Во текот на 2025 година се забележани вкупно 697 повреди на работа, што е зголемување во однос на претходната извештајна година од 21 отсто, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Како што се наведува во соопштението, во структурата на регистрираните повреди на работа во 2025 година и понатаму најголем број се оние забележани во индустријата и рударството и тоа вкупно 255 повреди или 37 % од вкупниот број на регистрирани повреди во ...

Да не се усвои Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри. Ова денес го побараа граѓанските организации за време на јавната дебата во Собранието. Според нив предлог-законот ги брише невладините организации како директни корисници на средствата од игрите на среќа. Тие бараат повлекување или измена на предложениот текст, така што граѓанските организации, националните организации на лицата со посебни потреби и Црвениот крст останат јасно ...

Велика Британија очекува премиерот Кир Стармер денеска да објави распоред за неговото заминување од функцијата, отворајќи го патот за Енди Барнам да стане премиер без формален натпревар до есен. Министрите во кабинетот велат дека Стармер ќе ги изложи своите намери пред Даунинг стрит број 10, започнувајќи процес на поставување на седмиот премиер од страна на Велика Британија за една деценија. Функционерите сè уште инсистираа дека Стармер стои ...

Цените на суровата нафта од типот Брент денеска се намалија откако завршија разговорите меѓу САД и Иран во Швајцарија, а Техеран изјави дека обезбедил ослободување од ограничувања за извоз на нафта и петрохемиски производи. Суровата нафта од типот Брент падна за 1,19 долари, или 1,48%, на 79,38 долари за барел. Цените се искачија на 82,30 долари на почетокот на тргувањето, поттикнати од нерамниот почеток на разговорите со заканите од ...

Првата рунда разговори меѓу високи американски и ирански претставници во Швајцарија заврши, соопштија медијаторите, по напнатиот старт обележан со објавата на Техеран дека повторно го затворил Ормускиот теснец и повторувањето на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за продолжување на нападите врз Иран. Во заедничка изјава од земјите-посредници Катар и Пакистан се вели дека САД и Иран се согласиле на мапа на патот кон конечен ...

Учениците кои не успеаја да се запишат во средните училишта во првиот уписен рок за учебната 2026/2027 година ќе имаат нова можност за запишување на 23 јуни. Како што информира Министерството за образование и наука (МОН), потребната документација ќе треба да се достави до училиштата на 24 јуни, а резултатите од запишувањето ќе бидат објавени на 25 јуни до 12 часот, преку огласните табли и интернет-страниците. Во случај во одредени училишта да ...

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз 16-годишно девојче, казниво според член 186 став 7 во врска со став 5 и став 1 од Кривичниот законик. На 18 јуни, додека жртвата се движела по пешачката патека покрај реката Брегалница во Штип, осомничениот започнал да ја следи. Девојчето, чувствувајќи се непријатно, ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Загрозување на сигурноста од Кривичниот законик. Осомничениот 56-годишник подолг временски период психички и физички ја малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години. Иако постојано манифестирал агресивно однесување, домашните од страв не го пријавувале, се додека 15-годишната ќерка, не можејќи да ги издржи заканите, навредите и ...

Франција воведе забрана за продажба и консумација на алкохол на дел од јавните настани во рамки на националниот музички фестивал „Fête de la Musique“ поради топлотниот бран, објави Би-Би-Си. Годишните прослави на „Fête de la Musique“ привлекуваат милиони луѓе на улиците низ цела Франција. Но, со оглед на тоа што една третина од земјата e предупредена за топлотен бран, владата ја забрани консумацијата на алкохол на јавни места. „За сите ...

Израелските напади во Газа убија најмалку шест лица, вклучувајќи и снимател на Ал Џезира и најмалку едно дете, објави Би-Би-Си. Ал Џезира соопшти дека „остро го осудува гнасниот злостор на таргетирање и убиство“ на нивниот дописник Ахмед Вишах, кој беше убиен во напад врз куќа во центарот на Газа во саботата. Израелските одбранбени сили (ИДФ) го обвинија Вишах дека е „терорист во военото крило на Хамас кој служел како снајперист“. ...

Денеска во Скопје се одржа осмата Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“, каде пред фонтана „Лотос“ илјадници граѓани излегоа на збирното место на протесниот марш. Движењето започна во 19 часот по булеварот „Илинден“, улицата „Франклин Рузвелт“, булеварот „Партизански Одреди“, улицата „Васил Главинов“ и улицата „Димитрие Чуповски“, а крајната дестинација беше паркот „Жена Борец“. Со транспаренти и знамиња во боите на винижитото, ...

