Погребите на нашите сограѓани на 59 македонски души ќе бидат во четврток, 20 март, соопшти денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој имаше заедничка прес-конференција со Митрополитетот на Брегалничката епархија г.Иларион. -На погребот ќе присуствува и поглаварот на МПЦ, ОА г.г Стефан, ќе има и неколку владици од Синодот, повеќе владици од Синодот. Црквата прави се за овие чеда да бидат испратени на ...

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Тајип Ердоган упатил писма со сочувство за загинатите во трагедијата што се случи во Кочани до претседателката Гордана Сиљановска Давкова и до претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски. Од Амбасадата на Турција во РМ соопштија дека писмо со сочувство испратил и министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан упатено до министерот за надворешни работи ...

Почна глава расправа на повторното судење за модуларната болница во Тетово кој досега четири пати беше одложуван. Тогашните директори Флорин Бесими и Артан Етеми кои се обвинети за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, се изјаснија дека не се чувствуваат како виновни. Исто така и застапник на правно лице ЈЗУ Клиничка болница за делото „предизвикување општа опасност“ истакна дека не чувствуваат одговорност. По изјаснувањето новиот ...

-Дали со ова требаше да се справиме? И на ова ќе му дојдеше редот, но за жал тие се капацитетите на Владата. Дали тие што отвараат втора, трета врата ќе ги исполнат техничките услови? Не, нема да ги исполнат, затоа што минимум техничките услови побаруваат многу други услови кои што треба да бидат исполнети. Втора или трета врата не значи дека минимум техничките услови ќе бидат исполнети. Дали тие што ќе ги исполнат минимум техничките услови ...

Во моментот во зградата на Општина Кочани се влезени претставници од надлежните институции кои треба да ја подигнат потребната документација во врска со надлежностите на општинската администрација околу дозволите и работењето на дискотеката „Пулс“. Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат информацијата, но од Обвинителството засега нема официјална информација дали нивни обвинители се влезени во општинската зграда. Во дискотеката ...

-Отфрламе дека било која агенција за обезбедување има врска со ВМРО-ДПМНЕ, тоа најостро го демантирам. Ве молам да не растураме пердуви во јавноста со ваков тип констатции кое што се тоттално невистинити. Јас тврдам со сета своја морална, фактичка, кривична одговорност дека не постои постои агенција за обезбедување која што има некаква поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ, ПАРТИЈАТА НА КОЈА ШТО СУМ ЈАС ПРЕТСЕДАТЕЛ. АКО ми дадете еден доказ јас утре ќе ...

Сите пет пациенти примени во болниците во Солун се во стабилна состојба, објави министерот за здравство Арбен Таравари, кој заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, изутринава беа во посета на повредените од пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во болницата „Папаниколау“ и Воената болница во Солун. – Денеска во раните утрински часови заедно со министерот за надворешни работи г.Тимчо Муцунски и со Д-р ...

Го Почитуваме секој ваш збор на поддршка, но немојте да ни ја крадете тагата. Не ја претворајте во содржина за гледаност. Не смеете да ги делите моментите на очај, на распад, на изгубена надеж Сите партии се соучесници во ова! Оваа дискотека постои веќе 15 години, во времето на сите власти. Политиката ги уби нашите деца. Корупцијата ја запали оваа ноќ, се вели во барањето објавено на Фејсбук страницата КОЧАНИ. Почитувани медиуми, портали, сите ...

Судијата на претходна постапка им одреди „краткотраен притвор“ од 48 часа на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, на поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и на уште 12 лица осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. -Судот во Кочани го прифати барањето на обвинителството по предлогот за определување мерка краткотраен притвор за сите 14 осомничени лица. Изречена е мерката краткотраен ...

Вкупно 72 пациенти од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани се лекуваат надвор од државата, откако во текот на вчерашниот ден беа испратени уште 21 пациент. Во Скопје на лекување остануваат 98 пациенти. Во текот на вчерашниот ден, според информациите од Министерство за здравство пациентите се распределени по здравствените установи низ земјата, и тоа на Клиничкиот центар во Скопје – 52 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ – 17 пациенти, Универзитетска ...

