Јулски пораст на цените на шеќерот, месото, маслото на светските берзи. Ценовно намалување кај млекото, млечните производи и житариците. Домашните финансиски институции очекуваат контролирана и намалена инфлација во 2024 година, но, сепак, засенета од ризици, пишува Порталб.мк. Во маркетите и на зелените пазари се забележува ценовен раст кај производи што содржат шеќер, какао, потоа кај дел од млечните производи и безалкохолните пијалаци. Цени ...

Јавното сообраќајно претпријатие ги известува патниците дека по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), утре ќе се работи по неделен возен ред. „Исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред. Утре (среда), дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар“, наведено е во соопштението на ...

Северна Македонија треба да добие 750,4 милиони евра за периодот 2024-2027 година, а парите ќе бидат условени со реализација на конкретни квалитативни и квантитативни чекори поврзани со мерките за планираните реформи, соопштија од Владата. Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, на прес-конференција информираа за нацрт-реформската агенда од Планот за економски раст на Западен Балкан на ЕУ. „250 милиони ...

Обвинението против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во врска со неговото поткопување на претседателските избори во 2020 година, претрпеа промени, пренесува Би-би-си. Суштината на обвинението останува во голема мера исто. Промените во него се обид да се заобиколи неодамнешната контроверзна одлука на Врховниот суд, со која им се дава многу поширок имунитет на поранешни американски претседатели. Трамп постави три од деветте члена ...

Израелските сили утрово започнаа обемна офанзива во Западниот Брег. Офанзивата вклучува напади со тенкови и артилериски оружја, воздушни напади, како и рации во камповите за бегалци. Според Црвената полумесечина, најмалку 11 лица досега се убиени, пренесуваат Би-би-си и Гардијан. Израел тврди дека целта на нападот е да се спротивстават на терористички активности во градовите Џенин и Тулкарм. Оваа офанзива доаѓа два дена по воздушен напад врз ...

Во тек е пријавување на повикот за субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Повикот трае до 5 септември и на истиот, освен тековните студенти, можат да се пријават и потенцијалните бруцоши, односно оние кои во меѓувреме ќе аплицираат за упис во прва година на факултет, потсетува Министерството за образование и наука (МОН). За нив, во соработка со високообразовните установи, до 20 септември ќе се проверува дали се примени ...

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ја објави својата анализа насловена „Индекс за социјална инклузија на младите на локално ниво 2023 – 2024“. Во анализата се рангирани општините според нивните перформанси во однос на поддршката на вклученоста и еднаквоста на младите. Според НМСМ, овој ранг служи како алатка за идентификување на области што бараат подобрување и за истакнување на успешни практики што може да се реплицираат во други ...

По 16 години пауза, светско познатиот британски рок бенд „Оејсис“ најавија летна турнеја во Велика Британија и Ирска следното лето, пренесува Гардијан. Во соопштение, менаџментот на бендот рече дека фановите може да очекуваат повеќе концерти и надвор од Европа. „Пушките стивнеа. Коцките се наредија. Долгото чекање заврши. Дојдете да видите. Нема да се пренесува на телевизија“, напишаа „Оејсис“ во најавата за турнејта во 2025 година. Оваа вест ги ...

Добрин Коцев има дипломирано на ПМФ на отсекот за биохемија и работи во струката, но и покрај тоа, тој е еден од највпечатливите оригинални поети во моментот во Македонија. Неговата поезија е несекојдневна и е одличен ковач на фрази и нови изрази со практика на елоквентно себеизразување со едноставни зборови. Со вашата прва збирка поезија „Збрка поезија” направивте „бум“ меѓу поетите во Македонија. Иако правите и хумористични и меланхолични ...

Министерството за образование и наука (МОН) вчера објави дел од резултатите од конкурсот за сместување на ученици во ученичките домови во учебната 2024-2025 година. Списоците со примени ученици во домовите „Здравко Цветковски“– Скопје, „Димитар Влахов“- Скопје, „Партенија Зографски„ – Скопје, „Д-р Панче Караѓозов“– Скопје, „Мирка Гинова“- Битола, „Ванчо Питошески“ – Охрид, „Крсте Петков Мисирков“– Кавадарци, „Лазар Лазаревски“– Велес и У ...

