На денешен ден, 5 мај, 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Република Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик. Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем. До 10 век ...

Во текот на денешниот ден (29.04.2023)во период од 12.00-18.00 часот спроведена е локална акциска контрола на територијата на Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 18 возачи. Од нив, 13 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, четворица возеле без возачка дозвола, еден нерегистриран…. За време на контролата санкционирани се и други видови на сообраќајни прекршоци. ...

Украинскиот претседател проговори за првите денови од вojната во државата – во интервју за ТВ 1+1 изјави дека носи пиштол со себе и дека бил подготвен да се бори крај во битката за Киев. Во тоа време во градот имало неколку руски диверзантски групи кои се обиделе да се пробијат до улицата Банкова, каде што се наоѓа претседателската резиденција. Во првите часови и денови од вojната, од главниот град на Украина дојдоа хаотични сцени од бркотници ...

Натпис во весникот “Њујорк Тајмс” од 26 мај 1903 година открива кој го предал Гоце Делчев, срцето на револуционерна Македонија. CMPTTA НА МАКЕДОНСКИОТ ВОЈВОДА Грчки шпион го предал Делчев на Турците Лондон 26 мај, 1903 година – Детален извештај за cmpтта на Делчев познатиот македонски војвода, од дописникот на “Тајмс” од Софија. Извештаите покажуваат дека Делчев бил придружуван од четата и вojводата Кирчовски, заедно со поетот Таворов кога ...

На 01.05.2023 околу 04,00 часот во СВР Битола е пријавено дека патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, на железнички премин на ул.Трајко Николоски со ул.Леце Котески во Прилеп, во близина на железничката станица–Прилеп удрил во патничко моторно возило „поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(76) од Крушево, кој починал на лице место. Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на ...

Во текот на изминатата вечер (01.05.2023)во периодот од 17.00-22.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 34 возачи. Од нив 14 на територија на Битола, 6 во Прилеп, 5 во Демир Хисар по 3 во Македонски Брод и Ресен и 2 во Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 21 други видови прекршоци. Акциски ...

Денеска (03.05.2023), полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп го лишиле од слобода А.Ф.(40) од Прилеп. При претрес во домот и помошни простории кои ги користи, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола. ...

Со трката “Апхил Сопиште” започна сезоната во планински велосипедизам, а Велосипедскиот клуб “Илинден” од Прилеп стартуваше со победа. Андреј Маџоски ја забележа својата прва победа во јуниори, Константин Костоски беше трет во кадети, Никола Ристески го освои четвртото место, а Младен Петрески беше седмопласиран во истата категорија. Тренерот Драган Димитријоски не го криеше задоволството за првата јуниорска победа на Маџоски и истакна дека и ...

Ангела Трајкоска Тамара Цветкоска и Елена Дејковска од Боречкиот клуб “7-ми Мај Златна рака” од Прилеп, после завршените подготовки во Косово, денеска отпатуваа за Грција, каде ќе ја претставуваат Македонија на Балканското првенство за пионери и кадети. Девојките забележаа одлични резултати на натпреварувањата во изминатиот период, а балканскиот собир во соседна Грција ќе биде голем предизвик од кој повторно се очекуваат успеси. ...

Градот под Марковите Кули веќе една година е дом на 250 млади и талентирани личности кои работат за глобалната компанија Таскфорс која има свои кацеларии на два континенти, САД и МАКЕДОНИЈА. На листата градови со нашиот Прилеп се и Чикаго, Ноксвил, Чарлстон, Загреб, Скопје и Битола, а тимот во Прилеп во континуитет се проширува, заради растот на комапнија, но и заради одличните услови кои ги нуди за работа. Модерни простории направени по ...

Работниците се лути на функционерите кои си добија покачување на платите за 78 отсто, а минималната плата ја зголемуваат за 2.000 денари. Тие при говорот на Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија, викаа „уа“ додека тој говореше за функционерските плати. „Денес ќе им се обратиме на оние кои си покачија платите за 78 проценти а нас не убедуваат дека 2.000 денари се доволни. Е па не може вака. Мора да добиеме и ние ...

Проектот ,,ОБРОК ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ” од денес за сите ученици од прво до петто одделение во основните училишта во Кавадарци! -Од денес официјално започна со реализација проектот “Оброк за секое дете” кој беше дел од предизборната програма на градоначалникот Митко Јанчев, и е наменет за учениците од основно образование од прво до петто одделение. Проектот ќе трае до крајот на учебната година и ќе се реализира согласно претходно регулираните законски ...

