Белата куќа побарала од OpenAI да го ограничи објавувањето на својот претстоен модел GPT 5.6 само на мал број партнери одобрени од американската влада, поради неговите напредни способности, изјавил за Си-Ен-Ен извор запознаен со ситуацијата. Барањето доаѓа откако администрацијата воведе извозни ограничувања за компанијата Anthropic, поради што таа ги повлече своите најнапредни модели, Mythos и Fable. Овие модели предизвикаа загриженост во ...

Синдикатот на културата поведе постапка пред Меѓународната организација на трудот (МОТ). Од синдикатот велат дека повеќе од една година министерот Зоран Љутков, не седнал на проговарачка маса со синдикатите. „Наместо тоа, работите ескалираа до степен во кој, поради непочитувањето на правата утврдени со Колективниот договор, СКРМ беше принуден да поднесе околу 800 тужби против институциите, додека иницијативата поднесена од „загрижен граѓанин“ ...

Француските власти воведоа забрани за консумирање и продажба на алкохол на јавни места во Париз, во обид да го намалат притисокот врз болниците во главниот град за време на топлотниот бран, објави Би-Би-Си. На парижаните ќе им биде забрането да пијат алкохол на јавни места од пладне во петок до 7 часот наутро во сабота. Мерките ќе бидат во сила во истото време од сабота до недела. Топлотниот бран што ги остави Шпанија, Велика Британија и ...

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради санација на два затворачи со профил Ф-400 и Ф-500 милиметри, доколку се исполнат техничките услови, дел од Општина Карпош ќе остане без вода. Прекинот во водоснабдувањето е најавен за денес, 26 јуни, со почеток од 18:00 часот и ќе трае до завршување на интервенцијата. Без вода ќе останат корисниците од улицата „Никола Парапунов“, како и дел од жителите на улиците „Разловечко Востание“ и ...

Итно да се затвори скопската Зоолошка градина и да се направи независен инспекциски надзор, да се проверат сите живеалишта, огради, кафези и безбедносни системи, а наодите јавно да се објават, бараат од здружението за заштита на животните Анима мунди, откако во јавноста излезе информацијата дека волци избегале од живеалиштата и усмрттиле четири кенгури и неколку птици. Активистите бараат независна истрага за бегството на волците, усмртувањето ...

Две земји на источното крило на НАТО предупредија дека Русија подготвува можна провокација во балтичките држави или Полска, во обид да ја тестира кохезијата на западниот воен сојуз. Западните извори, исто така, стравуваат дека може да има опасност на хоризонтот, бидејќи Кремљ е под притисок од кампањата на Украина за напади со долг дострел врз цели во близина на Москва и Санкт Петербург. На почетокот на неделата латвиските разузнавачки служби ...

Спасувачите брзаат да ги пребараат урнатините за да спасат животи откако два силни земјотреси ја погодија Венецуела во близина на главниот град, при што загинаа најмалку 235 лица, а најмалку 4.300 беа повредени. Во Каракас и блискиот крајбрежен град Ла Гваира, можеше да се чуе како луѓето повикуваат на помош од под урнатините на срушените згради. Првиот земјотрес со јачина од 7,2 степени беше проследен неколку секунди подоцна со уште посилен ...

Меѓународната поморска организација на ОН ја прекина својата операција за придружба на бродови низ Ормускиот теснец во четврток откако еден брод пријави напад, повторно разгорувајќи загриженост за тоа дали прелиминарниот договор за ставање крај на војната во Иран ќе се одржи. Товарниот брод соопшти дека бил погоден во близина на Оман од проектил, соопшти британската поморска агенција UKMTO, неколку часа откако Техеран ги предупреди бродовите ...

„Overwatch 2“, бесплатната пукачка игра од Близард базирана на сајберпанк елементи доби нова хероина наречена „Shion“. „Shion“ e вид на анти-херој што е слична на јакуза мафијашите овде нарачени Хашимото Кланот. „Shion“ е жена но со далеку премногу роботичка кибернетска појачаност со метален хардвер како тело, што ја прави вистинска демоница во борба дури и се додадени и мали црвени рогчиња. Користи пиштоли како протагонистот Данте во „Devil ...

Ревизијата на Државниот завод за ревизија (ДЗР) открила сериозни слабости кај АД МЕПСО во управувањето со имотот, инвестициите, јавните средства и човечките ресурси, кои влијаат врз развојот на електропреносниот систем. Според ревизорскиот извештај за 2024 година, за повеќе од половина од далекуводите со кои управува МЕПСО не е обезбедена целосна документација за сопственост. Од вкупно 112 далекуводи, за 59 друштвото не располага со имотни ...

