org/apply, потсетуваат од Министерството за образование и наука. Чивнинг стипендиите се доделуваат на лица од секаков профил кои можат да покажат дека ја имаат посветеноста и вештините кои се потребни за да станат идни лидери. Апликантите ...
Филозофскиот факултет ги повлече новововедените трошоци за „онлајн ресурси“ и „материјални ресурси“, што студентите на овој факултет требаше да ги плаќаат при запишувањето на претстојниот зимски семестар. Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) соопшти дека ваквата одлука била донесена во координација со деканот на овој факултет. Според студентското собрание, наместо 5.600 денари колку што биле ...
Мисијата на ОБСЕ распиша Конкурс за есеи за студенти на македонските универзитети. Темите вклучуваат корупција и млади, корупција и избори, криминални аспекти на корупцијата и корупција и криминал. Право на учество имаат студенти на дипломски и постдипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и Универзитетот на Југоисточна Европа. Есеите ...
На затворањето на меѓународната изложба „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ на 24 септември ќе се промовираат и публикациите „Прекарно за почетници“ и „Острови на сродство: Колективен прирачник за инклузивни и одржливи уметнички институции“. „Прекарно за почетници“ ги разгледува работничките права на независните уметници и културните работници, како и напорите за подобрување на нивните услови. Таа ги истражува овие прашања ...
Папата Франциск изјави дека американските гласачи на претседателските избори ќе треба да изберат помеѓу „помалото од двете зла“, зборувајќи на антимигрантската политика на поранешниот претседател Доналд Трамп и поддршката на правата за абортус на потпретседателката Камала Харис, кои тој ги оценува како акции против животот. „Човек мора да го избере помалото од двете зла. Кој е помалото од двете зла? Не знам. Секој со совест треба да размисли за ...
Поплави ја зафатија централна и источна Европа. Загина пожарникар во Австрија, а човек во Полска се удави во поплава предизвикана од бурата наречена Борис, пренесува Би-би-си. Австриската покраина во која се наоѓа Виена е прогласена за област на катастрофа. Претставници од покраината велат дека станува збор за „невидена екстремна ситуација“. Полскиот премиер Доналд Туск го потврди претходно споменатиот смртен случај во неделата и ги повика ...
Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп е безбеден и неповреден откако агенти на американската тајна служба отвориле оган кога забележале лице со огнено оружје на теренот за голф западно од Палм Бич, каде што се наоѓа одморалиштето на Трамп, Мар-а-Лаго. Официјални лица информираа дека напаѓачот се наоѓал во грмушки во близина на имотот на теренот за голф, кога агентите на Тајната служба, кои ...
„Њујорк Тајмс“ објави детали за Рајан Весли Рут, 58-годишниот човек кој е поврзан со вчерашниот обид за атентат врз поранешниот претседател и претседателски кандидат Доналд Трамп. Тој изразувал екстремни ставови и неколкупати повикувал на насилство на социјални мрежи. Непосредно по руската инвазија на Украина во 2022 година, тој објавил на социјалната мрежа Х: ЈАС СУМ ПОДГОТВЕН ДА ЛЕТАМ ДО КРАКОВ, ДА ОДАМ ДО ГРАНИЦАТА СО УКРАИНА, ДА СЕ БОРАМ И ...
Бројот на загинати во поплави предизвикани од поројни дождови кои ја зафатија централна Европа, се искачи на 16, а уште неколкумина се водат како исчезнати, пренесува „Гардијан“. Властите пријавиле смртни случаи во Чешка, Полска и Австрија и предупредија дека „најлошото можеби допрва доаѓа“. Шефот на чешката полиција, Мартин Вондрашек, изјави дека една жена се удавила во поток што се излеал од коритата во близина на Брунтал, град со околу 15.000 ...
Сопственикот на социјалната мрежа Фејсбук – компанијата „Мета“ вчера соопшти дека ги забранува „Раша Тудеј“ (ТР), „Росија Сегодња“ (Rossiya Segodnya) и другите руски државни медиумски мрежи, тврдејќи дека овие медиуми користеле измамнички тактики за да вршат операции на влијание, пренесе „Гардијан“. Спроведувањето на забраната ќе се случи во текот на следниве денови. Освен на Фејсбук, медиумите ќе бидат забранети и на Инстаграм, Вотсап и Тредс. ...
Претседателката на Европска комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен го претстави новиот состав на ова тело. Политичкото тргување го одложи претставувањето на тимот на Фон дер Лајен, откако таа беше принудена да лобира во поединечни земји-членки да ги заменат нивните машки кандидати со жени за да се зајакне родовата eднаквост. Претставувањето на составот на ЕК доаѓа еден ден откако францускиот еврокомесар Тиери Бретон драматично поднесе оставка, ...
На социјалните мрежи Инстаграм и Твитер во Македонија во тек е кампања на етничка основа која повикува на бојкот на маркетите „Кипер“ и „Кит го“ само поради тоа што нивните сопственици се Албанци. Кампањата изобилува со екстремни пораки на етничка, религиска и национална основа според кои причината за бојкотирање на овие маркети е заради тоа што „вработената во КАМ или Стокомак се вика Светле, или Горде што е далеку помилозвучно од Шпреса или ...
Од 12 до 14 септември во Маврово, се одржa работилница за лидерска група за родова еднаквост, организирана од здружение ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, со поддршка од Британската амбасада во Скопје, информираат оттаму. На работилницата успешно биле остварени целите во насока на унапредување на знаењата и вештините на учесниците за концептите на род, родова еднаквост и социјална инклузија, како и за засилување на ...
Изградба на пругата кон Бугарија ветуваа сите политички елити во овие три децении, а нејзината изградба е започната во октомври 1994 година. Само три дена по изборот на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, власта испрати пораки дека пругата кон Бугарија е така проектирана да биде најскапата во светот и да завршува во тунел без излез од другата страна. Набрзо следеше најава од Мицкоски за запирање на изградбата на оваа пруга и пренасочување на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави ќе му биде врачен демарш на бугарскиот амбасадор во Северна Македонија Желјаско Радуков во врска со неистакнувањето на македонско знаме за време на посетата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Софија при средбата со бугарскиот претседател Румен Радев. „Во минатото кога се понижуваше и распродаваше достоинството македонско тогаш се молчеше, се виткаше кичма и се соблазнуваа со тие кои нè ...
Истражувањето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), покажа дека економската придобивка од пешачењето на 191 учесник за една година изнесува 108.808 евра и 3 предвремено спречени смртни случаи за 10 години и заштеда од 1 милион евра за истиот период, објавија оттаму, по повод Европска недела на мобилност (16 – 22 септември). „Ова е водечка кампања на Европската комисија за подигање на свеста за одржлива урбана мобилност. Промовира промена во ...
Бензините Еуросупер БС 98 и Еуросупер БС 95 се намалуваат за еден, односно за половина денар за литар, а дизел горивото се намалува за денар и половина, соопштија во Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). „Малопродажната цена на Еуросупер БС 95 изнесува 73,5 за литар, а малопродажната цена на Еуросупер БС 98 изнесува 75,5 денари за литар. Литар дизел гориво чини 67 денари“, информира РКЕ. Малопродажната цена на екстра лесното масло за ...