Денес започнаа работните активности за реконструкција на 10 улици во населбата „Недопирливи“. Проектот вклучува реконструкција на водоводната, канализационата мрежа и нов коловоз во должина над 2 километри. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и стручните екипи од општинската администрација, заедно со директорот на КЈП „Никоградба“, Зоран Талевски, извршија увид на активностите кои започнаа со реконструкција на мешовитата ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Битола ги поздрави сите луѓе кои, како што рече имаат потреба за сигурност и стабилност која ја немаат, ја имаат лутината поради која мотивираните да успеат стануваат неуспешни, не затоа што тие не се квалитетни туку затоа што системот ги направил таков. Луѓе чии семејствата се раслојуваат, си заминуваат во потрага по се она што тука не може повеќе да го најдат, сигурност, среќа, иднина. ...

Денеска (04.05.2023), во Полициската станица Битола бил извршен службен разговор со А.С.(42) и Р.С.(41), двајцата од Битола. А.С. се сомничи дека извршил кривично дело по 144 од Кривичниот законик, односно на социјална мрежа објавил слика со оружје и упатил закана кон висок функционер. Во разговорот тој го признал делото и изјавил дека оружјето е на Р.С.. Во полициска станица од Р.С. биле одземени една ловечка пушка, ловечки карабин и дозвола ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во своето обраќање до граѓаните по повод трагедијата што се случи утринава во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград рече дека денеска е еден од најтешките денови во современата историја на земјата. Тој изрази сочувство до семејствата на убиените деца, децата и семејството на убиениот обезбедувач во училиштето. „За жал, Србија е обединета во тагата. Таа тага е толку голема што не се сеќаваме ...

Машката ракометната репрезентација на Македонија денес го игра последниот натпревар од квалификациите за следното Европско првенство, кое што во јануари 2024 година ќе се игра во Германија. Завесата од групата 1 ќе биде спуштена во Скопје, каде во салата „Борис Трајковски“ на нашите најдобри ракометари ќе и гостува селекцијата на Турција. Македонија веќе го обезбеди својот пласман на континенталниот собир, но тоа не значи дека вечерашната ...

Во Ликовната галерија во ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп, вечерва (28.4.2023) беше отворена првата самостојна изложба на скулптури “Материјалот и формата” од младиот уметник Славчо Павлоски, кој се претставува со 15 дела изработени во мермер и дрво. За изложбата најпрво говореше Игор Тасески кој рече дека Павлоски е талентиран уметник кој со неговите дела ја истражува меката и тврдата форма во мермерот и дрвото, и дека скулптурите даваат различен ...

Новиот македонскиот филм „Преекспонирано“ на режисерката Елеонора Венинова премиерно ќе биде прикажан во киното „Мис Стон“ на 4 мај 2023 /четврток/ со почеток од 20.00 ч. Влезниците можат да се набават два часа пред почетокот на проекцијата на билетарницата од киното. Улогите во филмот ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска. Кинематографер е Лев Предан Коварски, музиката е на Линдзи Рајт, сценографијата на Срѓан ...

Денес, монографијата „Поствизантиските претстави на Страшниот суд на територијата на Р. Македонија“, чиј автор е д-р Александар Василески, научен соработник во ЈНУ Институт за старословенска култура, ја доби државната награда „Гоце Делчев“ за 2022 година, за особено значајни остварувања во областа на науката. Монографијата е во издание на ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп и Здружение Менелај – Прилеп. Се работи за исцрпна и ...

Додека управата на нашиот храм упорно се труди да ги разубави, некој упорно се труди да го нагрди храмот и дворот околу него. Додека вработените при храмот садат цвеќиња за облагородување на дворот, некој ги корне и крши – пишуваат од храмот Св. Петка во населбата Точила во Прилеп Од црквата додаваат дека нареден пат ќе ги објават сторителите. -Еве стигнавме дотаму да бидат откорнати и украдени пресно насадени цвеќиња. Најинтересно е што ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 22 степена. Според прогнозата на УХМР, во ...