По 16 години пауза, светско познатиот британски рок бенд „Оејсис“ најавија летна турнеја во Велика Британија и Ирска следното лето, пренесува Гардијан. Во соопштение, менаџментот на бендот рече дека фановите може да очекуваат повеќе концерти и надвор од Европа. „Пушките стивнеа. Коцките се наредија. Долгото чекање заврши. Дојдете да видите. Нема да се пренесува на телевизија“, напишаа „Оејсис“ во најавата за турнејта во 2025 година. Оваа вест ги ...

Двата центра за процесирање на мигранти во Шенѓин и Гајдер, Албанија, ќе бидат само тоа – центри за процесирање. Мигрантите спасени на море ќе бидат испратени во центрите каде што нивните барања за азил ќе бидат обработени во рок од 28 дена. Прифатените апликанти ќе бидат пренесени во Италија, додека одбиените ќе останат во притвор пред да бидат репатрирани. Штом Албанија нема да прима и сместува мигранти, нема ни да има такви што ќе се упатат ...

Се намалува бројот на високообразован кадар во земјата кој активно бара работа, покажува евиденцијата на Агенцијата за вработување на Северна Македонија (АВРСМ). Ако се направи споредба/анализа на невработеноста според степен на образование, за изминатите пет години, може да се забележи опаѓање на бројот на лица со високо образование кои бараат работа, а паѓа и бројот на невработени лица кои се стекнале со титула. Така, според евиденцијата од ...

„Сложна заедница, гаража гради“, вели Доброволното противпожарно друштво – Св. Николе (ДПД). Тоа започна онлајн кампања за да собере средства за нова гаража каде би можеле да се чуваат своите ПП возила, за да тие бидат подобро заштитени и побезбедни. Може да донирате на ДПД – Св. Николе на следниот линк. „Седумдесет години старата гаража не нуди услови за заштита и безбедност на нашите ПП возила. Нова гаража е предуслов и за нови возила, а тие ...

Ставање во промет на небезбеден производ, недоследности во однос на хигиената, немање санирани книшки за вработените, недеклариран производ, чување на храна ва амбиентална температура. Ова се само дел од неправилностите кои ги регистрирале инспекторите за храна изминатава недела кај оператори со храна, вклучувајќи го главниот град, поточно, пазарот Бит Пазар, познатата Пластичарска улица и старата скопската чаршија, како еден од најпосетуваните ...

За една недела регистрирани сe 213 нови позитивни случаи на ковид-19, од вкупно 597 тестирани материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Ова е намалување од 21 отсто во однос на минатата недела. Со статус „оздравени“ се стекнале 275 лица, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). „Во текот на минатата недела, пријавени се две починати лица асоцирани со ...

Царскиот орел спасен од пожарите на Пониква, угинал како последица на инфекција, покажала обдукцијата направена на Факултетот за ветеринарна медицина. Птицата не била жртва на огнено оружје и немала скршеници, но била со слабо развиена мускулатура. „Од трупот биле земени материјали за патохистолошко испитување, кое покажало дека златниот орел угинал од како последица на инфективна етиологија. Рентген снимките не покажале присуство на видливо ...

Русија е таа која ги негира украинскиот идентитет и религија, а не западните земји. Западните земји не се „геј системи“ против кои се бори Русија во одбрана на традиционалните вредности, како што тоа сака да го промовира пропагандата на Кремљ. Таквиот став е само оправдување за воената инвазија врз Украина и желбата на Русија да ја претопи Украина и да ја направи своја, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме интегрално: Објава на социјалната ...

Вирусот на мајмунски сипаници бил откриен во 1958 година, кога се случиле две епидемии на болест слична на сипаници во колонии на мајмуни чувани за истражување. И покрај тоа што првично беше наречен „мајмунски сипаници“, изворот на болеста останува непознат, пишува на официјалната веб страница на ЦДЦ. Научниците се сомневаат дека африканските глодари и нечовечките примати (како мајмуните) може да го носат вирусот и да заразат луѓе. Што се ...

Платформата на граѓански организации за борба против корупција реагираше со осуда на оневозможениот пристап на јавноста до информациите од Трезорот и бара итно да се врати во функција порталот „Отворени финансии“. Платформата бара од Министерството за финансии да се овозможи непречен пристап, континуирано и навремено ажурирање на податоците на порталот и нивна достапност во отворен формат, како што беше и досегашната практика. „Порталот ...

Малопродажните цени на моторните бензини од ноќеска се намалуваат за половина денар за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Цената на бензинот Еуросупер БС-95 од вечерва ќе изнесува 77 денари за литар, додека литар Еуросупер БС-98 ќе чини 79 денари. Во меѓувреме, цените на Еуродизелот и Екстра-лесното масло за домаќинство не се менуваат. Дизел горивото и понатаму чини 69,5 денари за литар, додека маслото за ...

