Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, соопштија во Јавното обвинителство. Осомничениот 30 годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел ...
Kанцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 61-годишниот С.С. од Делчево, поранешен директор на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ – Делчево, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Според пријавата, С.С. во својство на службено лице, односно директор на ЈКП „Брегалница“, во периодот од 2023 до 2025 година ја злоупотребил својата ...
Електричен тротинет од денеска не смеат да управуваат малолетни лица, согласно новите измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Од денеска, со ова превозно средство ќе смее да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашната старосна граница од 14 години. На велосипедските патеки и ленти максималната дозволена брзина е 20 километри на час, а на тротоари, пешачки и мешани патеки останува ограничувањето од ...
Тимови од Управата за хидрометеоролошки работи во моментот спроведуваат мониторинг на квалитетот и квантитетот на водите во сливот на Вардар, што претставува 80 отсто од сите водни тела во земјата. УХМР, во соработка со Швајцарската Програма за управување, користење и заштита на води и меѓународни експерти врши теренски мерења, земање примероци од подземни и површински води и лабораториски анализи од вкупно 170 локации. Мониторингот се ...
Според најновите податоци на НБРСМ за трансакции на места на продажба за е-трговија (без трансакциите со електронски пари), во првиот квартал од 2026 година вкупната вредност на онлајн трансакциите достигнала 16,355.96 милиони денари, односно 265.95 милиони евра, што претставува раст од 18.1% во однос на истиот период минатата година. Во оваа вредност се вклучени онлајн купувањата на македонските граѓани кај домашни и странски е-продавници, ...
Менувањето на имињата на улиците по укинувањето на одлуката од 2007 година од страна на Уставниот суд предизвика политички тензии, протести и два прекини на седницата на Советот на општина Тетово, пишува Порталб.мк. На денешната седница опозициските советници од НАИ побараа како прва точка на дневниот ред да се додаде измената на имињата на неколку улици во градот, предлог кој беше поднесен неколку дена претодно. Барањето беше прифатено од ...
Случајот со насилството врз 14-годишно девојче во Куманово е целосно расчистен, а Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против 18-годишната П.А. од селото Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово. Тие се сомничат дека го сториле кривичното дело „насилство“, казниво по член 386 став 3 од Кривичниот законик. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил ...
Малолетник на возраст од 16 години од Тетово е лишен од слобода под сомнение дека извршил тешка кражба во црквата „Св. Богородица“ во Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, полициски службеници од СВР Тетово го привеле малолетникот на 13 јули 2026 година околу 23:30 часот на Градскиот плоштад во Тетово, откако претходно било утврдено основано сомнение дека истиот ден, околу 21:10 часот, од црквата ...
Володимир Зеленски го поздрави договорот со сојузниците за европски антибалистички ракетен штит како алтернатива на американскиот систем „Патриот“, но нагласи дека на Киев сè уште му се потребни американските пресретнувачи за сега и за претстојната зима. Зеленски рече дека одбранбениот проект „Фреја“, кој потекнува од Украина, ќе биде развиен во текот на следните 12 месеци. „Еден од главните начини за зајакнување на нашата колективна позиција ...
Тајландските власти истражуваат дали небрежноста е причината за смртоносниот пожар во бар во Бангкок доцна во неделата, бидејќи преживеаните пријавиле дека вратите биле заклучени и дека немало сигнализација за итни излези. Употребата на запаливи материјали како декорација можеби го олеснила брзото ширење на пожарот, кој започнал во близина на сцената, вели полицијата. „Ова укажува на недостаток на претпазливост и непочитување на безбедноста ...
Синоќа Собранието ги избра новите министри во рамки на реконструкцијата на Владата, предложена од премиерот Христијан Мицкоски. Во завршното обраќање Мицкоски им се извини на пратениците и на граѓаните за инцидентот што настана во парламентот кога кандидатот за министер за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, инаку претседател на Демократската партија на Србите (ДПС), како што велат од СДСМ, ги навредувал и пцуел заменик-координаторот на ...
