Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Европската вселенска агенција (ЕСА) и Европската организација за експлоатација на метеоролошки сателити (ЕУМЕТСАТ) успешно го лансираа сателитот MetOp-SG-A1, првиот од новата генерација метеоролошки сателити за поларна орбита. Лансирањето беше извршено на 13 август 2025 година, во 02:37 часот по средноевропско време, со ракета Ariane 6 од европската вселенска база во Куро, Француска Гвајана. Неколку часа подоцна беше потврдено целосното ...
Екстремни горештини ги зафатија јужните и делови од северните региони на Европа, рушејќи повеќедецениски температурни рекорди и поттикнувајќи пожари со невидена сила, објави Гардијан. Во југозападна Франција Метео Франс регистрираше „невидени максимум температури“, до 12°C повисоки од вообичаените за овој период. Во Хрватска, температурите достигнаа 39,5°C во Шибеник и 38,9°C во Дубровник, додека големи пожари беснеат по крајбрежјето и се ...
Израелски авиони и тенкови продолжија да ги бомбардираат источните области на градот Газа во текот на ноќта, при што загинаа најмалку 11 лица, а лидерот на Хамас, Калил Ал-Хаја, пристигна во Каиро на разговори за оживување на планот за прекин на огнот поддржан од САД, јавува Ројтерс. Последната рунда разговори во Катар кон крајот на јули, заврши без решение, кога Израел и палестинската милитантна група Хамас се обвинија за недостатокот на ...
Европските и украинските лидери денеска ќе разговараат со американскиот претседател Доналд Трамп пред неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин, и ќе се обидат да предупредат опасностите од изигрување на интересите на Кијив во напорите за прекин на огнот. Видео конференцијата меѓу Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на Германија, Финска, Франција, Велика Британија, Италија, Полска и Европската Унија се ...
Австралискиот премиер Ентони Албанезе го обвини својот израелски колега Бенјамин Нетанјаху дека ги негира последиците од војната во Газа. Албанезе објави дека неговата земја ќе признае палестинска држава на Генералното собрание на ОН во септември, по сличните потези од Велика Британија, Франција и Канада. Албанезе рече дека фрустрацијата од израелската влада одиграла улога во потегот, велејќи дека Австралијанците сакаат да видат како ...
Црна Гора бара меѓународна помош за гаснење на шумските пожари. Земјата се соочува со пожари на повеќе локации, вклучително и во близина на Подгорица, заради што одлучи да ги активира меѓународните механизми за помош. Владата на Црна Гора се обрати до НАТО, односно до Евроатлантскиот центар за координација на одговор на катастрофи, а помош се бара и преку механизамот на ЕУ за цивилна заштита и билатерални договори со други земји. Интензивните ...
Соединетите Американски Држави и Кина одлучија да ги одложат царините за уште 90 дена, додека американските трговци на мало се подготвуваат да ги зголемат залихите пред сезоната на празници на крајот од годината. Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави на својата платформа Truth Social дека потпишал извршна наредба со која се суспендира воведувањето повисоки царини до 10 ноември, а кинеското Министерство за трговија издаде иста одлука за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Кијив и Москва ќе мора да отстапат земја за да се стави крај на војната во Украина, а разговорите со рускиот претседател Владимир Путин оваа недела ќе покажат дали лидерот на Кремљ е подготвен да склучи договор, јавува Ројтерс. Европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски планираат да разговараат со Трамп пред неговиот самит со Путин во Алјаска во петок, поради стравувањата ...
Австралискиот премиер Ентони Албаниз во понеделникот објави дека земјата во септември ќе ја признае палестинската држава, придружувајќи се на сè поголемата група западни сојузници што го преземаат овој чекор поради растечката меѓународна осуда на израелските дејства во Газа, пишува Си-Ен-Ен. Формалното признавање ќе се случи за време на Генералното собрание на Обединетите нации следниот месец, каде што „Австралија ќе го признае правото на ...
Гигантите за производство на чипови Енвидиа и АМД се согласија да ѝ платат на американската влада 15% од нивната продажба на полупроводници во Кина, пренесува Би-Би-Си. Решението е дел од договорот за обезбедување лиценци за извоз во втората најголема економија во светот. „Ги следиме правилата што ги поставува американската влада за нашето учество на светските пазари. Иако со месеци не испорачуваме во Кина, се надеваме дека правилата за ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека очекува новата офанзива во Газа да заврши брзо, бидејќи Советот за безбедност на ОН ги повтори барањата за крај на страдањето во палестинската енклава. Нетанјаху, зборувајќи откако неговиот кабинет за безбедност во петокот го одобри многу критикуваниот план за преземање контрола врз градот Газа, рече дека немал друг избор освен да го порази Хамас за да ги ослободи заложниците. Газа, ...
