Тешка сообраќајна несреќа утрово се случила на автопатот кај надвозникот на влезот кон Меѓународниот аеродром Скопје, објавија локалните медиуми повикувајќи се на објава од ЈП „Македонија пат“ и Автомото сојузот на Македонија. Во несреќата се превртел автомобил, а според првични информации од очевидци има повеќе повредени лица. Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека од 06:06 часот е прекинат сообраќајот на автопатот Куманово – Велес, кај ...

Второто продолжение на ММО играта „AION“ пристигнува во септември, и е насловено „AION 2“. Ќе биде бесплатна игра што ќе добие и своја глобална верзија. Во играта има ангелски или демонски крилја што се главната карактеристика на ликовите, како и извонредни анимации за потези и удари со различни оружја и магии. Но оваа втора верзија на играта нуди многу, многу повеќе од првиот дел. „Free to play“ моделот на првата „AION“ игра имаше опција ...

Топлотниот бран во Европа може да биде одговорен за стотици смртни случаи, според шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус. Температурните рекорди повторно беа срушени низ целиот континент во неделата, вклучително и во Германија, Полска и Чешка, додека екстремната топлина продолжи да се движи кон истокот на континентот. Во објава на X, шефот на СЗО, Гебрејесус, рече дека повеќе од 1.300 смртни случаи се ...

Иран и САД се согласија да ги прекинат непријателствата во Заливот и да ги обноват разговорите во врска со нивниот спор околу Ормускиот теснец, изјави во неделата американски функционер, зголемувајќи ги надежите за спасување на привремениот мировен договор. „Техничките разговори се планирани да продолжат по сите области од Меморандумот за разбирање. Двете страни засега ќе се повлечат и бродовите можат слободно да се движат“, рече ...

Македонскиот пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски почина вчера на 65-годишна возраст по кратко боледување. По веста за неговата смрт, јавни личности и негови долгогодишни соработници почнаа да се простуваат од него на социјалните мрежи. Каролина Гочева сподели три заеднички фотографии со Јаневски и ја придружи објавата со песната „Не заборавај да се сетиш на мене“. Таа напиша: „Владе мој, збогум со мојата најомилена песна од тебе… и ...

Ноќеска на полноќ, во западниот дел од земјава е почувствуван земјотрес. Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на 10 километри северозападно од Гостивар, со Рихтерова локална магнитуда, M L 3.0. Потресот го почувствувале жителите на градовите Гостивар, Тетово и околината, со интензитет од три ...

Беким Сали од Вреди изјави дека Уставниот суд ја укинал одлуката за имињата на улиците во Тетово затоа што, како што рече, не биле испочитувани законот и процедурите. Во изјавата што ја пренесува Независен, Сали рече дека одлуката од 2007 година била донесена само од советниците, без одобрение од Владата, и дека затоа била донесена „на ноншалантен начин“. Тој додаде дека градот Тетово веќе почнал нова постапка за менување на имињата, според ...

Три пожари на отворен простор сè уште се активни во земјава, информира Центарот за управување со кризи. Според информациите од ЦУК, до 14 часот денеска на територијата на државата биле регистрирани вкупно осум пожари на отворено. Од нив, три се активни, еден е ставен под контрола, а четири пожари се изгаснати. Активен пожар има во Општина Дебар, кај селото Гари, каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума. Втор активен пожар е ...

Албанскиот коалиционен партнер во власта, Вреди, ќе раководи со шест министерства по владината реконструкција, изјави денеска првиот вицепремиер, министер за европски прашања и генерален секретар на Вреди, Беким Сали. Тој, одговарајќи на новинарски прашања пред настанот со кој Вреди одбележува две години од работењето како дел од владината коалиција, рече дека на оваа партија ќе ѝ бидат доверени министерствата за животна средина, економија, ...

Педесет и едногодишен маж од скопското село Таор е лишен од слобода поради сомнение дека ја убил својата поранешна сопруга, 48-годишна жена од истото село, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 28 јуни во 1:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Г. (51), со престојувалиште во село Таор, поради постоење основи на сомнение дека ја убил Ж.Г. (48). Тој на 26 јуни во полициска станица пријавил дека ...

Ликот на Конан Варваринот долго време се сметаше како надмината тема. Овој пат истата продукција што работеше на анимираниот серијал „Самурај Џек“ на чело со Генди Тартаковски кој исто така ја има направено и анимираната минисерија „Star Wars Clone Wars“, ќе работи за „Cartoon Network Studios“ и со колаборација со „Prime Video“ на нов цртан филм за Конан Варваринот. До сега во јавноста е објавена само една фотографија за новиот анимиран филм. ...