Донесена е наредба за спроведување истрага против мајка на шестмесечно бебе кое на 12 јули годинава било оставено на клупа на улицата „8 Септември“ во Велес, соопшти Јавното обвинителство. Бебето го забележал случаен минувач и го однел во велешката Општа болница, каде било примено во тешка општа здравствена состојба. Во текот на предистражната постапка била издадена наредба за утврдување на ДНК профил на бебето и ДНК анализа, со кои се утврдило ...

Со музичко-поетски перформанс на македонскиот пијанист Дино Имери и традиционалното палење на поетскиот оган вечерва свечено се отвори 63. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезија“. Манифестацијата се отвори во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, познат и како Домот на поезијата, во присуство на голем број поети од земјава и од странство, како и на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, владини претставници и љубители ...

Нов бран на манипулирана содржина со ВИ се шири низ регионот и Европа, кадешто се прикажува францускиот претседател Емануел Макрон како наводно се бакнува со маж. Оригиналната фотографија потекнува од таблоидот Voici и оттаму се презема и се креира лажното видео, што потоа се шири низ повеќе социјални медиуми и платформи и во еден куп држави, пишува Вистиномер. Текстот го пренесуваме интегрално: Во регионот повторно се шири видео од францускиот ...

На последниот ден на Демократската национална конвенција, потпретседателката Камала Харис официјално беше номинирана за кандидат за претседател на Демократската партија, пренесува Би-би-си. Таа одржа говор кој покри различни теми, како Трамп, работата што ја има направено во администрацијата на Џо Бајден и што ќе следи во иднината „Со овие избори нашата нација има посебна, но минлива, можност да ја надмине горчината, цинизмот и поделбата од ...

Германската полиција го уапсиле главниот осомничен за нападот со нож во западниот град Золинген во петок, каде пет лица беа убиени, а осум се здобија со тешки повреди, пренесува Би-би-си. Во текот на вчерашниот ден беа приведени две други лица. Едното лице беше приведено по рација во центар за бегалци. Другото приведено лице беше 15-годишно момче, за кое полицијата изјави дека не смета дека е напаѓачот, но за која сметала дека имал информации за ...

Павел Дуров, основачот и извршниот директор на популарната апликација за праќање пораки Телеграм, е приведен во Франција, информираат француските медиуми, а пренесува „Дојче веле“. Дуров бил уапсен на аеродром во близина на Париз. Тој патувал од Азербејџан. Милијардерот, кој е роден во Русија, но има двојно државјанство од Франција и Обединетите Арапски Емирати, живее во Дубаи. Тој претходно ја создаде руската социјална мрежа ВКонтакте. Има ...

Израел лансираше воздушен напад во Либан, со стотина летала, таргетирајќи воени цели поврзани со Хезболах. Исламистичката организација врати со околу 300 беспилотни летала, пренесува Би-би-си. Израелските сили соопштија дека нападот бил превентивен, откако добиле разузнавачки информации дека силите на Хезболах се подготвуваат за голем напад кон Израел. Министерството за здравство на Либан соопшти дека тројца жители биле убиени во нападите, ...

Русија и Украина се согласија на размена на воени заробеници. Секоја страна ќе ослободи 115 заробеници, пренесува Ројтерс. Ослободените руски заробеници сега се во Белорусија, а министерството за одбрана на Русија ѝ се заблагодари на украинските сили за размената. Оваа размена доаѓа откако Украина започна воена операција во Русија овој месец, во регионот Курск. Станува збор за првата копнена инвазија на Русија од странска сила од Втората светска ...

На граничниот премин Богородица се запленети се 110,2 грама златен накит и 1,7 килограми сребрен накит со вкупна вредност од 563.735 денари, соопшти Царинската управа. Накитот бил откриен кај лице кое патувало во автобус од Истанбул за Гостивар. Со ова е спречен обид за избегнување увозни давачки во износ од 148.308 денари. Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава. По извршениот претрес, кај едно од лицата во џебот од неговиот елек и во ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
5.66
29%
1020
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
44%
1021
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
40%
1021
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
45%
1021
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.35
42%
1020
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
41%
1021
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
3.58
63%
1016
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
57%
1016
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
3.6
21%
1017
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
1.54
38%
1019
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
2.06
34%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
9.26
56%
1019
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62