Чебрен и Галиште ќе ја зајакне стратешката позиција на државата, а бидејќи не излегуваме на море и со оглед на климатските промени, покрај производството на електрична енергија ќе допринесе и за потребите за вода, но и за туризмот, смета премиерот Христијан Мицкоски. „За реализација на Чебрен и Галиште има два концепти, првиот е да се гради со пари од меѓународни финансиски институции кои ќе обезбедат пари со доволен грејс период додека трае ...

Денес на седницата за пратенички прашања во Собранието се случи жесток вербален дуел меѓу лидерот на СДСМ, Венко Филипче и премиерот Христијан Мицкоски. Филипче го обвини Мицкоски дека резултатот од неговото двегодишно владеење е „голема нула“ и дека од тоа се што ветил не остварилништо. На тоа премиерот Мицкоски возврати со реченицата „јахтата во Паљури“ и се закани дека нема повеќе поранешни функционери да уживаат додека граѓаните чекаат да ...

Оценувањето на тестовите од државната матура и обработката на податоците се во тек, а резултатите ќе бидат објавени до 11 јули. Испитот на зрелоста втора година по ред матурантите го полагаа во големи простории односно амфитеатри, холови и сали, за да биде процесот пообјективен. Сепак, како што информира директорката на Државниот испитен центар, Даниела Јовчевска Михајловска, биле откриени 60 ученици кои користеле мобилни телефони. ...

Со традиционалното палење на фестивалскиот оган и читање на „Т’га за југ“ од Константин Миладинов, синоќа во Струга свечено беше отворено јубилејното 65-то издание на Струшките вечери на поезијата, една од најзначајните меѓународни поетски манифестации. Годинашниот фестивал се одржува под мотото „Каде што живее поезијата“ и ќе трае до 29 јуни. На манифестацијата учествуваат околу 70 поети, преведувачи, критичари и литературни дејци од ...

Новинарката Никол Колстер била дома во главниот град на Венецуела, Каракас, кога нејзиниот стан почнал силно да се тресе. „Ги видов прозорците како се движат, а единственото нешто што можев да го направам беше да се протнам помеѓу влезната врата и камениот ѕид за да се обидам да се заштитам“, раскажува таа. Два земјотреси вчера го погодија градот со секунда разлика, првиот со магнитуда од 7,2 степени, а вториот со 7,5. Фотографиите покажуваат ...

Украина ќе изврши превентивни напади врз објекти што Русија ги користи за својата војна, изјави претседателот Володимир Зеленски во своето вечерно обраќање, додека Киев ги проширува нападите врз енергетската инфраструктура во обид да ја принуди Москва на разговори. „Им наложив на нашите разузнавачки служби и војската да дејствуваат превентивно против објектите што Русија ги користи за проширување на своите воени напори“, рече Зеленски. ...

Белата куќа побара од пратениците да одобрат 87,6 милијарди долари, главно за итни потреби поврзани со војната на САД против Иран, еден ден откако Конгресот усвои резолуција со која се осудува воената акција. Поголемиот дел од финансирањето – 67 милијарди долари – е за Министерството за одбрана, вклучувајќи 21 милијарда долари за муниција, 17,3 милијарди долари за оперативни трошоци и 12,1 милијарди долари за класифицирани програми, соопшти ...

Западна Европа е зафатена од топлотен бран кој одзеде десетици животи, го прекина снабдувањето со електрична енергија, затвори училишта и културни знаменитости, бидејќи метеоролозите предупредија дека екстремните температури би можеле да продолжат до крајот на неделата. Соборувајќи ги претходните рекорди, Велика Британија ја забележа највисоката температура за јуни, достигнувајќи 36,1 степени Целзиусови во јужна Англија. Температурите во ...

Два силни земјотреси го потресоа Каракас во рок од една минута еден од друг – првиот со магнитуда од 7,2 степени, а вториот со магнитуда од 7,5. Спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините, а вршителката на должноста претседателка на Венецуела, Делси Родригез, прогласи вонредна состојба и изрази сочувство, без да прецизира колку луѓе загинале. Лидерите низ Латинска Америка понудија поддршка и солидарност, како и американскиот претседател ...

Надворешниот долг на Северна Македонија на крајот на првиот квартал од 2026 година изнесувал над 12 милијарди евра, што претставува зголемување од 742 милиони евра, или 6,1 отсто, во однос на крајот на минатата година, соопшти Народната банка. Според податоците, најголем дел од растот доаѓа од зголемувањето на јавниот долг, кој пораснал за 463 милиони евра. Од Народната банка посочуваат дека тоа главно се должи на издавањето нова ...

