Европратениците ја предупредија Албанија дека преговорите за пристапување во ЕУ се во опасност ако владата не го промени курсот во врска со плановите за изградба на луксузно одморалиште поддржано од зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Тинеке Стрик, холандската европратеничка која ја предводи мисијата на Европскиот парламент за утврдување факти во балканската нација, рече дека раководството на Албанија си игра со оган со спроведувањето на ...

Албанскиот коалиционен партнер во Владата, Вреди на вечерашната седница на Претседателството донесе одлука нови министри во реконструираната Влада на Христијан Мицкоски да бидат универзитетскиот професор Џетон Шасивари, како министер за правда, Агон Ферати како министер за односи меѓу заедниците е предложен и Седат Сулејмани за министер за култура и туризам. „Вреди решително продолжува по патот на промените, носејќи нова енергија, ...

Доцентката на Универзитетот „Гоце Делчев’’ во Штип, која е осомничена дека побарала и примила поткуп од студент за да напише преодна оценка доби забрана да работи на факултетот. Основното јавно обвинителство Штип информира дека јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување неколку мерки на претпазливост, меѓу кои и домашен притвор, обврска да се јавува во судот, привремено одземање патна исправа, забрана ...

Руските сили утрово го нападнаа украинскиот главен град Киев, убивајќи најмалку 10 лица и ранувајќи повеќе од 50, додека беспилотни летала и ракети погодија станбени згради, што Русија го нарече одмазда за неодамнешните напади врз нејзината цивилна инфраструктура. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно предупреди за можен напад преку ноќ и рече дека ја скратува својата посета на Даблин за почетокот на шестмесечниот мандат на ...

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски преку добро монтирано видео на неговата Фејсбук страна соопшти дека по поројниот дожд што попладнево го зафати градот, на терен биле повеќе од 1.000 работници, а Кризниот штаб на Град Скопје, службите и јавните претпријатија се целосно мобилизирани. Дождот траеше подолго време и скопските улици се наполниле со вода, а атмосферската канализација ретко каде можеше да ја собере сета вода. Жителите на ...

Евростат соопшти дека годишната инфлација во еврозоната во јуни 2026 се очекува да изнесува 2,8 отсто, што е пад во однос на 3,2 отсто во мај, според првичната проценка на статистичката служба на Европската унија. Според објавата, енергијата и натаму има највисока годишна стапка во еврозоната, со 8,7 отсто во јуни, наспроти 10,8 отсто во мај. Потоа следуваат услугите, со очекувана годишна стапка од 3,2 отсто, по 3,5 отсто во мај. Кај ...

Компанијата Sony официјално најави дека од јануари 2028 година ќе престане да произведува физички дискови за сите нови видеоигри наменети за конзолите PlayStation. Од тој момент, сите нови наслови ќе бидат достапни исклучиво во дигитален формат преку PlayStation Store и кај овластените продавачи. Во официјалното соопштение, компанијата наведува дека одлуката е донесена поради сè поголемото преминување на корисниците кон дигитална дистрибуција ...

Европската Унија планира да издвои 3,2 милијарди евра во својот нов седумгодишен буџет за Црна Гора откако ќе се приклучи на блокот до 2028 година, како што е планирано, изјави премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Според финансискиот пакет објавен од Европската комисија, земјата ќе додаде околу 0,16% на предложениот седумгодишен буџет на блокот од 2 трилиони евра по нејзиното членство. Црна Гора стана кандидат за ЕУ во 2010 година и сега е ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот Горан Ангеловски, денеска на граничниот премин Табановце, со министерот за внатрешни работи на Република Србија Ивица Дачиќ и вршителот на должност директор на Агенцијата за безбедност во сообраќајот на Република Србија Бранко Стаматовиќ, официјално ја означија првата заедничка превентивна акција „Вози одморен“. Од МВР ...

Здружението на новинарите на Македонија реагира на јавната објава на социјалната мрежа Фејсбук од Бранко Тричковски, во која новинарот и водител Александар Видиновски е изложен на груби навреди, омаловажување и понижувачки квалификации. Во објавата не се критикува конкретна професионална постапка, новинарска содржина или јавен настап преку факти и аргументи, туку се напаѓа личниот и професионалниот интегритет на медиумски работник со употреба ...

