Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Албанија ќе биде опремена со напредно воено оружје и системи од Израел, објавија албанските медиуми повикувајќи се на медиумите во Тел Авив, кои, повикувајќи се на документ потпишан меѓу двете земји, објавиле дека израелската компанија „Елбит Системс“ ќе ја снабдува Албанија со напредни артилериски системи, како што се хаубици, минофрлачи и беспилотни летала, објавија медиумите во Тирана. Не само тоа, туку како дел од овој договор, „Елбит“ ќе ...
Само патриотската влада може да ја спаси Унгарија од војната во Украина, од нелегалната миграција и етничките идеологии, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Сијарто предупреди дека унгарската опозиција ќе „ја предаде Унгарија на Брисел“. „Брисел сака ситуацијата да се влоши, војната да трае уште подолго и да ескалира понатаму. Не им е грижа што илјадници, десетици илјади луѓе се на фронтот и што милиони се ...
Државната обвинителка на САД, Памела Бонди на барање на Доналд Трамп поведе истрага за поврзаноста на осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн и политичките противници на американскиот претседател, меѓу кои и поранешниот претседател Бил Клинтон од Демократската партија. Бонди на платформата Икс објави дека истрагата му е доделена на државниот обвинител на енхетн, Џеј Клејтон. Неколку часа пред објавата на Бонд, Трамп на својата социјална ...
Во затвор во американската сојузна држава Јужна Каролина стрелан е 44-годишиот Стивен Брајант, осуден за убиство на тројца мажи во 2004 година. Брајант убил тројца мажи за пет дена. На местото на злосторството, тој оставил порака напишана со крвта на неговата последна жртва: „Фати ме ако можеш“. Тоа беше 43 егзекуција во САД годинава, што е најголем број од 2012 година. Уште три се планирани пред крајот на годината. Во САД егзекуциите ...
Петнаесет забрани за вршење на дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена. Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи. Акцент со контролите беше ставен на објектите и операторите со храна кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата ( основни и средни) од каде ...
СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д.А (74) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” по член 123 и “противправно лишување од слобода” по член 140 од Кривичниот законик. Toj се сомничи дека во домот во кој живее во Штип без нејзина волја ја држел Б.Н.(79) од Штип, а потоа со остар предмет и нанел убодни рани од кои починала, по што телото го ...
Денеска во раните утррински часови еруптираше вулканот Сакураџима во југозападна јапонија, исфрлајќи пепел и дим до 4,5 километри во атмосферата. Еруптивната активност продолжила по што јапонската метеоролошка агенција издала предупредување до неколку префектури во земјата, а сеуште нема известувања за повредени лица или оштетени објекти. Експлозивната ерупција се случила околу 1 часот по полноќ и таа е прва после 18 Октомври минатата ...
ОВЕН Ќе бидете расположени и ќе почувствувате потреба за возбудливи искуства. Не дозволувајте да се заглавите во рутината и да ви здодее, ќе потрошите прекрасен ден. Ако се зафатите со нешто, ќе вложите страст и ентузијазам во тоа, но постои можност брзо да ви здодее. БИК Влијанието на ѕвездите денеска силно ќе ги поддржи оние од вас кои се подготвени да вложат напор заради партнерство. Но, имајте на ум дека ако сте негувале илузии за ...
Украинската армија денеска објави на социјалните мрежи дека нападнала рускаа рафинерија во близина на Москва, во регионот Рјазан, „како дел од напорите да се намали способноста на непријателот да лансира ракети и бомби“. Рускиот гувернер на Рјазањ, Павел Малков, изјави дека руската ПВО соборила 25 украински беспилотни летала над регионот во текот на претходната ноќ. „Предизвикан е пожар во просториите на компанијата“, но нема повредени, ...
Советот за човекови права на ОН денеска нареди истражна мисија за да ги идентификува сите одговорни за наводните кршења на меѓународното право во Фашер, Судан, за да можат да бидат изведени пред лицето на правдата. Советот усвои резолуција со која нареди независна мисија на ОН за утврдување факти за да ги разјасни фактите и околностите околу настаните во Судан за итно истражување на кршењата на меѓународното право извршени во Фашер од ...