Австралија ќе ја признае палестинската држава во септември на Генералното собрание на Обединетите нации за да додаде импулс за решение со две држави, изјави премиерот Ентони Албанезе. Албанезе, кој го објави ова по состанокот на кабинетот, рече дека признавањето ќе се темели на обврските што Австралија ги доби од Палестинската самоуправа, вклучително и дека Хамас нема да има никаква вмешаност во ниедна идна држава. „Решението со две држави е ...
Едно лице загина, а најмалку 29 се повредени откако земјотрес со јачина од 6,1 степен ја погоди северозападната турска провинција Баликешир во неделата вечерта, соопштија властите. Како што пренесе Би-Би-Си, министерот за внатрешни работи Али Јерликаја информирал дека 81-годишна жена починала кратко откако била извлечена од урнатините во градот Синдрги. Потресот урнал 16 згради, а според Управата за катастрофи и вонредни ситуации на Турција, ...
Петмина новинари на Ал Џезира, меѓу кои и познатиот дописник Анас ал-Шариф, беа убиени во неделата вечерта во израелски напад врз новинарски шатор пред главната порта на болницата „Ал Шифа“ во градот Газа. Во нападот загинаа и дописникот Мухамед Креикех, како и снимателите Ибрахим Захер, Мухамед Нуфал и Моамен Алива. Вкупно седум лица го загубија животот, објави Ал Џезира. Кратко пред да биде убиен, 28-годишниот ал-Шариф објави на X дека ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски нагласи дека нема да има никакви територијални отстапки кон Русија во пресрет на закажаната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин за иднината на војната во Украина, пишува Би-Би-Си. Средбата меѓу лидерите на САД и Русија е закажана за 15 август во Алјаска. Неколку часа пред да објави дека е договорена средбата, Трамп во петокот сигнализираше дека ...
Лидерите на Ерменија и Азербејџан во петокот се ракуваа на мировен состанок во Белата куќа и потпишаа договор насочен кон ставање крај на децениските конфликти меѓу двете земји од Јужен Кавказ. На церемонијата, американскиот претседател Доналд Трамп стоеше во средина, со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, од неговата лева страна и ерменскиот премиер Никол Пашинјан од десната. Додека двајцата ја подаваа раката за поздрав, Трамп ги ...
Германија нема да одобри никакви извози на воена опрема за Израел што би можеле да се користат во Газа „до понатамошно известување“, изјави во петокот германскиот канцелар Фридрих Мерц. Одлуката доаѓа како брз одговор на еден од најсилните меѓународни сојузници на Израел на одлуката на кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху да ја преземе контролата врз градот Газа, пишува Асошиејтед прес. Потегот, кој претставува поостра позиција од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин следната недела ќе се сретнат во САД, во обид да постигнат мировен договор кој би можел да бара Украина да направи значајни територијални отстапки. Двајцата лидери ќе одржат средба на 15 август во Алјаска, пишува Вашингтон пост, со цел да договорат примирје и да стават крај на војната во Украина која Русија ја започна пред три и пол години со инвазија врз земјата. ...
Претседателот Доналд Трамп го повика шефот на американскиот производител на чипови Интел да поднесе оставка, обвинувајќи го дека има проблематични врски со Кина. Во објава на социјалните мрежи, тој рече дека извршниот директор Лип-Бу Тан е во конфликтна ситуација, мислејќи на наводните инвестиции на Тан во компании за кои САД велат дека се поврзани со кинеската војска. Иако Трамп е познат по тоа што ги таргетира бизнис лидерите со јавни ...
Опен АИ го објави GPT-5, својот најнов и најнапреден модел на вештачка интелигенција, што ќе биде бесплатен и достапен за сите корисници. Компанијата најави дека моделот е попаметен, побрз и многу покорисен, особено во домени како пишување, кодирање и здравствена заштита. „Се обидов да се вратам на GPT-4 и беше доста жално“, рече извршниот директор на Опен АИ, Сем Алтман, и нагласи дека рече дека GPT-5 е како да имате тим од експерти со ...
