Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска соопшти дека предлогот за прекин на огнот во Украина за време на Божиќ и натаму е актуелен, а украинскиот претседател Володимир Зеленски мора сам да преземе одговорност дали ќе го прифати или не. „Предлогот за прекин на огнот е на маса. Земи или остави. Тоа е твоја одговорност“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс. Орбан рече дека на маса е можноста за масовна размена на воени заробеници и прогласување ...

Во САД употребата на дрога меѓу тинејџерите не е зголемена по падот забележан на почетокот на пандемијата „Ковид-19“, покажуваат резултатите од големата годишна студија. Околу две третини од ученици од четврта година средно оваа година изјавија дека не користеле алкохол, марихуана, цигари или електронски цигари во изминатите 30 дена. Тоа е најголемата регистрирана апстиненција од овие супстанции откако започна годишното мерење на навиките на ...

Канада објави нови гранични правила за канадско-американската граница кои вклучуваат сеопфатни безбедносни мерки откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе дополнителни 25 отсто царини за сите канадски увозни производи веднаш штом стапи на должност следниот месец, доколку таа земја не се вклучи во запирање на шверцот на мигранти и дрога во САД. Канадската влада најави дека ќе го зајакне надзорот долж ...

Овен Негативностите се повлекуваат и ви овозможуваат да уживате во мирен и пријатен ден. Можеби ќе имате несогласувања во семејството, но тие ќе бидат привремени. Денот не е погоден за екстремни спортови, но музиката ќе ви го подобри расположението. Спијте повеќе. Бик Денес ќе имате среќа и ќе успеете да постигнете успех во задачите, но најважно е да го направите првиот чекор. Луѓето кои ви помагаат имаат свои интереси, но соработката ќе биде ...

-СДС наместо да се занимава со измислени теми за Панче Тошковски нека направи анализа зошто губи 5 спрема 1 на анкетите и зошто огромното мнозинство сметаат дека партијата нема никаков капацитет на промени, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Одговорот лежи во Венко Филипче, Зоран Заев, Димитар Ковачевски. Додека СДС ја занимава јавноста со измислени теми, тие не сфаќаат дека станаа гума за спасување на Артан Груби, Ахмети и ДУИ. Толку да се секираше за себе ...

Најстудено утрово е на Попова Шапка -7 степени, каде има и најголема снежна покривка од 32 сантиметри, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Под нулата е и во Маврови Анови -7, Крушево -6, Битола -5, Крива Паланка, Охрид, Прилеп и Претор -4, Велес и Берово -2, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Струмица, Виница и Тетово -2, Штип и Демир Капија -1. Најтопло е во Гевгелија 3 степени. Во Маврови Анови има 29 сантиметри снег, а во Ѓуриште ...

Во едно од последните интервјуа Шакира откри коj пејач и помогнал за време на драматичното и тешко раскинување со фудбалерот Жерар Пике. Колумбиската ѕвезда за списанието Ролинг Стоун изјави дека тоа е фронтменот на Колдплеј, Крис Мартин. Таа сподели дека се зближиле додека минувала низ тешко раскинување. -Тој беше тука за мене кога раскинав и кога бев скршена. Ме проверуваше секој ден и ми испраќаше зборови на поддршка, рекла таа. Се запознале ...

Литванија (12,78 литри по глава на жител) Меѓу првите пет се и две балтички земји, а Литванија го зазеде петтото место. Овде алкохолот најчесто се ужива во пивото, но и во домашните ракии и ликери, познати како квас, самана и старка. Германија (12,79 литри по глава на жител) Најнаселената европска земја (без Русија) е многу љубител на добри пијалоци. Кога ќе го спомнеме пивото, еден од синонимите е Германија, а особено јужниот регион Баварија, ...

Лав Лавовите имаат сила на карактерот, самодоверба и креативност, што ги прави одлични претприемачи. Нивните лидерски вештини им овозможуваат да водат тим и да ги инспирираат другите. Лавовите имаат брилијантен стил на комуникација и знаат да продаваат и идеи и готови производи, што е многу корисно во бизнисот. Нивната способност да управуваат со ризикот им помага да донесат успешни стратешки одлуки. Никогаш не грешат во проценките за ...

Постојат многу истражувања за тоа дали млекото во кафето има негативни или позитивни ефекти врз нашето здравје. Самото кафе ја подобрува меморијата. Едно истражување покажа дека пиењето црно кафе влијае на лачењето на полифеноли (антиоксиданси) во нашето тело, а додавањето млеко не го намалува нивото на овие полифеноли. Сепак, млекото му додава маснотија на кафето. Затоа, доколку сакате да ги изгубите вишокот килограми, избегнувајте да додавате ...

