По повод првата годишнина од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во која 16 лица ги загубија животите, Делегацијата на Европската унија во Србија издаде соопштение во кое изразува сочувство и солидарност. Соопштението беше поддржано од амбасадите на сите земји-членки на ЕУ во Србија, освен Унгарија, пишува Н1.Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на Делегацијата на ЕУ се наведува дека Унијата ...

Имено, се сомнева дека Е. И. го сторила кривичното дело за кое се товари на начин што од ноември 2023 година, со намера да стекне противправна имотна корист, лажно изнесувала факти и го довела во заблуда оштетениот, наведувајќи го да предаде пари во износ од 10.000 евра, соопшти Министерство за внатрешни работи на Црна Гора. Оштетениот во неколку наврати ѝ испраќал пари преку банка, а одреден дел од парите директно ѝ го предал во нејзино ...

Со јавни и државнички почести денеска му беше оддадена последна почит на поранешниот албански премиер и историски лидер на Социјалистичката партија, Фатос Нано, кој ќе почива на гробиштата Шара, во Тирана.Гoлем број граѓани, албанскиот државен врв, претставници на политичкиот живот, поглаварите на верските заедници, делегации од соседните земји, меѓу кои и на ДУИ, предводена од лидерот Али Ахмети, од Косово, предводена од Албин Курти, почит му ...

Пред српското Собрание во Белград вечерва се собра голем број граѓани за да и дадат поддршка на Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка — еден од 16 загинати при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад.Таа од утрово штрајкува со глад, барајќи од властите правда и одговорност за трагедијата што го потресе целиот регион. На местото има и големо полициско присуство, вклучувајќи бригада за разбивање демонстрации, распоредена ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека неговото извинување до демонстрантите било искрено и дека не било израз на страв, туку на желба да се смири општествената атмосфера и да се врати дијалогот. -Моето извинување беше искрено, не затоа што сакам да се додворавам или затоа што се плашам, туку затоа што сакам да ја сменам климата во општеството – изјави Вучиќ при обиколка на градилиштето на Националниот стадион во рамки на EXPO ...

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, се обрати на прес-конференција со жестоки критики кон двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но и кон коалицијата ВРЕДИ. „По којзнае кој пат балистичко-врховистичката коалиција потфрли и ВРЕДИ ги зафркна ДПМНЕ насекаде каде што очекуваа нивни гласови. За возврат на кусогледоста на Мицкоски, курбан отиде Западна Македонија. Патриоти, продолжете да си го гласате Мицкоски,“ изјави Апасиев. Тој упати ...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прогласи голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.„Народот покажа дека Македонија е повторно Твоја. Ви благодарам мој народе, ова е заедничка победа, победа на вербата и копнежот за иднина, победа на напатениот народ и неговите соништа за кои се бориме, за нашата заедничка иднина. Победивме во Скопје, победивме во скопски Карпош, победа и во Аеродром и Чучер-Сандево. Беше тешка и жилава ...

Во текот на изборниот ден, според податоците на МВР, на целата територија биле пријавени 30 настани поврзани со изборниот процес, од кои најмногу во Скопје. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција соопшти дека вториот круг од локалните избори поминал во исклучително фер, мирна и демократска атмосфера, без сериозни инциденти и без нарушување на јавниот ред и мир. – Изборниот процес се одвиваше без сериозни ...

Аднан Азизи, шефот на изборниот штаб на коалицијата ВЛЕН прогласи победа во сите општини во кои во вториот круг од локалните избори тие имале свој кандидат. Тој рече дека со резулатот од изборите ВЛЕН е втора политичка сила во државата. Со тоа, како што рече Азизи, се заокружила промената кај Албанците во Македонија. Од ВЛЕН побараа оставка од Али Ахмети бидејќи, како што велат, време е ДУИ да се реформира.Оттаму обвинија дека Ахмети е одговорен ...

Кандидатот за градоначалник на Скопје од партијата Левица, Амар Мециновиќ, вечерва се обрати на прес-конференција по завршувањето на вториот круг од Локалните избори 2025, упатувајќи благодарност до сите граѓани кои му дале поддршка.„Мое почитувано Скопје, во изминатите два месеци постигнавме нешто што не можевме ни да замислиме пред два месеци. Во овие 60.000 луѓе го имаме огледалото за иднината на Скопје. Скопје се разбуди и Скопје одлучи дека ...

По изборната победа, новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски се заблагодари на Мицкоски и најави дека веднаш ќе започне со решавање на клучните проблеми во градот.Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва се обрати пред своите поддржувачи, по изборната победа, најавувајќи итни активности веднаш по примопредавањето на функцијата. – Веднаш по земањето на уверението, ветувам дека ќе се борам да ги поправиме ...

