
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, денеска изјави дека Москва не гледа простор за преговори со новата американска администрација на претседателот Доналд Трамп, пренесоа руските медиуми. -Не можеме денеска ништо да кажеме за капацитетот за преговори на новата администрација, но, сепак, во однос на безнадежноста, од секој аспект, на поранешниот шеф на Белата куќа (Џо Бајден), денес има простор, иако мал, рече Рјабков. ...
Полскиот премиер Доналд Туск денеска од Европскиот парламент ги повика граѓаните на Европа да се ослободат од комплексите во односите со Америка, истакнувајќи дека Европа има еднакви права и основи да зборува за својата величина и достигнувања како и САД. – Таа политичка промена во САД предизвика дезориентација кај некои политичари. Но тоа никако не го оправдува падот на европскиот дух. Сите го слушавме обраќањето на Доналд Трамп за значајното ...
Канада цврсто и брзо ќе возврати ако САД воведат царини од 25 отсто од 1 февруари, како што најави новиот американски претседател по неговата инаугурација во понеделникот, изјави денеска канадскиот премиер Џастин Трудо. „Се е на маса и го поддржувам принципот на еднакви тарифи во долари“, рече Трудо на прес-конференција, прецизирајќи дека тоа ќе има „одредена цена“ за Канаѓаните, пренесува Бета. Подготвени сме да се соочиме со сите сценарија и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ја повлекол федералната заштита за поранешниот врвен американски здравствен функционер Ентони Фаучи. Заштитата финансирана од даночните обврзници за доктор Ентони Фаучи е повлечена, потврди Трамп на прес-конференција, објави „Њујорк пост“. – Мислам дека кога работите за владата, во одреден момент вашата заштита завршува и знаете, не можете да ја имате засекогаш, рече Трамп како одговор ...
Косовскиот премиер Албин Курти го оцени денешното потпишување на Договорот за слободна трговија меѓу Косово и земјите членки на Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА) како пресвртница во подобрувањето на економските односи и трговската соработка со земјите-членки на ЕФТА. Тој изрази длабока благодарност до сите членки на ЕФТА за нивната блиска соработка во текот на преговарачкиот процес, пренесе Бета. – Договорот што го потпишуваме ...
Епидемија на грип е прогласена во вкупно пет области во Бугарија, објавија денеска локалните медиуми. Епидемија е прогласена во Хасково, Видин, Јамбол, Пловдив и Благоевград. Во Хасково и Видин мерките се веќе на сила, а во Јамбол од денеска децата се префрлаат на онлајн настава. Од денеска во Пловдив и Благоевград се забранети посети во болниците. Во градинките и училиштата нема да се примаат болни деца. Во изминатите четири дена бројот на ...
Одлуките на Уставниот суд не се коментираат, туку се спроведуваат и ако Судот донесе одлука да се вратат 50-те милиони евра од солидарниот данок ние ќе ги вратиме, посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Ние враќаме многу работи кои ги задолжиле претходните. Многу пати сум рекол дека нема да ги коментирам одлуките на Уставниот суд. Ако донесат таква одлука мора да ги вратиме тие пари, нема што да правиме, ќе скратиме од нешто друго и ќе ...
За мене секогаш претставува чест и задоволство и предизвик да бидам дел од вакви настани кога се прави нешто ново, нешто коешто е потребно на граѓаните кое што ги подобрува условите за живот. Денеска сме на овој проект, на овој пат којшто ќе поврзе две населени места во Општина Петровец, оттука одиме на она место каде што практично се реконструира и се проширува капацитетот на детската градинка и слушнавте од градоначалникот дека повеќе нема да ...
Постигнат е значаен договор меѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Синдикатот, кој овозможува покачување на платите на административните службеници од општина Кисела Вода. Почнувајќи од февруари, тие од општината ќе добијат покачување од 3.000 денари, додека со предвиденото покачување на минималната плата од страна на централните институции, односно на Владата, вкупното зголемување на мартовските плати, ќе изнесува околу 5.000 денари. Денес ...
