Три години ефективна затворска казна и пет години забрана за вршење професија, дејност или должност, судот во Струга му пресуди на гинекологот Мухамед Асани, првообвинет во случајот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска на која по породувањето со царски рез во Болницата во Струга и биле отстранети матка, јајник и бубрег. Ослободителни пресуди добија второобвинетиот, неговиот син Блертон Асани, кој тогаш бил специјализант по гинекологија и ...

За да е нападнат нечиј кредибилитет, судијата треба да има кредибилитет. А Добрила Кацарска го изгуби во времето кога судеше 200 години затвор за 27 април и стана преку ноќ уставен судија со што покажа дека е обичен апаратчик на минатата власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Таа не само што беше поддржувач на неправдата, туку нејзин активен чинител. А судската тога и наметка не ја прави добар судија, туку одлуките со кредибилитет кој Кацарска ги нема, ...

Во СВР Велес вчера било пријавено дека околу 10:30 часот, на улицата „8 Септември“ во Велес, пред Народниот музеј настанал пожар на патничко возило „форд“ во велешки регистарски ознаки во движење, управувано од 52-годишниот С.Р. од Велес, при што било оштетено и паркирано возило„рено“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на 34-годишниот А.Б. од Велес. Како што информира денеска портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, повредени лица ...

Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, објави Јавен повик за изразување интерес за учество во базата на експерти на Ресурсниот центар кој е отворен за аплицирање до 15.12.2025 година. Со воспоставувањето на базата на експерти се создава динамичен и професионален механизам кој ќе овозможи општините да добијат навремена, стручна и таргетирана поддршка. Секој експерт што ќе се вклучи ...

Прашање: Господин премиер доволно директен бевте пред останатите лидери на Западен Балкан, испорачуваме реформи бараме нашите партнери да не оценуваат според мерит системот, а не по билатералните прашања? Одговор: Доволно долго сме во овој процес повеќе од 25 години, 20 години откако сме земја кандидат и навистина тоа што ние го доживеавме попатно не би сакал никој друг да го доживее. Но, очигледно е дека кога еднаш ќе воспоставите некој ...

АД ЕСМ ја информира јавноста дека интензивните врнежи кои ја зафатија земјава во изминатите четири дена влијаат на зголемување на нивото на акумулациите кои се користат за производство на електрична енергија и не постои опасност од нивно преливање. Во сите акумулации нивото на водата расте, но има доволно простор за прифаќање на силните дотеци од овој бран. Особено е изразен порастот на котите во Југозападниот дел од државата. Последните три ...

За Македонија, Планот за раст е многу повеќе од иницијатива, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен Балкан за планот за раст во Тирана. Тоа е приказна за претворање на заложбата во вистинска промена, продолжи Мицкоски, нагласувајќи дека Македонија беше првата земја од регионот што го операционализираше Инструментот за реформи и раст и првата што доби пред-финансирање согласно Планот. Ова беше резултат на ...

Прес-конференција на членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски: „Правосудството наместо да работи за граѓаните и во нивен интерес да ја носи правдата без тој целиот процес да трае со години, тие со едвај 2% доверба бараат двојно зголемување на платите. Иако македонските правосудни органи, судии и обвинители се едни од најплатените во регионот и Европа, на нив тоа не им е доволно, па бараат да имаат едни од најголемите плати во Европа. ...

Канцеларијата за контрола на странски имот при американското Министерство за финансии објави дека од црната листа на лица под санкции е отстранет Владимир Шантиќ, поранешен припадник на хрватската одбрана, против кого Хаг има изречено правосилна пресуда за воени злосторства сторени во централна Босна. Хрватските медиуми објавуваат дека на интернет страната на OFAC стои само известување дека неговото име е тргнато од листата, без никакво ...