Заедно со Студеничани, најверојатно во следните 4 години градоначаници на ДУИ ќе водат вкупно 5 општини во Македонија. Еден од клучните моменти во вториот круг на изборите за градоначаници во Македонија е целосниот колапс на кандидатите на ДУИ. Освен во Студеничани, НАИ, коалицијата околу ДУИ, веројатно нема да освои ниту едно друго градоначалничко место. ДУИ загуби во Кичево, загуби во Струга, во Дебар и во Тетово. Ова може да се смета за ...

Шпанската Влада соопшти дека ќе ѝ предложи на Европската Унија трајно да го укине поместувањето на часовникот и преминот на зимско сметање на времето, што треба да се случи наредниот викенд, наведувајќи дека тоа е „застарена пракса“, пренесуваат денеска шпанските медиуми.Како што се наведува, оваа промена веќе не придонесува за заштеда на енергија, а истовремено предизвикува негативни последици врз здравјето, јави телевизијата РТВЕ. Во видео ...

Ме погоди веста за заминувањето на Коста … Одличен човек, прекрасни времиња имавме кога соработувавме Антена 5 – МобиМак … Радио емисијата Моја Антена – Мој МобиМак (подоцна Мој Т-Мобиле, сега Мој Телеком), која оди на Антена 5 секое утро од 9 до 10ч ја осмисливме Коста, Зоки и јас, дадовме локации на МобиМак за предаватели на Антена 5, така ја покривме цела Македонија и со мобилен и со радио сигнал … За возврат, емисијата оди во етерот преку 20 ...

Лоренцо Џемини Уште пред почетокот на мечот, Џемини најави дека ќе се соблече во студио доколку Албанија победи. „Се надевам дека ова ќе биде најдобриот ден за нашиот тим. Сакам само победа од 1-0, не мора повеќе. Ако заврши така, ќе се соблечам во студиото“, изјави тој пред камерите. И навистина, натпреварот го следеше облечен во дрес на албанската репрезентација, а кога судијата Иштван Ковач го означи крајот, Џемини го соблече дресот во живо и ...

Во „Јане Сандански“ вечерва со почеток во 18:45 часот, ракометарите на Вардар го започнуваат своето новa европска авантура, отворајќи ја сезоната во ЕХФ Европската лига со дуел против хрватскиот состав Сесвете. Македонскиот шампион со амбиции и фокус чекори во натпреварувањето, решен да стигне далеку и да направи значаен исчекор во однос на минатата сезона. Предводени од стратегот Иван Чупиќ, „црвено-црните“ влегуваат во натпреварот со јасна ...

Голем интерес кај битолската публика предизвика натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Пелистер и Барселона, билетите за овој дуел беа распродадени за само осум минути, информираа од клубот. Салата „Боро Чурлевски“ ќе биде исполнета до последното место за натпреварот со каталонскиот ракометен гигант во Битола. Натпреварот се игра в среда, на 15 октомври, со почеток од 20:45 часот, во рамки на новото коло од елитното натпреварување на ...

На премиерата на документарниот филм „Вратете ни го чаламот“ посветен на најголемите успеси на македонски кошаркарски клуб „Работнички“ одржана синоќа во Скопје, градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски најави враќање на клубот на победничките патеки. -Легендата продолжува да живее! Се враќаме на гордоста, на спомените, на победничкиот дух што „Работнички“ го носи со себе уште од првиот ден. Горд сум што дадов поддршка за ...

Селекторот за оваа недела на ЕХФ во репрезентацијата го враќа левото крило на првакот Еурофарм Пелистер Дејан Манасков, кој се наоѓа во одлична форма. Повикот од Лазаров добија: Мартин Томовски, Никола Митревски, Иван Галевски (голмани), Дејан Манасков, Иван Џонов (леви крила), Ненад Костески, Александар Петровски (десни крила), Филип Кузмановски, Павле Атанасијевиќ, Емилијан Ѓорговски (леви бекови), Мартин Серафимов, Мартин Велковски, Филип ...

Кумановската полиција лиши од слобода двајца фудбалери на клубот „Беса“ од липковско Слупчане, бидејќи физички нападнале играчи од гостинскиот клуб „Аеродром“ од Скопје, соопшти денеска СВР Куманово. – Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од село Слупчане, општина Липково, затоа што на фудбалски натпревар во село Слупчане ...

Вардар по осум години успеа да ја совлада Шкендија на гостински терен во Тетово и со три бода да се врати од градот под Шара. Скопската гордост дојде до трите бода благодарение на голот на Давид Бабунски од пенал во 49-та минута откако претходно Тамба одигра со рака во својот шеснаесетник. Шкендија во 87. минута ја стресе мрежата на Талески, откако мајсторски погоди искусниот Ибраими, но по прегледите во ВАР собата, голот беше поништен поради ...

