Српската „Алта Банка“ има намера да даде понуда за преземање на „Стопанска банка Битола“, пишува порталот „Фактор“. Претходно, за оваа ценовно чувствителна информација „Стопанска банка Битола“ ја извести Берзата преку објава. Најнова потврда во врска со можното преземање на Стопанска банка е податокот дека до Комисијата за заштита на конкуренцијата пристигнало известување за концентрација со која Алта Груп ДОО Београд ќе стекне контрола над ...

Бројот на лица кои бараат работа и се пријавуваат во Агенцијата за вработување во Македонија континуирано се намалува. Од почетокот на годинава освен во втори месец кога е забележан благ раст на лицата кои се невработени, секој месец Агенцијата бележи благ пад на невработените. На почетокот на годината имало невработени над 96 илјади граѓани, кои во февруари се зголемиле на над 97 илјади невработени. Во март има ново намалување и тогаш вкупно ...

Купувањето имот за прв пат може да биде многу стресен и долг процес. Обично започнува со пребарување на интернет и собирање информации, кои понекогаш може да бидат доста тешки за навигација. На што треба да обрнете внимание? Кои се потенцијалните стапици? И како воопшто функционира купувањето имот? Купувањето имот може да потрае само неколку недели, но обично поминуваат неколку месеци од наоѓањето имот до неговото купување. Во Љубљана, каде што ...

Акциите на Тесла паднаа за околу 14,2% на затворањето, бришејќи околу 152 милијарди долари од пазарната вредност на компанијата, бидејќи расправијата меѓу Илон Маск и Доналд Трамп излезе на виделина. Поранешните политички сојузници разменуваа закани и навреди на социјалните медиуми во текот на попладнето, додека цената на акциите на Тесла паѓаше. Трамп на Truth Social навести дека можеби ќе ги прекине владините субвенции и договори од кои ...

Студенти и граѓани денеска во Белград и во уште 30-на градови во Србија одржуваат протести на кои бараат одржување предвремени избори за Парламентот, јави дописникот на МИА.Во Беград блокиран е Бранков мост од 18 часот , па се до 21:16 часот како и мостот Газела. Под слоганот „Стани Србијо“ (Востани Сербије), тие повикаа на колективна акција низ целата држава, седум месеци по падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, ...

Институтот за јавно здравје на Кантонот Сараево предупреди дека ситуацијата е сериозна. Од потврдените 64 случаи, дури 51 се од Нови Град. Тројца пациенти се задржани на лекување на Клиниката за инфективни болести при КЦУС.Бројот на заразени со лептоспироза во Сараево речиси се удвои во само едно деноноќие. Потврдени се 24 нови случаи, со што вкупната бројка достигна 64. Епидемиска состојба веќе ебеше прогласена во мај, а заразата брзо се шири, ...

Равиќ е роден на 12 октомври 1982 година во Краљево, каде што завршил основно и средно училиште. Дипломирал политички науки за меѓународни односи во 2008 година на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Белград, каде што се специјализирал во 2012 година. Во 2009 година дипломирал на Курсот за резервни офицери на Воената академија во Белград и бил унапреден во чин потпоручник во резервната пешадија. Работел и во Воено-разузнавачката ...

Во продолжение на работата за идентификација и апсење на учесниците во инцидентот во Студентски град, припадници на сепската полиција во Белград идентификувале и уапсиле уште седум лица поради сомнение дека учествувале во групата која го нападна студентот Милош Павловиќ и неговите пријатели во Студентскиот град во Нов Белград. Досега се уапсени вкупно 18 лица, соопшти вечерва српската полиција . Приведени биле и две лица за навреда на полицајци ...

Членството во ЕУ не е дадено, туку се базира на специфични критериуми и услови што секоја земја-кандидат мора да ги исполни. Ова го изјави министерот за надворешни работи Георгиев пред новинарите во Народното собрание. Георгиев даде заедничка изјава со пратениците од владејачката коалиција: Тома Биков од ГЕРБ-СДФ, Габриел Валков од „БСП – Обединета левица“ и Станислав Балабанов од „Постои таков народ“. Комисијата за надворешни работи на ...

Заечар и Косјериќ се мали градови во Србија, но во државата во моментов се голем епицентар на политички превирања пред изборите за локална власт што треба да се одржат викендов.За тие избори каде атмосферата е како да се одржуваат парламентарни избори, се смета дека се тест за движењето предводено од студентите во блокада против владејачката Српска напредна странка. Студентите поддржуваат нова независна изборна листа со кандидати за единство. ...