ОВЕН Обидите да контролирате сè денеска нема да доведат до посакуваните резултати. Подобро е да се фокусирате на задачи чие завршување зависи првенствено од вас. Наместо да се расплинувате во различни правци, концентрирајте се на една работа и направете го тоа добро. БИК Внимавајте денеска да не потпаднете под влијанието на некој што не го заслужува тоа. Избегнувајте прекумерни компромиси и ако сметате дека треба да кажете „не“, не двоумете се ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви, информира АМСМ. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово, Крушево, на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека. Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на ...

Започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови по што властите ќе излезат со детални информации. Почнувањето на контролите вчера го најави премиерот Христијан Мицкоски по координативниот состанок со директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на кој се разговарало за досегашните постапки кои се преземани од надлежните институции и ...

Уште 12 повредени во пожарот во Кочани вечерва со авион се префрлени на лекување во Белград. Четворица од нив ќе бидат хоспитализирани во Воено медицинската академија, а осум во Универзитетскиот клинички центар, потврди за МИА д-р Игор Николов, кој е контакт-лице за сите информации поврзани со состојбата на пациентите во странство. Во Србија досега се префрлени вкупно 29 пациенти. Двајца повредени, пак заминуваат на лекување во Виена, а тројца ...

Нема да има милост за никого. Секој еден кој допринесол директно или индиректно, посредно или непосредно, во рамки на оваа ужасна трагедија заради која плаче секој еден Македонец – ќе одговара, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вестите на Сител. -Моментално како осомничени имаме луѓе кои биле на позиција министер, државен секретар, директори на институции, раководители на сектори, сопственици на правни лица, обезбедување, ...

Овие денови се собираме под многу тешки околности. Оваа трагедијата во Кочани длабоко не потресе сите нас и пред сè сакам да изразам најдлабоко сочувство до семејствата кои ги загубија најблиските. Нашите мисли се и со оние кои на кој било начин беа повредени или погодени од овој страшен настан. Како влада, но уште поважно, како луѓе, стоиме со нив во овој болен момент, посочи портпаролката на Владата, Марија Митева. -Од самиот почеток, наш ...

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска при посетата на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија, рече дека во здравствените установи во државата ќе примат вкупно 29 повредени лица, јави МИА од Белград. Тој нагласи дека во Србија имаат најдобри болнички услови во Европа. „Невозможно е да се најдат подобри услуги во Европа. Никаде во Европа нема интензивна нега со ...

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција испрати апел до сите оние кои присуствувале на трагичниот настан во Кочани а не се пријавиле на лекар, да се пријават кај нивните матични лекари во болниците во Кочани или Штип, или пак во трите болници во Скопје. Како што напомена министерот, состојбата на сите пациенти до сега е стабилна. -Состојбата на сите пациенти до сега е стабилна. Да се надеваме дека нема да има ...

Овој клуб извадил само два пати лиценца во 2021 та и во 2023 тата година. Значи цело време работел или без лиценца, а прашањето е тие што тие што му потпишале во 2021ва и 2023та и како му потпишале и врз основа на кој елаборати и документи му потпишале. Во 2024тат видовме како му потпишале, бидејќи на тоа архивско бројче на кое што се води оваа фалсификувана лиценца е коресподенција со странски инвеститор, рече премиерот. Тука нема политика ќе ...

„Добар ден од мене, Немам што да додадам од ова што го кажа министерот. Јас сакам само уште еднаш да се заблагодарам на луѓето кои што го примија овој прв бран кој што вчера сите нас не шокираше после оној ужасен настан што се случи во Кочани“, изјави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на повредените од трагичниот пожар во Општина Кочани, во Ургентниот центар на државната болница „Мајка Тереза“ во Скопје. „Да им се заблагодарам на ...

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши е сѐ уште во полициска станица откако вчера беше повикан на информативен разговор во врска со пожарот во ноќниот клуб во Кочани, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи за МИА. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера информираше дека МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со овој настан има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во ...