Домашниот терен на ФК Беса Слупчане се суспендира на 10 (десет) натпревари. Истовремено, ФК Беса согласно дисциплинскиот правилник е должен да плати и парична казна. Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува секој облик на насилство на фудбалските терени и ќе продолжи со доследна примена на сите дисциплински прописи, со цел заштита на интегритетот на натпреварите и безбедноста на сите учесници во фудбалот.Ставот на ФФМ е јасен и ...

Тежок удар претрпе екипата на Сараево на гостувањето кај Борац во Бања Лука, откако во рамки на 5. коло од Премиер лигата на Босна и Херцеговина доживеа убедлив пораз од 5-1, а по натпреварот од редовите на тимот каде што настапува македонскиот фудбалер, Стефан Ристовски имаa жестоки критики за арбитражата. Токму Ристовски беше најгласен во критиките и се огласи преку социјалните мрежи. „Добредојдовте во аматерската Премиер лига. Да живее Тито“, ...

Генералното собрание на ОН со огромно мнозинство гласаше за осуда на економското ембарго на САД врз Куба кое трае 33 години. За гласаа 165 држави, а воздржани беа 12 воздржани. Против осудата на блокадата кон оваа држава, во моментов погодена од еден од најсилните урагани во последните години, Мелиса, гласаа седум држави. Меѓу нив беа САД, Аргентина, Украина и Унгарија, како и Македонија. Минатата година, гласањето беше 187 гласа за и само два ...

Руските системи за воздушна одбрана синоќа пресретнаа и уништија 170 украински беспилотни летала над регионот на земјата, објави руското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека кула за мобилни телефони е оштетена при падот на беспилотно летало во регионот на Волгоград, прозорците на две приватни куќи се скршени во регионот на Ростов, додека куќи, автомобил, административна зграда и училишна гимназија се оштетени во напад со ...

Завршени се операциите за пребарување и спасување во урнатините на седумкатната зграда што се урна вчера наутро во Гебзе, Турција. На првиот ден од операцијата за пребарување и спасување, пронајдени се телата на 12-годишниот Мухамет Емир и неговата 14-годишна сестра Хајруниса, додека 18-годишната Дилара Билир беше извлечена жива од урнатините. Деветнаесет часа по почетокот на операцијата за пребарување и спасување, пронајдени се телата на ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан би можел да најде сојузници во своите обиди да го блокира пристапувањето на Украина во Европската Унија, објавува „Политико“. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, предложи промена на правилата за да се бара квалификувано мнозинство, а не едногласна поддршка од сите земји-членки за започнување на преговорите за пристапување. Сепак, некои земји-членки, вклучувајќи ги Франција, Холандија и Грција, се ...

Рускиот претседател Владимир Путин им честита на граѓаните на Русија за Денот на повторно обединување на украинските територии – самопрогласените Донецки и Лугански републики и Запорошкиот и Херсонскиот регион со Русија, нагласувајќи го историското значење на овој настан. „Пријатели, граѓани на Русија, ви упатувам искрени честитки за овој празник – Денот на повторно обединување на Донецките и Луганските народни републики и Запорошкиот и ...

Норвешко-американскиот хуманоиден робот „Neo“ со AI се најавува како домашен асистент кој собира, чисти, одговара на прашања и дури танцува, но корисниците се поделени околу неговата практичност и безбедност. Норвешко-американската технолошка компанија „1X“ го претстави новиот домашен робот со вештачка интелигенција под името „Neo“, кој од денес може да се нарача и кој, според производителот, треба да ги преземе секојдневните домашни обврски и ...

Руските беспилотни летала и авиони сè повеќе влегуваат во воздушниот простор на ЕУ и НАТО. Ваквите провокации, како што пишува Политико, ги алармираат владите низ целиот континент за растечката закана.„Војната е веќе тука. Денес, најважната задача на секој јавен лидер е да ја убеди нашата трансатлантска и западна заедница, и со разум и со срце, дека ова е несакана, понекогаш чудна војна од нов вид. Но, тоа е војна“, изјави полскиот премиер ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
58%
1024
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
55%
1025
weather icon

Загреб

16ᴼ / 10ᴼ
1.03
53%
1025
weather icon

Софија

13ᴼ / 11ᴼ
0.51
55%
1024
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
2.69
75%
1026
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
61%
1026
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
6.69
68%
1016
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
40%
1019
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
37%
1020
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
77%
1026
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
62%
1026
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
5.14
77%
1021
Currency

61.6117

Currency

53.5431

Currency

69.9606

Currency

34.8127

Currency

38.0334

Currency

66.1643

Currency

7.52102

Currency

0.66196

Currency

0.3488

Currency

0.52486

Currency

0.60355

Currency

1.27263