Предлог-измените на Изборниот законик влегуваат во собраниска процедура со најавена блокада од опозицијата, откако СДСМ соопшти дека нема да дозволи законот да помине во предложената форма поради одредбите за електронско гласање на дијаспората. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска изјави дека премиерот Христијан Мицкоски бил подготвен да прифати измени во поднесениот предлог за сè освен за гласањето на дијаспората. Токму тој дел, ...

На 4 јули, Соединетите Американски Држави го одбележуваат Денот на независноста, празник што оваа година има уште поголемо значење, бидејќи земјата слави 250 години од потпишувањето на Декларацијата за независност. Покрај традиционалните огномети, паради и семејни собири, многу љубители на видеоигрите го одбележуваат празникот и преку наслови кои ја доловуваат американската историја, воена моќ, борбата за слобода и нормално патриотскиот дух. ...

Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен акт против директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Васе Анакиев за кривично дело Примање поткуп, соопштија денеска оттаму. „На 13 март обвинетиот во Свети Николе директно побарал поткуп во износ од 100.000 евра за одобрениот увоз и за идните увози на вештачко ѓубриво, при што побарал износот да биде исплатен во три рати. На 19 март откако пријавителот преку сведок му ја предал ...

Градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски денеска се вратил на работното место по два месеца боледување. Тој ова го обзнани на Фејсбук со емотивна порака дека животот е борба и изминатиот период бил едно големо искушение за него. „Се соочив со здравствен предизвик кој ме натера да сфатам дека вистинската сила не е никогаш да не паднеш, туку секогаш да најдеш сила повторно да станеш“, напиша Лукровски на својата Фејсбук страна. Тој ...

Албанскиот коалициски партнер во Владата на Христијан Мицкоски, партијата Вреди со реконструкцијата ќе ги раководи Министерствата за правда, за култура и туризам и за односи меѓу заедниците. Според засега неофицијални информации, во ресорот култура Зоран Љутков ќе биде заменет со Седат Сулејмани, кој претходно беше заменик-министер во истото министерство. Нов министер за односи меѓу заедниците ќе биде Агон Ферати, додека кадарот на ЗНАМ во ...

Во 2025 година се регистрирани 911 бесправно изградени објекти, објави Државниот завод за статистика. Најмногу бесправно изградени објекти, 169, (18.6 проценти) се за домување. Од нив 128 се исклучиво станбени, 24 претежно станбени, а 17 за одмор и рекреација. Бесправно се изградени и 164 огради (18%), 116 деловни објекти (12.7%), 113 натстрешници (12.4%), 110 доградби, надградби и адаптации (12.1%), 106 помошни објекти (11.6%), 79 гаражи ...

Расте бројот на електронски плаќања, соопшти денеска Народната банка. Во првиот квартал од годинава бројот на електронски трансакции се зголемил 21,9 отсто, а платената вредност за 23 отсто. Најголемиот број од платежните трансакции иницирани по електронски пат се извршени преку мобилни апликации, 72,8 отсто, што е годишен раст од 25,9 отсто и што потврдува дека употребата на мобилниот телефон преовладува, како најбрз и наједноставен начин на ...

Индустриското производство во Македонија повторно се врати во негативната зона, откако во мај е забележан пад од 2 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Со новото намалување практично е поништен позитивниот резултат од април, кога производството порасна за 7,6 отсто. Вкупната слика од почетокот на годината останува неповолна, бидејќи во периодот од јануари до мај индустриското производство е намалено за 0,3 отсто во однос на ...

Бесплатното испробување на најновата класа во Диабло 4 – Warlock, е во тек и ќе трае до 7 јули. За оваа опција не е потребно да ја имате купено Диабло 4 или претходната експанзија за да може да ја играте класата Ворлок на оваа бесплатна промоција. Во случај да ги имате поминато до крај претходните содржини слободно скокнете ги – може да почнете со квестањето во тек на најновата Сезона каде ловите нови негативци наречени „Култот на Смртта“. ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави на социјалните мрежи дека телефонски разговарал со македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова со која потврдиле дека постои волја меѓу земјите да продолжат да развиваат блиски и пријателски односи. „Разменивме мислења за важни регионални прашања, понатамошно подобрување на соработката и можности за уште посилна поврзаност во области од заеднички интерес“. пишува Вучиќ. Тој нагласува ...

