
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Секударниот крај на едно пријателство може да биде болен исто колку и раскинување љубовна врска, посочуваат стручњаците, но и искуствата на некои луѓе, пишува „Јаху лајф“ (Yahoo Life). Исто како љубовните врски, и пријателствата понекогаш завршуваат одеднаш. При такво моментно прекинување на односите – наспроти постепеното губење контакт, може да се доживеат исти емоции на повреденост, осаменост, недоверба итн. Според д-р Кристина Ли, психијатар ...
Водечката генетска компанија „Colossal Biosciences“ објави дека ги оживеала изумрените волци кои се прославија во серијата „Игра на тронови“. отпирајќи се на прецизниот генетски инженеринг и древната, зачувана ДНК, научниците го дешифрирале генот на овие волци (dire wolves). Тие го препишале генетскиот код на обичниот сив волк за да го усогласат, и користеле домашни кучиња како сурогат мајки, кои ги донеле на свет Ромул, Рем и нивната сестра, ...
13 април (недела) – Најповолен ден во месецот! Нема ретроградни планети, енергијата е чиста и идеална за нови почетоци, важни разговори и донесување одлуки. 17 април (четврток) – Ден за личен раст. Ова е добро време за креативни проекти, потези во кариерата и емотивни откритија. 21 април (понеделник) – Поволен ден за финансии, инвестиции и преговори. Погоден е и за решавање на семејни и емоционални проблеми. 23 април (вторник) – Полна месечина ...
Минатите периоди на финансиски тешкотии можеле да бидат предизвикувачки, но истовремено и предуслов за вашето подобрување. Овие моменти, кога сте принудени да го преиспитате буџетот, обично водат до фазата во која ќе цветате. Универзумот сака да провери дали знаете како да се справите со она што веќе го имате, пред да ви даде поголеми можности за богатство. Во наредните денови, ќе имате можност да размислите за целта на претходниот финансиски ...
Меркур, планетата на логичното расудување и комуникација, излезе од своето ретроградно движење и се придвижи напред во Риби, што покажува дека претстојат денови кога преговорите ќе бидат можни и комуникацијата ќе биде подобра. Ретроградниот Меркур често е синоним за недоразбирања, одложувања и интроспекција, но кога конечно ќе се движи напред – особено кај Рибите – носи чувство на олеснување и појасна перспектива. Донесување подобри одлуки ...
Италија во целост ја поддржува Европската комисија додека го подготвува својот одговор на царините на американскиот претседател Доналд Трамп и преговара за да спречи трговска војна, изјави денеска вицепремиерот и министер за надворешни работи Антонио Тајани, цитиран од италијанската новинска агенција АНСА. „Треба да работиме за да избегнеме трговска војна која би била катастрофална за САД и нашите компании“, рече Тајани пред состанокот на ...
Израелскиот министер за одбрана Израел, Кац денеска откри разузнавачки документ кој покажува дека лидерите на Хамас, Јахја Синвар и Мухамед Деиф, испратиле писмо до командантот на силите на Револуционерната гарда на Иран, Есмаил Каани, во јуни 2021 година, барајќи поддршка во замена за 500 милиони долари за нивните планови да го нападнат Израел и да го уништат во рок од две години. „Овде за првпат презентирам документ пронајден во тунелите на ...
Во екот на потопот на светските берзи американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека царините се „прекрасна работа“. „Имаме огромни финансиски дефицити со Кина, Европската Унија и многу други. Единствениот начин на кој овој проблем може да се излечи е со Царините, што сега носат десетици милијарди долари во САД. Тие се веќе на сила и тие се нешто прекрасно да се видат“, напиша Трамп на својата социјална мрежа. „Дефицитот со овие земји ...
Воздухопловните сили на САД ги унапредуваат своите воздушни борбени спецификации и човекови вештини за следната генерација воени авиони. Со усвојувањето на програмата „ВЕНОМ-АФТ“, ќе им се овозможи на пилотите на „Ф-16“ да летаат со беспилотни летала, во двојки, и да собираат податоци со помош на вештачка интелигенција (ВИ). Целта на проектот е да се развијат и тестираат ВИ-системи за интеграција и самоуправувачки системи во реални услови на ...
Американскиот мултимилијардер Илон Маск, член на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изрази надеж дека меѓу Европа и Северна Америка ќе се формира зона за слободна трговија, преку која бизнисот ќе се води без царини. Маск ова го изјави говорејќи преку видео врска во Фиренца на Конгресот на италијанската партија Лига. „Европа и САД би требало идеално да еволуираат, според мое мислење, кон ситуација со нула царини, ...
Во периодот од 09-11.04.2025 година (среда-петок) во официјална посета на Р. Северна Македонија ќе присуствува Н.Е. Уршка Клакочар Зупанчиќ, Претседател на државниот збор на Р. Словенија. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, откри дека директорот на геријатриската болница „13 ноември“ примил поткуп од 20.000 евра. За тие пари, требало да сместат болно и неподвижно лице. „Девастираниот систем мора да го вратиме и ќе го вратиме во функција. За жал, кога сѐ уште владее национална тага, некои поединци се осмелуваат нелегално да профитираат. Во координирана акција со Основното јавно обвинителство за ...
Министерството за здравство попладнево бара расчистување на случајот од страна на Јавното обвинителство во врска со наводите за примање поткуп од раководно лице во јавна здравствена установа. – Министерството за здравство стои на располагање доколку се потребни какви било информации по службена должност. Наш приоритет останува обезбедување најсоодветна грижа за сите пациенти во јавните здравствени установи. велат од Министерството по ...
