Во набројувањето на успесите од првите 100 дена Влада, избројани се 600 милиони евра инвестиции од 4 компании, од кои само онаа од „Алказар енерџи“ вреди 500 милиони долари. Сепак, сè уште станува збор само за намера/најава за инвестирање со пари кои инвестицискиот фонд треба да ги собере до крајот на 2025 година, па оттука, има елементи за спин во информацијата на Владата во делот на странските инвестиции, пишува Вистиномер. Текстот го ...

Секогаш постои простор за унапредување на системската поддршка и грижата за менталното здравје на учениците. Секоја генерација има свои предизвици во училиштето и надвор од него. Дел од нив во минатото не биле познати, па оттука и механизмот кој треба да понуди помош, мора да се адаптира и да одговара на новото време. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на конференција посветена на грижата за менталното ...

За студентите на Правниот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ денеска беше последен ден за уплаќање и заверување на семестар, но и покрај скоро воведените реформи за дигитализација во високото образование, сепак, и годинава, глетката беше иста – стотици студенти овие неколку дена со часови чекаат за да стигнат до студентската служба. „Како дел од процесот на дигитализација на административните постапки на Универзитетот, почнувајќи од ...

Повеќе од 450 учесници од осум земји од вечерва ќе бидат дел од 12. издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ во Скопје. На добро познатите локации за џифонците – Младинскиот културен центар, Кинотеката на Македонија и киното „Милениум“ до 8 октомври ќе уживаат во филмската магија, ќе дискутираат, ќе креираат уметност, ќе учествуваат на креативни работилници. Фестивалот ќе биде отворен вечерва (3 октомври) во 19 часот во киното ...

Фондацијата Метаморфозис и Меѓународниот центар за новинари трета година по ред ја продолжуваат програмата „Новинарство за новата генерација“ со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје. И оваа година десетици млади од земјата имаат можност да учествуваат на обуки, да бидат дел од платено практикантство, а најдобрите ќе заминат на еднонеделна студиска посета на САД. Годинава ќе се одржат три работилници, првата во ноември на тема Новинарство ...

Израел продолжува со своите воздушни напади врз Либан. Според министерството за здравство на Либан, околу 100 граѓани биле убиени во вчерашните напади, а најмалку има најмалку 1.000 убиени и 6.000 повредени во последните две недели, пренесува Гардијан. Израел утринава за првпат од 2006 година го бомбардираше центарот на Бејрут, иако уште нема официјално преземено одговорност за нападот. Хамас потврди дека својот лидер во Либан, Фатех Шериф Абу ...

Со пораката дека Русија ќе ги постигне целите во Украина што беа зацртани со агресијата и инвазијата во февруари 2022 година и со припојувањето на регионите кон Русија на 30 септември истата година „затоа што вистината била на страната на Русија“, Путин заокружува еден цел месец на силна руска пропаганда во која повторно ескалира и доминира заканата за употреба на (тактичко) нуклеарно оружје. Овој пат подлога за ваквото ѕвечкање со „нуклеарки“ е ...

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 од Кривичниот законик. Тој незаконски поставил вршител на должност – директор во основно училиште. Имено, Законот за основно образование предвидува дека в.д. директор се избира од редот на вработените во училиштето кои ги исполнуваат условите за директор, а Мерко на ...

Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.С.(29) од с.Церово, тетовско. Тој бил пријавен од малолетничка од Тетово дека на социјални мрежи креирал неколку профили на нејзино име на кои поставил слики од малолетничката, кои без нејзина дозвола ги одзел од нејзиниот профил, а потоа од неа барал да имаат сексуални односи доколку сака да бидат избришани профилите. „И.С. е задржан во полициска станица и против него е поднесена ...

Дванаесет деца биле примени на Детската клиника утринава околу 7 часот, откако пожар избувна во станбен објект, во подрумските магацински простории на улицата „Прохор Пчински“ во Чаир. Директорот на Клиниката, Реџеп Мемеди за Мета.мк изјави дека тие се во стабилна состојба, десет веќе се пуштени дома, додека две сè уште се на клиниката. Најмладото имало само 5 месеци, додека најстарото 11 години. Станува збор за деца кои заедно со нивните ...

Израелската војска објави дека го убила лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, во напад на Бејрут. Војската соопшти дека извршила прецизен воздушен напад за време на состанокот на раководството на Хезболах во неговото седиште во Дахија, јужно од Бејрут. Се наведува дека во нападот биле убиени неколку команданти на Хезболах. ⚡️BREAKING: Over 20 different violent airstrikes by “Israel” all around the suburbs of Beirut, Lebanon. This is a massacre ...

