Ова се неизвесни времиња и знам дека некои можеби се загрижени за иднината на НАТО, но трансатлантските односи и партнерство остануваат основа на Алијансата, порача денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте по средбата со полскиот претседател Анджеј Дуда во Брисел. -Додека сојузниците работат на зголемување на нивните инвестиции во одбраната, многумина работат и на тоа како може да придонесат за праведен и траен мир за Украина. Сите сакаме ...

Украина и е благодарна на Европската Унија за нејзината силна поддршка од самиот почеток на војната и во текот на целиот овој период, како и во текот на минатата недела, порача украинскиот претседател Володимир Зеленски пред почетокот на денешниот специјален Самит на ЕУ посветен на поддршката на Украина и одбраната на Европа, на кој е поканет како гостин. -Вие останавте со нас. Многу сме ви благодарни што не сме сами. И тоа не се само зборови. ...

Замрзнувањето на американското финансирање за програмите за туберкулоза става во опасност милиони животи ширум светот, предупреди синоќа Светската здравствена организација (СЗО), агенцијата на ОН од која САД планираат да се повлечат. СЗО проценува дека глобалните напори за борба против туберкулозата, најсмртоносната заразна болест во светот, спасиле повеќе од 79 милиони животи во изминатите две децении, се вели во соопштението. Сепак, овој ...

Холандската влада најави 3,5 милијарди евра за да ја продолжи својата поддршка за Украина во 2026 година, рече премиерот, Дик Шоф. Шоф рече дека средствата ќе обезбедат холандска поддршка за Украина и пред следната година, додавајќи дека ќе може да се искористат и оваа година доколку е потребно. Претходната холандска влада веќе одвои споредлива сума за поддршка во 2025 година. Премиерот изјави дека 700 милиони евра од овие средства ќе се ...

Науката откри нов дел од имунолошкиот систем којшто може да биде клучен во борбата против бактериските инфекции и отпорноста на антибиотици, објавија истражувачи од Израел. Научниот труд објавен во списанието „Нејчр“ (Nature) открива дека овој протеазом којшто е комплекс од ензими присутен во секоја клетка на телото, има досега неоткриена и непозната функција – освен што ги разградува старите протеини, може да произведе моќни молекули што ги ...

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп „кога ќе биде вистинското време“ и најави дека во наредните недели ќе го свика првиот Колеџ за безбедност, кој ќе го сочинуваат сите членови на Европската комисија, со цел редовно да добиваат информации за безбедносните случувања. На прес-конференција во Брисел, во пресрет на сто дена од нејзиниот втор мандат на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои можност Украина „да не ја преживее“ војната против Русија дури и ако САД продолжат да му даваат помош на Киев. Во интервју за Фокс њуз, тој рече дека САД имаат „одредени слабости“ кога станува збор за Русија. -Потребни се двајца за тоа. Гледате, тоа (војната) не требаше да се случи. И, сега сме заглавени во овој хаос, рече Трамп. Тој додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ...

Министерството за дигитална трансформација е посветено на транспарентост, отчетност и законитост во работењето. Во Министерството за дигитална трансформација во последните 8 месеци се спроведени десетици јавни набавки. Само во еден случај постоела жалба при спроведувањето, и со нејзино делумно прифаќање истата е поништена. Во врска со наводите на СДСМ, која се уште не може да се помири дека не ги води институциите со криминал и наместени јавни ...

СДС намерно ги штити судиите и обвинителите за да се избегне одговорност и да се спречи нивна казна за неправилности и корупција. Овој вид на практики доведуваат до сериозно нарушување на принципите на правдата и правото, кои се основни столбови на демократијата и функционирањето на правниот систем, изјави денеска пратеникот од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ Драган Ковачки. Во продолжение интегрален текст од ...

Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции, и не можат да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД. Кому му служеа изјавите на Стево Пендаровски дека од амбасадори дознал кои се позициите на Владата и како таа се бори за националните интереси во однос на интеграцијата во ЕУ?, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Дали Стево Пендаровски свесно ја минира Македонија или во еуфорија пред камера глумејќи ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги намали малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08%. Малопродажните цени на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 2,00 денари по литар и тие од полноќ ќе изнесуваат 70, односно 69,5 денари по литар. Малопродажната цена на бензинот од типот „еуросупер-98“ се намалува за 1,00 денар и ќе изнесува 76,5 денари по литар, а цената на бензинот од типот ...