Албанската полиција во периодот јануари-октомври годинава, идентификувала и уништени вкупно 203.960 стебла марихуана, од кои 106.894 стебла биле идентификувани со воздушно следење, а 97.066 со теренски контроли, од страна на структурите на државната полиција. Според генералниот директор на полицијата, Илир Прода, регионот Скадар, во северниот дел на земјата, останува регион со најголем ризик, со уништени 105.591стебла. Во исто време, ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во најновото соопштение реагира на најавите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за реформи и кадровски освежувања во партијата. Од таму велат дека од неговите најави не произлегле никакви суштински промени, освен изборот на Александар Трајановски за нов потпретседател на СДСМ. Според ВМРО-ДПМНЕ, Трајановски бил единствениот кој прифатил висока функција „иако влегол во изборната трка знаејќи дека е однапред ...
Христијани од Персија. Пострадаа за време на Сапор (Савориј) во 355 година. Првите тројца беа слуги на дворецот на истиот цар, но тајно Му служеа на својот Господ Христос. Кога беа обвинети и изведени на суд пред царот, тој ги праша од каде се. На тоа одговорија: „Наша татковина и наш живот е Пресвета Троица, единосушна и неразделна, Отецот и Синот и Светиот Дух, едниот Бог“. Царот ги удри на големи маки , но тие претрпеа јуначки с ? со ...
Утрово по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени. Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги ...
Платете ги долговите што е можно поскоро Фактот дека имате многу да платите создава чувство на стрес, а тоа може да има лош ефект врз деловната продуктивност, што е клучно за заработка. На крајот на краиштата, тешко е да заштедите ако должите нешто цело време. Најпрво исплатете ги најмалите долгови и преминете кон поголемите. Математички можеби не е најпаметно, но психолошки е најлесно. Поставување детални цели Поставете детални цели за тоа ...
Брош со дијаманти што францускиот освојувач Наполеон Бонапарта го изгубил додека бегал од Битката кај Ватерло на почетокот на 19 век, е продаден за повеќе од 3,5 милиони швајцарски франци (3,79 милиони евра) на аукција во Женева завчера, соопшти аукциската куќа „Сотби“. Брошот којшто може да се носи и како приврзок, има тркалезен дијамант со тежина од повеќе од 13 карати, опкружен со помали дијаманти. Се продал за многу повисока цена од ...
Лав Лавовите се убедени дека се најдобри во се и дека никогаш не можат да згрешат или да направат нешто лошо. Токму затоа не трпат критика и најчесто ја доживуваат како напад. Во нив не гледаат совети и насоки кои можат да им помогнат, туку ги толкуваат како нечија завист или злоба. Нивното его е преголемо за да ја ценат критиката и да препознаат нешто добро во неа. Рак Раковите секогаш се трудат да ги усреќат луѓето околу нив, па секоја ...
Европскиот суд за човекови права ослободи од обвинение 69-годишна Французинка, која француски Суд ја прогласи за „виновна“ за нејзиниот развод затоа што одбивала да има сексуални односи со сега веќе поранешниот сопруг. Судот за човекови права пресуди во корист на Французинката со образложение дека судовите во Франција „го прекршиле нејзиното право на почитување на приватниот и семејниот живот“. – Судот заклучи дека инсистирањето на таква ...
На прв поглед изгледа безначајно, но една поставка во апликацијата „Вибер“ може да открие за вас многу повеќе отколку што мислите. Ако опцијата остане вклучена, секој може да види кога сте активни и да ги следи вашите навики. Опцијата „Прикажи статус на активност“ им овозможува на вашите контакти да видат дали сте онлајн и кога последен пат сте ја користеле апликацијата. Тоа значи дека некој лесно може да го следи вашето движење, времето ...
