Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Дефанзивецот на Баерн, Филип Павиќ (16), одлучи да ја претставува Хрватска на претстојните меѓународни натпреварувања, објави Хрватскиот фудбалски сојуз. Нема формални пречки Павиќ веднаш да игра за хрватската репрезентација, што го прави кандидат за претстојните натпреварувања на помладите возрасни групи, вклучувајќи го и Европското првенство до 17 години во Естонија, се истакнува во соопштението на Сојузот. Кој е Филип Павиќ? Павиќ е роден ...
Сергеј Јакировиќ и неговиот Хал Сити се пласираа во финалето на плејофот за влез во англиската Премиер лига со победа над Милвол со 0:2. Првиот натпревар во Хал заврши без голови, а тимот на Јакировиќ победи на гостински терен. Головите ги постигнаа Мохамед Белуми и Џо Гелхард. Во финалето на плејофот, Тајгерсите на Хал Сити ќе играат на Вембли на 23 мај против победникот од дуелот меѓу Мидлсбро и Саутемптон, кои ќе го играат реваншот во ...
Кремљ очекува брзо продолжување на американското медијаторство за завршување на војната во Украина по сегашното тридневно примирје, изјави денеска за државната телевизија Јуриј Ушаков, советник на рускиот претседател Владимир Путин задолжен за преговорите, пренесе ДПА. Ушаков најави дека специјалниот претставник на САД Стив Виткоф и зетот на претседателот Доналд Трамп, Џаред Кушнер, ќе пристигнат во Москва „наскоро“, без да прецизира ...
Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, денеска изјави дека Европската унија сака да го забрза пристапувањето на Молдавија кон Унијата и додаде дека Приднестровјето нема да биде пречка за европската иднина на земјата. „ЕУ сака да го продолжи процесот за Молдавија да стане дел од Унијата. Но, секако, пристапувањето не е само технички процес. Тоа е и политичка обврска. Додека работиме на тоа, сакам да ве уверам дека Приднестртовје нема ...
Кол Томас Ален, обвинет дека вооружен упаднал во хотел во кој се одржувала вечера организирана од Белата куќа, се изјасни за невин по обвиненијата дека се обидел да го убие претседателот на САД, Доналд Трамп. Ален бил со лисици на рацете и носел портокалова затворска униформа кога се појавил пред судот за изнесување на обвинението, пренесоа американските медиуми. Ален не зборувал за време на рочиштето, а еден од неговите адвокати во негово ...
Британското Министерство за финансии соопшти дека воведе нов пакет санкции против Русија, при што се опфатени 85 лица и организации. Санкции се воведени и против комесарката за правата на децата во регионот Новосибирск, Надежда Болтенко, како и комесарката за правата на децата во регионот Херсон, Ирина Кравченко. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Лондон вовел санкции против психијатриска ...
Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер денеска изјави дека ќе ги увери оние кои се сомневаат во Лабуристичката партија. Неговата изјава уследи откако десетина пратеници од Лабуристичката партија побараа негова оставка поради лошите резултати на локалните избори. Стармер истакна дека ќе се соочи со големи предизвици и ќе ја врати надежта во Велика Британија, што вклучува приближување кон Европската Унија и „ставање на Британија во срцето ...
Министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас ја остави отворена можноста земјата да набави транспортни авиони Ц-390 од Португалија за што разговарал на средбата со неговиот португалски колега Нуно Мело за време на посетата на Лисабон, јави дописничката на МИА од Атина. Дендиас по средбата се осврна на билатералните односи меѓу двете земји кои ги карактеризираше како извонредни. – За време на нашите разговори уште еднаш ги потврдивме овие ...
Барселона го победи Реал со 2:0 дома со головите на Маркус Рашфорд во 9-тата минута и Феран Торес во 18-тата минута, со што ја одбрани титулата во Ла Лига против нивниот најголем ривал, три кола пред крајот на првенството. Потегот на Килијан Мбапе за време на најголемото дерби привлече големо внимание од шпанската јавност. Најдобриот стрелец на Реал, кој постигна 41 гол на 41 натпревар оваа сезона и асистира шест гола, не играше во Ел Класико ...
Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека повторно заспал во Белата куќа. Камерите за време на настанот во Овалната соба го фатија како повремено изгледа поспан, држејќи ги очите затворени и треперејќи како да се буди од лесна дремка. Денес, Трамп беше домаќин на настан посветен на здравствената заштита на мајките и поддршката на мајчинството, додека американскиот секретар за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор зборуваше за „кризата ...
Претседателот на СНСД, Милорад Додик, остро реагираше на изјавите на високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, нарекувајќи ја глупава и упатувајќи ѝ низа навреди поради нејзината позиција во однос на високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит. Изјавата на Калас Каја Калас претходно изјави дека Европската Унија го поддржува назначувањето на нов висок претставник од страна на Советот за ...
На бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска му бил упатен усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“, потврдија од МНРиНТ за МИА. -Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија, Жељазко Радуков, се вели во информацијата од ...
Владата на денешната седница го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри кој ќе биде испратен до Собрание. Од Владата истакнуваат дека со ова започнуваат нова, посериозна и поодлучна фаза во борбата против нелегалното приредување игри на среќа, агресивното рекламирање и злоупотребите кои со години нанесуваат штета врз граѓаните, особено врз младите, децата и семејствата. -Фокусот на овој закон е ...
На 11.05.2026 во 21:28 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат во с.Ратавица, кај место викано „Глобица“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(56) од Кочани и патничко возило „пежо“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.М.(29) од Кочани. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „југо“, кој со возило на ...
На 12.05.2026 во 06:05 часот во СВР Скопје, од Детска клиника при Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека кај нив било донесено починато петмесечно бебе од скопско. -Според пријавеното, таткото на бебето околу 05:30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Чучер-Сандево го пронашол своето бебе починато (кое било предвреме родено) и веднаш заминал на Детска клиника, информира МВР. Лекар констатирал смрт и се преземаат ...
Владата продолжува со силна поддршка за рамномерен регионален развој и намалување на развојните диспаритети помеѓу општините и регионите. -На денешната седница беа разгледани и усвоени програмите преку кои за 2026 година ќе се финансираат десетици проекти насочени кон подобрување на условите за живот, локалната инфраструктура, конкурентноста и одржливиот развој, соопштуваат од Владата. Преку Програмата за намалување на диспаритетите и ...
На 11.05.2026 во 18:05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Градско, товарно возило „сканија“ со приколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(45) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ.(89) од општина Росоман. Од здобиените повреди на местото на настанот починал пешакот, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина на обдукција. ...
На 11.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.Д. (27) од Скопје затоа што на 11.05.2026 околу 16:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, од патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки во движење пукал во воздух со сигнален пиштол. Со Ф.Д. е извршен службен разговор и од него е одземен сигнален пиштол со една рамка во која имало 11 парчиња муниција за сигнален пиштол со калибар 9 мм, за кој не ...
САД чекаа десет дена за одговорот на Иран на нивниот привремен предлог за прекин на војната. Кога барањата на Техеран конечно пристигнаа во неделата, стана јасно дека Исламската Република, и покрај притисокот од претседателот Доналд Трамп, кој бара предавање на режимот, сè уште има намера да го добие конфликтот. Иако ниту една страна јавно не ги објави точните услови, иранските државни медиуми објавија дека во својот одговор, Техеран барал ...
Поранешниот шеф на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски е обвинет за перење пари како дел од обемна истрага за корупција, објави Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САПО). Иако САПО не го спомена името во соопштението за медиумите, полициски извор запознаен со случајот за „Киев Индепендент“ изјави дека станува збор за Андриј Јермак. „Ќе коментирам по завршувањето на истрагата“, изјави Јермак за новинарите ...
