Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 14. седница едногласно ги донесе одлуките и упатствата за спроведување на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври. Претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ, информираше дека за организацијата и спроведувањето на изборите е предвиден вкупен финансиски план од 21,1 милион денари. Средствата, како што посочи, вчера биле одобрени од Владата. Од вкупната ...
Повеќе од 20 пожари на отворен простор се регистрирани во текот на денешниот ден, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Најголеми напори во моментов се вложуваат во гаснењето на пожарот на планината Китка, каде огнот е распространет на голема територија и има неколку активни краци. Во акцијата се вклучени и „ер тракторите“, кои дејствуваат од воздух врз критичните делови од пожарот. -Даваме сè од ...
Во холот на Општина Карпош денеска се одржа концерт на женскиот квартет „Полихимниа“, со цел промоција на камерната и класичната музика и приближување на светската музичка литература до карпошани. Публиката, како што информираат од Општина Карпош, уживала во изведби на дела од светски познати композитори, современи автори, како и дела од македонски автори. -Слушателите уживаа во изведбата на искусниот квартет, во чиј состав членуваат Риана ...
Британскиот режисер Ридли Скот не се согласува со Квентин Тарантино, кој неговиот филм „Падот на црниот јастреб“ го прогласи за најдобро филмско остварување на 21 век. Тој минатата година, во интервју за еден поткаст, филмот на Скот од 2001 година го стави на првото место на својата листа, пред „Приказна за играчките 3, Изгубени во преводот“ и Ќе има крв“ – Се прашувам што зел, бидејќи што и да било тоа, и јас би зел малку, се пошегува ...
Холивудскиот режисер Мартин Скорсезе ќе стане почесен претседател на Италијанската филмска академија. Министерството за култура во Рим во вторник објави дека 83-годишниот Скорсезе ја прифатил понудата за функцијата од министерот за култура Алесандро Џули и надлежната фондација. Според соопштението, Скорсезе изразил благодарност за „престижната улога“, којашто ја прифаќа со чест. Назначувањето сè уште треба формално да биде одобрено од страна ...
Службениците во јапонската префектура Аомори ангажираа 1.800 луѓе, кои со помош на јажиња и тркала, треба да ја поместат палатата Хиросаки, тешка 360 тони. Инаку, ова здание мораше да се премести од неговата првична местоположба, заради реновирање, или поточно за поправка на ѕид оштетен во земјотрес. Работата за зачувување на палатата трае од 2015 година, а ѕидот беше завршен во декември 2024 година. Притоа, сите 2.185 камења се вратени на ...
Приватниот остров Креван, во северниот дел на Венеција, се нуди на продажба заедно со тврдина од времето на Наполеон, две пристаништа и околу 5.700 квадратни метри земјиште. Островот се наоѓа на неколку минути едрење од островите Бурано и Торчело. Имотот располага со тревници, високи дрвја, украсни растенија и овоштарник, како и мал внатрешен канал и неколку патеки што водат до пристаништата. Најзначајната градба е тврдината, со површина од ...
Манчестер јунајтед наскоро може да му достави понуда на Реал Мадрид за францускиот репрезентативец од средниот ред Едуардо Камавинга. Според „Кадена СЕР“, англискиот клуб е подготвен да плати 50 милиони евра. Дваесет и тригодишниот Французин има тековен договор со Реал до 2029 година. „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 50 милиони евра. Во сезоната 2025/26, Камавинга одигра 43 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи два ...
Шпанскиот фудбалски прволигаш Виљареал на својата официјална веб-страница објави дека го потпишал канадскиот играч од средниот ред Натан Салиба од Андерлехт. Дваесет и двегодишниот Канаѓанец потпиша договор до 2031 година. Салиба стана третиот Канаѓанец што се приклучи на шпанскиот тим, по напаѓачите Техон Бјукенан и Тани Олувасеји. Виљареал стана првиот клуб во петте најдобри европски лиги што имаше тројца канадски играчи во својот состав. ...