Информативниот систем на француската новинска агенција Франс прес (АФП) бил цел на напад кој зафатил дел од системот за дистрибуција на вести до клиентите, соопштија светските медиуми. „Мобилизирани се технички тимови на АФП со поддршка и експертиза на Националната агенција за безбедност на информациските системи (ANSSI)“, се вели во соопштението на агенцијата. „Редакцијата и сите служби на АФП продолжуваат да известуваат за настаните ширум ...

Поранешниот холандски премиер Марк Руте од денес е официјално генерален секретар на НАТО, наследувајќи го Норвежанецот Јенс Столтенберг, кој десет години стоеше на челото на алијансата, пренесува „France 24“. Руте беше премиер на Холандија од октомври 2010 година до јули оваа година. „Марк има совршена политичка позадина за да стане одличен генерален секретар. Тој беше премиер 14 години и водеше четири различни коалициски влади, па затоа знае да ...

Утре ќе настапи значителна промена на времето, најави УХМР. Од утринските часови најпрво во северните делови ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер (наместа над 70км/ч), а дневната температура значително ќе се намали, за 6 до 8 степени. В понеделник ќе продолжи да дува силен ветер, а дневната температура ќе се намали за дополнителни 4 до 6 степени. „Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ...

Една од најпопуларните игри од RPG жанрот е несомнено Genshin Impact која ја прославува своја четиригодишнина. Играта е креирана во целосен „аниме стил“ и симулира цртан филм со самото играње па затоа најмладите доста ја сакаат. Популарнсота на „Геншин Импакт“ е на високо ниво бидејќи станува збор за бесплатна игра за која имаме и претходни написи. Играта е креирана од страна на популарното студио „miHoYo“, кое што е креатор на неколку други ...

Само за последните десет години, бројот на студенти во земјава се намалил за 7.043, односно за 12 проценти, покажува најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации, користејќи ги податоците од Државниот завод за статистика. Најголем пад од 11.150 студенти, односно 22 % има на државните универзитети. Наспроти тоа, на приватните има 4.054 или 56 % студенти повеќе. Кај верските високообразовни установи има 53 или 20 % повеќе студенти. ...

„Бела ноќ“ по 20-ти јубилеен пат ќе се одржи во сабота (05.10.2024) на неколку локации низ Скопје. „Посетителите ќе имаат можност да уживаат во театарски спектакл на отворено, музички настани, изложби, проекции, работилници и други културно-уметнички перформанси на десетици локации низ градот“, најавуваат од Град Скопје. Централната манифестација ќе започне со настап на француската театарска група „Compaigne des quidams“ од Музеј на град Скопје ...

Од денеска, 1 октомври, започна исплатата на субвенционираниот студентски оброк за студентите кои го оствариле ова право на првиот повик кој беше објавен во август. Субвенционираниот студентски оброк е финансиска поддршка во износ од 140 денари дневно наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Средствата се исплаќаат на неделна основа на ...

Утре во Младинскиот Културен Центар – MKЦ во 21:30 часот ќе се одржи премиерата на проектот “Безвременски прикаски” во режија на Ирена Лозинска. Како што опишуваат во соопштението, „Безвременски прикаски” е претстава со карактер на музичко-сценски и танцов перформанс, која опфаќа седум раскази на познатиот писател Франц Кафка. Четирите учесници-актери преку танцови форми и техники ги оживуваат прикаските на Кафка, додека Енес Беговски – авторот ...

На 3 и 4 октомври Скопје повторно ќе биде домаќин на најголемиот собир на професионалци и ентузијасти за вештачка интелигенција во Југоисточна Европа. Над 700 учесници од цел регион ќе имаат можност на лице место да слушнат експерти и иноватори од светските гиганти како Мајкрософт, Енвидиа, Гугл, УБС, Ериксон, Амазон и КПГМ и да ги разменат своите искуства со сите учесници и присутни. „AI Tech Summit“ повторно ќе ги насочи погледите кон иднината ...

Кога во 2019 година беше претставен првичниот дизајн на мегапопуларниот еж „Соник“ за првпат адаптиран на филмското платно, трејлерот за долгоочекуваниот филм „Sonic the Hedgehog“ наиде на гласни реакции. Обожавателите беа огорчени од чудниот изглед на ликот, особено од неговите човечки заби и необични пропорции кои отстапуваа од иконскиот изглед на ежот во добропознатата видеоигра. Негативните реакции беа огромни, што ја натера продукцијата да ...

