Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петровска вели дека оценката од Извештајот на Светска банка дека државава има најлоши резултати во делот на оданочувањето е разочарувачка и покажува оти пред УЈП има големи предизвици во делот на оданочувањето и оперативната ефикасност. Но, според Петрова, тие предизвици се остварливи и има реални можности Управата да биде навистина поддршка, а не бариера на компаниите во исполнување на ...

Секој кој ќе отвори тема за идентитетските прашања не мисли добро на соседот, а уште помалку ги почитува европските вредности. Во двата договора стои дека земјите-членки треба безусловно да нè поддржуваат. Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски, кој во Брисел учествуваше на Самитот ЕУ – Западен Балкан, во интервју за МТВ истакна дека билатералната соработка е ...

Македонија е вклучена во европски проект под раководство на италијанскиот Универзитет во Удине, кој има за цел да се зачуваат популациите на големи месојадни животни, преку тестирање на иновативни решенија за нивната заштита обновување на нивните живеалишта. Проектот е со наслов Зајакнување на соработката за справување со социјално-еколошките предизвици на водечката иницијатива на ЕУСАИР, заштита и унапредување на копнени живеалишта и екосистеми ...

Билетарниците на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не им ги продолжуваат годишните карти за наредната година на студентите за бесплатен јавен превоз во главниот град. Претседателот на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Александар Николоски, изјави дека веќе пратиле апел до Владата, Министерството за образование и наука, Советот на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска и до ЈСП „Скопје“, ...

Претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади Илире Даути денеска повторно ја прекина седницата откако пратеничката Јована Тренчевска од СДСМ побара како прва точка на дневниот ред да биде Предлог на законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и нивните семејства – Законот за бранители. На комисијата требаше да се расправа за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска пристигнува во посета на Бугарија каде на полигонот Ново Село ќе се запознае со активностите на Мултинационалната борбена група со рамковната земја Италија, чиј домаќин е Бугарија. Ова го соопшти прес-центарот на бугарското Министерството за одбрана. Руте во рамки на посетата ќе оствари средба со вршителот на должноста министер за одбрана, Атанас Запријанов и началникот на одбраната адмирал Емил ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во утринското гостување на МТВ најави дека по иницијатива на премиерот Христијан Мицкоски, МДТ ќе одвои 95 милиони денари за снимањето на филмот за Тоше Проески. Министерот истакна дека ова е еден од најзначајните проекти кој ќе го одбележи животот на најголемата современа македонска ѕвезда. “Идејата потекна од МРТВ и копродукции од Македонија и Балканот, но секако инспирацијата, ...

Секој кој ќе отвори тема за идентитетските прашања не мисли добро на соседот, а уште помалку ги почитува европските вредности, вели премиерот Мицкоски во интервју за МТВ. Во двата договора стои дека земјите-членки треба безусловно да нè поддржуваат. Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат, порача премиерот. „Билатералната соработка е клучна кога зборуваме за економска соработка, кога зборуваме за туризам, кога ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2024/2025 година. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: -за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, -за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, -за третиот мерен ...

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), кој изврши вонреден инспекциски надзор на Детската клиника откако почина седуммесечно бебе, предлага Министерството за здравство да покрене постапка за стручен надзор над лекувањето на бебето. Од извршениот вонреден инспекциски надзор констатирано е дека на Детската клиника сѐ уште не е решен проблемот со задолжителното присуство на специјалист во дежурната амбуланта, за што се води прекршочна ...

Од петок попладне под влијание на циклонска активност ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Во сабота поради спуштање на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места, соопшти УХМР. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 л/м2), па на планините снежната покривка позначително ќе се зголеми. Помала снежна покривка се ...

СДС знаеле за криминалот на Груби од црната листа и од Лотарија, не реагирале за да не падне владата, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. СДС се виновни што Артан Груби со години ја крадел државата и влијаел врз судството. Соучесник во криминалот му бил Димитар Ковачевски, претходникот на Венко Филипче. И МВР под капата на СДС знаеле за криминалот на Груби. Со години немало никаква реакција од институциите под капа на СДС, ...