Адем Чучуљ, дипломиран правник со положен правосуден испит ќе биде предложен од Комисијата за прашања на изборите и именувањата до Собранието за нов претседател на Државната комисија за спречување и корупција. Комисијата за селекција на кандидатите за претседател на Антикорупциска за Чучуљ дале највисоки оценки, па, така тој доби 96,5 бодови. Чучуљ е актуелен генерален секретар на Државната комисија за спречување и корупција и таму работи ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска четврт ден ќе расправа по амандманите за Предлог-буџетот за 2026 година. Вчера беа разгледани и не добија поддршка амандмани поднесени од опозицијата, со кои меѓу другото се бараше дополнителни средства за зголемување на платите за 30 проценти во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и во конзуларно-дипломатските претставништва, пари за формирање на единствен национален ...

Денеска почнува постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Собирањето на потписите ќе се врши пред службените лица на надлежното подрачно одделение и канцеларија на Државна изборна комисија и пред надлежен нотар, секој работен ден во периодот на редовното работно време од 8:30 до 16:30 часот, а последниот ...

Многу е значајно што во ЕУ постои сериозен импетус за проширување кон целиот регион на Западниот Балкан, изјави за МИА министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на крајот на неговата дводневна работна посета на Брисел. – Постојат повеќе иницијативи. Една од тие иницијативи е онаа за гласање со квалификувано мнозинство во Советот кога се во прашање одредени фази од проширувањето. Факт е дека големо мнозинство од ...

Буџетот за 2026 година е реален, развоен и секоја ставка е многу внимателно проектирана. Растот е проектиран на 3,8%, а буџетскиот дефицит на 3,5% од БДП, што е согласно определбата за фискална консолидација. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на МРТ. -Факт е дека Буџетот за 2026 година е развоен. Со колегите во Министерството за финансии успеавме да извадиме еден максимум во смисла ...

Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемувања на водостоите на реките, како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што посочуваат во Битолски регион има излевање на реката Шемница кај село Лера со поплавена куќа и штали. Во општина Новаци е прекинат патот кон рудникот Брод–Гнеотино поради надојдена вода од ...

Украинскиот пратеник Алексеј Гончаренко го објави мировниот план на Трамп, во кој се наведува дека суверенитетот на Украина ќе биде потврден, но дека таа ќе мора да се откаже од дел од својата територија. Планот, објавен од руската приватна медиумска група RCB, предвидува Украина да вметне одредба во својот устав дека нема да биде членка на НАТО и ќе го задржи својот ненуклеарен статус. Во него се наведува дека Крим, Донецк и Луганск ќе бидат ...

Биткоин падна на најниското ниво во последните шест месеци, откако инвеститорите почнаа да ја намалуваат изложеноста кон ризични средства поради неизвесноста околу следните потези на американската централна банка. Најпознатата светска криптовалута се спушти на 86.325,81 долари, што е најниска вредност од 21 април. Подоцна цената се стабилизираше околу 86.690 долари. XRP падна за 2,3%, а ether изгуби повеќе од 3% од својата вредност и се ...

Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата. Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог. На грчки јазик зборот архи значи главен, прв, а значи весник, ангел. Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се ...

Овен Денес чувствувате поголема потреба да ги завршите обврските што долго ги одложувате. Вашата енергија е стабилна, но внимавајте да не реагирате импулсивно во разговорите. Една личност може да побара јасност од вас. Вечерта носи смирување. Бик Петок ви отвора можност да решите финансиска дилема или деловно недоразбирање. Бидете практични, но и доволно флексибилни. Можно е некој да побара совет од вас. Денот носи чувство на сигурност. ...

Потпретседателката на албанската влада и министерка за инфраструктура Белинда Балуку(52) е разрешена од функција врз основа на обвинението против неа, поради скандалот со јавните набавки во тек на изградбата на пат од 2020 година, а покрај тоа и е забрането и да ја напушта земјата. Таа е член на Социјалистичката партија на Еди Рама и се смета за негова блиска соработничка, а сменета е по налог на специјалното обвинителство за сузбивање на ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни со наврнат талог од над 30 литри на квадратен метар за 24 часа, со услови за невреме со појава на грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец со брзина од над 60 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени ...

Во последните години, бројката од 10.000 чекори дневно стана симбол за здрав и активен начин на живот. Многу луѓе, поттикнати од трендот на носење паметни часовници, користење фитнес апликации и препораките од експерти, се стремат секој ден да ја достигнат оваа цел, верувајќи дека тоа е клучот за подобро здравје, намалување на ризикот од хронични болести и одржување на здрава телесна тежина. Но, што ако немате време или можност да пешачите ...

