Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Француските власти наредија евакуација на целиот полуостров Кап Ферет (Леж-Кап Ферет) на југозападниот брег, при што стотици луѓе избегаа од областа со бродови, пренесвуа Би-Би-Си. Туристичкото жариште се евакуира додека пожарникарите продолжуваат да се борат со шумски пожар што беснее во регионот Жиронд со денови. Пожарот, кој започна во вторник во Саумос, продолжи да гори преку ноќ, а пламените јазици проголтаа 8.700 хектари. Во меѓувреме, ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО денеска одлучи Охридскиот Регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност а Владата доби рок од 5 години за спроведување на забелешките на УНЕСКО за заштита. Одлуката беше донесена од страна на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, на 48. сесија која се одржува во Бусан, Република Кореја. Македонската делегација во Бусан ја води амбасадорот во Париз Игор Николов со неколку ...
Две големи заплени на кокаин, едната во Либерија, другата во Италија, повторно го доведоа во преден план можното учество на Србија во шверц на кокаин. Бидејќи во најголемата заплена во историјата на Либерија, вредна 370 милиони долари, беше уапсен и еден српски државјанин, додека во италијанското пристаниште Вадо Лигуре, дел од товарот беше обележан со српското знаме меѓу 770 килограми кокаин. Шестотини и педесет пакети со исклучително чист ...
Иран испрати команданти на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), воени советници и опрема поврзана со ракети и беспилотни летала во Јемен, според четири извори, во потег што сугерира дека Техеран се обидува да ја зајакне способноста на своите сојузници Хути да го загрозат бродскиот превоз на Црвеното Море. Четири извори запознаени со ова прашање, вклучувајќи два ирански извори, министерот за информации на Јемен и аналитичар за ...
Возач-почетник, е уапсен отккао возел двојно над дозволената брзина на автопатот Скопје–Тетово, кај клучката Кондово, со 211 километри на час. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи 18-годишно момче, управувало патничко возило „Фолксваген Артеон“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 211 километри на час, што е повеќе од двојно над максимално дозволената брзина за возач-почетник на автопат. „При сообраќајна контрола ...
Администрацијата на САД од денеска воведе нови царини од 10% и 12,5% за стоки од 60 трговски партнери, вклучувајќи ги Европската Унија и Кина, поради обвинувања за лабаво спроведување на забраните за принудна работа, токму кога истече привремената глобална царина од 10%. Овој потег е најновиот обид на Белата куќа да ја врати визијата на претседателот Доналд Трамп за време на кампањата за речиси глобална царина, откако Врховниот суд на САД во ...
Во рамки на јавниот повик пристигнале четири понуди од компании од Турција, Кина и Унгарија. Понуди доставиле Ксиамен Голден Драгон бус, Јес-ЕУ Денмарк А/С Јутонг, БМЦ Отомотив Санави со Тиџарет Аноним Сиркети, и Икарус Електрик заедно со ЕВН. Компанијата Икарус електрик заедно со ЕВН е на листата како најповолен понудувач во постапката за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, откако на електронската аукција доставила ...
Итно да се направи вонреден надзор и целосна анализа на сите водоснабдувачки станици во државата, како и јавно да се објават резултатите од испитувањата на водата, побара претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Тој нагласи дека квалитетот на водата не може да биде третиран како тајна, бидејќи станува збор за прашање од јавно здравствено значење. На ова реагираа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ од каде што велат дека ...
Неспроведени мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, непочитување на обврската за задолжителни здравствени прегледи на вработените, како и нерегистрирани оператори со храна, се дел од недоследностите утврдени при 70 вонредни инспекциски надзори во Гостиварско. „Во однос на утврдените недоследности – неспроведени мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација (5 оператори), неспроведени задолжителни здравствени прегледи на ...
Граѓаните кои претпеа штета од невремето кое пред два дена го зафати Скопје и уште неколку градови низ земјата можат да пријават во своите општини и да побараат обесштетување. Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека општините во кои се случија временските непогоди формираат комисии, кои ќе треба да излезат на терен по пријави на граѓаните и да направат проценка на штетата. „Апелирам до граѓаните да се обратат до комисиите во ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува водата во градскиот водовод во Гостивар до крајот на неделата да биде исправна за техничка употреба, а до крајот на неделата и за пиење. Тој информира дека во санирањето на последиците од загадувањето на системот за водоснабдување се вклучиле и екипи на Водовод и канализација од Скопје. „Ќе треба да се изврши целосно миење на системот, а хлорот да се доведе во нормални граници. Очекувам ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница. Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот автомобил излегувале од фирмата во селото ...