Неколку факултети во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) изминатава недела организираа „ориентациски денови“ – серија настани и предавања кои имаа за цел да ги воведат студентите-бруцоши во начинот на функционирање на факултетите и им дадоа можност да се запознаат со колегите од повисоките години и професорите. Предавањата кои се одржаа пред првиот академски час ги подготвија студентите од Универзитетското и ...

Пропагандната интенција на Кремљ да се претставува како некој голем заштитник на традиционалните и семејни вредности, преку социјалните мрежи допира и до македонските граѓани, а дел од нив потезите на Русија во таа насока ги прифаќаат со воодушевување. Некои од нив ја поистоветуваат Русија со „православна ноева арка“, а некои не пропуштаат да ја напаѓаат Европската Унија наведувајќи дека ги шири деструктивните, а не традиционалните вредности. ...

Студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје од оваа академска година се соочуваат со зголемени дополнителни давачки покрај партиципацијата, односно школарината за студирање. Па така, од овој зимски семестар, во насоките за упис, студентите забележале нови трошоци кои треба да ги уплатат на сметката на факултетите. Зголемувањето на сумите некаде се движи и до 1.500 денари повеќе од она што се плаќало до минатата академска ...

Грците се нарекувале Хелени и нивната земја била Хелада. Името „Грци“ било дадено на народот во Грција подоцна од Римјаните. Живееле во континентална Грција и грчките острови, но и во колонии расфрлани околу Средоземното Море. Грција е дом на првите напредни цивилизации во Европа и се смета за родно место на западната цивилизација, почнувајќи од Кикладската цивилизација на островите на Егејско Море околу 3200 година п.н.е., минојската ...

На 21. Меѓународен салон на стрип во Белград, кој од 26 до 29 септември се одржува во Студентскиот културен центар, македонските учесници традиционално се меѓу најбројните. На распишаниот стрип-конкурс на кој се пријавуваат 146 автори, седуммина се од нашата земја. Со тоа и оваа година Македонците се втори по бројност на оваа престижна манифестација, веднаш зад оние од Србија. Mакедонските стрип-автори воедно влегуваат и во потесниот избор за ...

Вчера, во Парк во Франкофонија, активистите, уметниците и учениците ги споија познавањата и креативноста во колективни мемории и дела. Учениците од ОУ „Кочо Рацин“ и ООУ „Коле Неделковски” – Центар, Скопје заедно со уметникот Доротеј Нешовски ги цртаа омилените анимирани херои, создавајќи џиновски сложувалки кои ги разигруваат маалските улици. Во друг дел на маалото, учениците од Општинско основно училиште „Ј. Х. Песталоци“ – Скопје беа на ...

„Јон Вардар против галаксијата” – првиот долгометражен анимиран филм во историјата на Македонија, влезе во соѕвездието на најдобрите фантастични филмски остварувања на светот. Филмот во режија на Гоце Цветановски и во продукција на Алан Кастиљо од „Линкс студио” ќе ја има својата светска премиера во Шпанија, на 57-мото издание на „Ситџес фантастик филм фестивал” – еден од најстарите и најзначајни жанровски фестивали во светот, којшто могумина го ...

Словенечката министерка за дигитална трансформација, Емилија Стојменова-Дух, која е родена во Македонија, поднесе оставка откако беше критикувана од јавноста за неовластено користење сигнални светла на службен автомобил. Премиерот Роберт Голоб ја прифати оставката на министерката. Словенечките медиуми пренесуваат дека недозволено вклучила сигнални светла на службениот автомобил за да избегне сообраќаен метеж во Австрија и да фати авион за ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешната посета во Македонија, кажа дека не е тајна дека неговата партија ФИДЕС и ВМРО-ДПМНЕ се братски партии, и дека ова му е 18-та средба со премиерот Христијан Мицкоски. Орбан рече дека на средбите со неговиот колега Мицкоски не ги мешаат партиските прашања и дека членството на земјава во Европската Унија било клучно прашање на овие разговори. „Важно е да ги зачуваме нашите идеали и националното ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
0.0
77%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
63%
1018
weather icon

Загреб

20ᴼ / 14ᴼ
1.03
72%
1019
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
77%
1021
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.96
63%
1021
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.0
91%
1020
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
9.26
45%
1013
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
64%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
0.0
34%
1015
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
2.06
69%
1022
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
0.45
52%
1020
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
69%
1018
Currency

61.54

Currency

53.0129

Currency

71.3354

Currency

34.6232

Currency

38.5115

Currency

65.6625

Currency

7.38423

Currency

0.66559

Currency

0.35881

Currency

0.52799

Currency

1.30132

Currency

0.60505