Најпознатите близнаци од Македонија изминатите денови беа на турнеја меѓу нашинците во Австралија каде одржаа повеќе концерти. На настапите на “Некст Тајм” присуствуваа стотици македонски иселеници кои од прва до последна минута уживаа и пееја во еден глас. Пред заминување “Некст Тајм” одржаа концерт во Мелбурн, а се дружеа и со македончињата од саботното училиште по македонски јазик “Килор Даунс”. Дечињата во еден глас ја пееле “Слушам кај ...

„Фајзер“ и „Бионтек“ дадоа нов предлог до ЕУ во врска со прекумерните количини на вakцини против кopoнавиpyc нарачани од Брисел, според кои земјите-членки би платиле половина цена, или околу 10 евра, за секоја од 70-те милиони дози од кои ЕУ се откажува, пишува денеска во „Фајненшл тајмс“. Дополнително, измените на договорот ќе и овозможат на ЕУ да се префрли на понови вакцини прилагодени на „сите идни варијанти на Koвид-19“, се додава во ...

Православните верници во сабота, на 6 мај, го прославаат Ѓурѓовден- празникот врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување. Овој светец се смета за граница меѓу зимата и летото, празник врзан за здравјето на домашните, женачката, плодност на стоката и добри посеви. Главен обичај е плетење венец од билки, миење со цвеќиња, капење во река. Венецот сплетен од цвеќиња треба да се стави на влезната врата во куќата и тоа значи ...

Овој период од годината не може да помине без уникатните бели патики Ова се совети за чистење кои ќе ви помогнат секогаш да изгледаат како нови. Совет број еден: Многу е важно за кој модел на патики станува збор, па ако зборуваме за култните старки (Convers), тогаш сѐ што треба да направиме е да нанесеме малку сапун на четката за заби и кружни движења да триеме додека не исчезне нечистотијата. Совет број два: Растворете сода бикарбона во млака ...

Времето денеска ќе биде претежно облачно, во источните делови со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Во Скопје претежно облачно, во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Во среда и четврток ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, на ...

Познат е уште како “воден пат”, бидејќи движењето по мостот им дава на луѓето неверојатно чувство како да се движат на површината на водата. Лоциран во округот Ксуанен во југозападната провинција Хубеи во Кина, лебдечкиот мост Шизигуан е еден од најспектакуларните мостови во светот, односно тој е најголемиот пловечки мост, па дури е запишан и во Гинисовата книга на рекорди. Овој уникатен мост се наоѓа во живописната област Шизигуан опкружен со ...

Денот на македонскиот јазик, 5 Мај, учениците од сите средни училишта од Општина Прилеп го одбележаа преку настан со наслов: „Рецитираме и пееме на македонски“ во кино „Мис Стон“ на трети мај. Пред полна сала публика, средношколците од нашиот град се претставија со рецитации и музички изведби со кои ги наполнија срцата на присутните во публиката. Учениците од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, со поддршка на в.д. директорката Весна Михаиловска, зедоа ...

На 28.04.2023 во Ресен на ул„Јосиф Јосифовски“ полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен ги лишиле од слобода И.Т.(30) и Д.Ч.(36), двајцата од Битола. Додека бил вршен преглед на патничко моторно возило „опел астра“ со битолски регистарски ознаки управувано од И. Т., а во кое сопатник бил Д. Ч., во еден момент Д.Ч. се обидел да избега и фрлил кеса со бела материја, но бил фатен од полициските службеници, по што дополнително кај него биле ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.1
57%
1017
weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
0.45
68%
1018
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
1.44
68%
1018
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
0.47
88%
1017
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.51
67%
1017
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 10ᴼ
0.72
83%
1018
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
1.79
66%
1013
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.85
85%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
4.18
63%
1015
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 11ᴼ
1.34
58%
1016
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 11ᴼ
0.89
62%
1017
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.65
69%
1016
Currency

61.535

Currency

55.5002

Currency

73.0477

Currency

35.306

Currency

39.6877

Currency

65.6796

Currency

7.69221

Currency

0.68415

Currency

0.37503

Currency

0.52503

Currency

1.42807

Currency

0.6539

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.47

Кобалт

42.99

Никел

15680.00

Рутениум

19869.16

Калај

32.75

Сребро

1050.28

Злато

104174.99

Бакар

9.39

Паладиум

30060.95

Платина

31335.09

Родиум

172810.26

Цинк

2.69