Раководството на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) наскоро ќе одржи состанок за да разговара за понатамошни мерки против претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино, објави новинарот Ромен Молина. Според извор, членовите на УЕФА немаат намера да го бојкотираат Светското првенство за жени до 20 години во ФИФА во 2018 година, но размислуваат за пообемни мерки против претседателот на ФИФА. Инфантино претходно ...
Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле, доби дозвола од раководството и тренерскиот штаб на клубот да земе отсуство до крајот на неделата, објави прес-службата на клубот од Париз. Причините за оваа одлука не се прецизирани. Дваесет и деветгодишниот Французин ќе се врати на тренинзите со тимот во понеделник, 31 август. Затоа, Дембеле ќе го пропушти гостинскиот натпревар од второто коло од француското првенство против Лил, кој ќе се одржи во петок, ...
Тотенхем се согласи на позајмица за напаѓачот на Манчестер сити, Омар Мармуш, со обврска за откуп за приближно 70 милиони евра во летото 2027 година, објави „BBC“. Дваесет и седумгодишниот Египќанец се приклучи на Манчестер сити од Ајнтрахт Франкфурт во јануари 2025 година. Тој одигра 62 натпревари за „Граѓаните“, постигнувајќи 16 гола и шест асистенции. Договорот на Мармуш со Сити е до 30 јуни 2029 година. „Тransfermarkt“ ја проценува ...
Поранешниот фудбалер од средниот ред на Ливерпул и Манчестер сити, Рахим Стерлинг, се соочува со затворска казна до две години поради опасно возење, поседување азотен оксид и одбивање да се подложи на лекарски преглед, објавува „The Sun“. Според британскиот извор, 31-годишниот Англичанец веќе е обвинет според соодветните членови од тамошниот кривичен закон. Стерлинг играше за Феенорд до 1 јули 2026 година. Моментално е без тим. Неговата ...
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, заедно со градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити, денеска присуствуваше на отворањето на Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење во оваа општина. Како што информира Министерството, Центарот е основан преку Проектот за подобрување на социјалните услуги ...
Автомобил стар 98 години ќе биде дел од изложбата на олдтајмери, во рамки на годинашниот „Тиквешки гроздобер“, соопштија на денешната прес-конференција, посветена на традиционалната стопанско-туристичка и културна манифестација што ќе се одржи на 4, 5 и 6 септември во Кавадарци. Организаторите најавија богата програма, што започнува со гроздоберска трпеза, па продолжува со други настани како промоција на монографија „50 години – Музеј ...
Во вториот квартал годинава вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9 219 000 и е намален за 7.9 проценти во однос на вториот квартал лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Во градскиот превоз бројот на превезени патници во второто тримесечје годинава во однос на истиот период лани е намален за 11.9 проценти, во приградскиот за 9 проценти, во меѓународниот за 4,3 проценти, додека во меѓуградскиот ...
По повод 26 Август – Меѓународниот ден на кучињата, ЈП „Лајка“ потсетува дека овој ден не е само можност да ја славиме поврзаноста меѓу луѓето и кучињата, туку и повод сериозно да размислиме за нашата одговорност кон нив. Кучињата се дел од нашето секојдневие и од заедницата во која живееме. Сепак, голем број од нив и понатаму завршуваат на улица како последица на неодговорно сопствеништво, неконтролирано размножување, напуштање и ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска објави метеоаларм за утре, 27 август, врз основа на кој одредени делови на државата се во портокалова фаза. Времето утре ќе биде сончево и топло со мала со умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Во Скопје и Демир Капија се предвидува температурата да достигне до 39 степен, во Гевгелија 38, додека во Велес и Штип до 37 степени. Во почетокот на ...
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, пропушти уште еден тренинг поради болест, објавува „Marca“. Според шпанскиот портал, 26-годишниот Аргентинец не се чувствува добро. На 23 август, Алварез беше исвиркан од навивачите на Атлетико Мадрид за време на ремито 2:2 против Виљареал во второто коло од шпанската Ла Лига. Напаѓачот влезе како замена во второто полувреме. По натпреварот, Алварез не им се придружи на соиграчите во ...