Иран соопшти дека го затвора Ормутскиот теснец по серијата израелски напади во Либан, потег што се заканува да го загрози кревкиот привремен мировен договор со САД, потпишан пред само неколку дена, пренесува Гардијан. Исламската револуционерна гарда (ИРГ) ги предупреди бродовите да не се приближуваат до стратешкиот морски премин. Како причина ги наведе, како што рече, израелските злосторства во Либан и наводното американско прекршување на ...

Европската комисија планира да го преработи клучниот закон на Европската Унија за заштита на водите со цел да го забрза развојот на рудници за клучни минерали, иако многу од нив се наоѓаат во региони што веќе се соочуваат со суши и недостиг на вода, покажува нова анализа, пренесува Гардијан. Рударството е индустрија која троши големи количини вода. Таа е неопходна за обработка на рудата, спречување прашина, управување со отпадот и одводнување ...

Во Скопје денеска попладне ќе се одржи Парадата на гордоста, која ќе започне од фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк, а ќе заврши во паркот „Жена борец“. Организаторите соопштија дека настанот претставува протестен марш за човекови права, еднаквост и достоинствен живот на ЛГБТИК+ заедницата во земјава. Маршрутата ќе започне од Градскиот парк, по булеварот „Илинден“, ќе продолжи по улицата „Франклин Рузвелт“ и булеварот „Партизански одреди“ до ...

На едно четиричлено семејство овој месец му биле потребни 68 654 денари за да ги покрие основните месечни трошоци за јуни, покажувуваат податоците од синдикалната минимална кошница на Сојузот на синдикати на Македонија. Доколку семејството живее под кирија во стан од 60 квадратни метри, потребната сума се зголемува и достигнува 84.024 денари месечно. За храна биле потребни 25.120 денари, а за режиски трошоци 6.379 денари. Околу 100 евра или ...

Владата на САД соопшти дека ќе престане да финансира програми во Јужна Африка наменети за справување со ширењето на ХИВ и СИДА. Повеќе од осум милиони Јужноафриканци живеат со ХИВ. Американскиот Стејт департмент се чини дека ја поврзува одлуката со наводниот неуспех на Јужна Африка да ги заштите „белите малцинства“, тврдење што владата на Јужна Африка постојано го отфрла, објави Би-Би-Си. Министерството за здравство на Јужна Африка одговори ...

Израел и Хезболах се согласија за прекин на огнот, изјави американски функционер, по интензивните израелски воздушни напади во јужен Либан во кои загинаа 47 лица. Најновиот договор се случува по загриженоста дека континуираните судири, ќе го загрозат договорот за завршување на војната меѓу САД и Иран. Израелската војска потврди дека прекинот на огнот е на сила, но подоцна портпаролот изјави дека нејзините сили „ќе продолжат да ги отстрануваат ...

Македонски државјанин кој летувал на Малдиви е позитивен на зика вирусот, информира Институтот за јавно здравје. Од таму информираат дека ова е прв регистриран случај на Зика вирусна инфекција во Македонија и иако станува збор за импортиран случај, поради интензивниот меѓунаредон транспорт и се поголемите трендови за патувања во тропски туристички дестинации како Малдивите, Тајланд, Индонезија, Бразил, Карипскиот регион и други подрачја каде ...

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе обвинение против 25-годишениот жител на Старо Нагоричане, осомничен за четири убиства и два обиди за убиство извршени во период од нешто повеќе од една година во кумановскиот регион. Станува збор за случај кој со месеци ја потресуваше јавноста, откако истрагата поврза повеќе смртни случаи на жени од руралните средини со ист сторител. Според обвинението, првото убиство било извршено ноќта меѓу 5 и ...

Починал Љупчо Грнчиштаров, кој со години беше главен инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување, а беше еден од обвинетите за трагедијата во Кочани која загинаа 63 млади луѓе, над 200 беа повредени. Информацијата ја потврдија од Јавното обвинителство, од каде велат дека се известени за случајот и дека обвинетиот починал откако му се слошило дур бил во куќен притвор. Оттаму додаваат дека Основното јавно обвинителство ќе издаде наредба за ...

