Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Колку повеќе средства Западот троши за поддршка на киевскиот режим, толку пострашен ќе биде неговиот крај, порача заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.Тој укажа дека Западот му предал на Киев половина трилион евра. „Од една страна, тоа е неверојатна сума. Дури и ако се земе предвид колку украле крвавите киевски кловнови (во натамошниот текст ККК — да не се меша со американскиот расистички Кју Клукс Клан). ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на 2 ноември изјави дека засега не планира да ѝ обезбеди на Украина крстосувачки ракети Томахавк со долг дострел, пренесува Кијив Индипендент.Кога новинарите го прашаа дали неговата администрација размислува да испрати „Томахавк“ од Кијив, Трамп одговори: „Не, не баш… работите можат да се променат, но во овој момент не размислувам“. Неговите забелешки доаѓаат по неодамнешните извештаи дека Пентагон ...
Британските обвинители денеска подигнаа обвинение против 32-годишен маж за десет обиди за убиства по масовниот напад со нож во воз што се движеше кон Лондон во саботата.Полицијата претходно соопшти дека пет од 10-те жртви на нападот со нож биле отпуштени од болница, додека една жртва е во животно загрозувачка состојба. Жртвата била член на железничкиот персонал кој се обидел да го спречи нападот. Нападот се случил во саботата навечер на линијата ...
Најголемиот градски парк во Турција официјално е отворен денеска во Истанбул на официјална церемонија на која присуствуваше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавија турските медиуми.Новиот парк, кој се наоѓа на територијата на поранешниот аеродром „Ататурк“ во европскиот дел на Истанбул, има 1,2 милиони квадратни метри зелена површина, каде се засадени над 20.000 дрвја. Заедно со големи зелени површини, на територијата на комплексот има и ...
Ниту тогаш никој не сакаше голема војна, но континентот сепак беше вовлечен во неа. Истата опасност постои и денес, рече премиерот на Унгарија Виктор Орбан, додавајќи дека земјата мора цврсто да се определи за мир.Орбан оцени дека европските лидери отворено заговараат судир со Русија, но дека ситуацијата сепак е подобра од минатата година, бидејќи САД – преку својот претседател – сега поддржуваат примирје. – Денес само една голема сила сака мир ...
Нашите магацини се полни со муниција и произведуваме сè повеќе, особено минофрлачки гранати. Произведуваме повеќе муниција од Франција, изјави српскиот лидер нагласувајќи дека Србија останува воено неутрална.Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ѝ понудил на Европската унија да купи муниција од неговата земја. На прашањето дали таа муниција може да заврши во Украина, одговори дека „купувачите можат да прават што сакаат со неа“, јави ...
Мирно и без инциденти беше во текот на ноќта и утрово во центарот на Белград пред српскиот Парламент каде што од синоќа реагираа стотици полицајци во опрема за разбивање демонстрации со обиди да спречат директно конфронтирање на голем број противници и поддржувачи на властите. Во Белград, стотици луѓе се собраа синоќа пред Собранието за да ја поддржат Дијана Хрка, која штрајкува со глад од вчера во 11:52 часот барајќи одговорност за смртта на ...
Овогодинешниот пакет извештaи за напредокот кон проширување, што европската комесарка Марта Кос ќе го претстави утре ќе содржи пофалби за Црна Гора и Албанија, зборови на охрабрување за Украина и Молдавија и многу помалку ентузијазам кога станува збор за БиХ, Северна Македонија и, особено, Србија, пишува денеска бриселски „Политико“.Кос, како што неодамна им изјави на новинарите во Брисел, ќе го претстави тоа како клучна геополитичка алатка за ...
Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна одржа концерт во Велес, пред околу 5.000 обожаватели во спортската сала „Гемиџии“. За време на настапот, една нејзина бугарска обожавателка од публиката ѝ подаде бугарско знаме, па пејачката го зеде и се покри со него. Овој гест предизвика измешани реакции. Дел од публиката беше изненаден. Во некои медиуми се појави информација дека Цеца морала да ја напушти сцената поради незадоволството на ...
Од Управата за хидрометеоролошки работи, соопштуваат дека од денеска попладне и во текот на ноќта под влијание на влажна воздушна маса, ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни, и ќе има услови за ретки грмежи.Ќе дува и повремено засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.Во среда и четврток ќе преовладува стабилно време, а од петок и деновите од викендот нови врнежи.Во Скопје кон ...
Конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар), (Гостивар-Букојчани) и (Прилеп-Битола) во септември годинава продолжил да извршува работи главно за геотехнички истражни работи, дизајн и спецификации на автопати, дизајн на експропријација, привремени работи за управување со сообраќајот, уривање и отстранување на постоечки објекти и други елементи на патот и градежни активности главно за ...
За време на изборната кампања во првиот круг од локалните избори не беа констатирани прекршувања на Изборниот законик од страна на радиодифузерите. Прекршувања беа констатирани само за време на изборниот молк од страна на четири радиодифузери. Во однос на балансот во дневноинформативните емисии (ТВ дневник/вести), сите анализирани медиуми генерално известуваа неутрално за учесниците во изборите. Ова се наведува во Извештајот од изборното ...
Премиерот Христијан Мицкоски утре во Брисел ќе учествува на Самит за проширувањето на Европската Унија во организација на телевизијата Еуроњуз, кој е замислен како собир на кој високи претставници на ЕУ и на земјите кандидати за членство ќе разговараат за иднината на европската интеграција. Станува збор за прв настан од ваков тип на кој со телевизиски пренос во живо ќе се емитуваат обраќањата и дебатите на учесниците на овие, како што наведува ...
Кандидатот на Вреди Хаќим Рамадани кој вчера ги изгуби изборите со 150 гласа помалку од кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски на својот Фејсбук профил објави дека е невработен и бара работа во приватни компании откако премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе го разреши од директорското место во Инспекторатот за локална самоуправа. – Од денеска сум невработен. Дипломиран економист сум. Барам работа само во ...
По вчерашното гласање, Апасиев го обвини „корумпираното раководство“ на СДСМ на чело со Филипче дека му ги предало општините Струмица и Карпош на ВМРО-ДПМНЕ. Своевремено, и довчерашниот струмички градоначалник од СДСМ Костадинов се посомнева во можен таен договор за негово жртвување. Мицкоски, пак, поразот на Јакимовски во Карпош го оцени како крај на ерата на „локални шерифи и итромани“. ноември 3, 2025 15:36 Повикувајќи ги гласачите на СДСМ да ...
Управниот одбор на ЕИБ одобри прва иницијатива од ваков тип, HousingTechEU, вредна 400 милиони евра, за поддршка на компаниите со среден капитал и големите компании на пазарот на домување во ЕУ, со цел забрзување на индустриските, технолошките и градежните иновации. Ова ново финансирање ќе помогне во развојот на нови градежни материјали, машини и инженерство за подобрување на квалитетот и намалување на трошоците за домување, а воедно ќе ги ...
Мирослав Лабудовиќ по изборите во Центар му честита на Горан Герасимовски, упатувајќи порака за единство и благодарност до сите поддржувачи и коалициски партнери. Кандидатот за градоначалник на општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, му ја честита победата на актуелниот градоначалник Горан Герасимовски, по завршувањето на изборниот процес во оваа општина. – Му посакувам успех во вршењето на функцијата и искрено се надевам дека во наредниот период ...
Пред Македонија се: Словенија (9), Хрватска (19), Бугарија (29), Црна Гора (34) и Грција (45). Зад земјава се: Албанија (52), БиХ (59), Косово(63) и Србија (64). Македонија се најде на 51 место, со пад за четири позиции на Глобалниот индекс на мир за 2025 година, што секоја година го објавува Институтот за економија и мир (IEP).Пред Македонија се: Словенија (9), Хрватска (19), Бугарија (29), Црна Гора (34) и Грција (45). Зад земјава се: Албанија ...
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица за кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Осомничените се 44-годишен посредник во организација на борби со кучиња и 43-годишник кој во дворот на семејна куќа во битолското село Црнеец подготвил заграден ринг каде се организирале борбите. Со постапката за истото кривично дело се опфатени и еден грчки и еден косовски ...
Напаѓачите се на возраст од 32 и 35 години. Масовниот напад со нож во воз во Велика Британија, во кој 9 лица добија тешки повреди, е „изолиран напад“, изјави денеска британскиот министер за одбрана, Џон Хили. Маж со голем нож синоќа е совладан од полицијата со употреба на електрошокери, откако изврши крвав поход во брз воз, кратко по напуштањето на станицата Питерборо во Кембриџшир.Британската транспортна полиција соопшти дека две лица се ...