САД му доставија на Либан предлог за разоружување на Хезболах до крајот на годината, што ќе значи и прекин на воените операции на Израел во земјата и повлекување на неговите трупи од пет позиции во јужен Либан, пишува Ројтерс. Планот, поднесен од претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп во регионот, Том Барак, кој се дискутираше вчера на состанокот на либанскиот кабинет, ги утврдува најдеталните чекори досега за разоружување на ...
Израелскиот политичко-безбедносен кабинет утрово одобри план за преземање контрола врз градот Газа, додека земјата ги проширува своите воени операции и покрај засилените критики дома и во странство поради разорната речиси двегодишна војна. Додека Нетанјаху вчера изјави дека Израел има намера да преземе воена контрола врз целиот Појас Газа, планот одобрен денеска се фокусира конкретно на Газа, најголемиот град во енклавата, кој се наоѓа на ...
Повисоките царински стапки на претседателот Доналд Трамп од 10 отсто до 50 отсто за десетици трговски партнери стапија на сила, тестирајќи ја неговата стратегија за намалување на трговскиот дефицит на САД без масивни нарушувања на глобалните синџири на снабдување, повисока инфлација и жестока одмазда од трговските партнери. Царините стапија на сила на полноќ по источно време по недели неизвесност околу конечните царински стапки на Трамп и ...
Шефот на израелската војска се спротивстави на плановите на Бенјамин Нетанјаху да ги заземе областите во Газа што веќе не ги контролира, а премиерот се соочува со зголемен притисок поради војната и дома и во странство. Ејал Замир, началник на воениот штаб, го предупреди премиерот дека преземањето на остатокот од Газа може да ја зароби војската на територијата, од која се повлече пред две децении, и може да направи штета на заложниците што се ...
Претседателот Доналд Трамп би можел да се сретне со Владимир Путин веќе следната недела, изјави функционер на Белата куќа, додека САД продолжуваат со подготовките за воведување секундарни санкции, вклучително и потенцијално врз Кина, за да извршат притисок врз Москва да ја заврши војната во Украина. Таквата средба лице в лице би била прва меѓу актуелен американски и руски претседател откако Џо Бајден се сретна со Путин во Женева во јуни 2021 ...
Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина го разреши Милорад Додик од функцијата претседател на Република Српска, откако Апелациониот суд потврди пресуда со која му се изрекува едногодишна затворска казна и шестгодишна забрана за политичка активност, објави агенцијата Асошиејтед прес. Комисијата соопшти дека Додик има право на жалба, а предвремени претседателски избори ќе бидат распишани 90 дена по правосолноста на одлуката. ...
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, доби писмо од претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во кое американскиот лидер ја поздравува одлуката на Косово да прими 50 мигранти депортирани од САД, пишува Газета Експрес. Во писмото, Трамп истакнува дека овој потег покажува „силна подготвеност за соработка со Соединетите Држави“, нагласувајќи дека „ваквото лидерство ја отсликува силата и човечноста на народот на Косово“. ...
Ослабени од глад, многу жители на Газа секој ден патуваат низ разурнат предел за да донесат вода за пиење и миење, чии количини се сè уште далеку под нивоата потребни за одржување на здравјето на луѓето. Иако глобалното внимание е насочено кон гладот во Газа, по 22 месеци разорна израелска воена кампања, кризата со водата е подеднакво сериозна. Дел од водата доаѓа од мали единици за десалинизација управувани од агенции за помош, а поголемиот ...
„Опенхајмер“ на Кристофер Нолан спаѓа во оние расни биопик дела кои ја потврдуваат максимата дека нечиј живот може да биде поголем од филмот. Односно, „Опенхајмер“ е динамично тричасовно филмско сведоштво не само на животот на физичарот Роберт Опенхајмер, не само на неговото најпознато дело – атомската бомба – туку и на цела една епоха, парадоксално но вистинито, „набиена“ во две децении, после која светот никогаш нема да биде ист. Овие ...
Спасувачи се обидуваат да пронајдат преживеани во хималајско село во северна Индија меѓу десетиците исчезнати лица, еден ден откако ненадејни поплави убија најмалку четири лица, а многу други оставија заробени под урнатините. Поплавите беа предизвикани од интензивните дождови, кои предизвикаа хаос во Дарали, планинско село во државата Утаракханд, уништувајќи куќи, патишта и локален пазар. Екипи на армиски и спасувачки сили за катастрофи се во ...