Во деновите од изминатиот празничен викенд (08/09.03.2025) како и во петокот (07.03.2025), сублимираните статистички бројки од преземените сообраќајни контроли во поглед на спроведувањето на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила на патиштата низ земјава, покажуваат дека во викендите и натаму нивото на сообраќајна култура, совесност и одговорност е под задоволителните критериуми. И овој пат во рамки на посочените ...

На 09.03.2025 во 14.15 часот во атар на с.Алданци, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода А.И.(38) од с.Норово, крушевско, поради основано сомнение за извршено кривично дело по член 288 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека во село Алданци, кај место викано „Кобел”, предизвикал пожар на сува трева и стрниште, по што била зафатена нискостеблеста дабова шума на поголема површина. По целосно документирање на ...

Ha 08.03.2025 околу 07.20 часот, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Б.З.(25) од с.Мојанци, општина Арачиново, кој бил баран по потерница за издржување мерка притвор за сторено кривично дело по член 123 во врска со член 19 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Претходно, на локалниот пат Арачиново – населба Ченто, со патничко возило „јaryаp“ со скопски регистарски ознаки, ...

На 09.03.2025, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Н.Н.(21), Ф.М.(21) и С.А.(25), сите од село Криволак, неготинско. Тие биле забележани како на воениот полигон Криволак со моторна пила сечеле дрва. Притоа, Ф.М. и С.А. побегнале, а Н.Н. бил фатен и од него биле одземени дрвата и моторна пила, по што бил приведен во полициска станица. Набргу, по преземени мерки, биле пронајдени и приведени Ф.М. и С.А. За настанот бил ...

На 10.03.2025 во 00.35 часот на магистралниот пат Кичево – Охрид, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Ж.М.(49) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ без регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, соопштија од МВР. Исто така, на ...

Со зголемените температури изминативе неколку дена, забележан е и зголемен број на противпожарни интервенции. Само за време на изминатиот викенд беа евидентирани 60 пожари на отворен простор, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). До полноќ, девет биле сѐ уште активни. Два се во општина Прилеп. Првиот активен пожар е на територија на селото Крушевица, вториот во атарот на село Лопатица. Третиот активен пожар е во општина ...

ОВЕН Денеска работата ќе ве предизвика и можеби ќе постигнете добри резултати. Ќе бидете фокусирани и сериозно ќе ги сфатите обврските што сте ги презеле. Сепак, можно е однесувањето на колегата или некоја ситуација на работнотое место да ве направи нервозни и да предизвика да реагирате поостро од вообичаено. БИК Денеска ситуацијата дома може да биде понапната и некој од вашето семејство да реагира на екстремен начин. Дури и ако не го одобрувате ...

СДС си го покажа вистинското лице и на планот на меѓународната политика на државава, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Освен нивните аналитичари, сега и Стево Пендаровски од СДС, а воедно и поранешен претседател на државата предложен од СДС, кој на последните избори изгуби со историски низок резултат, покажа дека се сврте заедно со СДС против стратешкиот партнер на Македонија, САД. Ова говори дека СДС и на планот на меѓународната ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, вчеравечер беше гостин во Тема на денот на ТВ Сител, тој зборуваше за новите услуги од Агенцијата за катастар на недвижности, кои од сега на граѓаните им се достапни на националниот портал за електронски услуги, uslugi.gov.mk како и во Центрите за услуги на министерството. „Нашиот фокус сега е да одиме во два правци. Едниот правец е да ги дигитализираме услугите што граѓаните најмногу ги ...

Собранието неделата ја започнува со интензивни активности, а според агендата објавена на веб страната на законодавниот дом така ќе биде и во следните денови. Во Собранието денеска е закажана 38. седница, како и седници на седум парламентарни комисии и на Националниот совет за евроинтеграции. На дневен ред на 38. седница се Предлог на одлука за објавување на јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 23 степени Целзиусови. Според најавите од Управата за ...