Ниту една општина во земјава не ги наплатува сите даноци, такси и надоместоци, а руралните имаат поголеми фискални предизвици од урбаните општини. Државниот завод за ревизија утврдил дека општините во периодот од 2020 до 2024 година генерирале над 2.9 милијарди денари, односно над 47.7 милиони евра ненаплатени побарувања по основ на даноци, такси и надоместоци, а извршиле отпис на 3.8 милиони евра. Од вкупно ненаплатените побарувања 67% или ...
САД ја започнаа својата 12-та последователна ноќ на напади врз Иран, велејќи дека воените цели биле погодени за да се намали способноста на Техеран да напаѓа комерцијални бродови, објави Гардијан. Иранската државна телевизија јави дека две лица се убиени, а 11 се ранети во она што официјален претставник на покраината Хузестан го опиша како американски ракетен напад врз граничниот премин Шаламчех со Ирак. Иранската Исламска револуционерна ...
Царинските службеници на граничниот премин Табановце, при влез во државата, спречија обид за криумчарење 348 грама златен накит, во вредност од 1,3 милиони денари. Случајот е откриен при детална контрола на автомобил со кој патувале сопружници, македонски државјани со живеалиште во Белгија, при што во чантата на сопатничката се пронајдени 26 парчиња златен накит. Против неа, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе ...
Mинистерот за здравство, Сашо Клековски во изјава ги нарече докторите кои во медиумите и на социјалните мрежи коментираат за случајот со загадувањето на водата во Гостивар, слободни јавачи на епидемијата. Тој ги критикуваше лекарите кои зборуваат, а не се епидемиолози и инфектолози и апелираше до граѓаните да ги слушаат и да веруваат само на службените информации кои излегуваат од институциите и уверува дека состојбата ја имаат под контрола. ...
Хутите од Јемен, поддржани од Иран, тврдат дека во утрово нападнале два саудиски танкери за нафта во Црвеното Море, откако објавувија поморска блокада на саудиските бродови. Сателитски снимки од НАСА го покажуваат танкерот со саудиско знаме „Енцелија“ како гори во Црвеното Море. Енцелија беше таргетирана додека пловеше во Црвеното Море, предизвикувајќи пожар на предниот дел на бродот, објави Саудиската државна новинска агенција, цитирајќи ...
САД и Саудиска Арабија потпишаа значаен договор кој наводно ќе му овозможи на кралството од Персискиот Залив да развие цивилна нуклеарна програма. Според американското Министерство за енергетика, договорот е опишан како договор за мирна нуклеарна соработка кој ќе обезбеди одличен пристап за американските компании во саудиската програма за нуклеарна енергија. Текстот од договорот не беше објавен, но американските медиуми објавија дека тој би ...
Дигиталните услуги сè повеќе стануваат дел од секојдневието и на повозрасните граѓани. Дел од нив плаќаат сметки преку мобилни апликации, користат електронско банкарство и комуницираат онлајн, но кога ќе наидат на проблем, најчесто бараат помош од своите деца или внуци. Недоволната дигитална писменост, стравот од грешка и сè почестите интернет измами прават многу пензионери и натаму да се чувствуваат несигурно во дигиталниот простор. ...
Блупринт групата за реформи во правосудството побара брза, темелна и независна истрага за случајот со загадувањето на водата за пиење во Гостивар, оценувајќи дека станува збор за сериозен показател на можни системски слабости, а не за изолиран инцидент. Во реакцијата, тие посочуваат дека забраната за користење на водата од градскиот водовод, прогласената епидемија и одлуката на Владата од 21 јули за прогласување кризна состојба отвораат ...