При висок крвен притисок, неминовно следи грижата за здрав животен стил, пред сѐ – со помалку извори на стрес и поволна исхрана. Има повеќе начини за едноставно и брзо намалување на притисокот. Основниот совет сепак, гласи – никогаш да не се крие притисокот од лекарите бидејќи тоа може да го попречи и / или одложи потребниот третман и да доведе до посериозни здравствени проблеми. Натаму, според „Харвард хелт паблишинг“ (Harvard Health ...

Иако тоа не е дел од официјалниот дневен ред на Самитот на ЕУ што денеска се одржува во Брисел, не е исклучено дел од лидерите да го покренат и прашањето за „едностраните потези“ на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во врска со нејзината одлука да го потпише договорот за слободна трговија меѓу Унијата и јужноамериканската економска заедница Меркосур, потег кој таа го оцени како „историски“. Дел од земјите членки, пред ...

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, денеска во Брисел, непосредно пред почетокот на Самитот ЕУ-Западен Балкан, изјави дека проширувањето е приоритет за сите во ЕУ, дека се посветени на тоа и веруваат дека тоа е „најголемиот залог во мирот, безбедноста и просперитетот“. Во кратката изјава за новинарите по пристигнувањето, Кошта рече дека Самитот е важен од три причини. -Бидејќи припаѓаме на исто европско семејство, делиме континент и ...

Стратегијата на Унгарија во однос на војната во Украина се покажа како правилна, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Според него, само примирје и мировни преговори можат да стават крај на конфликтот, пренесе унгарска новинска агенција. „Повеќе од илјада дена зборуваме за завршување на војната и за примирје и мировни преговори. За жал, стотици илјади веќе загинаа во регионот во последните повеќе од илјада дена, ...

НАСА соопшти дека враќањето на астронаутите Сани Вилијамс и Буч Вилмор од Меѓународната вселенска станица ќе биде одложено до крајот на март, со што нивната мисија, која првично требаше да трае само осум дена, е продолжена на повеќе од девет месеци. НАСА потврди дека Вилијамс и Вилмор, заедно со астронаутот Ник Хејг и рускиот космонаут Александар Горбунов, ќе се вратат на Земјата по мисијата „Кру-10“, која сега е планирана за крајот на март. ...

ОВЕН Би можеле да бидете почувствителни од вообичаено на ситници и не баш расположени за критики, бидејќи ве очекува нешто послаб фокус, што ќе влијае на организацијата. Може да очекувате критика од другата страна, која се чувствува запоставена поради вашата блага незаинтересираност. БИК Би било добра идеја повторно да ги проверите документите, договорите, со цел навреме да ги исправите потенцијалните грешки или пропусти. Секој вишок на слободно ...

Процентот на жени во највисокото раководство во најголемите германски берзански компании достигна рекордно високо ниво, пренесе ДПА. За прв пат, повеќе од една четвртина (25,7 отсто) од членовите на одборите во првите 40 DAX компании се жени, покажува анализата на организацијата Жени во надзорни одбори (Фидар), која и била доставена на ДПА. Ова е малку повисоко отколку во претходната студија во јануари (23,5 отсто) и рекорд откако Фидар почна да ...

Претседателот на САД, Џо Бајден потврди дека ќе присуствува на инаугурацијата на Доналд Трамп следниот месец и ги осуди, како што ги нарече, „детските игри“ на републиканците. – Секако дека ќе бидам таму, одговори Бајден на прашањето дали ќе присуствува на церемонијата на 20 јануари. Тој потсети дека Трамп не присуствуваше на неговата инаугурација во 2021 година, станувајќи првиот американски претседател во последните 150 години што го прекрши ...

Да се зборува за некакво „Божиќно примирје“ или размена на заробеници меѓу Украина и Русија е нереално и без суштина, порача денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски по неговото учество на Самитот на ЕУ во делот од расправата поврзана со случувањата во земјата. – Не може да има никакви иницијативи без учество за Украина, бидејќи конфликтот се случува на нејзина територија, истакна Зеленски. Украинскиот претседател нагласи дека за Киев ...

На бразилските ученици наскоро нема да им биде дозволено да ги користат своите мобилни телефони на училиште, откако Конгресот синоќа усвои закон со цел да се подигне свеста кај младите за штетното влијание на екраните. Пратениците, родителите и левичарската влада на претседателот Луис Инасио Лула да Силва водат кампања за ограничување на употребата на мобилни телефони во основните и средните училишта. Повеќе од половина од бразилските деца на ...