ОВЕН Дeнoт вeтyвa плoдeн, ќe бидeтe пoлни co eнepгиja, штo пpидoнecyвa зa ĸpeaтивнo caмoизpaзyвaњe. Πpaшaњaтa вo вpcĸaтa ќe бидaт peлeвaнтни зa вac. Baшитe чyвcтвa cтaнyвaaт пoдлaбoĸи и пoинтeнзивни. БИК Cтpecнитe дeлoвни и paбoтни cитyaции дeнec мoжaт дa ce зaвpшaт нa виcтинcĸи нaчин. Бpзo paзмиcлyвaтe и пpeзeмaтe инициjaтивa ĸoгa e пoтpeбнo. Дoбpo вpeмe дa ce зaбaвyвaтe и дa ce зaбaвyвaтe. БЛИЗНАЦИ Дeнecĸa ќe пoĸaжeтe пpoфecиoнaлнocт, ...

Министерот Панче Тошковски кој предводи официјална делегација на Министерството за внатрешни работи во Република Турција, вчера оствари работна средба со турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. На средбата беше изразена благодарност за топлиот прием и уште еднаш беше потврдена одличната соработка меѓу двете министерства за внатрешни работи како и на државно ниво и беше потврден фактот дека се работи за два братски народи кои делат ...

На 18.12.2024 околу 23.45 часот во населба Средорек во Куманово, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Одделение за потраги во содејство со полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Куманово ги лишиле од слобода И.Р.(25) и Е.И.(23), двајцата од Скопје, а кои биле барани по централни потерници поради бегство од Казнено – поправните установи Затвор Идризово и Затвор Струмица. И.Р. бил осуден на ...

Во Собранието денеска ќе заседаваат три комисии – Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно правна комисија. Членовите на Комисијата за социјална политика, демографија и млади ќе дискутираат по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, во второ читање. На дневен ред на Комисијата за ...

Денеска претпладне ќе има услови за појава на магла по котлините, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени Целзиусови. Во Скопје наутро со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала облачност и слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а ...

РАК Жените родени во знакот Рак се познати по својата нежност и емотивност, но паѓаат на мажи кои не се подготвени да возвратат на исто ниво на внимание и љубов. Често ги привлекуваат мажи кои им ветуваат сигурност, но на крајот завршуваат разочарани бидејќи на нивните партнери им недостасува емотивната длабочина што ја бараат. ВАГА Вагите се стремат кон хармонија и рамнотежа во врските, но нивната тенденција да ги идеализираат партнерите често ...

Според СЗО, ракот е втора водечка причина за смртност. Некои од најчестите видови на рак кај мажите вклучуваат: рак на белите дробови, на простата, на дебелото црево и рак на црниот дроб, додека жените се повеќе склони на канцер на дојка, белите дробови, тироидната жлезда и грлото на матката. Треба да се каже дека нашиот начинот на живеење и исхрана играат клучна улога кога станува збор за намалување на ризик од рак. Истражувачите веруваат дека ...

Виски „ Dalmore 62“ – 215 000 долари. Овој пијалок е малку мистерија, бидејќи никој навистина не знае од каде потекнува неговото име, ниту процесот на правење на ова виски што го прави толку скапо. Познато е дека се направени само 12 шишиња од овој пијалок, што игра голема улога во цената. Интересно е што последното познато шише што беше забележано во јавноста, всушност беше купено на аеродромот во Сингапур. Како стигнало таму, никој не знае. ...

Првиот впечаток може да измами, но често може да биде и точен. Откако ќе откриете каков прв впечаток, опишан во три збора, остава вашиот хороскопски знак, откријте колку се менува впечатокот кога другите ќе ве запознаат малку подобро. ОВЕН: добар, сака да помогне и многу е самоуверен – сака да наредува, но барем ги врши работите. БИК: симпатичен, тивoк и мил – тврдоглав и незапирлив кога ќе почне да зборува за неважни работи. БЛИЗНАЦИ: духовити, ...

Повеќето луѓе го сакаат моментот кога после напорниот ден носат меки пижами кои даваат удобност. Особено е пријатно да се почувствуваат природни материјали како свила или памук на кожата. Меѓутоа, во последно време, производителите сè почесто прават пижами од синтетички материјали. Цените на овие пижами се многу прифатливи, па луѓето се почесто ги купуваат, не знаејќи дека тие всушност влијаат на квалитетот на сонот. Д-р Ниши Бопал вели дека ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ се потребни уште 12 до 15 системи за противвоздушна одбрана за целосна заштита од руските воздушни напади. Обраќајќи се на самитот на Обединетите експедициски сили (JEF), Зеленски потсети на интензивните руски напади врз енергетската инфраструктура на Украина минатиот петок. Тој нагласи дека Украина успешно се одбранила, но предупреди дека Русија повторно ќе нападне. -Затоа ни ...