СДС ја труе јавноста со неточни информации во обид да предизвика паника за наводни хаварии во РЕК Битола. Багерот КАУ 300 е оперативен и во функција, а во тек е краткотрајна замена на дел од транспортната лента на Главниот транспортен систем за јаглен. Исто така, производството на јаглен од рудниците ПЈС Суводол и од Брод-Гнеотино тече нормално и во континуитет, и покрај сите проблеми што новото раководство ги наследи, се наведува соопштението ...
На 23.01.2025 во 10.40 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода О.Ф.(39) од Радовиш, кој бил баран со потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија, каде издржувал затворска казна во траење од седум години и пет месеци за сторени кривични дела „разбојништво во обид“ и „тешка кражба“, а имал за доиздржување една година и седум месеци. Лицето било спроведено во Казнено – ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод Меѓународниот ден на образованието го прими Иле Михајловски, одделенски наставник во ООУ „Свети Кирил и Методиј“ во Свети Николе. Михајловски е избран меѓу 50 финалисти од вкупно 5.000 номинирани наставници од 89 држави во светот за престижната Глобална награда за наставници за 2025 година, што ја доделува фондацијата Варки од Лондон, со поддршка од УНЕСКО и компанијата ГЕМС Еџукејшн. ...
ОВЕН Денеска вашиот фокус ќе биде на финансиски работи кои ќе бараат ваше внимание. Ако сте добро организирани и не дозволувате споредните активности да ви го одвлечат вниманието, ќе постигнете добри резултати. Во вашиот личен живот, не брзајте да донесувате заклучоци, емоциите можат да ве одведат на погрешен пат. БИК Денеска ќе имате желба да бидете корисни за другите и да помагате кога е потребно. Сепак, бидете внимателни, не секој ќе ги цени ...
Мафијата на смртта поддржана од Филипче за 3 години земала 35 милиони евра тендери само од Онкологија. Деновиве сме сведоци на вештачки искреирана криза на Онкологија токму од главното протеже на таа мафија, кој е во блиски релации со Венко Филипче, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. „Имено веледрогеријата Др. Пановски, е сопственост на таткото на Ирина Пановска, која Венко Филипче ја постави за директорка на Клиниката за ...
Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата 693,22 метри надморска височина или 13 сантиметри под просекот за јануари. Состојбата со негативниот водостој на езерото бележи извесно подобрување, откако на почетокот на декември минатата година нивото на водата беше спуштено дури два сантиметри под минимално дозволената кота утврдена на 693,10 метри. Дијаметрално ...
Министерството за образование и наука им го честита Меѓународниот ден на образованието на учениците, студентите, учителите, родителите и на сите на кои образованието им е важен дел од животот и ги повикува да учествуваат во процесите на градење здрав воспитно-образовен систем, кој ги пресретнува барањата на времето во кое живееме. Нашите деца имаат право на квалитетно образование и тие заслужуваат да направиме многу повеќе, за да им овозможиме ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски на новинарско прашање за „360 степени’’ истакна дека законот е јасен и тој гласи дека секој електронски документ кој е изработен од државен орган, може да се користи во неговата печатена форма, исто како и оригинален документ. “Претпоставуваме дека ќе постои отпор или незнаење кај одредени институции, затоа имаме двоен пристап, едниот со кој што ќе им објасниме на институциите како да ги ...
Како резултат на континуираните активности за превенирање и сузбивање на заканите од тероризам, на 23.01.2025 во координирана акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за специјални полициски операции и Агенцијата за национална безбедност, а под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, беа извршени претреси на дом и други простории на ...
Цените на кафето арабика денеска достигнаа максимум благодарение на силната побарувачка и ниската понуда од Бразил. Цените на арбика денеска е зголемија за над 2,1 отсто, достигнувајќи рекордни 3,489 долари за една фунта (0,4 килограми). Според трговците, вниманието на пазарот останува насочено кон испораките од Бразил, кој е најголемиот производител на кафе во светот, додека резервите на сертифицирана арабика на берзата ICE (Intercontinental ...