„Нема да застанеме со процесни дејствија, констатиравме дека системот во Македонија е корумпиран на тоа ниво што слободно можеме да кажеме дека имаме катастрофална состојба во однос на постапување на институциите кои требало да реагираат во однос на објектот и потребните услови за негово функционирање, поради што во текот на денот ќе има многу лица кои ќе бидат приведени, вклучувајќи ги МВР и други институции, во текот на денот ќе биде ...

Лицата по кои се трагаше со потерница се обезбедени, посочи министерот Панче Тошковски на денешната прес-конференција. Повлечени се потерниците издадени вчера. Во реон на тетовско се приведени повеќе лица, меѓу кои и еден поранешемн минситер, две лица се приведени од министерството за економија, при претреси кај нив се одземени парични средства и оружје. -Утврдено е дека правното лице нема лиценца за работа, издавањето нејзино е од ...

Во критична состојба се вкупно 45 лица, истите се транспортираат во странство, во соодветни здравствени установи и Владата прави напори за нивно безбедно згрижување, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. -Увидот и натаму го врши ОЈО. После 17 часот вчера се започна со транспорт на телата во Судска медицина. Во критична состојба се вкупно 45 лица, истите се транспортираат во странство, во соодветни здравствени установи и ...

-Почитувани сограѓани, Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани. Оваа загуба е огромна!, објави Љупчо Папазов, Градоначалник на Општина Кочани. „Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето од нив, ги познавав и нивните семејства, а со дел од нив и семејни ...

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во денешната изјава за медиумите истакна дека сите пациенти повредени во вчерашниот пожар од болниците во Кочани и Штип се пренесени во Скопје и се во стабилна состојба. Во Клинички центар моментално има 49 пациенти, а во ГОБ „8 Септември“ 18 пациенти, во Стара Градска болница 17. -Денеска се јавија и двајца нови пациенти во Штип кои досега не беа третирани. Апелирам сите лица кои биле присутни на ...

Околу 15 специјалисти од Белград и од Чешка се пристигнати во државава да помогнат за лекување на повредените во катастрофалниот пожар што се случи во дискотека во Кочани во кој, според последните официјални информации загинаа 59 лица, а 155 повредени. Се очекува да пристигнат и специјалисти од Израел. Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека тие ќе бидат распоредени по клиниките каде има потреба. Таравари појасни дека дел од ...

Овен Овни, на работа се очекува поголема динамика, но не избрзувајте со одлуките. Размислете добро пред да преземете одговорност за нови проекти. Овој ден носи емотивна стабилност во вашиот љубовен живот. Доколку сте во врска, би можеле да откриете нови длабочини во меѓусебната комуникација. Слободниот Овен може да запознае личност која целосно ги плени. Важно е да внимавате на вашето физичко здравје. Посветете се на лесен тренинг и релаксација. ...

Само двајца пациенти од несреќата во Кочани се лекуваат во штипската Клиничка болница, информира во писмено соопштение утринава портпаролот на Клиничка болница-Штип, Емилија Арсова. -По вчерашна тријажа и координација со Кризен штаб од Скопје во вечерните часови пациентите од несреќата во Кочани кои беа хоспитализирани во КБ – Штип се транспортирани во Клинички центар „Мајка Тереза„ – Скопје. Транспортот на сите пациенти помина безбедно, вели ...

Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во моментов го сочинуваат: – 2 јавни обвинители од ОЈО Кочани – 2 јавни обвинители од ОЈО Штип – 5 јавни обвинители од ОЈО Скопје Синоќа се издадени повеќе дополнителни наредби, вклучително наредба за пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија, како и наредба за графолошко вештачење на ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
46%
1022
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1022
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
64%
1020
weather icon

Софија

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
43%
1024
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.18
40%
1023
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.51
82%
1021
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
4.47
45%
1020
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
64%
1022
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
0.51
41%
1022
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
2.06
50%
1024
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
2.06
49%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
4.63
60%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.7872

Currency

7.35718

Currency

0.6268

Currency

0.35386

Currency

0.5246

Currency

1.26457

Currency

0.59409