Европската унија (ЕУ) мора да ги интензивира односите со исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) која е на власт во Сирија по соборувањето на Башар ал Асад, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. -Сега мора да го интензивираме нашиот директен ангажман со ХТС и другите фракции, рече таа по состанокот во Анкара со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. Шефот на европската дипломатија Каја Калас ...

Русија загуби 765.110 војници во Украина од почетокот на нејзината инвазија на 24 февруари 2022 година, објави денеска Генералштабот на вооружените сили на Украина. Таа бројка вклучува 1.600 жртви што ги претрпеа руските сили во изминатиот ден. Според извештајот, Русија изгубила и 9.567 тенкови, 19.751 оклопни борбени возила, 31.550 возила и резервоари за гориво, 21.159 артилериски системи, 1.256 ракетни системи за лансирање, 1.025 системи за ...

Пресудата против Доналд Трамп за фалсификување досиеја за прикривање сексуален скандал останува на сила, пресуди синоќа судијата Хуан Мерчан, отфрлајќи го аргументот на новоизбраниот американски претседател дека неодамнешната одлука на Врховниот суд ја поништила пресудата, јавија американските медиуми. Адвокатите на Трамп тврдеа дека постоењето на случајот за време на неговото претседателствување ќе се меша во неговата способност да владее. ...

На конференцијата „НАТО и партнери 2024: Преку доверба до мир“, одржана во Белград, беше истакнато дека Србија сама треба да одлучи за своите односи со НАТО, а Алијансата ќе ја почитува секоја одлука. Досегашниот шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Белград, италијанскиот генерал Џампјеро Романо, нагласи дека НАТО ја почитува воената неутралност на Србија, но тоа не ја спречува соработката. – Професионалноста на српските војници е ...

Премиерот Христијан Мицкоски во Брисел оствари средба со еврокомесарката за надворешни работи, Каја Калас. -Во Брисел имав средба со еврокомесарката за надворешни работи, Каја Калас. На средбата разговаравме од потребата ЕУ да го забрза процесот за интеграции и да направи заложба низ добра волја и заедничко разбирање да се одблокира нашиот пат кон ЕУ. Ги објаснив нашите позиции и нашите цели. Македонија заслужува да оди напред во интеграциите, ...

Приходната страна на буџетот се зголемува како резултат на нашата отворена борба со сива економија, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од собраниската говорница на денешната седница наменета за пратенички прашања од опозицијата. -Во однос на тоа зошто се зголемени приходите во буџетот, многу јасно стои во буџетот за 2025 година дека имаме сериозен пристап во борбата со корупција и криминал, односно со сива економија. ...

Во врска со зголемениот број на измами што годинава беа забележани, а кои опфаќаат фишинг напади и случаи на лажно претставување во име на Пошта на Северна Македонија, како и на други државни институции и правни субјекти, Секторот за компјутерски криминал при МВР ги известува граѓаните дека главната цел на фишинг измамите е да се приберат личните податоци на примателот или да се натера да посети лажна веб-страница преку која со оставање на ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.58
77%
1013
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
1.02
86%
1016
weather icon

Загреб

10ᴼ / 10ᴼ
1.32
77%
1017
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.12
81%
1014
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.28
88%
1016
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
0.91
93%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
1.79
84%
1009
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.25
85%
1011
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
3.31
84%
1012
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.13
84%
1015
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
1.34
70%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
4.43
77%
1012
Currency

61.53

Currency

55.5002

Currency

72.612

Currency

35.112

Currency

39.2593

Currency

65.5344

Currency

7.55213

Currency

0.65447

Currency

0.37501

Currency

0.52482

Currency

1.41065

Currency

0.64521

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15452.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.89

Сребро

1047.45

Злато

104068.10

Бакар

9.36

Паладиум

30157.40

Платина

31054.37

Родиум

172810.26

Цинк

2.62