Веќе трета недела во Албанија се одржуваат протести наречени „Фламинго револуција“ кои се против проектите во заштитените подрачја. Тие се одвиваат во период кога Албанија штотуку ги отвори сите поглавја од преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ). Во овој контекст, се наметнува дилемата во колкава мера протестите можат да бидат искористени од различни чинители да се попречи европскиот пат на земјата. Мирните протести се одржуваат на ...

Управата за финансиска полиција поднела кривични пријави против пет физички лица и две правни лица поради сомнежи за злоупотреби поврзани со користење средства од европската ИПАРД програма, соопшти институцијата. Кривичните пријави се доставени до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и до Основното јавно обвинителство Скопје. Кривични пријави се поднесени против Б.Г. и Г.Ф. во својство на надзорни ...

Преку „Везилка“, Националниот центар за вештачка интелигенција (ВИ) целта е граѓаните да добиваат побрзи услуги, а во тоа може да помогнат новите технологии, беше истакнато на денепната презентација на овој проект која се случи во хотелот „Александар Палас“. Проф. д-р Димитар Трајанов од Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ), го презентираше проектот пред студенти, евроамбасадорот Михалис Рокас, ректорката на ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска даде отчет за сработеното во изминатите две години и притоа се повели дека реализирала бројни реформи насочени кон подобрување на условите и можностите за учениците, студентите, наставниците и научната заедница. Според министерката, токму во нејзините две години, е запрен, како што го нарече, падот на образовниот систем. Отчетот Јаневска го дава неколку дена пред да започнат ...

Почина македонскиот писател, публицист, енциклопедист и долгогодишен новинар Јован Павловски, соопшти неговото семејство. Тој зад себе остави повеќедецениско творештво што опфаќа поезија, проза, литература за деца, публицистика и енциклопедистика. Павловски беше долгогодишен уредник и новинар во „Нова Македонија“, како и дописник на весникот од Париз и Москва. Во периодот од 1980 до 1986 година предаваше теорија и практика на новинарството на ...

Владата не се жалела на одлуката на Вишиот управен суд со кој се враќа споената концесија за рудникот Иловица и дозволила пресудата да стане конечна, а во јавноста тврди дека мора да ја почитува бидејќи тоа и е должност бидејќи сака да го почитува владеењето на правото, обвинуваат од граѓанската иницијатива Здрава Котлина, која повеќе од една деценија се бори во овој земјоделски крај да не се отвори рудник. Владата вчера информираше дека ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му наложил на Министерството за правда да ги испита нафтените компании за тоа што не ги намалуваат цените на бензинските пумпи во согласност со падот на цените на суровата нафта и ги обвини компаниите за „измама“ на клиентите, пренесува Ројтерс. Трамп не именуваше ниту една компанија во својата објава на социјалните мрежи, која дојде по полноќ. Белата куќа и Министерството за правда (DOJ) не ...

Американскиот Сенат, кој е под контрола на републиканците, одобри мерка со која се бара претседателот Доналд Трамп да ја запре војната во Иран или да побара одобрение од Конгресот пред да продолжи со воената акција, објави Би-Би-Си. Но, резолуцијата е во голема мера симболична бидејќи, дури и по усвојувањето во двата дома на Конгресот, таа нема да биде испратена до Трамп на негово разгледување и нема сила на закон. Малкумина републиканци им ...

Голем пожар што избувна во вторник попладне во фабрика за производство на пластика во областа Вотаникос, на границата со Аегалео во западна Атина, сè уште е активен, според грчката противпожарна служба, при што пожарникарските екипи продолжуваат со напорите целосно да го стават под контрола, пренесува „То Вима“. Утрово било забележано повторно разгорување во магацинскиот дел, па пожарникарите ги локализирале преостанатите жаришта и спречиле ...

Германија постепено ќе ја зголемува возраста за пензионирање на околу 70 години до почетокот на 2090-тите години според препораките поддржани од канцеларот Фридрих Мерц, како средство за обезбедување на иднината на пензискиот систем за стареечкото население, пренесува Гардијан. Презентирајќи ги своите наоди, експертска комисија формирана за истражување на реформите во пензискиот систем рече дека возраста за пензионирање треба да биде поврзана ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.1
33%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
2.68
61%
1015
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
0.57
46%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.4
38%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
0.58
38%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 18ᴼ
0.72
77%
1015
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
0.89
44%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.86
39%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.72
42%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 21ᴼ
1.79
57%
1016
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 25ᴼ
0.92
46%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
2.86
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Родиум

265243.66

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Бакар

13.27

Злато

130535.25

Цинк

0.00

Сребро

1894.77

Калај

55.44

Алуминиум

3.23

Платина

52855.83

Иридиум

252383.36

Паладиум

40445.64