Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Берлинската полиција објави фотографија на лице за кое смета дека е извршител на нападот на Парадата на гордоста во германската престолнина, во кој загина едно, а се повредени 16 лица. Властите започнаа потрага низ градот по 21-годишниот осомничен Абдул Б., кој избегал откако автомобил синоќа влетал во толпата во паркот „Тиргартен“. Портпаролот на полицијата, Флоријан Нат, изјави дека лицето им е познато на властите и дека постои сомневање ...
Советот на Народната банка (НБ) го усвои кварталниот извештај според кој, најновите макроекономски показатели главно се движат во согласност со априлските проекции. Во извештајот, соопшти денеска НБ, се наведува дека надворешната позиција на земјава е стабилна, а девизните резерви се одржуваат на соодветното ниво за зачувување на стабилноста на курсот на денарот во однос на еврото. Домашната инфлација очекувано забрза во вториот квартал, и ...
На 28.07.2026 во 14:35 часот во СВР Куманово, Е.Х.(30) од Куманово пријавил дека во дворот од неговата куќа на улица „Бајрам Шабани“ во Куманово била фрлена експлозивна направа. -Увид извршила екипа од СВР Куманово и на тераса од куќата била пронајдена експлозивната направа, додека во дворот била пронајдена една безбедносна рачка, за која се претпоставува дека е од истата направа, информира МВР. Од Единицата за откривање и деминирање на ...
Никола Мицевски, член на Извршниот комитет и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на прес-конференција изнесе обвинувања дека во периодот кога Венко Филипче бил министер за здравство, а СДС била на власт, имало случаи на неисправна вода за пиење кои, како што тврди, биле сокриени од граѓаните. Мицевски изјави дека, според податоците со кои располага партијата, речиси 400 испитувања на водата во периодот на министерувањето ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на Реформската агенда, изјави: „Да, па денеска имавме утрински состанок со луѓето од Брисел, од одделот за проширување. Разговаравме сега за оние реформи коишто се дел од Реформската агенда во грејс-периодот зад декември и оние коишто се во нормален колосек до декември, коишто истекуваат 2026 година. Ние сме единствената ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува во понеделник да има надолна корекција на цените на дизелот и на бензините во државава и дополнително стабилизирање на инфлацијата и додаде дека Владата останува на политиката за поддршка на стандардот на граѓаните и зачувување на ценовната стабилност. – Прерано е да зборува, денеска имаме мал скок, вчера цените за брентот се движеа 83, 84 долари за барел, денеска повторно имаме нагорно придвижување, од ...
Денеска одржавме работен состанок посветен на Реформската агенда и процесот на европска интеграција, на кој преку онлајн обраќање учествуваше директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Разговаравме за досегашниот напредок, следните чекори и координацијата меѓу институциите, со цел реформските процеси да продолжат ефикасно, навремено ...
Подобри услови за работа и извршување на задачите на припадниците на македонската Армија. Тоа е нашата искрена заложба и цел кон која посветено работиме, затоа што припадниците на Армијата го заслужуваат најдоброто, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски. Министерот за одбрана, заедно со командантот на 1. пешадиска бригада, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски, денеска ги посети припадниците на лесната пешадиска баталјонска група во ...
На 27.07.2026, Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против три лица. А.Т.(27) од Битола заради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“ по член 358-а ст.2 в.в. ст.1, С.Ч.(56) од Гостивар за „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 ст.2 ...
Овен Транзитот на Месечината во Единаесеттата куќа ја активира сферата на вашите пријателства, социјални мрежи и долгорочни колективни цели. Оваа конфигурација создава предуслови за интелектуално будење и желба за активно учество во прогресивни социјални или професионални групи. Дискутирајте ги вашите иновативни идеи со луѓе со слични интереси за да добиете вредни повратни информации и стратешка поддршка. Бик Лунарниот престој во Десеттата ...
Денес сакаме да зборуваме за суштината на усвоениот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Овој Буџет не е документ на паника и не е отстапување од економската политика. Тој е навремено приспособување на Буџетот кон реалните економски движења и кон потребите на граѓаните, општините и стопанството, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, и достигнуваат ...
Општина Карпош, во соработка со ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, продолжува со реализација на активности за прочистување и одржување на канализационата мрежа, со цел навремено решавање на критичните точки и подобрување на условите за живот на граѓаните. Во фокусот на денешните активности беше улицата „Скупи“ во Злокуќани, каде што екипите работеа на расчистување на шахти, отпушување на атмосферската канализација, како и чистење на ...
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, а најголема фреквенција на возила е регистрирана на граничниот премин Богородица. Според информациите на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), времето на чекање за преминување на границата изнесува околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ апелираат возачите да управуваат внимателно, да ...
Во државава нема активни пожари заклучно со 7 часот утрово. Изгаснати се 16-те пожари кои биле активни на отворен простор во 10 општини, покажуваат податоците на Центарот за управување со кризи. Според ЦУК, се интервенирало на гаснење на два пожара во општина Прилеп, со кои под репетиторот на „МТВ“ и Манастирот „Трескавец“ биле зафатени ниска вегетација, шипови и леска, како и ниска вегетација на местото викано Заград – Десовски пат. Во село ...
СДС ја покажа својата хипокризија на дело во Гостивар, Филипче молчи, ги штити и не бара одговорност за своите функционери за кои мобилизираше луѓе да гласаат во предизборието на повторените локални избори во Гостивар. Венко Филипче, јавно повикуваше на поддршка за Валбон Лимани, иако токму локалната власт во Гостивар, во која СДС е дел заедно со ДУИ и Арбен Таравари, потфрли во справувањето со кризата со загадената вода за пиење, велат од ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 35 степени. ...