„Реконструкцијата на Владата е почеток на нова фаза по изминати две години од работата на оваа Влада, исполнети со сериозни предизвици, поставување темели, стабилизација на состојбите и реализација на крупни проекти. Сега следува период, во кој фокусот уште повеќе ќе биде ставен на ефикасноста, динамиката и испораката на резултати за граѓаните, рече премиерот Христијан Мицкоски по седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, каде се утврдија новите ...

Иран најави дека нема да се сретне со американски претставници кои долетаа во регионот за започнување на мировните преговори и изјави дека двете страни сè уште мора да ги средат условите на прекинот на огнот што го потпишаа пред две недели пред да можат да се справат со потешки теми, како што се можните ограничувања на неговата нуклеарна програма. Случувањата покажаа дека двете страни се далеку одвоени по клучните столбови на почетната рамка, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата година пријави повеќе од 1,4 милијарди долари приход од крипто потфатите на неговото семејство, што покажува како сега го добива поголемиот дел од својот приход од дигитални средства кои имале корист од неговите политики, според прегледот на неговите најнови финансиски извештаи. Поднесоците, неговото годишно објавување за 2025 година со Канцеларијата за владина етика на САД, открија дека ...

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, ги соопшти новите имиња и рокадите од редовите на неговата партија со што делумно ја обзнани реконструкцијата на владата на половина од мандатот. Премиерот не ги спомна имињата на новите министри од редовите на коалициските партнери во власта, ЗНАМ и Вреди. Со оваа реконструкција се менуваат министрите во осум министерства, еден вицепремиер се укинува, а ...

Полициски службеници од СВР Штип на 29 јуни 2026 година ја лишиле од слобода 39-годишната Т.А. од Штип, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Според МВР, случајот бил пријавен претходно на 22 јуни 2026 година од 26-годишен државјанин на Турција со привремен престој во Штип, кој е студент на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Тој пријавил дека Т.А. побарала 300 евра за да ...

Кир Стармер најавува дополнителни 15 милијарди фунти финансирање за одбрана пред долгоочекуваниот план за трошење што ќе биде објавен денеска. Трошоците за одбрана на Велика Британија ќе изнесуваат 80 милијарди фунти годишно до 2029 година, вели тој, додавајќи дека некои патни и енергетски проекти ќе бидат отфрлени. „Кога светот се вооружува и агресијата расте, најдобриот начин да се избегне војна е да се подготвиме за неа“, вели тој. Стармер ...

Сточарите од Здружението „Симентал“ од Делчево заедно со колеги од Источниот и Струмичкиот регион денеска протестираа барајќи, како што велат, итни мерки за заштита на домашното производство на млеко. Тие соопштија дека своите барања ги доставиле до подрачната канцеларија на Министерството за земјоделство со барање тие веднаш да бидат проследени до кабинетот на министерот, а за состојбата ги информирале и пратениците во Собранието. Оттаму ...

Почитувани читатели, решивме да направиме кратка анкета во која бараме да ни одговорите на десетина прашања. Идејата е подобро да разбереме што ве интересира, какви содржини сакате да читате или гледате кај нас и што очекувате од Мета. Сакаме да ви бидеме уште покорисен и релевантен извор на информации и затоа ни е особено важно да одвоите 7 до 10 минути и да ги одговорите прашањата. Анкетата е целосно анонимна, немаме можност да дознаеме кој ...

Пари, подароци, ваучери пред услуга, упатување на приватен термин, наплата на бесплатни услуги, препорака на конкретни лекови, лсборатори и аптеки. Ова се формите на корупција застапни во здравството, а за кои денеска на брифинг со новинарите информираа во ЕСЕ, Здружението за еманципапција, солидарност и еднаквост на жените. Нивното истражување, во кое учествувале 410 здравствени работници и 21 директор на јавно-здравствени установи, покажало ...

Пожар во Шуто Оризари денеска предизвика облаци со црн чад што се гледаат од повеќе локации во Скопје. Од Центарот за управување со кризи информираат дека преку Е-112 е добиена пријава за пожар во кој гори сува трева, во близина на компанијата Џиди Комерц во Шуто Оризари, а се проширува и кон куќите во околината. Во моментот на локацијата се присутни и интервенираат екипите на Противпожарната бригада на Скопје. Од ЦУК и вчера информираа за ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87