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) соопшти дека погодила повеќе цели низ Иран како директен одговор на, како што наведе, „продолжената агресија“ врз комерцијалните бродови, објави Би-Би-Си. Како одмазда, иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека лансирала ракети и дронови кон американска инфраструктура во Кувајт и Бахреин, се наведува во соопштение пренесено од иранските државни медиуми. По размената на оган, САД и Иран ...

Популистичкиот претседател на Србија, Александар Вучиќ, на митинг на неговата партија во саботата во Белград наави дека во следните недели ќе поднесе оставка од функцијата со што се отвора патот за предвремени избори по студентските протестите кои ја разнишаа неговата силна контрола врз власта. Вучиќ не прецизираше кога точно ќе поднесе оставка, ниту кога би можеле да се одржат избори, парламентарни или за нов претседател. Тој и претходно ...

Секој полнолетен граѓанин ќе може кај својот матичен лекар јасно да се произнесе дали сака да биде органодарител, со што ќе се овозможи создавање појасна слика за ставовите на граѓаните и дополнително ќе се зајакнат довербата и информираноста за органодарителството. Ова е предвидено со новите законски измени кои ги најави министерот за здравство Азир Алиу на панел дискусија за органодарителство што се одржа во Гостивар. Измените предвидуваат ...

САД извршија напади врз Иран како одговор на напад со дрон врз товарен брод, додека прекинот на огнот меѓу САД и Иран, кој доведе до повторно отворање на Ормускиот теснец, се соочува со најголемиот тест досега, пренесува „Гардијан“. Нападите на САД биле насочени кон повеќе објекти за ракети и дронови во Иран, во близина на Ормускиот теснец и на островот Кешм. Според проценките, станувало збор за напад со цел да се одговори на иранскиот напад ...

Пациентите со рак на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопјe се соочуваат со долги чекања кои траат со часови за да ја добијат потребната терапија. Зголемувањето на бројот на пациенти, концентрацијата на услугите само во Скопјe и недостатокот на децентрализација создале едно постојано преоптоварување, дополнително влошувајќи ја состојбата на лицата кои се борат со сериозни болести. Засега нема конкретно решение, пишува Порталб.мк. ...

Во гимназиско образование, во двата рока за упис во средно училиште, се запишале 4.653 ученици, а во средно стручно се запишале 10.823 ученици, инфрмираат во Министерството за образование и наука (МОН). Во првото пријавување, кое се реализираше со електронско аплицирање од 12 до 15 јуни, а доставувањето на потребната документација се одвиваше од 16 до 17 јуни, вкупно се пријавиле 15.075 ученици. По направената селекција во уметничкото ...

Според раководителот на швајцарската служба за мониторинг на глечери (Glamos), глечерите во Швајцарија ќе изгубат огромно количество мраз поради топлотниот бран што ја зафати Европа, пренеесува „Гардијан“. Како што е објавено, се очекува снегот и мразот што се наталожиле на швајцарските глечери во текот на изминатата зима, целосно да се стопат до понеделник. Тоа ќе биде пресвртна точка по која секое понатамошно топење до октомври, ќе значи ...

Во следниот период неопходно е да се започне со работа на терен и анализа на биолошката разновидност, пределските карактеристики вклучително и социо-економските аспекти на подрачјето со цел утврдување на природните вредности и потенцијалниот степен на заштита на Кожуф планина, било заклучено на форумот насловен како „Дијалог за иднината на Кожуф“, кој се одржал неодамна во Народниот театар во Гевгелија, во организација на Центарот за ...

Пиењето алкохол купен за носење на улица ќе биде забрането во Париз овој викенд, а градската Парада на гордоста е откажана за да се намали притисокот врз преоптоварените служби за итна медицинска помош и преполните болници во услови на смртоносен топлотен бран, пренесува „Гардијан“. „Консумирањето алкохол додека сонцето силно пече може да има катастрофални последици. Се приближуваме до точката на заситеност на болничките капацитети“, изјави ...

Поради високите температури и опасноста од топлотен стрес, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита на здравјето, особено во периоди на топлотни бранови. Од ИЈЗ советуваат да се избегнува директно изложување на сонце и активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот кога температурите се највисоки. Доколку престојот на отворено е неопходен, се препорачува носење светла и лесна облека, ...

Повеќе од 80% од лицата под 16 години во Австралија изјавиле дека сè уште користат социјални медиуми три месеци откако стапи на сила законската регулатива што им забранува нивно користење, покажува истражувањето. Австралија е првата земја што ги забрани социјалните медиуми за деца. Од декември 2025 година, на лицата под 16 години им е забрането да имаат сметки на многу платформи на социјални медиуми, вклучувајќи ги ТикТок, Икс, Фејсбук, ...

