
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



На 09.04.2025 во реонот на државната граница кај село Танушевци, скопско, од косовска и македонска страна на границата, Регионалниот центар за гранични работи Север при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ и Граничната полиција на Косово преземале заедничка и кооординирана акција за спречување на шверц со разновидна стока. Притоа, на косовска страна била извршена контрола на возило комби „фолксваген“ со косовски национални ознаки и биле ...
Во рамки на вчерашните (09.04.) активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени 1001 платни налози, најмногу во текот на овој месец. Статистички трендови од аспект на законските одредби врз основа на кои се детектирани сторените прекршоци, согласно Законот за безбедност ...
Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните ...
Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања денеска ќе одржи седница за Проверка на кандидатурите доставени по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 55/2025). Триесет и седум кандидати се пријавиле на Јавниот конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија, но ...
Продолжената рака на Заев, Филипче е човек со криминален багаж зад него. Филипче е човек кој има голем број на афери кои се поврзани со него, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Филипче беше член на Влада и не одговараше за модуларната болница, за провизиите од вакцините, за Онкологија и други афери. Филипче е дел од системот кој го уништуваше здравството изминатите години, а на грбот на граѓаните се богатеше. Филипче е човек кој нема кредибилитет да биде ...
Во текот на вчерашниот ден остварив телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија, Хауард Лутник, пријател на Македонија и докажан поддржувач на нашата земја, кој веќе еднаш го посети Скопје, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Во духот на блиското македонско-американско партнерство, потврдивме дека нашите односи се цврсти, пријателски и исполнети со заемна доверба, при што истакнав и дека стратешкото партнерство со САД ...
Туширањето е основен дел од секојдневната рутина на повеќето луѓе. Но, дали времето кога се туширате – наутро или навечер – може да влијае на вашето здравје? Оваа дебата меѓу луѓето кои се тушираат наутро и оние кои се тушираат навечер трае со години. Иако двата табора се цврсто поделени, туширањето наутро или навечер можеби нема да има значителни импликации за вашето здравје. Во низа специјалитети, давателите на здравствени услуги се согласија ...
Грчевите во стомакот се една од најчестите непријатности кај новороденчињата. Обично, тогаш родителите се чувствуваат целосно беспомошни, бидејќи бебето може да плаче со часови без оглед на обидите да го смират. Моментот кога бебето е добро најадено и полека задоволно заспива, е неверојатно пријатен. Исто толку неверојатно болно е кога детето плаче и родителот знае дека стомачето го боли, но не може да му помогне. Кога ќе се појават стомачни ...
На речиси секој аеродром, каде било во светов, кога ќе се качи во авионот, екипажот срдечно го поздравува секој патник и патничка на влезот. Зошто е тоа така? Според познавачите, ова е еден начин да се процени „типот“ на патникот. Насмеаните стјуардеси и стјуарди, имено, ќе Ве поздрават, но не само од учтивост, туку и за да проверат, на пр., дали некој е премногу пијан или болен, пред летот, пишува „Кликс“. При тоа „снимање“ на лицата, ...
Стоматологијата е на самиот врв на листата на најдобро платени работни места со ниско ниво на стрес, се вели во студијата на американската медиумска куќа U.S. News & World Report. Иако оваа професија не се најде на прво место на најплатените професии, во категоријата годишен приход и нивоа на стрес, победи. Имено, според нивното истражување, вработените во оваа професија во САД, добиваат просечна годишна плата од 225.760 долари. Според ...
Нашиот внатрешен свет може да се прочита само преку една слика. Тестовите за личноста токму и по тоа се познати. Било да се во прашање илустрации, двосмислени фотографии или апстрактни слики нашите одговори многу зборуваат за нас. Психолозите се вешти и знаат да читаат меѓу редови. Неверојатно е колку тестот е точен, а на прв поглед делува многу едноставно. Погледајте ја оваа фотографија и дефинирајте што прво се виделе и дознајте што е тоа што ...
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја повика Кина да преговара за решение на проблемите предизвикани од царините што ги објави американскиот претседател Доналд Трамп. Во разговор со кинескиот премиер Ли Кианг, Фон дер Лејен „ја истакна одговорноста на Европа и Кина, двата најголеми пазари во светот, за поддршка на силен, реформиран пазар, слободен, фер и заснован на еднакви услови“, соопшти нејзината канцеларија. Ли и ...
Терористичката мрежа Ал Каеда повика на атентат на британскиот принц Хари, велејќи дека неговата смрт ќе ја задоволи муслиманската заедница, изјави денеска пред судот во Лондон правниот застапник на принцот. Како што истакна адвокатката Фатима Шахид пред Високиот суд на правдата, Ал Каеда повика на убиство на принцот Хари откако во 2020 година беше намалено нивото на безбедност што му беше обезбедено за време на неговиот престој во Обединетото ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас пристигна во посета на Босна и Херцеговина, објави босанската редакција на телевизија Н1. Калас ја посети базата на ЕУФОР во Сараево, им се заблагодари на војниците од мисијата „Алтеа“ и упати јасни и силни пораки, дека мисијата е многу важна и дека оваа база го претставува местото каде што се родила политиката за безбедност и одбрана на ЕУ со мандат од ОН. – Во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и секретарот за одбрана Пит Хегсет објавија предлог-буџет за одбраната во износ од билион долари, што е рекордна сума за војската. За време на прес-конференцијата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Трамп рече дека претстојниот буџет ќе биде „близу“ билион долари. Хегсет отиде чекор понатаму во објавата на платформата Икс синоќа, велејќи дека Трамп „ја обновува војската – и тоа брзо“. „Наскоро: Прв ...