Во Ниш се одржува протест на студентите со кој одбележуваат 6 месеци од почетокот на блокадата на Филозофскиот факултет во тој град. Студентите носат транспаренти „Половина година подоцна, рацете ви се уште покрвави“. На протестниот марш му се приклучија и граѓаните на Ниш. Студентите тргнаа од зградата на Филозофскиот факултет бидејќи тоа е првиот факултет во Ниш кој во декември беше за првпат во блокада. Таму се одржаа говори а потоа ...

Познато е дека Хрватите претпочитаат да инвестираат во недвижности бидејќи го сметаат за еден од најбезбедните облици на вложување на своите тешко заработени пари. Сепак, и тука постојат дилеми – каде е попаметниот начин за вложување? Имено, еден брачен пар се најде на раскрсница помеѓу две примамливи опции: купување стан во Загреб или вложување во стан покрај море. Секоја одлука носи свои предности, ризици и потенцијални добивки, а изборот ...

Непознат маж е убиен вечерва на улицата „Гаврило Принцип“ во центарот на Белград додека се наоѓал во автомобил, по што свртел во десната лента и се судрил со автобус. Според новинарот на „Блиц“, пукањето се случило недалеку од градинката, а на автомобилот има видливи траги од куршуми, за кои се тврди дека се испукани од пиштол. Според нашиот репортер, полицијата ја блокирала улицата, а луѓето стојат од страна и во шок ја следат истрагата. Некои ...

Белградската полиција синоќа ги уапси Н. Б. (20) и Б. Р. (16) поради основано сомнение дека извршиле тешко кривично дело – тешко убиство, кое се случи вчера на улицата „Гаврила Принципа“ во Савски Венац во Белград. Осомничените испукале неколку куршуми кон двајца млади мажи од две огнени оружја, автоматско оружје калибар .45 и пиштол од 7,62 мм. Во таа прилика, 24-годишниот Иван Алексиќ бил смртно застрелан на местото на настанот. По истекот на ...

4 јуни 2025, Скопје – Бројките се најрелевантниот показател за политиките што ги спроведуваме и претставуваат смерница за креирање на политиките во наредниот период. Раст на БДП од 3% и над 3% последователно во три квартали е потврда за нашата политика што ја најавивме за стабилизација на макроекономската состојба и можност да стартуваме со политиките коишто ќе не водат кон забрзување на економската активност на домашната економија и повисоки ...

Македонскиот тенисер Берг Бугариќ, кој студира на Универзитетот во Јута, САД, во вторникот е обвинет за силување, пишува медиумот „Фокс 13“ од Солт Лејк Сити. Инцидентот, како што се додава во написот, се случил минатата година, а обвинението е донесено во вторникот од страна на Канцеларијата на окружниот обвинител на округот Солт Лејк. Тој има три обвиненија за силување, две обвиненија за присилна содомија и едно обвинение за силување со ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека досега нема позитивен одговор од бугарските власти за одржување средба меѓу претседателите на двете држави, Гордана Сиљановска-Давкова и Румен Радев, на Самитот на НАТО што ќе се одржи на 24 и 25 јуни во холандскиот град Хаг. Според Муцунски, ноторен факт е дека со своето дејствување во надворешната политика, Бугарија влијае на влошување на билатералните односи помеѓу ...

Од невремето кое попладнево го зафати Скопје поплавени се неколку улици низ Скопје и паднати се дрва на неколку локации. Според досегашните пријави на единствениот број за итни случаи 112 поплавен е булеварот Никола Карев кај поранешна стоковна куќа „Мост“ и дел од булеварот Македонска Косовска бригада во Чаир. Како што информираат од Центарот за управување со кризи има заглавено автомобили. „Под стоковна куќа Мост има приближно 50 сантиметри ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната средба со граѓани во Прилеп, остро ја критикуваше економската политика на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Филипче истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е пример за водење лоши економски политики кои ја туркаат државата во криза. „Како ВМРО-ДПМНЕ ја менаџира државата? Никако. Тие се класичен пример за тоа како не се води држава – со лоши економски политики. Со цени коишто растат, ...

Ќе бидам искрен – срам ми е како изгледа Карпош овие денови. Срам ми е кога ќе поминам покрај преполни контејнери и расфрлан смет. Срам ми е кога ќе видам граѓани што живеат чесно и си ги плаќаат давачките, а за возврат добиваат само запуштеност. Не ми е лесно ни мене како градоначалник да гледам дека надвор од мојата надлежност, некој не си ја врши работата – а граѓаните страдаат. И не е тоа некаков изговор – туку чувство на немоќ и горчина што ...