Се воведува целосна забрана за движење во шумите од 1 јули до 31 август, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Пристапот до шумите ќе биде дозволен исклучиво со писмена дозвола издадена од надлежната подружница на ЈП „Национални шуми“ или од националниот парк што стопанисува со подрачјето. „За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати ...

Околу 20 осудени лица кои не боледуваат од психичко заболување биле затекнати во Форензичкото одделение на психијатриската болница „Демир Хисар“ при контрола што во декември 2025 година ја спровел Тимот на Националниот превентивен механизам (НПМ) при Народниот правобранител. Според заменичката народен правобранител Соња Трифуновска, постојат сериозни сомнежи дека дел од овие лица, преку спорни судско-психијатриски вештачења и лажни наоди ...

Музичко-сценски перформанс во кој ќе бидат вклучени над 120 македонски уметници е новиот проект што е најавен за одбележувањето на 35 годишнината од независноста на земјава, по концертите на Дејвид Гета и Хозе Карерас со македонските ѕвезди, кои веќе се најавија. Перформансот ќе се одржи во 15 градови низ земјава, а во него ќе учествуваат различен вид на ументници. Според режисерот Дејан Пројковски, ќе учествуваат пејачи, музичари, актери, а ...

Долгогодишниот новинар на Би-Би-Си Њуз Гај Де Лони, кој известуваше за трагедијата во Кочани на британскиот сервис, во Линкдин објава соопшти дека по 32 години работа, неговиот договор нема да биде обновен. „Благодарам на сите што ми испратија пораки на поддршка во изминатиот ден. Работев за Би-Би-Си 32 години, од кои 22 како странски дописник со хонорарен договор што постојано се обновуваше“, вели Де Лони. Одлуката, како што наведува тој, ...

На полицајците ќе им биде дозволено да носат брада, но таа мора да биде кратка, уредна и редовно одржувана. Барањето за измените на правилникот го поднел Независниот синдикат на полицијата, а не „командантите од ДУИ“, објави Вистиномер. Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: ПО БАРАЊЕ НА КОМАНДАНТИТЕ НА ДУИ ЛЕГЕНДИТЕ НЕОПЕАНИ ОД ВЕМЕРЕТО ДОНЕЛЕ НОВ ПРАВИЛНИК. ПОЛИЦАЕЦОТ МОЖЕ ДА НОСИ И БРАДА. И ДА НЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ АКО ВЕ ...

Иран нападна брод во Ормутскиот теснец, принудувајќи пауза во евакуацијата на заглавените морнари и демонстрирајќи ја својата континуирана способност да го ограничи критичниот воден пат, и покрај договорот постигнат минатата недела со САД, пренесува Си-Ен-Ен. Американски функционер изјавија дека бродот бил нападнат од ирански дрон, но не даде дополнителни детали. Иако Иран не ја презеде одговорноста, нападот во четвртокот се случи неколку ...

Во светот се помалку има големи и масовни игри како фамозната „Red Dead Redemption“. Rockstar создаде два речиси совршени наслови од отворен свет кои го ставија реализмот и приземните, срцепарателни наративи пред сè, до толку длабоко совршена мера што се чини речиси невозможно за која било игра некогаш да се спореди. Сепак, имаше обиди да се повтори успехот на симулаторот на Дивиот Запад на Rockstar, или да се земе влијание од одредени ...

Во операција на црногорската полиција и ФБИ уапсен е припадник на Иранската револуционерна гарда, Амир Барати (39), кој е обвинет дека ја оштетил инфраструктурата на САД со хакерски напади за 3,4 милијарди долари, информираат црногорските медиуми. „Службеници на Секторот за борба против криминалот – НЦБ Интерпол Подгорица, тимот FAST за меѓународни целни претреси, во соработка со службениците на Одделот за безбедност на Котор, врз основа на ...

Турлитава

13 минути - Бриф
weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.38
31%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
3.13
58%
1015
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
0.66
43%
1013
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.78
37%
1018
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.27
36%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
73%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
1.34
43%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.95
37%
1016
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.98
40%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 22ᴼ
3.13
55%
1016
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 25ᴼ
1.65
43%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
2.65
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Злато

130535.25

Кобалт

56.29

Бакар

13.27

Паладиум

40445.64

Алуминиум

3.23

Рутениум

53852.50

Родиум

265243.66

Сребро

1894.77

Цинк

0.00

Калај

55.44

Платина

52855.83

Иридиум

252383.36