Владата на денешната 66 седница го прифати предложениот концепт за организација на ресурсен центар за поддршка на општините, се вели во владиното соопштение. Предложениот концепт за ресурсен центар за поддршка на општините ќе обезбеди сериозна поддршка за јакнење на капацитетите на локално ниво, што ќе доведе до поттикнување на поефикасен локален развој, а паралелно со ова ќе се обезбеди подобрена соработка помеѓу локалната и централната власт. ...
На 07.04.2025 во 14.45 часот во СВР Скопје, 77-годишен маж од скопско село пријавил дека бил измамен од едно машко лице за сума од 1300 евра. -Според пријавеното, лицето му се јавило телефонски и му кажало дека неговата ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила неколку лица и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Како што е пријавено, тој парите ги оставил на договореното место, а откако се слушнал со неговиот ...
Во болниците во земјава во моментот се хоспитализирани вкупно седум пациенти од повредените лица во трагедијата во Кочани, од кои 4 пациенти се хоспитализирани во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“, 1 пациент на Клиника за токсикологија и двајца пациенти во приватната болница Систина. Во странски медицински центри остануваат хоспитализирани 64 пациенти. За денеска во текот на денот се очекува четворица пациенти да се вратат од лекување од ...
Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца браќа од кривопаланечкото село Луке за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик. Осомничените, на возраст од 20 и 25 години, од користољубие лишиле од живот нивен соселанец. Ноќта меѓу 24 и 25 март се договориле да извршат кражба во домот на жртвата. ...
СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против правно лице од Битола и В.П.(50) од Скопје, управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас “, казниво во чл.235-а од Кривичниот законик. Во периодот од 01.02.2024 до 17.01.2025, пријавеното правно лице се стекнало со противправна имотна корист од 9.300.955 ...
ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува како посредник помеѓу вас и важен колега. Добри моменти во емотивниот сегмент, фокусирани сте на партнерот, а тој на вас. БИК Денеска сте во променливо расположение и тешко ќе се фокусирате на обврските. Во моментов повеќе сте фокусирани на емотивниот сегмент бидејќи сакате да му посветите време на вашиот емотивен партнер. Исчистете некои ...
СВР Штип до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „грабнување” од чл.144 ст.1 од КЗ. На 06.04.2025 во 14.40 часот во беровско село, полициски службеници од ОВР Берово ги лишиле од слобода Г.А.(37), Б.Ч.(23) и 60-годишната Р.Ѓ., тројцата од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека од семејниот дом на Д.В.(59) од Делчево со ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. Почитувани граѓани ‒ Роми, Ви упатувам искрени честитки за 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите! Верувам дека не случајно тркалото, симболот на вашето етничко знаме, по долги патешествија запрело и на македонска почва на која сте свиле дом. Со културната посебност и свест, вие израснавте во важен и ...
Во текот на вчерашните (07.04.) активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа констатирани 841 сообраќаен прекршок. Согласно актуелните статистички трендови по однос на сторените прекршоци и натаму најбројни се прекршоците на непрописно паркирање 270, потоа санкционирани се 214 возачи за ...
На 07.04.2025 во 14.10 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.Д. (42) од Скопје. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое Б.Д. го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,15 ...
Филипче не може да преземе одговорност за решавање за спорот со Бугарија бидејќи таква одговорност доделена од народот воопшто нема. А нема затоа што на последните избори народот кажа што мисли за капитулациите на Венко и Заев во спорот со Бугарија, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на обраќањето на Венко Филипче. „Во врска со обраќањето на Венко Филипче во Брисел од 8.4.2025, во кое се обидува да ја обвини Владата за наводно ...
„Ова не е правда! Тука имаме потфрлање на системот по сите основи“. Ова го истакна денес премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја пресудата на судот во Тетово од две години затвор за возачот кој ја усмрти 22-годишната Теодора Ристевска. -Јас не само што сметам дека правдата не е задоволена, туку и како претседател на Владата, како човек и родител на две деца сум силно разочаран, рече Мицкоски. Свесен дека можеби ќе следуваат критики, но ...
Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на Конститутивната седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата. -Ова тело претставува чекор напред во обидот конечно да воспоставиме функционален и синхронизиран систем кој ќе ѝ застане на патот на корупцијата. Дозволете ми веднаш да бидам јасен, ова тело нема да биде само уште една административна конструкција. Ние сме овде за да создадеме нова форма која што ќе има ...
Во две училишта во Скопје утрово се добиени дојави за поставени бомби, но по утврдената проверка е утврдено дека се работи за лажни дојави. – На 08.04.2025 во СВР Скопје од две училишта во Скопје е пријавено дека на електронските адреси добиле дојава за наводно поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави, информираат од ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно, ветровито и студено, претпладне наместа ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 70 km/h), особено долж Повардарието. Дневната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени. Во Скопје, променливо облачно, ветровито и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе достигне до ...
Собранието денеска ќе ја одржи новата 43. седница, на чиј дневен ред има вкупно 28 точки меѓу кои и Предлог на одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, во второ читање и Предлог за именувањето членови на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна ...
Тејлор Свифт, Арнолд Шварценегер и Ким Кардашијан се најдоа меѓу најбогатите познати личности за 2025 година. Следат ѕвездите кои изминатово десетлетие успеаја да заработат над милијарда долари, според „Форбс“. Џери Сајнфелд достигна 1,1 милијарда долари. Овој комичар продолжува да заработува многу пари благодарение на фактот што неговата ТВ-серија „Сајнфелд“ (Seinfeld) постојано се повторува и се продава на стрим-услугите. Само договорот со ...