Претседателот на ХДЗ и хрватски премиер Андреј Пленковиќ изјави дека е уверен оти ЕУ нема да воведе санкции за претставниците на Република Српска, а тоа нема да го направи ниту Хрватска. -Ми се чини дека иницијативата за усвојување санкции на ниво на ЕУ нема да помине. Следејќи ги позициите на земјите-членки, тоа не е реално, изјави синоќа Пленковиќ во Мостар по средбата со претседателот на ХДЗ БиХ Драган Човиќ, пренесе агенцијата Срна. ...
Речиси 400.000 луѓе се раселени во Појасот Газа од 18 март, кога Израел ги продолжи воените операции и со тоа го прекина двомесечното примирје, соопшти денеска Кабинетот на генералниот секретар на ОН. „Преживеаните во Газа неколку пати беа раселени и принудени да се преселат во помали области каде што не може да се задоволат нивните основни потреби“, изјави портпаролот Стефан Дижарик. Речиси сите 2,4 милиони жители на Газа веќе се раселени барем ...
Порано или подоцна ќе се случи нова пандемија и тоа не е теоретски ризик, туку епидемиолошка извесност, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус. Говорејќи на отворањето на 13-та седница на Меѓувладиното преговарачко тело (ИГНБ), кое подготвува договор за превенција од пандемии, тој потсети на ужасните последици од избувнувањето на КОВИД-19 во светот, нагласувајќи дека „следната пандемија ...
Случаите на семејно насилство во Албанија, според официјалната статистика, минатата година, бележат раст од околу 20 отсто споредено со претходната години, иако повеќе од сигурно е дека бројот е многу поголем, бидејќи дел од насилствата не се пријавуваат. Податоците од 13-те општински надлежни обвинителства, во текот на 2024 година потврдуваат дека се регистрирани над 1600 кривични постапки, со над 1200 обвинети или со пораст од околу 20 отсто ...
ОЈО ГОКК побара притвор за директорот на Геријатрија и уште едно лице, осомничени за примање поткуп и помагање при извршување на ова кривично дело. Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и им определи 30-дневен притвор на директорот на Специјалната болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје и на неговиот посредник. Обвинителството ги ...
На подрачјата на осумте Сектори за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.04) полициските службеници во рамки на интензивните сообраќајни контроли издадоа вкупно 895 платни налози, по преземени мерки по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (ЗБСП) и по основ на Законот за возила (ЗВ). По однос на изречените прекршочни санкции и натаму најголемиот број изречени прекршоци против возачи се однесуваат на непрописно ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 5 во врска со став 2 од Кривичниот законик, а другото за помагање при извршување на тоа кривично дело. Првоосомничениот, како службено лице – директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,85 % во однос на одлуката од 8.04.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,268%, кај дизелот за 4,580%, кај ...
ОВЕН Среда ќе му донесе на Овен емотивно будење и длабоки внатрешни сознанија. Вашето расположение може неочекувано да се промени, но секое двоумење ќе има свое значење. Луѓето околу вас ќе обрнат повеќе внимание на вашите зборови, затоа внимавајте како се изразувате. Неочекуваните средби или настани може да ве поттикнат да ги преиспитате вашите вредности. БИК Бикот ќе почувствува наплив на енергија и внатрешна рамнотежа. Вашата самодоверба ќе ...
Времето утрово е ведро и студено, а преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени. Во Скопје, ведро и студено утро, преку ден сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти ...
Судскиот совет ќе изврши увид во предметот за пресудата за 22-годишната Теодора Ристевска, која беше прегазена во сообраќајна несреќа во Тетово, откако најпрво семејството, а потоа и јавноста остро реагираше на двегодишната казна затвор за возачот во повторената постапка пред Основниот суд во Тетово. Ова доаѓа откако, премиерот Христијан Мицкоски, вчера го повика Судскиот совет да ја преразгледа работата на судијата. Реакција од Судскиот совет ...
На 08.04.2025 во 11.10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ф.С.(44) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, пари во различни валути и апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична ...
На 09.04.2025 во 03.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода И.П.(44) од село Биљановце, кумановско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед „кимко“, кој го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1,73 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на ...
На 08.04.2025 во 10.05 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода С.П.П.(40) од Република Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик. Имено, при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал и во зелениот картон ставил банкнота од пет ...
Враќањето на Меган Маркл во светот на поткастите започна со длабока лична исповед, каде што се отвори за здравствената битка со која се соочила по породувањето. Имено, за време на интервјуто за поткастот со Витни Волф Херд, основач на апликацијата за запознавање „Бамбл“, Меган Маркл, војвотката од Сасекс, изјави дека доживеала постпородилна прееклампсија, често занемарена и опасна состојба која ги погодува новите мајки. „Тоа е толку ретко и ...