Пушењето цигари секојдневно, може да придонесе за опаѓање на косата. Имено, лекарите тврдат дека постојат докази дека пушењето е поврзано со андрогената алопеција, пишува „Њујорк пост“ (New York Post). Пушењето го намалува протокот на крв, кoeштo e неопходно за здрав раст на косата. Исто така, може да ја оштети и ДНК-та во фоликулите на косата, спречувајќи го растот во иднина. Пушењето може и да ги зголеми нивоата на хормони, особено ...

1. Престанува да се расправа Според професорот Брус Ј. Ли, расправиите не водат само до раздвојување на паровите – всушност, може да ја зајакнат врската бидејќи овозможуваат изразување на емоции, спречуваат натрупување на огорченост и поттикнуваат здрави комуникациски вештини. Паровите кои се расправаат учат како подобро да комуницираат и да бидат тука еден за друг. Но, кога мажот решил дека е крај, тој ќе престане да вложува труд во ...

Шефот на Алфабет, Сундар Пичаи, предупреди дека ниту една компанија нема да остане имуна ако „пукне балонот“ со вештачката интелигенција. Во ексклузивно интервју за Би-Би-Си, тој оцени дека сегашниот инвестиционен бум е „екстраординарен момент“, но дека во него постојат и „елементи на ирационалност“. Пичаи зборува во време кога вредностите на компаниите за ВИ технологии нагло растат, а аналитичари сè почесто предупредуваат на преголеми ...

Овен – моќта на стратегиското трпение Овните ќе имаат силен импулс за напредок, но успехот ќе произлезе ако научат да го темпираат својот чекор и да градат долгорочни стратегии, наместо да брзаат кон целта. Бик – храброст за иновација Биковите ќе напредуваат доколку прифатат поголема флексибилност, дигитални алатки и нови методи на работа. Отворањето кон промена ќе биде нивниот најголем адут. Близнаци – развој на емоционална интелигенција ...

Старлетата Анџела Вештица откри колку пари има заработена од „OnlyFans“. Анџела Вештица, старлета со македонското потекло од Крива Паланка, чије вистинско име е Анџела Митковски, повтроно го привлече вниманието на јавноста. Таа во едно телевизиско гостивање откри дека за една фотографија добила дури 42.000 евра, а од заработката успеала да купи и луксузен стан од 300.000 евра. Во емисијата „Амиџи шоу“ доби прашање колку најмногу заработила од ...

Белата куќа има мировен план за Украина и тоа во соработка со Русија, објави американскиот портал Аксиос (Axios). Планот содржи 28 точки по примерот на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот во Појасот Газа. – Слично на планот за Газа, предлогот се состои од „мир во Украина, безбедносни гаранции, безбедност во Европа и идните односи на САД со Русија и со Украина, наведе Аксиос повикувајќи се на неименувани извори. ...

Ние поддржуваме долготраен и праведен мир во Украина и ги поздравуваме сите напори за остварување на таа цел, но многу е јасно дека за да се постигне тоа потребно е учество и на Украинците и на Европејци, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас пред почетокот на Советот за надворешни работи на Европската Унија во Брисел. – Мора да сфатиме дека во оваа војна има еден агресор и една ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе работи на завршување на војната во Судан откако саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман Ал Сауд го замоли да интервенира во решавањето на конфликтот. „Веќе почнавме да работиме на ова прашање“, рече Трамп за време на конференцијата на Инвестицискиот форум САД-Саудиска Арабија, еден ден по средбата со саудискиот државник во Белата куќа. Претседателот на САД рече дека почнал подетално ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
100%
1003
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
88%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
91%
1003
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1002
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
0.89
97%
1003
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
1003
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
3.13
81%
1005
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1004
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
92%
1002
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
2.57
92%
1002
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
83%
1002
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

46.91

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Сребро

2460.50

Паладиум

546.56

Алуминиум

3.03

Цинк

3.25

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Платина

67162.91

Злато

159231.39

Бакар

11.69