Во Хрватска денеска е Ден на жалост по монструозниот напад врз ученици и вработени во основно училиште во Загреб, во кој загина едно дете, а три други беа повредени, заедно со наставничката (62) која храбро го нападнала 19-годишниот напаѓач и го спречила пострашно кривично дело. Ден на жалост означува – задолжително истакнување на знамето на Република Хрватска на половина копје на сите објекти во кои се сместени органите на државната управа и ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод одбележувањето на 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик. Почитувани сограѓани Турци, Во богатото ткаење на нашата татковина, турската заедница е сјајна нишка која го облагородува мозаикот на заедничкото живеење придонесувајќи за зајакнување на меѓусебното разбирање и хармонија. На 21 декември 1944 година, првпат се разлеа гласот на наставата на турски јазик во ...

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. Акцијата започна денес во раните утрински часови кога сите екипи на Секторите ЕОК, Механизација и Водовод отпочнаа со празнење на магистралниот водовод на предвидените локации. -Операција се движи во рамки на предвиденото и очекувано е да заврши во предвидениот рок со вкупно време од помалку од ...

Професорот д-р Сашо Кожухаров, Декан на Економскиот факултет и Проректор за наука и развој на Универзитетот Скопје е лицето кое на 16 декември беше пронајдено починато во автомобил во водите на Црна Река. Од Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска информираат дека преземаат повеќе дејствија за испитување на причините за смртта на 64-годишен скопјанец. Веднаш по настанот беше извршен увид на лице место, а при првичниот преглед на телото ...

Во земјава денеска во официјална тридневна посета ќе престојува делегација предводена од Нуман Куртулмуш, претседател на Големото национално собрание на Република Турција. Како што информираше собраниската прес-служба, Куртулмуш ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на Собранието Африм Гаши, а ќе се сретне и со пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција. Предвидено е Куртулмуш да се потпише во Книгата на впечатоци ...

Норвешка ќе обезбеди 2,7 милијарди круни (240 милиони долари) за зајакнување на украинската морнарица за да и помогне да ги одврати руските сили во Црното Море, соопшти денеска норвешката Влада. „На Украина и треба поголема поддршка за да ги одврати руските поморски сили во Црното Море во претстојното време. Неопходно е да се заштити украинското население и украинската инфраструктура од нападите на руската Црноморска флота. Исто така, важно е да ...

Турција не учествуваше во операцијата на вооружената опозиција во Сирија што доведе до пад на режимот на Башар ал Асад, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан. – Турција не беше дел од таков процес. По почетокот на операцијата од страна на Хајат Тахрир ал-Шам и другите опозициски групи, вложивме интензивни напори таа да биде спроведена на најбескрвен начин и без проблеми. Пред ова не сме се обединиле со ниту една земја или ...

Европската унија (ЕУ) мора да ги интензивира односите со исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) која е на власт во Сирија по соборувањето на Башар ал Асад, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. -Сега мора да го интензивираме нашиот директен ангажман со ХТС и другите фракции, рече таа по состанокот во Анкара со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. Шефот на европската дипломатија Каја Калас ...

Новоизбраниот претседател Трамп ги повика американските пратеници да го отфрлат привремениот закон за одржување на финансирањето на владата и три дена пред истекот на финансирањето, побара од Конгресот да го зголеми плафонот на долгот, зголемувајќи ја веројатноста за делумно затворање. Трамп и новоизбраниот потпретседател Џеј-Ди Венс ги повикаа пратениците да донесат поинаков нацрт-закон за привремени трошоци од оној што беше воведен во ...

СДС вети, дека ќе обезбеди чист воздух во македонските градови. Имаа апсолутна власт, претседател, влада и градоначалници и успеаа да не сработат ништо за животната средина и почистиот воздух. Последиците од нивната неработа, ги гледаме денес. СДС донесе некаква листа на желби, наречена план, но заборави да сработи нешто и планот остана нереализиран, соопшти Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ. „И додека, по медиуми зборуваа за колку ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.37
68%
1011
weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1015
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
1.53
79%
1016
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.77
75%
1013
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
4.81
70%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
0.86
90%
1015
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
1.34
67%
1009
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.26
87%
1010
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.81
80%
1010
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
3.58
67%
1014
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
0.45
64%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
63%
1011
Currency

61.53

Currency

54.6759

Currency

72.612

Currency

35.112

Currency

39.2593

Currency

65.5344

Currency

7.55213

Currency

0.65447

Currency

0.37501

Currency

0.52482

Currency

1.41065

Currency

0.64521

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15452.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1047.45

Злато

104068.10

Бакар

9.36

Паладиум

30157.40

Платина

31054.37

Родиум

172810.26

Цинк

2.62