Најмалку две лица се убиени, а шест се повредени, од кои три потешко, во пукотница во францускиот град Ница. Пукањето се случило вчера попладне во близина на плоштадот Амарилис, објавува Le Parisien. Градоначалникот на Ница, Ерик Чиоти, изјавил дека едно лице „отворило оган со калашников“. Според државниот обвинител од Ница, Дамиен Мартинели, напаѓачот бил донесен со автомобил, по што се приближил до местото на нападот со мобилно возило, ...
Град Скопје го бележи најдобриот прв квартал во својата историја според реализацијата на капиталните инвестиции, соопшти градската администрација, посочувајќи дека за првпат е постигната рекордна реализација уште во првите месеци од годината. Според податоците од Градот, во Основниот буџет за 2026 година биле планирани капитални инвестиции во износ од 1,85 милијарди денари, што претставува зголемување од 32,4 проценти во однос на претходната ...
Како Влада цениме дека покус пат до Европската Унија нема, односно има, но тој е полн со предизвици, кои најчесто се понижувачки и поради тоа го избираме потешкиот пат, со кој местото во Унијата ќе го заслужиме со квалитет и испорака, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. Тој ...
Културата, уметноста и современиот национален израз ќе бидат во фокусот на одбележувањето на 35 години од независноста на Македонија, најави портпаролката на Владата, Марија Митева, при претставувањето на концептот за јубилејната програма. Според Митева, станува збор за голем државен проект кој треба да остави трајна вредност и силна трага во македонската културна историја. Таа истакна дека целта е одбележувањето на јубилејот да не биде само ...
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(26) од село Ново Конско, гевгелиско, П.Ч.(33) од Гевгелија и В.С.(51) од Струмица поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Пријавениот И.Ѓ. организирал набавка на кокаин и, по претходен договор со пријавениот П.Ч., го ...
Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека во попладневните часови се очекува локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 31 степен. Во Скопје, променливо облачно со ...
Oвeн – Πepиoдoт нa чeĸaњe зaвpши и ceгa e вpeмe дa ja пpeзeмeтe инициjaтивaтa вo cвoи paцe co цeлocнa peшитeлнocт. Aĸтивнo вĸлyчeтe ce вo peшaвaњeтo нa cитe нepeшeни пpaшaњa штo вe ĸoчea дoceгa, co цeл дa нaпpaвитe пpocтop зa вaшитe нoви цeли. Ha личнo нивo, вe oчeĸyвaaт иcĸлyчитeлнo интeнзивни и oгнeни мoмeнти штo ќe ja paзгopaт cтpacтa вo вaшaтa вpcĸa. Биĸ – Дeнec бapa oд вac дa зacтaнeтe зa мoмeнт, oбjeĸтивнo дa ja aнaлизиpaтe cитyaциjaтa ...
Сервилноста и поданството на СДС и Венко Филипче кон туѓи држави и интереси, не е европска вредност. Сервилноста на СДС и Филипче е продолжение на антидржавната и предавничка политика која ја започна Заев и ја продолжи Ковачевски, само за да дојдат и ден повеќе да останат на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Знаејќи дека во Македонија граѓаните не го поддржуваат што се покажува и со рејтинг во рамки на статистичка грешка од само 4%, СДС и Венко ...
Српскиот државјанин С. М. (42) е лишен од слобода во Скопје во заедничка координирана акција на македонската и српската полиција. Тој се сомничи за подготовка на платено убиство, а неговото лоцирање е резултат на долготрајна оперативна размена на информации помеѓу Службата за сузбивање на криминалот (УКП) на Србија и македонското МВР. Осомничениот бил пронајден во „засолниште“ во главниот град, каде полицијата при рација открила арсенал ...
Бик Ова е вашата недела. Со Сонцето, Меркур и младата месечина во вашиот знак, ќе почувствувате дека повторно добивате контрола врз сопствениот живот. Работите што долго време стоеле во место конечно почнуваат да се придвижуваат, а многу Бикови ќе почувствуваат силна потреба за нов почеток. Можно е подобрување на финансиската состојба, нова работна можност или важна лична одлука што ќе ви донесе повеќе стабилност. Во љубовта, ќе бидете многу ...