Обединетите Арапски Емирати го обвинија Иран за дрзок напад врз два танкера во Ормускиот теснец во кој загина еден, а осум беа ранети. Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека тие го напаѓаат Иран многу силно трета ноќ по ред, во услови на ескалација на нападите меѓу двете земји. Министерот за надворешни работи на Иран одговори на најавата за блокада велејќи дека Техеран ќе остане чувар на теснецот – користејќи го зборот на Трамп. ...
Македонскиот туристички сектор во мај 2026 година забележува умерен раст, при што земјава ја посетиле 131.723 туристи, кои реализирале 236.727 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најголемиот дел од посетителите биле странски туристи, кои учествуваат со 81 проценти од вкупниот број, додека домашните туристи сочинуваат 19 проценти. И кај ноќевањата доминираат странските гости со 75,8 проценти, наспроти 24,2 ...
Гостиварец бил двапати приведен во ист ден бидејќи во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир. Како што информира Министерството за внатрешни работи, Ѓ.Р. (56) од Гостивар бил приведен во село Галичник, од страна на полициски службеници од Полициското одделение Маврово вчера утрото пред 11 часот, бидејќи го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување, за време на одржување на манифестацијата Галичка свадба. Истиот ден, но ...
Според новите одлуките на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе има ново зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати, кои ќе стапат на сила од полноќ. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за 5,5 денари за литар, па новата цена ќе изнесува 88 денари за литар. Бензините исто така поскапуваат. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 87 денари за литар, што е зголемување од 1,5 денар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе достигне 89 ...
Цените на нафтата денеска скокнаа за повеќе од 3 отсто откако обновените воени напади меѓу САД и Иран повторно предизвикаа загриженост за испораките на гориво преку Ормускиот теснец. Фјучерсите за суровата нафта Брент пораснаа за 2,67 долари, или 3,51%, на 78,68 долари, додека американската сурова нафта Западен Тексас Интермедијар порасна за 2,48 долари, или 3,47%, на 73,89 долари за барел. „Бродските оператори усвојуваат претпазлив пристап, ...
На 12.07.2026 околу 23:00 часот во Скопје, на територија на ПС Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Џ.(31) од Скопје, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л. (52) од Скопје. Според пријавеното, на 12.07.2026 околу 22:35 часот во семејниот дом, Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга (мајка на Б.Џ.), по што Б.Џ. му нанел убодни ...
Вчеравечер свечено беше отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“ со настапот на светските оперски ѕвезди, сопранистката Ермонела Јахо од Албанија и американскиот тенор Чарлс Кастроново, кои настапија синоќа пред полниот аудиотриум на Античкиот театар во Охрид. Тие, заедно со Националната опера и балет, а предводени од диригентот Марко Боеми од Италија создадоа љубовна магија со публиката, изведувајќи едни од најпознатите арии од ...
Познатиот холивудски актер и оскаровец Сер Ентони Хопкинс свири пијано од 4 годишна возраст и вели дека бавењето со музика му било животна желба што сега ја реализира по 60 години искуство во компонирање и создавање песни- во форма на албум со класична музика изведуван со симфониски оркестар, а албумот е наречен „Life is a Dream“. За овој албум Хопкинс вели дека воедно му било животен сон да се бави сериозно со музика. Дури си игра во ...
На дневен ред на Собранието денеска е седницата на која пратениците ќе треба да дискутираат за првата реконструкцијата на Владата, која ја предложи премиерот Христијан Мицкоски, по две години од мандатот. Во владиниот кабинет ќе се сменат или ќе ротираат во други ресори осумина министри и двајца заменици министри. Според предложените кадровски решенија на премиерот Сашо Клековски ќе биде за нов министер за здравство, а неговата позиција во ...
Огромен пожар избувна во бар во Бангкок доцна во неделата, при што загинаа најмалку 27 лица, а 22 се тешко повредени. Пожарот започнал во близина на сцената на барот во популарниот кварт Чатучак, а потоа брзо се проширил, прекинувајќи ја струјата и исполнувајќи ја просторијата со чад, велат очевидци. Снимките објавени на интернет покажуваат луѓе како врескаат додека бегаат, некои со запалена облека, низ влезната врата на „Ронг Бер На Лат ...