Иако повеќе не се со нас, саканите луѓе кои починале никогаш не не напуштаат. Многу луѓе зборуваат како ги посетуваат во сон, кои знаат да бидат многу реални и живописни. Таквите сониви познати се како – средба во сон, открива порталот shareably.co. – Мојот татко и мајка починаа пред повеќе од десет години. Отпролика околу шест месеци после смрта нивната смрт, имав барем еден живописен сон со секој од нив, па дури и со двајцата. И тоа не беше ...

Девица Ако вашиот партнер е роден во знакот на девица, вие сте една среќна личност. Тоа се луѓе со многу симпатија и љубезност кон другите, секогаш подготвени да помогнат и да дадат поддршка во тешки моменти. На нив им е тешко да кажуваат лаги, и самите никогаш не лажат. Девиците се луѓе со најранлива душа. Тие не се одмаздољубиви, но никогаш повеќе нема да ви веруваат ако еднаш ги разочарате или не подадете рака кога им е тешко. Тие се многу ...

Истражувањето на канадскиот Совет за информации и едукација за секс, открило дека ако се прегрнете после секс, вашиот партнер ќе биде поподготвен да има повторно секс со вас. 2400 Канаѓани биле прашани за ова истражување за тоа кога последен пат имале секс. Од жените кои го гушкале својот партнер 6 до 10 минути по сексот, 71 процент го оцениле искуството како „многу задоволувачко“,во споредба со 41 процент од жените кои биле помалку гушнати или ...

Злобна вештерка со зелена кожа што лета на нејзината магична метла може е икона на Ноќта на вештерките и позната легенда. Сепак, вистинската историја за тоа како вештерките се поврзани со таков секојдневен предмет е многу интересна. Не е познато точно кога е измислена метлата, но самиот чин датира уште од античко време кога луѓето користеле снопови тенки стапчиња, трска и други природни влакна за да чистат прашина или пепел. Како што пишува Џеј ...

Ако сте болни, ве фатил некој грип или настинка, можеби кивавица, вие треба да му помогнете на вашето тело и организам, прочитајте ги следните нешта кои треба да ги избегнувате во ваквата состојба… Затоплување Многу Погрешно! Ако се затоплувате кога имате зголемена температура, ја нарушувате терморегулацијата. Како резултат, го оптеретувате срцето и крвните садови што може да предизвика забрзано чукање на срцето, отежнато дишење и нагли скокови ...

Кога се фотографираме за приватните албуми, обично се смешкаме за да изгледаме поубаво. Но дали знаете зошто е забрането смеење на фотографиите за пасош? Имено, чипот на пасошот содржи биометриски податоци за вас кои се добиваат од фотографиите. Таа фотографија се скренира, се смета оддалеченоста меѓу очите, врвот на носот и брадата, за да се добие математичка „мапа“ или алгоритам на лицето. Се што може да го поремети или спречи сметањето на тие ...

Дојде времето за големи одлуки за Европската Унија, истакна грчкиот премиер Киријакос Мицотакис при пристигнувањето на вонредниот Европскиот совет во Брисел, паралелно изрази задоволство бидејќи, како што нагласи и Грција и тој лично се борел „за да можат ги убедат европските институции дека тоа што почнува денес требаше одамна да се случи“, а во однос на Украина посочи дека и САД треба да бидат дел од безбедносните гаранции, јави дописничката ...

Трошоците за реконструкција и обнова на Либан од 14-месечната војна меѓу Израел и либанскиот Хезболах се проценети на 11 милијарди долари, соопшти денеска Светската банка. Во војната загинаа повеќе од 4.000 луѓе, стотици илјади се раселени, а материјалната штета е огромна. Извештајот на Светска банка проценува дека само за јавно финансирање ќе бидат потребни три до пет милијарди долари, вклучувајќи ги и инфраструктурните сектори. Околу шест до ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
49%
1023
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
2.68
65%
1022
weather icon

Загреб

23ᴼ / 19ᴼ
0.51
67%
1021
weather icon

Софија

20ᴼ / 16ᴼ
2.57
45%
1025
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.11
44%
1024
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.03
91%
1021
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
3.13
47%
1020
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
68%
1022
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
50%
1022
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
1.54
55%
1024
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
61%
1021
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
68%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.7872

Currency

7.35718

Currency

0.6268

Currency

0.35386

Currency

0.5246

Currency

1.26457

Currency

0.59409