1. Претерувате со лекови Само што го испивте лекот кој ја ублажува болката во грлото, поминале 15 минути и ништо не се случува. Сакате да земете уште еден? Ова е потполно погрешно. Треба да знаете дека повеќето лекови започнуваат да делуваат по половина час од земањето. Проблемот е во тоа што кога сте настинати, нетрпеливоста преовладува бидејќи сакате настинката и болките што побрзо да поминат. Мора да научите да се воздржите и да бидете ...
Мета додава дека оваа можност нема автоматски да биде вклучена, туку корисниците ќе имаат право да одлучат дали ќе ја активираат. Компанијата Мета ќе ја додаде апликацијата WhatsApp во својот Центар за кориснички налози, што ќе им овозможи на корисниците да споделуваат свои статуси директно на Инстаграм и Фејсбук, со еднократна пријава. Мета додава дека оваа можност нема автоматски да биде вклучена, туку корисниците ќе имаат право да одлучат ...
Додека сезонската депресија и сезонското афективно растројство погодија многумина во минатото, експертите за ментално здравје се сомневаат дека ефектите ќе бидат поголеми оваа сезона. Овие промени во расположението се биохемиски поврзани со деноноќниот ритам, светлината и температурата, така што манипулирањето со овие ресурси може да помогне во управувањето со симптомите. Вежбајте прво наутро Првото вежбање наутро може да поттикне наплив на ...
Неколку брачно-љубовни терапевти на Редит ги открија предупредувачките знаци дека врската е на работ на пропаст, одговарајќи на прашања на следачите. Следат трите најчести причини за криза во врската и стручни совети за тоа. Префрлање на вината Според стручњаците, првиот знак на којшто треба да се обрне внимание е она префрлање на вината за сите проблеми во врската на партнерот. „Секоја врска е партнерство. Многу ретко сум видел вакви проблеми ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Русија ќе се соочи со „високи даноци, тарифи и санкции“ доколку претседателот Владимир Путин не ја оконча војната во Украина. На својата социјална мрежа „Трут соушал“ (Truth Social) Трамп денеска објави пост со изрази на „љубов“ кон рускиот народ и спомена дека секогаш имал „добри односи“ со Путин, по што упати директно предупредување да се „прекине оваа бесмислена војна!“ Тој напиша: „само ќе биде ...
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, денеска изјави дека американскиот национален интерес ќе биде главната цел на американската надворешна политика за време на неговиот мандат и дека приоритет ќе биде да се запре масовната имиграција и да се обезбеди границата. Рубио нагласи дека Стејт департментот ќе ја донесува секоја одлука со цел да ги направи САД побезбедни, посилни и попросперитетни. Тој нагласува дека Стејт департментот нема да ...
Иран мора да го направи првиот чекор кон подобрување на односите со земјите од регионот и со Соединетите Американски Држави, со тоа што јасно ќе стави до знаење дека нема за цел да развие нуклеарно оружје, изјави денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. Зборувајќи за ситуацијата на Блискиот Исток на Светскиот економски форум во Давос, тој изрази надеж дека Иран ќе се ангажира конструктивно со другите земји во регионот. ...
Верувам дека постојат два пола, машки и женски, ова е мое лично мислење, ова го налага биологијата, рече меѓу другото, премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на панел-дискусија со поранешниот премиер на Италија Енрико Лета во организација на Грчко-американската трговска комора, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи за новиот американски претседател Доналд Трамп и односите на Грција со САД рече дека се одлични ...
На 22.01.2025 во 18.15 часот на автопатот Табановце – Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода З.Д.(44) од Велес, кој бил затекнат како во патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, качувал три лица мигранти, од кои двајца од Непал и еден од Индија. Мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце, а ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење ...
Јавноста со право е потресена поради последните случувања со недостаток на онколошка терапија на Клиниката за онкологија за болните од рак. Но, воедно, јавноста исто така треба и заслужува да ги знае причините за тоа зошто има недостаток на потребната терапија. Причината е многу јасна и многу провидна. Се работи за една иста мафија на смртта, која од тешката болест на луѓето профитира и прави бизнис, додека континуирано истите веледрогерии ...