Иран утрово соопшти дека погодил американски воени цели во Бахреин, Јордан и Кувајт, 24 часа откако почна размената на напади со ракети и беспилотни летала со САД. Шест земји на Блискиот Исток пријавија дека биле цел на нападите, Катар, Оман и Обединетите Арапски Емирати, како и Јордан, Бахреин и Кувајт. Револуционерната гарда на Иран соопшти дека уништила центар за команда и контрола и хангари за беспилотни летала во сојузникот на САД, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека планира да ја замени премиерката Јулија Свириденко по само една година на функцијата, што ќе предизвика оставка на владата. Зеленски не прецизираше кого ќе побара да ја води владата или која ќе биде новата позиција на Свириденко, но додаде дека ќе има промени и меѓу раководителите на агенциите за спроведување на законот. Тој рече дека промените се потребни за да се осигури ...
Група од тројца планинари, биле извлечени од планината Бистрица, поради заглавеност на непристапен и тежок терен, додека едно планинар се жалел на здравствени тегоби, болки во градите, отежнато дишење и отежнато движење. Од Центарот за управување со кризи велат дека лицата не биле повредени, но поради здравствената состојба и непристапноста на теренот било потребно итно организирање на спасувачка акција. До нивната локација не постоела ...
Уставниот суд денеска ги критикуваше обидите за, како што велат, груба партизација и политизација која некои политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност на политичкиот простор, користејќи ги работата, одлуките, како и меѓународните активности на Судот. Се работи за одлуки повезани со преименување на улици во одредени општини, за кои Судот вели дека нема никаква релевантност какви и кои се имињата ...
Центарот за управување со кризи и Министерството за внатрешни работи пронајдоа романски државјанин, кој се загубил на Матка. Како што информираат од ЦУК, синоќа преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, биле примен повик од државјанин од Романија, кој се изгубил шетајќи во реонот на Матка, во близина на пештерата Врело, на подрачјето на Општина Сарај. „Преку континуирана комуникација со изгубеното лице, операторите на ЦУК ...
Бизнисмен од Мајами, кој е баран во Албанија поради наводно перење пари од дрога, е осомничен за фалсификување на документи за земјиште каде што Џаред Кушнер сака да изгради одморалиште вредно повеќе милијарди долари, соопшти агенцијата за борба против организираниот криминал во земјата во досиејата на предметот што ги прегледа Ројтерс. Бизнисменот, Артур Шеху, ги негира сите обвинувања против него, изјави неговиот адвокат, Кујтим Чакрани, ...
Американскиот сенатор Линдзи Греам, клучен републиканец кој од гласен критичар на Доналд Трамп стана еден од неговите најлојални сојузници на Капитол Хил откако Трамп стана претседател, почина на 71-годишна возраст. Пратеникот од Јужна Каролина почина по кратка и ненадејна болест, објави неговата канцеларија на X рано утрово. Ен-Би-Си Њуз соопшти дека персоналот за итни случаи одговорил на повик за срцев удар во неговиот дом на Капитол Хил во ...
Американските и иранските сили разменија тешки ракетни и напади со беспилотни летала, откако Техеран изјави дека повторно го затворил виталниот Ормуски теснец. Серија напади меѓу САД и Иран во текот на изминатите неколку дена го наведоа претседателот Доналд Трамп да прогласи крај на прекинот на огнот, наменет за запирање на борбите што САД и Израел ги започнаа на 28 февруари, иако ја остави вратата отворена за продолжување на преговорите. ...
Министерството за образование е во процес на затворање на уште пет или шест институти, а се прави мониторниг и во најмалку пет универзитети, изјави денеска министерката за образование Весна Јаневска. Таа информира дека во повеќе образовни институции се забележани неправилности во работењето, а Министерството работи тие да се надминат. „Во моментов, се уште работиме по пријава на одредени личности или група на наставници. Она што е добро, за ...