До 13 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се ставени под контрола, а шест се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково, каде огнот зафаќа мешана шума во реонот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото Вражале. Пожар е активен и во реонот на селото ...
Силното невреме што го зафати Скопје остави зад себе големи штети и бројни паднати дрвја. Но, нашата обврска не е само да ја санираме направената штета, туку од секој предизвик да создадеме нешто корисно, трајно и вредно за граѓаните. Како што најавив веднаш по невремето, здравите стебла од паднатите дрвја не ги оставивме да завршат како отпад туку им дадовме нов живот и нова намена. Водно доби нова содржина наменета за движење, рекреација, ...
Општина Ѓорче Петров, во соработка со Центарот за климатски промени, денеска започна акција за расчистување и уредување на просторот околу детското игралиште во населбата Дексион, во непосредна близина на новата детска градинка која е во фаза на изградба. Во рамки на акцијата „Clean up session“ беше расчистен просторот околу игралиштето и беа обновени постојните клупи. Во следниот период ќе продолжат активностите со обновување на корпите за ...
Во Скопје денеска се одбележуваат 116 години од раѓањето на Мајка Тереза. Одбележувањето, кое со различни настани ќе трае десетина дена, започна утрово со положување цвеќе пред спомен плочата на нејзината родна куќа во центарот на главниот град. Прв кој положи цвеќе и кој ги предводеше делегациите беше министерот за европски прашања и прв вицепремиер во Владата Беким Сали. -Денес сме тука во близина на старата куќа на Мајка Тереза во центарот ...
Судскиот случај околу британско-американските јавно влијателни личности Ендрју и Тристан Тејт, кои многумина ги оценуваат како инфлуенсери-мизогинисти, разоткри дека нивните блескави прикажувања на раскош и богатство, вклучувајќи и суперјахта од 50 милиони долари и паркот луксузни возила од 14 милиони долари – биле измислени за влијание на социјалните мрежи. Адвокатите на озлогласените браќа кои се во федерален притвор во Мајами и се борат ...
Фудбалерот на Лион, Лоис Опенда, ги сподели своите очекувања за реваншот од плејофот на Лигата на шампионите против Фенербахче. – Секој играч се стреми да игра во Лигата на шампионите, па затоа велам дека високите очекувања се позитивен фактор. Нашата заедничка желба да играме во најпрестижното клупско натпреварување во Европа нè мотивира да постигнеме големи работи. Шансите против овој одличен турски клуб се изедначени – 50:50. Играме дома, ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе се движи од 13 до 20, а максималната од 31 до 37 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд ...
Големиот пожар кој вчера беснееше над 13 часа, доцна синоќа околу 22:20 часот беше целосно изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, на кои напомош им дојдоа нивните колеги од ТППЕ од Кавадарци и Неготино и пет доброволци од Доброволно друштво од Неготино ангажирани од Дирекцијата за заштита и спасување и четири Огнени тимови со возила пинцови исто така ангажирани од ДСЗ, како и три ер трактори и хеликоптер на МВР. ...
На депонијата „Мелци“ продолжува интензивната интервенција. Екипите ќе работат се додека не биде изгаснат и последниот жар и не се создадат услови за целосно ставање на пожарот под контрола, соопшти доцна синоќа кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. – Станува збор за пожар кој, според досегашните сознанија и начинот на неговото избивање, покажува сериозни индиции дека е подметнат. Ова не е само напад врз депонијата – ова е напад врз ...
Во изминатото деноночие регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои три се активни, четири се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување за кризи. Активни пожари има општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со крак кон Палиград и Вражале – општина Зелениково, мешана шума, во општините Гостивар и Македонски Брод – кај селото Трново кон селата Битово и Заград и во општина ...
По повод 10 години од канонизацијата на света Мајка Тереза, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов и Заедницата на Хрватите во Република Македонија, Огранок Скопје, ја организираат манифестацијата „Денови на Света Мајка Тереза“, која ќе се одржи од 26 август до 5 септември 2026 година во Скопје. Манифестацијата свечено ќе биде отворена во среда, 26 август, во 19:30 часот, кај Порта Македонија во Скопје. На ...