Иницијативите за блокирање на бугарско-македонската граница се контрапродуктивни и би можеле да му наштетат на ставот на Бугарија во односите со Македонија. Ова го изјави министерката за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова. Според неа, ваквите иницијативи не се поврзани со активностите на бугарската влада и не придонесуваат за заштита на националниот интерес, по што организаторите Фондацијата Македонија го одложи протестот што требаше ...

Најмалку 18 лица се убиени во јужен Либан по серија израелски воздушни напади во текот на ноќта, соопшти Министерството за здравство на земјата – додека израелската војска вели дека се убиени четворица нејзини војници. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел на нападите биле милитанти и инфраструктура поврзана со вооружената група Хезболах, поддржана од Иран. Ова се случува еден ден откако САД и Иран потпишаа договор со цел да се ...

Граѓаните наместо да ги заробуваат парите во бетон и железо – станови, да имаат можност да учествуваат во изградбата на ХЕЦ Чебрен – истакна Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) на тркалезната маса Зајакнување на конкурентноста – Енергетската транзиција, CBAM и иднината на македонската индустрија организирана од Фајнс тинк. „Енергетиката не е привилегија ...

Министерот за здравство Азир Алиу соопшти дека Владата ја усвоила иницијативата за формирање Центар за итна медицинска помош Скопје, кој треба да овозможи побрз и поефикасен одговор при итни случаи. Според Алиу, службата за Итна медицинска помош ќе биде издвоена како самостојна институција, што ќе овозможи подобро управување со ресурсите, посебно буџетско планирање и побрзо донесување одлуки. Во првата фаза ќе биде формиран самостоен Центар ...

Граѓанските организации ги повикуваат пратениците да не ги поддржат предложените измени на Законот за игрите на среќа и забавните игри, со кои од законското решение се исклучени граѓанските организации, организациите на лицата со посебни потреби и Црвениот крст како организации кои можат да користат средства за работа со ранливите категории, пишува Порталб.мк. Преку една реакција организациите велат дека ова не е само техничка измена, туку ...

Кичево мора поактивно да се вклучи во националните процеси на енергетска трансформација бидејќи успешната праведна транзиција бара силни локални институции, активно учество на граѓаните, транспарентно управување со средствата и поголема улога на општините во креирањето на политиките за развој на регионите зависни од јаглен. На форумот на заедницата организиран од Еко-свест во соработка со локалните партнери, општина Кичево и месната заедница ...

Во јавноста избувнаа реакции и обвинувања откако Уставниот суд ја укина одлуката од 2007 година со која Општина Тетово ги смени имињата на неколку улици и на плоштадот на градот. Но, за тоа како стојат работите, како почна сето тоа и зошто се укинаа овие имиња, Порталб.мк ја пренесува хронологија на целиот овој процес низ годините. Во кратки црти: Плоштадот и седум улици добија албански имиња, а три улици беа преименувани во македонски Во ...

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) го објави најновото издание на Регистарот на е-трговци, со цел да им овозможи на граѓаните полесно да проверат од кого купуваат пред да извршат онлајн плаќање. Според податоците на Народната банка, во текот на 2025 година во земјава биле евидентирани вкупно 1.829 места на продажба за е-трговија, од кои 1.396 биле активни, односно реализирале најмалку една трансакција во текот на годината, ...

Иницијативата за заштита на конзументите и нивните права да поседуваат видеоигри кои еднаш купени не смее да се откажат од сервисите каде се направени уплатите или ако воопшто се откажува поддршката за игрите онлајн, да можат да бидат употребувани самите игри до каде што се последно аптејтирани. Иницијативата „ECI-European Citizen Initiative“ го доведе ова прашање до степен на формирање комисија што ќе ги преработи легислативите и правилата ...

Србин возел над 180 километри на час на автопатот Куманово–Скопје, а полицијата му го одземала автомобилот и ги уапсила. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи кај клучката „Рафинерија“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Б.С.(30) од Република Србија. „При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, било констатирано дека возачот се движел со ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.1
33%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
2.68
62%
1015
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
0.57
46%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.4
39%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
0.58
38%
1016
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.72
76%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
0.89
44%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.86
39%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.72
42%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 21ᴼ
1.79
57%
1016
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 25ᴼ
0.92
46%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
2.86
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Цинк

0.00

Злато

130535.25

Платина

52855.83

Паладиум

40445.64

Родиум

265243.66

Бакар

13.27

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Калај

55.44

Иридиум

252383.36

Сребро

1894.77

Алуминиум

3.23