Огромна количина кокаин е запленета за време на рација во објект за кој се сомнева дека се користи како нелегално складиште во близина на главниот град на Либерија, Монровија, во она што властите го опишуваат како најголема заплена на дрога во историјата на земјата. Уапсени се неколку лица, а едно од нив имал српски пасош, пренесува Н1. Снимките и фотографиите објавени од полицијата покажуваат десетици запечатени куфери и кутии во камионот, ...
Во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е забележано зголемено ниво на арсен, соопшти денес ЈП „Комунален сервис“ од Валандово. „Поради наведеното, се препорачува водата од градскиот водовод во Валандово да не се користи за пиење сѐ до добивање на нови резултати кои ќе ја потврдат нејзина исправност. Водата може да се користи исклучиво како техничка вода,“ велат од валандовското комунално претпријатие. Оттаму нагласуваат и дека ...
Силен ветер со брзина до 134 километри на час предизвика големи штети во повеќе делови од Македонија вчера. Искорнати дрвја, оштетени покриви, уништени возила и домови се дел од последиците од невремето, во кое беа повредени и десетици граѓани. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат дека станува збор за исклучително редок метеоролошки феномен за овие простори. На Автоматската метеоролошка станица во Штип, во 17 часот, е ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции порача дека додека Европската Унија го забрзува процесот на проширување, Македонија останува единствената земја кандидат која не бележи напредок. Филипче оцени дека регионот се движи напред, а Македонија стагнира во момент кога ЕУ јасно покажува дека проширувањето е еден од нејзините клучни приоритети. „Секој ден гледаме како регионот оди напред. За ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема да ги остави граѓаните сами да се справуваат со последиците од силното невреме што го зафати Скопје и најави дека штетите ќе бидат утврдени и надоместени согласно законските процедури. Одговарајќи на новинарско прашање дали граѓаните ќе останат сами да се снаоѓаат со материјалната штета, Мицкоски рече дека институциите веднаш реагирале. „Никогаш оваа влада не ги оставала граѓаните сами да ...
Володимир Зеленски го разреши врховниот командант на Украина, Олександр Сирски и му понуди истакната позиција на министерот за одбрана кого го разреши минатата недела, потег што предизвика национални протести. Во телевизиско обраќање, Зеленски рече дека го назначува Михајло Драпати, популарен и иновативен генерал, за нов шеф на вооружените сили на Украина. Драпати ќе надгледува реорганизација на командната структура на армијата, рече ...
Здружението АРНО продолжувајќи ја мисијата за поддршка на општествени иновации, зелен развој и дигитални вештини на граѓаните, во рамки на проектот DigiCitizenEdu, организира бесплатна онлајн работилница насловена „Google Maps за почетници“, на која може да се пријават сите граѓани. „На 27 јули со почеток во 12 часот, работилницата ќе се одржи виртуелно преку платформата „Зум“. Таа е наменета за сите граѓани кои сакаат да ја совладаат ...
Површинските и подземните води на Шар Планина се главниот извор за водоснабдувањето на Тетово и Гостивар, придонесуваат и кон полнењето на извориштето Рашче, од кое со вода за пиење се снабдува најголемиот дел од Скопје, а обезбедуваат вода и за функционирањето на Мавровскиот хидроенергетски систем. Сепак, проблемите со водоснабдувањето во Тетово и актуелната состојба со загадувањето на водоводниот систем во Гостивар покажуваат дека ...
Стотици деца во Куманово чекаат во ред за градинка, а зад секое дете на списокот на чекање стои едно семејство кое се соочува со тежок избор: кој ќе се грижи за нивните деца? Недостатокот на капацитети за предучилишна возраст создава социјални и економски последици за семејствата, а ветувањата за нови градинки сè уште се само на хартија, пишува Порталб.мк. На листата на чекање има 341 дете за запишување во еден од 10-те објекти на детската ...
Додека браќата Ендру и Тристан Тејт остануваат во притвор во Флорида и се спротивставуваат на барањето за екстрадиција од Обединетото Кралство, новообјавени судски документи откриваат повеќе детали за најновите обвиненија за сексуални злосторства со кои се соочуваат двајцата, вклучувајќи силување и трговија со луѓе за сексуална злоупотреба, објави Си-Ен-Ен. Документите, објавени во понеделник вечерта, детално ги наведуваат жалбите поднесени ...