Европратениците денеска со 379 гласови „за“, 248 „против“ и 10 „воздржани“ го поддржаа предлогот за став на Европскиот парламент во преговорите за измена на Законот за климата на ЕУ, со кој се предвидува задолжително намалување на нето емисиите на стакленички гасови до 2040 година за 90 отсто во споредба со нивоата во 1990-та, како дел од напорите за постигнување на климатска неутралност на Унијата до 2050 година. Во документот се нагласува ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека „се распаѓа златната илузија на Украина“ и дека Унгарија нема да ја финансира „мрежата на воената мафија“, по случајот со корупција во енергетскиот сектор во Украина и оставката на министрите. „Разоткриена е воената мафијашка мрежа со безброј врски со претседателот (на Украина) Володимир Зеленски. Министерот за енергетика веќе поднесе оставка, а главниот осомничен избега од земјата. Ова е ...
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го пречека својот украински колега Володимир Зеленски во Париз в понеделник, со цел посетата да биде „потврда на обврските на Франција кон Украина“ и „да се одржи моментумот на работата преземена по прашањето на безбедносните гаранции“ за Киев, соопшти денеска Елисејската палата. Ова е деветта посета на Зеленски на Франција од почетокот на војната во Украина во 2022 година. Тоа „ќе ѝ овозможи на ...
Германија ќе обезбеди најмалку 150 милиони евра (174,9 милиони долари) за нов пакет американско оружје што ќе биде доставен до Киев во рамките на иницијативата на НАТО за помош на Украина наречена Листа на приоритетни барања за Украина (ПУРЛ), изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус по состанокот со неговите колеги од Велика Британија, Франција, Италија и Полска. -Русија масовно ја напаѓа цивилната енергетска инфраструктура на ...
Четири члена на турско семејство кои живеат во Германија, а дошле на одмор во Истанбул се разболеле во средата откако конзумирале популарни јадења на Босфор, по што се хоспитализирани. Две деца на возраст од три и шест години починале во четвртокот, а еден ден подоцна, како последица на труењето починала и нивната мајка. Таткото, според локалните медиуми сеуште е во критична состојба. Трагедијата се случила во хотел во историскиот дел на ...
Марин Ле Пен, лидерката на француската партија Национален собир, изјави дека нема да се кандидира за претседател во 2027 година освен ако апелацискиот суд не ја поништи нејзината сегашна забрана за избори, според бриселскиот Политико. Ле Пен, која веќе три пати се кандидираше за претседател, ќе се врати на суд на 13 јануари откако ќе поднесе жалба за пресудата за виновна по обвиненијата за проневера на средства од Европскиот парламент, што ...
Прекин на електричната енергија вчера ја погоди целата Доминиканска Република, парализирајќи ја целата земја, блокирајќи го сообраќајот и парализирајќи ги бизнисите во земјата со речиси 11 милиони луѓе. Службениците изјавија дека дефектот потекнува од преносниот систем на електричната мрежа, иако не беше веднаш јасно што го предизвикало, објави Си-Би-Ес Њуз. „Производните единици во Сан Педро де Макорис и електраната Кискеја беа исклучени, ...
Европската комисија започна формална истрага против „Ред Бул“, со цел да утврди дали се точни сомнежите дека оваа австриска компанија за енергетски пијалаци преземала активности за ограничување на конкуренцијата, со што ги прекршила правилата на ЕУ кои забрануваат злоупотреба на доминантна позиција на пазарот, потврди денеска заменичката главна портпаролка на ЕУ, Аријана Подеста. Комисијата има индиции дека „Ред Бул“ можеби развил стратегија ...
Јован Васиљевиќ (34), полицаец кој не бил на должност, загинал во несреќа што се случила синоќа во близина на Ченеј во Србија. Да потсетиме, несреќата се случила синоќа во 19:00 часот кога тој излетал од патот од засега непознати причини. – Почивај во мир, добар пријателе мој – пишуваат пријателите на несреќниот млад полицаец на социјалните мрежи. Еден пријател се збогуваше со трогателни зборови: – Тешко е да се каже збогум, но секој момент ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, синоќа рече дека во моментов се прават анализи колкав ќе биде процентот што ќе го добие судството, а споредбите се прават и врз основа на тоа како е регулирано тоа во европските земји. -Премиерот денеска кажа дека ќе има договор согласно кој ќе има одреден процент кој ќе го добие судството. Притоа морам да напоменам дека правиме анализи во моментов со цел да видиме како е во европските ...