Британскиот премиер Кир Стармер веднаш по нападот синоќа се обрати на социјалните мрежи и нападот го нарече „ужасен инцидент“. Девет лица се борат за живот, по напад со нож во воз што се случи синоќа на железничката станица Хантингдон, во близина на Кембриџ, источна Англија. Двајца мажи кои го извршиле нападот се уапсени.Британскиот премиер Кир Стармер веднаш се обрати на социјалните мрежи и нападот го нарече „ужасен инцидент“. Полицијата ...
Нигерија ја поздрави можната американска помош во борбата против исламистичките бунтовници, но со услов нејзиниот територијален интегритет да биде целосно почитуван. Оваа реакција следува по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој и се закани на западноафриканската земја со воена акција поради, како што рече, неспособноста да се спречи прогонството на христијаните. Трамп ги обвини нигериските власти за злосторства против ...
Загинатите планинареле во 3 независни групи на планината Ортлер, во Јужен Тирол, а лавината ги погодила вчера околу 16 часот. Пет германски планинари го загубија животот во лавина во Јужен Тирол, во северна Италија, соопштија денеска спасувачите.Телата на 3 жртви се пронајдени вчера, а уште двајца, кои беа исчезнати, се пронадени денеска.Сите планинари се германски државјани. Тие беа погодени од лавина вчера околу 16 часот на планината Ортлер, ...
Се будите со сува уста, можеби и со непријатен здив, и првата станица ви е бањата. Но, што прво – чаша вода или четкичка за заби? Ова наизглед едноставно прашање ги подели мислењата на стоматолозите, лекарите и поборниците на природни методи ширум светот. Испаѓа дека и едното и другото има свои предности, но редоследот може да направи разлика, пишува „Е-клиника“. Што се случува во устата додека спиеме? Во текот на ноќта, телото ја намалува ...
Од Министерството за здравство информираат дека започнуваат првата иницијатива во нашиот здравствен систем за формирање мултидисциплинарен тим кој ќе се посвети на рана дијагностика и третман на нарушувањата во спиењето. -Тимот ќе ги обедини специјалистите од пулмологија, неврологија, психијатрија, ендокринологија, кардиологија, оториноларингологија и анестезиологија, со цел да се воспостави современ, интегриран пристап кон пациентите со вакви ...
Според видеата што кружат онлајн, за време на настапот Цеца во еден момент подигнала бугарско знаме, потег кој веднаш ја подели публиката. Дел од присутните ја исвиркале и реагирале бурно, додека други го напуштиле концертот во знак на протест. Настанот, кој беше најавен како музички спектакл, неочекувано доби политичка димензија и отвори нова лавина од коментари и полемики на социјалните мрежи, каде што дел од јавноста го осуди гестот како ...
Србија ќе се соочи со огромни предизвици во наредните недели и месеци, кои немаат никаква врска со протестите – работите што ги земавме здраво за готово се уриваат, структурите што функционираа исчезнуваат, се случуваат тектонски промени, предупреди претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во обраќање до јавноста нагласи дека му е жал за работите што им ги кажал на демонстрантите и на ...
На парастосот во црквата Света Сава присуствуваа претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претседателот на СНС Милош Вучевиќ, претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ, премиерот Ѓуро Мацут и многу други. Во црквата Свети Сава заврши парастосот за жртвите од трагичната несреќа на Железничката станица во Нови Сад, на која чиноначалствуваше српскиот патријарх Порфирије кој повика денот да заврши во мир.На парастот присуствуваа ...
Главната програма започнува во 13:30 часот и ќе трае околу два часа. Потоа, во 15:30, ќе биде емитувана документарната серија „Прекретница“, посветена на настаните и последиците од несреќата, додека во 16:30 е најавена прошетка до кејот и придружна изложба. Вечерниот дел на програмата ќе продолжи од 18:30 часот, а комеморативниот собир ќе заврши симболично – со 16 минути тишина во 19:52 часот, во чест на 16-те жртви. По падот на натстрешницата, ...
Две лица се мртви, а бројот на ранети сѐ уште не е точно утврден во „војната“ меѓу две семејства што ескалира денес во селото Вориција на грчкиот остров Крит, недалеку од Ираклион, јавуваат грчките медиуми.Кога членови на едно семејство упаднале во имотот на друго семејство, биле испукани повеќе од 2 000 куршуми, некои од нив од автоматско оружје и пушки сачмарки. Во првите полициски извештаи пишува за смртта на 57-годишна жена и 39-годишен ...