Бебињата плачат, тоа е нивниот начин на комуникација. Што се случува ако бебето плаче предолго? Дали ова значи дека можеби е разгалено и треба да се остави да плаче? Апсолутно не! Првото нешто што треба да го знаете е дека реагирањето на плачот на вашето бебе не е знак на слабост, ниту пак е знак дека вашето бебе е разгалено, дури и ако другите ви го кажуваат тоа. Напротив, обидот да го утешите бебето кога плаче всушност придонесува за ...
Преку апликацијата „Токио енмусуби“, 265 двојки стапиле во брак. Апликацијата помага да дознаеме колку си одговараме со партнерот. Ваквата мерка беше воведена во 2024 година во Токио, со цел да се зголеми наталитетот во Јапонија. Направената статистика покажува дека околу 70 отсто од луѓето заинтересирани за брак, не преземаат иницијатива да најдат партнер. Платформата е достапна само за лица кои навистина сакаат да си ја најдат сродната ...
Бик: Парите доаѓаат од неочекуван извор Вашите џебови можеби се полупразни во моментов, но тоа нема да трае долго. Првиот ден од август ги крши сите пречки и го расчистува патот пред вас. Шефовите конечно ја забележуваат вашата вредност и почнуваат да плаќаат за неа. Можеби имате приватен бизнис кој носи брзи пари. Нема повеќе изговори дека ќе биде подобро следниот месец, парите доаѓаат директно во вашите раце. Еве што очекува Бикот: ...
– Пиењето алкохол генерално нè прави попривлечни за комарците, нагласува британскиот професор Џејмс Логан. Тоа се потврдува и во напис во списанието „Журнал на Американското здружение за контрола на комарците“, според којшто вносот на алкохол значително ги привлекува комарците. Испитувајќи 12 мажи и една жена на возраст меѓу 20 и 58 години, истражувачите ја измериле содржината на алкохол во потта на учесниците кои испиле или не испиле 350 ...
Веб-страницата Vivid Maps сподели интересни податоци за потрошувачката на компири во Европа на годишно ниво. Оваа мапа е направена според податоците на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) од 2020 година, и ја прикажува просечната потрошувачка на компир во килограми по жител на секоја европска земја. Она што се издвојува е секако големата потрошувачка. Имено, европските земји важат за најголеми потрошувачи на оваа ...
Според најновите информации, расте бројот на повредени во силниот земјотрес што ја погоди Јапонија. Како што претходно беше објавено, повеќе од 50 повредени лица се примени во една болница. Друга болница сега пријави околу 40 повредени, вклучувајќи десет лица во сериозна состојба, јавува НХК. Локалните медиуми, исто така, јавија дека се повредени неколку патници кои биле во брз воз во времето на земјотресот. Силен земјотрес денеска ја погоди ...
Израел ќе им дозволи на мултинационалните безбедносни сили да влезат во Појасот Газа, како што е предложено во планот за прекин на огнот на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави синоќа неименуван израелски функционер. Тој додаде дека мисијата, наречена Меѓународни сили за стабилизација, ќе вклучува 200 членови од „пријателски земји како што се Уганда и Мароко“, кои ќе бидат распоредени во области кои не се под израелска контрола. ...
На Исланд почна предвременото гласање на референдумот на кој граѓаните треба да одговорат дали земјата треба да ги продолжи преговорите за членство во Европска Унија или не. Референдумот ќе се одржи на 29 август, но од денеска почна гласањето на граѓаните кои својот глас нема да можат да го дадат тогаш. Право на глас имаат сите граѓани кои наполниле 18 години. За предвременото гласање на Исланд се отворени околу 50 избирачки места и околу 130 ...
Италијанската полиција денеска соопшти дека во Атлантскиот Океан, покрај брегот на Португалија, запленила над 2,6 тони кокаин, чија вредност на црниот пазар се проценува на 500 милиони евра. Дрогата е пронајдена на ултрабрз брод на надувување, кој шверцерите обично го користат за да преземат нелегален товар фрлен во морето од големите бродови што пристигнуваат од Јужна Америка, соопшти италијанската царинска и гранична полиција. Уапсени се ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека за време на првата средба со британскиот премиер Енди Барнам разговарал за зајакнување на противвоздушната и поморската одбрана на Украина, развој на заедничко одбранбено производство и испорака на британски технологии за електронско војување наменети за заштита на украинските дронови. Како што наведе Зеленски во објава на социјалните мрежи, двајцата функционери се сретнаа во ...
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, во емисијата ,,На прва“, на МРТ1, информираше дека е подготвен образец за пријавување на штетите, кој граѓаните можат да го подигнат во Општината или да го преземат од веб-страницата. ,,Ние имаме образец и формирана комисија која ќе прави увид и проценка на штетите. Образецот е во нашата општина, може да го подигнат, може и на веб сајтот да го најдат. Со образецот треба да достават увид, ...
По дејството на противпожарните авиони „Ер трактор“ на ДЗС, пожарникарите на ТППЕ Велес, месно население од с.Чалошево, а и екипа со цистерна од ЈП ,,Дервен“ врз пожарот во месноста „Дорутовец“ во велешко, опасноста е намалена, но пожарот е проширен во правец на патот Велес – Штип. -Заради чадот што ветрот го носи кон автопатот, од Главниот штаб за управување со кризи е побарана поддршка од МВР за регулирање на сообраќајот согласно потреби. ...
На 27.07.2026 во 13:35 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, во близина на с.Другово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген тигуан“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(76) од Прилеп, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(41) од Скопје и патничко возило „цитроен“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(48) ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...