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Температурата ќе биде во интервал од 16 до 37 степени. Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 10 до 37 степени. Во Скопје сончево и многу топло со мала до ...

Скопје е стар град. Неговата историја се протегнува низ некои 2000 години. Скопје е микс на своето минато и на своето современие. Можеме да се пофалиме дека оваа наша Стара чаршија е една од поголемите и на овој дел и во овој регион е и најголема. Антиквизацијата е дел од ништо. Тоа е една налудничава идеја. Тој израз кај нас во архитектурата не постои – „антиквизација“. Тоа е политички поим кој претпоставува не знам што. Јас и не го разбирам, ...

Написот на „Њујорк Тајмс“ сугерира дека милијардерот (53) развил здравствени проблеми поради зависност, станал поагресивен, расположението му се променило драматично и станал опседнат со желбата да има повеќе деца. Не е јасно дали Маск користел дрога додека бил во Белата куќа. Илон Маск консумирал многу дрога додека работел како еден од најблиските советници на Доналд Трамп, земајќи кетамин толку често што имал проблеми со мочниот меур и патувал ...

Од Нептун велат дека во рамките на акцијата се опфатени висококвалитетни инвертер клима уреди од глобално реномирани брендови како што се BEKO, FUEGO, GRUNDIG, HOOBART, LG и SAMSUNG, достапни и преку онлајн платформата www.neptun.mk со можност за директно купување и закажување монтажа. Нептун објавува итна продажна акција за клима уреди со приоритет на брза испорака и професионална монтажа, како што велат од компанијата, сè со цел граѓаните да ...

Вториот натпревар од финалето не се одигра бидејќи играчите на АЕК одбија да излезат на теренот во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. АЕК од Атина денеска повторно упати барање до Европската ракометна федерација (ЕХФ) да се презакаже вториот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп, кој требаше да се одигра во неделата во Скопје. Од грчкиот клуб обвинуваат дека Алкалоид ги прекршил прописите на ЕХФ, а не АЕК, и бараат одговорност и фер ...

Во Скопје, од 26 до 29 јуни годинава ќе се одржи Европското првенство во џудо за кадети. Еден од најголемите меѓународни настани во Македонија во 2025 година ќе се одвива под слоганот „Младите ѕвезди на иднината“.Скопје, 29 мај 2025 Во Скопје, од 26 до 29 јуни годинава ќе се одржи Европското првенство во џудо за кадети. Еден од најголемите меѓународни настани во Македонија во 2025 година ќе се одвива под слоганот „Младите ѕвезди на иднината“. ...

Судот во Буенос Аирес денеска го поништи судењето за вината медицинскиот тим што се грижеше за здравјето на легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона, кој почина во ноември 2020 година. Судењето е поништено откако еден од тројцата судии во случајот поднесе оставка како последица на критики во јавноста поради негово учество во документарен филм за случајот. Судот имаше опција или да избере нов судија или да го поништи тековниот тек на ...

Иако во трет сет едвај чекореше од болка, Новак Ѓоковиќ не потклекна – со триумф од 3-0 во сетови го елиминираше Французинот Корентин Муте и обезбеди пласман во третото коло на Ролан Гарос. Три часа жестока битка, три сета и еден плускавец. Новак Ѓоковиќ повторно докажа зошто е меѓу најголемите. Српскиот ас без загубен сет го победи домашниот тенисер Корентин Муте (3-6, 2-6, 6-7) и со сигурен настап се пласираше во третото коло на Ролан Гарос. ...

И покрај шпекулациите за негово можно враќање во Јувентус, Антонио Конте и следната сезона ќе го води Наполи. По вчерашниот состанок со претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис, беше постигнат договор што ја елиминираше секоја дилема околу иднината на италијанскиот стратег. Конте, кој со Наполи ја освои четвртата титула шампион на Италија во историјата на клубот, наводно бил многу блиску до враќање во Јувентус, но сега работите се сменија. ...

Навивачката група на Црвена зезда „Делије Север“ упадна на стадионот на Партизан на улицата Хумска и организираше палење факели под јужната трибина. Снимките од настанот се појавија на интернет и покажуваат група навивачи како палат факели и скандираат песни за поддршка на својот клуб, создавајќи импресивна атмосфера во центарот на „непријателскиот“ терен. Оваа акција доаѓа само неколку дена по физичката пресметка меѓу навивачите на Црвена ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
55%
1022
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1022
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
77%
1023
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
77%
1023
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.8
56%
1021
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.03
78%
1023
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
2.68
48%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
68%
1018
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
5.14
29%
1020
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
3.09
54%
1021
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 14ᴼ
0.89
49%
1022
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
5.14
60%
1019
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62